Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Луѓето губат личности.. Тоа е животот..Само сети се на тоа дека, ти се плашиш да продолжиш без човек кој НЕ ТЕ ЗАСЛУЖУВА и чие што понашање е доволно за да сватиш дека без него ќе ти биде поубаво, а има луѓе кои ги изгубиле своите чеда засекогаш. Така да, штом тие луѓе продолжиле смело низ животот, без своите сакани кои ги изгубиле еве на пример прерано, зошто ти не би можела да продолжиш без тип кој се загледува во секоја девојка? Девојче јас навистина не знам што размислуваш но самата помисла дека додека е со мене мисли на други, не би ми дозволила да продолжам со него.
    Само потсетувај се на тоа дека од лошото има и полошо. Жив е , здрав е, ништо не му е, едноставно нема да биде во твојот живот и тоа е тоа. Што да рече човек кој го загубил своето младо детенце? Такви ги има на куп а сеуште се борат. Верувај ми имаш доволно добра причина да не мислиш на него. Барем јас така мислам.
     
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    sakamte прва и најлоша грешка од твоја страна што си ги запоставила другарките. И да останеш без него, секако дека нема да знаеш како, зашто си ги заборавила другарките и времето одделено за нив.
    Запомни покрај дечко треба да имаме и други луѓе у живот, не смееме да дозволиме светот да ни се сведе само на партнерот!
    За да би го решила ова, повели јави се кај некоја другарка и реобнови односи со истите... За да утре што и да се деси не би останала сама.

    Ај проблемов и од др агол да го земеме , значи нејќеш да му раскинеш така ? Ок, не му раскинуваш, не го менуваш он продужува да си глеа по др типки, и утре оп муабет како он смувал некоја .... И ке ти раскине он на тебе, ТИ ? Пак сама ... пак без него...

    Незнам некако, ова негово однесување ми е нож со две острици, не го сакам ова, друго е да земе да се зазјапа за типка која поминала покрај нас или него па да и се зазјапа у цицки или у гз, ама она безоразното зјапање :^) Око за око Ама ја Очи ке извадам .
    Плус тоа, ај размисли еве и другиве феминки нека кажат, зарем тоА негово убаво однесување кога сте сами вие двајца зарем не ти личи на “мачкање очи “ само ?/ Зашо пази, ако он знае да ти го даде целото внимание на светот кога сте сами, зашто да не може и кога сте излезени? Со друштво у дискоека и такви ствари ??


    На крај ке кажам, многу ама многу се понижуваш. Одлуката е твоја. Сакаш да се продужи вака, сакаш да се преекине .
     
    На badem4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    ovie 2-3 дена почнав да комуницирам повеке со другарката која ми е најверна и искрено се осекам подобро еве и сега и се јавив да дојде да пиеме кафе :) да не мислам толку на проблемите но,навечер..сама...затворена во 4 зида..е тогаш е најтешкото :( :( :(
     
  4. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Како прво за љубов не се умира и феминката погоре ти кажа какви се не полоши загуби постојат во животот.Навистина неубаво од негова страна, разбирам да погледне онака блиц да фрли еден поглед ама постојано да гледа а тебе на игнор цела вечер???Ма ајде на што личи тоа!!??Не би те советувала да правиш како тој што прави затоа што ништо не постигнуваш, ете кажа еднаш си пробала се лутел ама на крај пак се смирувате и пак иста песна.Најубаво седни направи си муабет макар да ја прекинеш врската одреден период или да биде нешто или секој на своја страна зошто вака ако продолжиш во иднина не знаеш што те чека.Научи да се цениш сама себе не си дозволувај да те навикне вака зошто не знаеш понатаму што може да ти прави..
     
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Значи откачи го! не го бива, он малце да имаше почит кон тебе барем ке се пазеше..
    Види знам дека сите имаме очи, и јас имам очи па кога ке помине некој убав или згоден можам да искоментирам и да воздивнувам да се смешкам. Ама јас ако го правам тоа во присуство на дечко ми?! Ем покажувам дека ич не ми значи ем дека ич не го почитувам..
    Најди си некој што цела вечер ке те гледа тебе и нема да ги извади очите а не некој што не покажува грам почит кон тебе. Јас да сум на твое место доволно е еднаш да ја направи таа грешка, ташната јакната и си идам па ако сакаш гледај други женски. Со мене си излезен и уште да гледаш други женски? хах страшно се заебал :) Мислам немам ништо против да гледаш, очите зашто ти се ама се има граница ако претераш идеш у пичку матер и никад не се враќаш ...
    Ако толку сака да гледа нека пушти порнич
    ГОЛЕМА НЕПОЧИТ кон тебе.. а ти самата уште повише се понижуваш што трпиш
     
  6. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Епа некоја вечер ќе се договориш на кафе читај книги дома седни на нет чепкај нешто не дозволувај времето да ти поминува така со седење и мислење што ќе биде како ќе биде.Како си правиме самите така ќе ни биде.Не мисли секоја вечер ех како ни беше колку убаво, мисли малку ан негативните страни за да не ти биде толку тешко.
     
  7. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    фала феминки многу ми помогнавте ако не друго ке почнам повеке да се дружамс о другарките и полека да ги исфрлам од мојот живот бидејки наеднаш нема да можам :)
     
  8. Bitolcankata

    Bitolcankata Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас имам 14 години. Засвиѓав едно дете поголемо од мене 2 години. Плав,со кафени очи. Најрво со него се запознаа моите другарки а потоа и јас. Почнавме ПОСТОЈАНО да се четуваме. Исто така заедно со другарките и него шетавме по Широк Сокак. Тој дозна дека ми се допаѓа,но тоа не поромени ништо. Доволнно сме блиски инаку. Има казано дека му се допаѓам,но на мене ништо нема ми сомнато..преку другарки,само така,површно... И двајцата немаме некое такво искуство ппа сега и на двајцата срам ни е како да си каземе. Јас би мозела прва да му се изјаснам но сеак мислам дека тој треба да го направи првиот чекор. Незнам што да правам,да чекам ............ Или да ја отворам темата, хм .. доколку би знаека како да ја отворам. КАКО? А прва да му казам.. не се нафаќам. сепак НЕ.
    ваше мислење?
    помош?
     
  9. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Едно дете долго време, сака да излезиме, да се запознајме.. :)
    НО за жал постар од мене е 5 год.. и + тоа е другар на брат ми ( за славата бил кај нас на гости) јас не сум го забележала.. Инаку мн добро дете..душа.. стварно олку добро машко досега немам видено..
    Синоќа виде и брат ми дека се допишуваме и дека сакат да излезиме но тој ко виде дека така ми пишуват седна тој на пц и му пишуваше ај дојди утре *** во 1 сатот. и јас му викам ти ќе одиш место мене ? тој да бе :) . ..знам дека нема да биде лесно и за сите тоа да го прифатат. :) Ајј некој совет како да постапам што да правамм ?
     
  10. Femina...1

    Femina...1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    28
    Tоа да,, оддалечи се од него постепено да виде како е.. не ми одговарај секогаш кога ти звоне.. Кога он не е таму за тебе кога му викаш да не гледа по други и кога не те слуша кога сакаш да му кажеш шо ти прече и да се промене нема зашо ти да се секогаш тамо за него кога 'ќе му дојде јајцето на газо' ;) А шо се однаса на тоа дека ти бил лут една недела.. Значи според него, кога ти гледаш друг тоа е најголем грев а кога он го праве истото па и по цела ноќ тоа не е ништо!!? :!: твое си е сепак.. ако сакаш да се нервираш, да си кубеш коси и да тражеш грешки у својте постапки за нешто за шо никако не можеш ти да си крива(како шо беше мој случај пред некое време)повели.. ама он нема да се промене ако ти не си променеш однесувањето со него :!: со среќа/..

    Женска годините немат никаква важност..ако е фин и добар и симпатичен, и сакаш да го запознаеш дечкото нема врска тоа шо е 5 години постар и нема зашо други да ти се мешат и да не одобруват.. :^) барем тоа е мое мислење де.. Би можела да се видеш со него (секако ништо не губеш) ем ќе го запознаеш подобро, секако не мора да се мувате или неш слчично чисто онака ќе си попраете муабет ..ако не сакаш да има ништо меѓу вас нема да има и толку.! :) а сеа секако се подразбира дека нема да бидеш со некој само оти е ногу фин нели ;) со среќа.. !!
     
  11. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    Драги феминки, ве молам за совет. Оваа недела бев на забава кај една добра другарка на која и беа дојдени пријатели од Србија.Се запознавме и многу ми се засвиѓа едниот. :$ Другарка ми ми даде број и ми предложи да му пишам порака и да почнеме да се допишуваме затоа што бил многу фин и сигурно добро ќе ја прифател пораката :) Големи се шансите да дојде за некое време. Проблемот е што незнам што да напишам, размислував многу и стварно незнам што е добро да прашам, што не.. ве молам за совет :tmi:
     
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    здраво како си?се сеjкаваш на мене? што има ново?-можеш да пишиш која си :) така нешто :)
     
  13. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    А кој се тоа сите што треба да го прифатат? Колку што сфатив и брат ти нема проблем за да излезете.......... јас немав брат имам сестра за среќа :) ама имав една другарка која тргна со другар од брат и кога се разбра работата неможам да ти доловам што се не се случуваше помеѓу другаров и братов :muscle: :devil: :envy: ....лудници беше и требаше време додека да се навикнат на врската....така да мислам дека си ти во предност што не му смета на брат ти ;) ...а тоа со годините и не е којзнае колкава разлика....мислам дека вреди да пробаш па може и испадне нешо од тоа...ем другари ем зет и шура ;)
    /
     
    На Macushkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Filiposka - Благодарам за советот.. но како што гледаш што се има случувано со тие (твојата другарка, нејзиниот брат и дечкото) затоа и мене ми е страв да не испадне нешто така.. :worried:

    инкау тој синоќа пред брат ми ми титна и братов по навика му опцу пошто во него беше тел запишуваше некој бр неш така.....
    и после некое време му се јави од неговиот тел не му спомна ништо за мене ни за тоа што ми пишувал на фб, ниту пак за што ми титнал зборуваа за фудбал.. :) Но сепак може "свашта " да се случи.. :)
     
  15. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Искрено, значи најискрено кажувам еве јас како девојка на возраст на дечкото (претпоставувам на твоите 15+5 значи има 20) не можам да го сфатам тоа. Не можам момакот да го сфатам. Да ми каже некој мој другар дека ќе излага со некое 15годишно девојче ќе му врзам шамар. Затоа што тоа не е нормално. Не дека сум јас теткица па да солам памет, ама едноставно баш на оваа возраст 5 години прават ОГРОМНА разлика. Да имаше 17-18, а тој пак постар 5 години значи 23, ќе речев ајде... не дека ми е ок, ама пак е поразлично него 15 години и 20 години. Јас барем на 15 години одев во диско, се смешкавме со дечковци, па се мувавме не викам не, имаше и по некоја „врска“ ама со врсници или тука негде. Не можам да помислам тогаш да ми пришол некој на 20 години и да ме викне да излеземе, искрено ќе ми е незгодно и буквално страв. Стварно, стварнооо не ми се јасни тие момци! Едноставно разликата како бројка не е голема, ама значењето и е! Одлучуваш сама, и ништо немам против тебе, ама дечково од мене има најголема 0 што брка толку мали девојки.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dolce.Vita

    Dolce.Vita Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    15
    епа ајде и јас да се отворам и да си кажам што ме мачи. 10 месеци сме во врска. пред некој месец почнавме да се расправаме и некако целава работа е малку напната. на почетокот бев пасивна и чекав се на готово некои работи, меѓутоа тоа беше од причина то помина многу кратко време откако раскинав со бившиот и се фатив со овој дечко. тешко ми беше да почнам да правам отворен муабет, да ги решам проблемите и најчесто кога требае да збориме, он правеше монолог. јас буквално седев и молчев цело време. сега работите се сменети, он е пасивен, несака да се потруди да направи нешто за да се оправи врскава. за секс да не зборам бидејќи скоро 2 месеци сме немале, од причина што он несака ( као наводно не сме уживале двајцата и не ни било убаво). пробав да направам нешто за да го сменам ова, меѓутоа не успеав, остана на неговиот став дека несака секс. и така сега си апстинираме, почнуваме да се расправаме за некои ситници... незнам до каде ќе иде ова вака, меѓутоа знам дека несакам да раскинам бидејќи го сакам, а знам дека и он го чувствува истото само што никогаш нема да каже нешто такво.... епа девојки ако сте се нашле во слична ситуација, кажете некој совет.
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    сакаме го прочитав твојот проблем и сакам да ти кажам дека потполно те сваќам и јас сум имала со дечкото расправии ако фрли некој поглед ама не да зјапа фала богу до таму не стигнало и правам одма караница не во смисла да си ги кубиме косите туку во смисла му кажувам не се осеќам убаво и точка,да зјапа буквално е друга работа значи ти во тој момент испарваш покрај него и значи тој неможе да ти обрне внимание тогаш оти не сака си има друга занимација си има во кој да се гледа нормално ти тоа и понатаму ќе го толерираш а?ај те молам свестисе и имај гордост се јавувал нека се акни од земја ти имаш карактер или немаш?знаеш да му кажеш ќе ме почитуваш или крај е со нас?ако не знаеш мора да научиш ти утре пример во брак нема шанса да се толерираш со ваков човек а и што си должна дај те молам свестисе и заборавија приказната неможам да живеам без него све е навика во животот,никој не умрел од љубов така ај да бидиме малку разбрани размисли малку подлабоко.Па и јас кога ќе се загледам некогаш во некое машко дечкоми одма се пали кај гледаш ле кај гледаш аааа значи не е сеедно враќај со иста мера ни непопуштај нормално имајси карактер дека секогаш си му попуштала ти се качил на глава,според мене дечкото воопшто не те цени па тогаш јас не гледам зошто толку очајно сакаш да си со него почни да се окупираш со други работи малку позитивни оди на вежбање опуштисе излезиси со другаркати на кафе оди на трчање тоа што е за тебе ќе си дојди кај тебе...
     
  18. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Значи вака...
    Се запознав со еден дечко и почнав да се дружам со него, ама не знаев дека му се свиѓам и тој немаше храброст да ми признае дека му се свиѓам и и кажал на една другарка па таа ми кажа мене и јас и кажав дека исто и тој мене ми се свиѓа и му пренесе него.
    И никако немаше храброст да ми се пушти директно, постојано ја прашуваше на другаркава, сакам да бидам сигурен дека нема да ме одбие.
    Јас и тој не се познававме баш добро иако се дружевме не зборувавме многу и не знаевме ништо еден за друг.
    Дечково изгледаше многу срамежлив и добар, се топеше кога ќе ме види.
    Конечно собра храброст и ме викна да се видиме на само, првиот збор му беше „дали сакаш да сме заедно“, а ние не се познававме доволно.
    Јас се сложив и веднаш сакаше да ме бакне, ама го одбив и му реков дека е прерано пошо мене се наеднош ми дојде од што не го познавав доволно и се осеќав глупаво.
    После почнавме да излегуваме и се однесуваше многу добро со мене, се мувавме и се беше супер.
    Е сега излеговме една вечер, јас тој сестра ми и еден негов другар што има малку проблем со главата. Пиевме и се зезавме и на сестра ми и беше лошо и излезе надвор да земи воздух, тогаш еден дечко и дошол да ја праша како е, па овој другарот на дечко ми ја видел како збори со него и замина лут.
    Стварно не знам зошто се налути на сестра ми тој не и се свиѓаше, а и плус малку беше пореметен во главата. После заминавме сите заедно за дома, значи во кола.
    И тогаш овој дечкото мој и се развика на сестра м, ти кога излегуваш со нас не смееш да збориш со други, а другарот негов и викаше на сестра ми ти си профи танцуваш со мене, а се бакнуваш со други на момент и ја пружи раката во фаца како да ќе ја удри, сестра ми се налути и сакаше да излезе од во кола и тогаш дечко ми мој и рече прв и последен пат доаѓаш со мене. Ова беше многу глупаво зошто сестра ми не дојде да флертува со него, дојде како друштво.
    Јас бев лута и го прашував зошто така се понашаш со сестра ми и сакав да ја разјасниме ситуацијава и тој се сложи, рече ќе се видиме утре и ќе збориме.
    Другиот ден го чекав цел ден да се видиме, дојде во 11 часот ноќе, а мене ме чекаа другарките за да излезиме.
    Влегов во кола кај него за да се разбериме и тој почна агресивно да ми е обраќа „за што сакаш да збориме бе“, јас му викам за тоа што се случи синоќа и тој вика „ајде де збори“ многу агресивно.
    Јас се налутив и не сакав да зборувам, му викав „за ништо батали“, после тоа молчевме две минути и сакаше да ме бакне, ама не му дозволив го турнав...
    Излегов од во кола и заминав со другарките и му пратив порака, утре ќе збориме и тој ми рече не сакам да зборувам помини си убаво и јас му пишав, ако не сакаш да зборуваш ок чао и тој ми напиша, не сакам чао.
    Другиот ден на фејсбук ми напиша зошто не сакаше да ме бакниш, јас му реков ти беше нервозен јас бев нервозна и мораше да заминам од во колата, и му пишав извини. Ок ми напиша немат проблем.
    Ама овај ми имаше дадено број негов, за да го има само тој бројот и ми пиша ќе ми го вратиш бројот денес...
    Ок се сретнавме му го вратив бројот, ништо не зборевме и тоа беше се...

    Јас го сметав за многу добар и искрен, а тој во очите мои испадна како манијак, и не знам зошто не беше заинтересиран да збориме и да ја средиме работата туку веднаш раскина.. Сакам да знам дали сум јас крива, да слушнам ваше мислење...
     
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Не апсолутно не си крива. Зашо да си крива ? Шо си била на страна на сестра ти ? Шо си ја увидела арогантноста на двајцата ??

    не бе мило. Искрено, земи искулирај и заеби го типот. Најубаво расчистете, чим он вака уше на почеток на врска се понаша па можеш да замислиш шо би било понатаму.

    Искрено ја би го оставила . Сепак на тебе е ... :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас да бидам искрена, според ова што го пиша и дечко ти и другар му ми делуваат многу чудни, да не речам налудничави :^)
    Бог да чува, па уште сестра ти и ти криви :^)
    Да сум на твое место, толку би ме извадила од контакт ситуацијава што во моментот би му акнала еден таков бокс па после со памук вода да му даваат в болница |(