Фала многу за советот, ми се допаѓа како размислуваш. Страв ми е да не претерам со виното и да направам нешто што после ќе ми е криво можеби. Иначе ич не ме присилува детево, мн ми е мил и искрено сакам да го легнам ама ако не е обострано тоа, подобро да го преболам на време..
Многу е важно и двајцата да сте на чисто, да имате исти очекувања и да се чувствувате удобно со истите. Мене ми е страв да не се заљубиш уште поише после тоа, па повеќе да страдаш. Ако го сфаќаш како авантура, пробај иако ризично е во твојов случај затоа што не си практикувала таква блискост со луѓе со кои не си била во врска. Сепак, ти најдобро си знаеш, а јас само можам да ти стискам палци да испадне баш онака како што ти сакаш.
Во мојот последен случај, одбегнувањето од нејзина страна заврши со тоа што се скаравме. Не бевме ни заљубени, не бевме ни кој знае колку долго заедно, ама сфаќаш што сакам да ти кажам. Знам дека ќе ти е тешко, ама ти фино лепо почни да не се замараш со него и со неговите изговори и глупости. Ако те сака, ако бери гајле за тебе, ќе те побара сам.
За тоа колку е он способен да направи нешто ти си знаеш најдобро, му ги знаеш сите плус и минус. Претпоставувам подолго сте заедно и сепак го знаеш добро, и како и секое женско добро ја користиш интуицијата да детектираш кога се е во ред а кога не, посебно околу тоа колнењето. Штом сте се смирувале повеќе пати претпоставувам дека му веруваш дека ја нема прекорачано границата. ЈАс би рекла дека како и многу машки кои се во подолга врска си го задоволува егото барем виртуелно. Свесен е дека тоа би те налутило и дека нема да ти се допадне, а не му фуфка(а и нема потреба) да направи нешто во реалноста, па вака и волкот сит и овците на број. Ќе шкртне некој збор, ќе напише со некоја нешто и си вика совеста му е чиста, не направил ништо телесно а сепак он се чуствува подобро. Ако му се спротиставиш со аргументи он само ќе се почуствува понемоќен, и наместо да си признае он ќе негира и ќе се труди дури и кривицата да ја сврти накај тебе. Некогаш кога има толку едноставен одговор на нашите прашање они знаејќи ја нашата реакција на нивниот одговор се прават на Тошо и на жалост предизвикуваат уште полоша реакција од онаа која ја замислиле. Пробај со арно, т.с изненади со го разбирање, поддршка....некако он сам да си каже. Мое мислење е дека минува низ период....дека иако вечно чекори по оваа граница, не би сторил нешто лошо. Само моментално хранење на его, им треба малку више да созреат
MacaLove главно се сложувам со danichap. Машко како машко, сака да погледне, сака да лајкне, сака да се фрла на суво и да глуми фраер па затоа може и да пише два три збора со некоја. Но и јас мислам дека тоа не е ништо страшно. Страшно е тоа што пробува да те лаже. Е сега, јас мислам дека ти веќе си пробала со арно, и мислам дека ти всушност имаш разбирање за него, само те нервира тоа што те прави будала при памет. Така некако м? Ако е така тогаш пробај да му објасниш на друг начин. На пример кажи му да престане да лаже дека другарите се вклучуваат или не знам што бидејќи секако ја знаеш вистината. Објасни му го убаво тоа дека не ти пречат лајковите ниту профилите на форум туку дека те лути тоа што упорно те прави будала. Кажи му дека така никаде нема да стигнете, а и стварно нема ако продолжите така! Објасни му дека не му забрануваш да лајкнува слики, само да не те лаже кога ќе го прашаш. Бидејќи сум забележала дека кога нешто ќе му забележиш на машко, тој веднаш мисли дека му браниш. И бидејќи така мисли затоа и лаже. Бидејќи од една страна решил да си го истера своето, ама од друга страна не сака ти да се налутиш. Мора некако со разговор да се договорите, бидејќи вака поради глупости ќе пропаднете. Јас потполно те разбирам, знам како нервира кога некој ќе те прави будала и ќе те убедува во нешто што не е вистина. Мора да го вразумиш и него, да те разбере, бидејќи од мое лично искуство да ти кажам дека ако продолжи вака да прави ќе ти попуштат нервите и одвратен ќе ти стане со тек на време. Позз
MacaLove по мое типов дефинитивно има проблеми со лажењето и тоа накај патолошки лажов ми тера. Не е страшното шо се допишува или лајкнува слики, страшното е шо те лаже за таква безвезна работа. Јас не би можела да продолжам со таков човек. Којзнае утре за шо ќе ме излаже коа за вакви баналности се колне у Господ и лаже...не само тоа, ти потценуе интелигенција и те праи слепа при здрави очи. Без доверба и искреност и љубовта бега од врската.
На претходните страни кажав дека мирно имам зборено со него, дека нема да се налутам ако ме излажал, само да признае...2 години сме заедно, до пред некое време верував дека никогаш ништо не би направил, ама откако се издесија работиве го гледам како странец.Не знам дал е до мене, и тоа што сум параноик, и не верувам на никој, или е стварно до него и он е ептен тежок лажго... Кога излажа на почетокот, прво се каравме,ама после цело време му зборев да не крие од мене ништо, се ќе простам, со лажење не постигнува ништо, ама еве пак нешто се дешава. Не знам што да зборам веќе, неговото се сведува на колнење само.
А да не е проблемот до тебе ,извини вака но се однесуваш како контролфреак ? Не можеш се да знаеш,а и фала богу не ни треба се да знаеш. Олабави малку подобро и за тебе и за него.
здраво девојки... ќе ве замолам за помош.. незнам како да почам... имав врска 2 год. но тој ме изневери со една девојка со која тој сега е во врска.. ме лажеше ме обедуваше дека нема ништо со неа плачеше пред мене... но јас го видов и со мои очи... тој започна со неа и ме оставии мене неможев да го преболам бидејки вистински го сакав тој почна да ја носи дома ја запозна со неговите родители и ред други работи но тој сеуште ме бара ми звони.. постојано ме прашува дали сум во врска дали имам некој во мојот живот и направив огромна грешка и сега се кајам после 3 години јас повторно им се препуштив на чуствата и бев во него за една вечер многу се нервирам јас уште го сакам.... а тој сеуште е со неговота девојка.... ве молам за совет... ваше мислење...... ова што беше беше епа вака.... значи пред некое време почнав да излегувам со едно дете тој е премногу добар се би сторил за мене ме почитува и се ... но 10 години е постар од мене... мислам дека годините не преставуваат проблем но почна бившиот да ме бара прекинал со неговата девојка и сака да се смириме незнам што да правим илјада работи ми се вртат на ум ве молам ваше мислење
еднаш ти одговорив на ова.ако се сеќавам добро тогаш не го спомнуваше дечкото што е 10 години постар од тебе(ако грешам поправи ме).значи те изневерил,си фатил девојка,ја претставил пред неговите,те искористил за една вечер.не знам што уште ти треба за да го исфрлиш од твојот живот.си запознала нов дечко.не е важно што е 10 години постар од тебе ако те сака и те почитува.мислам дека најдобро ќе биде да не ги отвараш старите рани за повторно да не бидеш повредена и да си продолжиш со животот.
маченце мој совет ти е да не се вракаш на стариот бунар,те изневерил те оставил после 2 год врска за друга и сега ти размислуваш шо да праиш?немој па ни врапчината не се толку глупави,годините не се никаов проблем мое мислење е дека со повозрасен тип може да ти биде поубаво посериозно.мани клоца на тој стариот зашо не те заслужуе,
мацалове-ова ме потсети исто како со мене..имав исти ваков случај... Спојлер вака направиив јас,,му кажав дека знам и да не ме лаже веке..оти се слуцувасе по незнамкој пат..ако сака да биде по тие работи да ми каже и да завршиме со нашето бидејки јас не сакам да бидам со таков..а ако сака да е со мене веднаш да бирише се и никогаш да не направил така пак..ако случајно најдам нешто така потоа да не праша зошто или незнам што...така си зборав убаво и сериозно што веке не најдов ништо пак...па после му реков тоја така а јас уште повеке од тоа...и сега за сега нема ништо...барем немам најдено разговарај сериозно и кажиму да избере мегу тоа и тебе.. биди онака сериозна..иако веке си била и си разговарала.. кажиму се така..иц не се плаши... нека размисли малце он..не е игра ова,,...а и не си будала ти за да те лаже... па малце ке се стави на ум и ке мисли...
па кога ке те бара казиму што те бара,дека нема што да му е гајле за тебе после се тоа што направил...дека нетреба да те бара бидејки си има кого да бара..да не игра така...со двете заедно да е.. а со он што си сега,значи ако чуствуваш нешто и ако не ти е вазно за годините,тогаш биди со него,или ако не мозес да го заборавис првиот тогаш онака биди со него другарски.. само немој да правиш нешто погрешно..да се вратиш кај него после се што прави и да бидеш со другиот без да го сакаш..
Прости ми но ке бидам малку вулгарана сега, како можеш исто лајно да јадеш два пати не ми е јасно ? Ајде бре откачи го таму тој саможивник. Ако си до толку глупава да му тераш на к*рот кејф терај му,но таквите се само енергетски вампири ништо друго подалеку од такви симулатори и манипулатори.Нити те сакал нити ке те сака, а и ти него не го сакаш но нај веројатно само си се чуствувала осамено па си дозволила да те изманипулира.
..луѓе не знам што е ова....не знам дали и вашите така прават ама овој мојов значи не можам да му се изначудам како контактира со некој си курви...пренашминкани преразголени...абе крш...преку глава ми е дојден не знам што да му правам!
Според мене ти сеуште го сакаш бившиот,а тој те вртка како што сака и не ти доззволи да продолжиш со својот живот откако раскинавте,а тој си продолжи како што кажуваш си фатил друга женска,а сега после 3 години откако ти почна да излегуваш со тоа детето се скарал со женската и демек пак ке биди со тебе? Ма немој ,а шо чекаше тој 3 години за пак да се смирите? Верувај ќе биде со тебе ден,два колку да му помини меракот и после пак стара песна ке те изневери со друга и ти пак ке си останиш сама и ке си се мислиш зошто така зошто вака. Е,сега за да не биди така ти биди си со тоа детето,дај му шанса него,како што кажуваш дека е добар,те почитува и сака. Размисли што би сакала повеќе,да бидиш то тој што те изневери и не те остави да си го живекш животот,туку цело време те бараше или на детето кое што те сака и почитува.
Вака,ме интересира ваше мислење во врска со мој проблем.. Со едно момче се мував месец дена.Значи одевме на кафе заедно,со друштво,кај мене на палачинки со друштво,кај него на кафе со друштво..а и сами излегувавме.И се зближивме,но некако тој изгледа како да му е сеедно оваа што се случува со нас..За време на овој еден месец што се мувавме и излегувавме јас пробував да започнам тема за нас,да извлечам нешто што би ме насочило во кој правец се движи ова наше гледање но не ми успеваше..тој не ми даваше никаков одговор.Јас почеков месец дена,да се зближиме и да се запознаеме поубаво..На 1ви мај бевме заедно,но тој се однесуваше како да сум прозирна таму,како да сме само другари.Навечер малку се гушкавме и заспавме.. И после се тоа јас собрав сили и го викнав да правиме муабет.Го прашав што мисли тој за нас,а тој ладнокрвно ми одговараше.Го прашав дали планирал нешто поозбилно со мене и ми рече дека сега за сега ништо не планирал.( за момчето знам дека одамна нема девојка.значи можеби 2-3год)Тој има 21 година.. И јас се разочарав и си дојдов дома.Плачев дома,се нервирав.. А тој утредента ми врти и ме вика на кафе? Му реков дека имам договорено со друштво и ништо од кафето..Ми рече добро ке се видиме во град сигурно..и дека на таа наша тема има уште да се дискутира После 2 дена пак ми се јави да ме праша за кафе и му реков да не се прави ко да не сме правеле муабет и дека јас сум кажала се што имам.И толку. сега незнам што да правам и како да постапам? Со кои зборови да му се обратам и на каков начин да се однесувам со него? Јас значи сакам врска.Или врска или никаков контакт со него,ни мување,ни другарство! Како да му дочарам и објаснам..како да извлечам нешто од него..? тој е доста затворен тип и јас стварно незнам што да правам,а дечкото ми значи...многу!
Знаеш "врски" кои започнуваат со мување е многу тешко да ги официјализираш знаеш некако машките бегаат од одговорност и кога веке можат вака со мување да не имаат немаат потреба од официјална врска. Незнам како да ти помогнам, потруди се да разговарате да ги извлечеш неговите чувства спрема тебе.. така најверојатно ке имаш слика за неговото размислување. Тој е во период кога сакас сам слободен на своите 21 година да ужива но сепак те бара... Разговарај објасни дека не би сакала да бидеш обележана како негова мувачица, ако те сака и е спремен да започнете врска во спротивно тука завршувате. Види како ке реагира... Немој да бидеш остра и да се караша и плачеш така ништо не добиваш. Се надевам срекно ке завршите. ВНИМАВАЈ ДА НЕ БИДЕШ ПОВРЕДЕНА
Свиѓам еден од мојот клас но незнам како да му кажам, и каков одговор ќе добијам.. мн. лошо пошто сме у ист клас Но забележувам често ме погледнува.. т.е мислам дека и тој мене ме свиѓа но не сум Баш сигурна.... Како да дознаат дали и тој ме свиѓа и како да го прашам дали може да има нешто повејќе од другари меѓу нас?? Ве молам за ПОМОШ......Вашите совети многу ќе ми значат..!! Благодарам однапред.