хахахаха,еве јас ке ти кажам како ми се приближи дечко од мој клас на кој му се допаѓам. Прво онака си зборувавме чисто френдовски.Ме зафркаваше како е дечко ми и тие глупости.. После почна да ми ја фали косата,као многу ми била посебна и убава.. После добро ми стоеле фармерките.. После муабет..како љубов,како другарки,каде излегуваш,со кој..како оди..?? И после 3-4 месеци ми призна дека му се допаѓам И ти можеш да му се приближиш,прво како другарка.Прашај го како е женска му,ке видиш како ке изреагира и што ке одговори.После пофали го,дај му некој комплимент и ке видиш како ке реагира.. Ке приметиш дали имаш шанси по неговите реакции и зборови.. Ако приметиш дека имаш шанси,тогаш тргни во напад Среќно.
Браво. Многу зрело си постапила кога си го одбила за кафето. Дечкото каков и да е, затворен или отворен, добар или лош, треба да сфати дека не си на дугме за да се мувате и излегувате кога тој ќе посака. А кога ќе му текне да се однесува како да си прозирна! Ок можеби тој сеуште не сака да се врзува, ама па ти не сакаш мување. И не попуштај. Стој си на тоа. Плус тоа велиш дека многу ти значи. Замисли само да почне уште повеќе да ти значи а да не биде ништо од вас! Знаеш ли колку ќе си повредена тогаш?!- Многу повеќе од сега. Така да, имај го тоа во предвид. Нека одлучи што си му ти во животот и што сака од тебе. Ако пак те викне на кафе, или пак кажи му дека не можеш или па излези и кажи му како стојат работите. Само не попуштај. Мој совет ти е тоа. Секое добро...
па веројатно сака да го брцне и на страна... таквите му изгледаат ко лесни што може без многу труд да ги добие (мало сутра, освен ако нема кеш ) а сигурно и го палат
Здраво девојки..би сакала да ми помогнете да најдам решение.Ситуацијата е следна:Пред една недела се измував со дечко кој воопшто не е мој тип (алкохолот си го стори своето).Е сега проблемот е во тоа што тој тврди дека се заљубил во мене и сака да почнеме врска.Ама јас несакам.Дечкото има проблем односно еден вид комплекс поврзан со еден негов физички недостаток.Јас не сакам да го повредам бидејќи тој мисли дека сите девојки го одбегнуваат заради тој недостаток,но истовремено несакам да му дадам лажна надеж.КАКО ДА МУ ОБЈАСНАМ?
Јас би ти рекла да бидеш храбра и да му кажеш.Пробај!Можеби и тој е срамежлив и ако чекаш на него можеби ништо нема да биде.Биди храбра и среќно!
Ќе го седниш на маса и фино лепо ќе му кажиш дека не си заинтересирана за врска и дека тој недостаток не ја игра главната улога за твојата одлука.А и како се заљубил па тој од едно мување?И подобро да му кажиш одма на што е одколку да му даваш ладна надеж.Па на крај неможеш да бидеш со некој поради тоа што несакаш да го повредиш.
Викни го да излезете и кажи му искрено дека сеуште не сакаш да влегуваш во врска. Кажи му да си останете пријатели сега за сега, ќе биде најдобро. Не му кажувај дека не е поради неговиот физички недостаток, туку кажи му дека ти се допаѓа(за да не се почувствува отфрлен поради тоа), но дека сеуште сакаш да бидеш слободна.
Па да ти кажам се имам најдено во слична ситуација. Детето само тогаш сакало мување, можеби и сега сака не сака ништо сериозно, затоа и ладнокрвно ти одговорал. Мој совет ако сакаш да го имаш како другар излези на кафе и не му давај да те бакне... ако не сакаш ни така кога ќе те викне на кафе речи му дека си договорена со дечкото-демек
modem4e не знам што сакаш повеќе мислам дека веќе го доби одговорот но сеуште не си задоволна. Да беше доволно загреан тој за тебе не ке можеше да се воздржи-едноставно ке сака повеќе.. И да верувај убаво си кажа дека на него му е сеедно, едноставно тепа време со тебе.. Немој да наоѓаш изговори дека не бил спремен или не сака да брза.. Ако навистина му се допаѓаш но од лични причини му е потребно време, сам ке ти соопшти бидејки нема да сака да те остави да погодуваш бидејки ке сака да биде сигурен дека нема да се разочараш и да си одиш.. Неговите изговори се само културно одбивање верувај. И немој да паѓаш на неговите јавувања и покани за кафе. Запомни дека веќе ти има кажано дека не планира ништо посериозно .. Колку побрзо сватиш дека тоа уствари значи НЕ сум толку загреан за тебе толку подобро Се прашуваш зошто воопшто те побарал послем тоа? Затоа што е кукавица и повеќе ке чекаат да пропадне светот отколку да признаат дека едноставно не се заинтересирани. И што е муабетот за први мај?! Тој се понаша спрема тебе како да си некоја обична девојка што ја познава.. Ти си фактички добитна комбинација, тој има прекрасна девојка со сите предности која може да ја гледа или да не ја гледа, како што ке посака или кога ке посака. Но не сум точно сигурна што добиваш ти од сето ова? зошто би била задоволна со тоа што добиваш трошки од неговото време? Откачи го и најди си некој што те заслужува
Јас моментално немам проблем... т.е. имам ама не е проблем туку е нешто што не знам што е...И не дека ми треба некој совет (зошто практично и јас не знам кај терам со мисливе) ама ете форумот е место кај што може да пишуваме, нели... Расинав со типот зошто он несакаше обврзувања, сакаше да останеме у контакти и ете ради мојата љубов према него-останавме, повремено се допишуваме на некои општи теми но има и муабети од типот “дали ме заборави? мислиш ли на мене?“ и такви ствари... пред некое време ми пиша дека сум му недостигала но да не го земам тоа во обзир зошто го кажал у момент на слабост... и ок ете јас сеуште сум тука.... Ме свакате? Јас сум тука за него кога он сака врска, кога нејќе - нејќе, ми раскинува. Јас сум тука кога он сака да се допишуваме, јас сум тука кога ќе сака да се искаже дали нешто му фали или не. Јас сум тука зошто сеуште го сакам и после 4 месеци негледање. И јас ќе бидам стално за и околу него, се додека го сакам. Али, на што сум? Не знам што чуствува. Јас знам дека он несака да е обврзан...побогу ни јас несакам да ме ожени и заврзе одма...млади сме, Ок! Али неможе туку така на бившата (мене нели) да ми кажува дека му фалам но да не го сфакам тоа сериозно, да ми рече “ај ќе се видиме на кафе“ па после 5 мин да рече “подобро да се видиме кога јас или ти би си фатиле нов дечко/девојка“. Неможе во 3 часот по полноќ да пушта некои песни од типот Волио бих да си ту (а патем воопшто не е по српската музика, освен ако нешто посебно не го тангира). НЕ-МО-ЖЕ! Има тука нешто што он не ми кажува!!! Неможе да мисли дека све што ми кажува и прави, дека до мене тоа не допира. Или толку ли му е гајле што некој кој го сака (јас) можеби се чуствувам неугодно....неубаво. Мака ми е што е таков чуден и неможам да го разберам...т.е. он не ме пушта да му се доближам доволно за да го сфатам. Добро има ли некоја од вас што ме разбира како ми е? Денеска го пцујам...гооо пцуууујам! Е на велико го пцујам! Живците ми ги искина. Сама си се с’к’лдисувам....а не ми е дечко!!! оооф ...добро ми е само што го испишав ова овде. Ако сакате да дадете мислење или совет тогаш супер, ако не тогаш ви посакувам да не си јадете живци со бившите за кои емотивно сте се врзале...ојдебете ги у моментот на раскинување и прекинете ги сите конекции со нив, за да емоциите избледат некако. Иначе сте се зае*але.... ко мене !
Буби, мислам дека типот не сака да е со тебе, ама сака ти вечно да го сакаш и да немаш друг. Многу им е болно на машките кога дознаат дека некоја што долго време ги сакала, безусловно, повеќе не го сака. Така мислам дека е и со твојот. Зошто не пробаш да ја смениш тактиката? Мислам не дека тоа е многу лесно, сите знаеме дека не е, но ако ти го промениш однесувањето спрема него можеби и тој ќе се промени. Почни да не му пишуваш прва, никако! И кога тој ќе ти пише не мора да му враќаш, или пак врати му по 5-10 минути. Кога ќе спомне одење на кафе, кажи му дека немаш време, многу си зафатена. Тој ќе почувствува дека почнуваш да го одбиваш и можеби ќе се запраша што губи. Пробај и така не можеш ништо да изгубиш.
Bubbi ти моментално имаш и тоа голем проблем. Не знам колку сте далеку ти и реалноса (не сакам да бидам злобна но ете ке ти објаснам малце подетално) Прво, не сакал обврзувања ама сепак сака да бидете другари. Хах, колку само мудро звучи тоа и ти секако паѓаш на неговите зборови. Извини ама ако на него навистина му се допаѓаш ќе сака да го помине целото време со тебе и нема да наоѓа изговори како не сакам да се обврзувам. И што правиш ти сега, решаваш загатки? Да на него многу му одговара зошто всушност не се забавува со тебе и на тој начин не одговара за твоите чуства. а сигурна сум дела боли а не сум ни сигурна што добиваш ти од тоа? Самата рече??? Јас сум тука за него кога он сака врска, кога нејќе - нејќе, ми раскинува. Јас сум тука кога он сака да се допишуваме, јас сум тука кога ќе сака да се искаже дали нешто му фали или не. Јас сум тука зошто сеуште го сакам и после 4 месеци негледање. И јас ќе бидам стално за и околу него, се додека го сакам. Ако ти се задоволуваш со толку слободно продолжи со Подобро Нешто Отколку Ништо.. Јас ти велам да го заборавиш. Доколку е вљубен во тебе не би можел да се воздржи да не започне врска со тебе без оглед какви се и оправдувања да бара. Запознај некој што ке ги заслужува твоите чуства и не губи време.. Зарем не ти беше доволно тоа што тој ти рече дека нејке ништо со тебе па уште си натовари себеси и дополнителна болка со тоа што подолжуваш да ги слушаш неговите (не знам како да ги наречам, ете да речеме срања)
Спојлер Буби, дечкото сака да те држи како златна резерва и да се подјебава со твоите емоции. И после 4 мес откако сте раскинале тој те држи на стенд бај затоа што знае дека го сакаш. Најглупав изговор што може да биде за едно прекинување на врска - рано ми е за врзување, ма ајде молим ти се, а за е.ање не ти е рано. Можеби грубо звучам ама така е. Или имаш емоции и ги гаиш или ги немаш, трето нема. Да не му е срам да ти предложи да продолжите да се мувате зато така му одговара. Ја користи твојата слабост затоа што знае дека го сакаш. Би те советувала да бидеш ладна спрема него и да одбиваш повици од него. Нека стави прст на чело малку да види т.е ако сака и може, дека некого повредил па можеби си реши некои дилеми. Еве можеби следната нема да му биде за врзување. Јас разбирам дека е млад и сака да менува, мува девојки и ако може некаде ќе му запали таа финта. Има многу широкопогледни девојки што еве за жал ти не си му се погодила како таква. Живеј си го животот, еден ден ќе се смееш на ова
Потополно сте во право сите три, и Butterfly15 и WomanInRed и slavica999. И јас не сум таа што ги започнувам муабетите, он е. И знам дека кад-тад пак он ке е тој што прв ке пише или ќе ме викне. Хммм...а баш би било убаво да го откачам еднаш колку онака стратегиски и тактички потег. И кога раскинавме он рече “ако сакаш ние може да си се гледаме по еднаш неделно или како ке се дговориме“ а јас на ова изреволтирано така остро му реков “мене или ме имаш или ме немаш! нема измеѓу! не сум јас на закачалка кога ќе ти се сака!“ Он се поднасмеа и јас тогаш му реков “ извини ама јас колку и да те сакам јас сепак се ценам себеси и своето време, така да ако нејќеш-нејќеш“. Посебно е добро мислењето во погорниот пост: да се врзеш емотивно неможеш, ама за да се е*еш можеш! Епа неможе! Така да WomanInRed јас имав опција да останам негова муваторка ама подобро ми беше да раскинам и да оставам све убаво на едно купче (нели врската) отколку да останам со него на мување и после да ми биде потешко кога ќе согледам дека и мувањето е без емоции. Мојата сегашна реакција е резултат на тоа што уште го сакам и ми недостига и поради тоа што гледам дека и на него не му е све розево (му недостигам можеби) но во никој случај нема да му пристапам прва. Сепак и јас имам мое ЈАС! А и он беше тој што ми раскина. Ако сака нешто (под нешто подразбирам само врска, а не мување) повторно он нека ме побара мене. Можеби до тогаш ќе престанам да мислам и да ми недостига, па јас ќе го откачам. А можеби и уште повеќе ќе ми недостига... никој незнае што утре не чека. Мене едноставно само ми е мака. Да го сакам него, но не велам дека сум затворена за да запознаам други момци. Досега во овие 4 месеци сингл никој друг посебен не ми скренал внимание. Сега сум ладна, не му пишувам прва, не му звонам прва, не го викам ниту барам, не постирам некои (срце-парателни) песни....нииишто. Све ова он го прави. Јас само си седам на страна. Фала многу што одвоивте време и напишавте мислење околу ова
Како да ја повратам бившата девојка Здраво ми треба еден совет ...Пред 7-8 месеци имав девојка одев некое време со неа а до дека бевме заедно немав некој големи чуства за неа бев многу ладен кон неа и едноставно кажано ја сваќав врсkата со неа само како некоја заебанција.Девојката ме сакаше многу но јас немав никакви чуства кон неа и таа забележа дека не и обраќам многу внимание и ја прекинавме врската . Сега по поминатаи неколку месеци ја видов пак и ме остави без зборови кажете ми некој совет како да ја повратам се обидов многу пати што ли не направив за да си ја повратам но ништо не ми успева ..
Како да ја повратам бившата девојка ма какви идиоти сте вие машките.си играш топло-ладно па наеднаш ти текна дека ја сакаш.само ме интересира во што беше облечена кога ја виде?носеше минч имаше декилте?
Како да ја повратам бившата девојка Идиоти да ...откако ке загубиш нешто тогаш ке сватиш дека тоа вредело да се сака... хммммм ја имам видено повеке пати и не ми текнува баш како е била облечена
Чекај прво да разјасниме ..тебе девојката те привлекла само со надворешниот изглед така? или планираш нешто посериозно?
а оти тогаш така а сега сакаш да е вратишш??...ако веке те преболела оставија на мира,ако искрено ја сакаш..подобе е да ја оставиш и да не и создаваш пак болки..одалечисе од неја и внимавај нареден пат да не повредуваш така.. внимавај што правиш и мисли не е тоа робот...
Ве молам за совет..Со дечко ми одиме веќе 1 година . Пред некој ден ми кажа дека се му било здосадено, па дури и самата јас. Во последно време имам чувство како да ме одбегнува. Ако го побарам арно, ако не тој не се труди да го направи тоа. Кога сме заедно никогаш не седиме еден до друг. Стварно не знам како да постапам повеќе.Што да правам ?