Имам нови информации. Значи овој по кој што се затрескувам некако ми изгледа како на заебанција само да тера, а јас стварно почнувам да се заљубувам. Тешко ми е бе тешкооо.
Фемина остај го. Не сакам да бидеме заедно уствари значи-воопшто не ми значиш! Дали на тебе извини ти е убаво тој да живее во твојот свет без какво било обврски? Нормално дека не. На него тоа му одговара. Ако сакаш да му подариш толку време тогаш слободно но се надевам дека барем ке побараш некој што во лице ке ти каже дека само те мота околу малиот прст. ако еден дечко сака врска тогаш тој не се двоуми околу тоа. Т.е извини, ако на некој дечко му значиш доволно, ке те сака само за себе. Проблемот е што тој не сака врска, и ако ти го кажал тоа, верувај дека тоа е вистина и нема никакво читање помеѓу редови. Ти ако сепак сакаш да се надеваш дека тој ке го смени мислењето, слободно. До тогаш сигурна сум дека ке те повреди уште неколку пати. Ако навистина сакаш да спиеш со него, исто слободно твое право е, но зарем не сакаш да спиеш со некого што ке го видиш повторно? Што ке се труди околу тебе, што далечината нема да му представува никаков проблем? биди внимателна и внимавај кому ке му ја даваш твојата љубов, нема да ти оди лошо
Ама он е мртов љубоморен и стварно и не сака да ме деле со никој. кога некогаш ми звоне а телефонот ми е зафатен после ме испитува со кој сум зборела.. секогаш ме прашува каде сум била во текот на денот и со кој.. ако ме види во близина на некој мора да имам добро оправдување за тоа(како дека ми е рода или братучед или другар од друштво) зашто во спротивно се лути.. И да се одлучам на тоа да имам односи со него нема да се каам, веќе ми значи премногу и и да не бидеме заедно после тоа не ми е важно зашто сум го направила тоа што во тој момент вистински сум го сакала.. всушност тоа и порано ќе се случеше само што сеуште ми беше страв и сепак бев помлада од сега..а ако престанеме да се гледаме ќе продолжам понатаму со крената глава.. нема да кубам коси и да се нервирам туку ќе го заборавам како што самата знам.. Но сепак се зависи од нашата средба викендов.. може ќе го откачам и ќе го избришам засекогаш од мојот живот а може и ќе ја поминам ноќта со него па после тоа нека биде што биде(секако дека и да се случи тоа нема да дозволам никој да дознае туку ако прекинеме да се гледаме со типчето, ќе си искулирам дооолго време без дечко и мувач па здравје кога ќе отидам на факс ќе си фатам некој 'за озбилно'
Вака,тој сака да е*е,а не сака женска.Една година се влечете и ако за таа една година тој не преземал мерки и не сакал врска нема ни да сака.Зошто да сака врска кога со тебе може да има се и плус да нема обврски и да си има слобода.Кога ке се видите сега ке му побараш да ти ја објасни целата ситуација.Доколку дечкото се изјасни дека не сака женска,тогаш мој совет ти е да се тргнеш од него,да ги прекинеш сите контакти.Не си го губи времето со некој кој не те цени и не му значиш.Знаеш,млада си.Ке излегуваш и ке запознаваш нови лица..Ке сретнеш некој кој ке те цени и ке те гледа како капка на дланка.Некој кој ке сака секој слободен момент да го поминува со тебе.Некој кој ке те исполнува..И не.Немој да имаш односи со типот.Како што реков,сака секс,а не сака женска..А ти заљубена се влечкаш по него иако знаеш дека нема да бидеш со него.. Не си го губи времето!!
можеби некое време ке ти биде тешко но верувај подобро така од колку да трчаш по него.. ке помине по некое време и ке си мислиш на себе... само немој да се нервираш..знам дека е тешко тоа... но мисли на себе и тоа дека не вреди да се нервираш за некој таков..поз
Дали може некој да ми даде совет ? Еве вака... Запознав еден дечко во саботата во диско. Многу згоден и се мувавме. А беше многу нежен и внимателен со мене, воопшто не личеше на безобразен. Останавме во кола кај него до сабајле ама ништо не се случи. Другиот ден кога излеговме ме праша колку си добра во кревет, ништо не му реков. И вчера му пратив порака како си што правиш, денес ми врати дека е малку лут зашто мислел дека не сакам ништо друго со него освен бакнеж. И јас му реков жал ми е ама за мене сексот не е мала работа и сакам да имам секс кога ќе се заљубам и со личност што добро ја познавам. Па тој ми напиша за мене врска без секс е досадна врска и да оставиме се значи да не се гледаме повеќе. Јас му реков ок нема проблем чао. А сега да спомнам како се запознавме. Сестра ми излезе со еден дечко истата вечер а тој дојде со другар му. И на сестра ми исто така тој другарот и спомна секс и тој баш безобразен беше исто и тој и раскина. Ама овој мене не ми личи на безобразен. Баш е мил ама поради другар му ми се чини дека само секс сака. Е сега ме интересира да ми каже некој поискусен, дали има некакво лошо значење кога некој толку брзо ќе посака секс, дали од мене сака само секс ? Стварно не знам што да мислам. И зошто нема разбирање па да почека малку за секс него веднаш вика да прекинеме ? Помогнете ми ве молам, не знам што да правам.
Јасно ти кажал дечкото, сексот е се што го интресира, мислам дека нема потреба од понатамошно тумачење на неговото однесување, иако бил фин културно те прашал дали си за секс или не. А тоа дали ќе те почека или не терба со него да си расчистиш, плус и ако ти рече дека би те почекал ти пак ќе бидеш под притисок за да го одлучиш тоа кога ќе имате секс и целов реме ќе те притиска кога кога кога... Ако несакаш такви работи тогаш повлечи се и остави го да си најде некоја само за секс
Според ова што го напиша јас сфаќам дека типот го интересира само секс. Сепак ти можеш да разговараш со него па да видите што ќе испадне, јас неможам да предвидам
Zaliha тој одма преминал на главното,ќе ти се прави добар,мил, нежен, се само за да те придобие и откако ти ќе попуштиш само ќе те искористи и ќе ти кажи чао. Верувај скоро сите размислуваат со господичниот нивни,а не со умот.Ти не го ни познаваш него доволоно за да имаш односи со него толку брзо,ако сакаш да имаш нешто повеќе со него кажи му чекај малце месец,два,да се запознаеме подобро,да видиме во кој контекст ќе ни оди врскаата па подоцна направи го тоа. Мое мислење е дека него му е умот само во тоа да има секс со тебе,недела,две ќе те поматка и ти ке останиш повредена и искористена,а тој ќе си бара нова играчка.
Леле бе колку селско понашање мене одма би ми се згадило така, сеа јес да е ок да е искрен ама па ајде прва вечер и секс ко некој неиживеан.Батали такви "фраерчиња" не се замарај со овој се знае тој што сака.
Кога еден дечко ти кажува дека го интересира само секс, верувај го интересира само секс и ништо повеќе
Свиѓам еден од мојот клас но незнам како да му кажам, и каков одговор ќе добијам.. мн. лошо пошто сме у ист клас Но забележувам често ме погледнува.. т.е мислам дека и тој мене ме свиѓа но не сум Баш сигурна.... Како да дознаат дали и тој ме свиѓа и како да го прашам дали може да има нешто повејќе од другари меѓу нас?? Ве молам за ПОМОШ......Вашите совети многу ќе ми значат..!! Благодарам однапред. KOLKU PATI GO NAPISAV I NIKOJ NE MI DADE SOVET.....
Ам зашшшшш само секс да сакат ???? Зарем не сакат како личност да ме запознајт? Па и јас сум добра личност а секој само за секс ме сакат. Жално
Епа девојко ти само што си го запознала и право си се измувала и можеби дечкото помислил дека уствари си и некоја лесна девојка па затоа и побарал. Ако дадеш дадеш ако не чао. Ако не сакаш да страдаш и да си мајтапа со тебе бегај подалеку. Поздрав.
Ама не е само тој проблемот. И со други било така, не се мувам со сите што ќе ги запознаам така брзо. Ама сепак секој сака само секс од мене и ништо друго.
девојко зашо се замараш со ова уопште ,си налепила на повеке жаби и тоа е,нареден пат коа ке се упзнаеш со некој тип биди посериозна за да те сватат како сериозна личност со свое ја ако ти мислиш дека би можело да те и он свига ,почни по малку да пишуваш на фб со него ,и според неговото понашање ке сватиш дали би можело да биде нешто или не,ако би можело да биде покани го да излезете
Ве молам за помош.Веќе ми е преку глава од овој т.н дечко. До пред малку бев со него тој беше кај мене цело време беше намуртен се тргна од мене си гледаше ТВ како јас да не сум тука го прашав што му е тој ми се издра ништо не ми е што може да ми биде ако не си направила ништо, и така седеше он на една страна јас на друга и стана и си замина со едно чао го нема да ми се јави ни ништо...Зошто така ништо лошо не му направив..
Zaliha повеќе од јасно е . Сега на тебе останува дали сакаш да му служиш за секс или ке си останеш на своето... Сепак не се разочарувај дека сите од тебе сакаат секс, незнам колку год ама можда и год на момчињата што ги знаеш доста игра улога па не сакаат да се врзуваат млади... А од една страна, можда и има нешто што ти правиш за да би они мислеле така. Размисли убаво, земи ја раб објективно . За дечково мој личен совет ко и на останатите. Откачи го ! Мало, уопште не е проблем шо е од твој клас една моја најдобра другарка си се фати со дечко и со кој учевме сите заедно уше од прва год па еве ги уште идат 6години Мој совет ти е , чим си почнала да глеаш дека ете и он пушта некакви сигнали, повели у напад ... на пр, прашај го за некоја демек “нејасна“ задача ... или пак за некоја лектира. После ако е добар у нешто викни го дома демек да вежбате... Коа би се зближиле уште викни го онака после училиште или пред на кафе, па договорите излегување заедно у друштво.. Ова твоево напротив е многу полесно веруј ми Ајде направи прв чекор па пиши хахаха маживе бетер се од нас жениве да знаеш ко нив да ги дрма пмс ... Aбе од искуство да ми ти речам, не му замерај ако ова сега му се дешава денес или уште пред некој ден, едноставно период ги мава и нив таков ... така да коа ке го видиш секад дека е таков земи повлечи се не му се јавувај и слично остави го да му помине. Имам другар чоек, го фаќаат вакви моменти и со никој, ама буквално никој не прави муабет, сите не игнорира и по цели денови сам е , ама коа ке му помине си се враќа у нормала.. Така да без гајле .