Да така е те сваќам со сакаш да избегнеш....само што во слуцајот на мојата другарка се беше тајно никој ништо не знаеше година и нешто и затоа после се случуваја тие работи.....а ти од почеток не криеш а и тој исто така да е малку поразлично......еве и еден личен пример ќе ти кажам малку индирекно на темава ама сепак слично Јас кога се фатив со мојот сегашен маж татко ми не ми правеше муабет една недела а причината беше што јас и мажот ми седиме на иста улица татко ми мој и сега свекор ми од деца се знаат и си живеат....не како најдобри другари ама како комшии од секогаш добро стоеле.....коментарот од татко ми беше ти сакаш да ме скараш со чоекот(сега свекор) .....а ние тогаш не бевме деца и двајцата бевме свесни во што се впуштаме така да се добро испадна оваа година ни е 10 годишнина од врската и 7год од бракот .....подружете се видете дали сте еден за друг и ако е навистина така нема да има никаков проблем
Каква крива, си имаш работа со налудничави луѓе. Искрено си требала одма кога ја навредил сестра ти да му речеш да застане со колата да излезете двете и никогаш веќе очи да не му видиш. Мој најдобронамерен совет прекини секаков контакт со типов стварно е налудничав, ако сега е ова за некое време ќе биде многу поголема работата. Има уште многу други НОРМАЛНИ момчиња! И да те бара и се тоа игнорирај, за твое добро!
Се дружам веќе некое време со еден тип и ми е многу конфузен .Значи и јас сум свесна дека не ми одговара онака ко што си барав, ама од друга страна сакам да знам дали ме гледа како некоја будала која ја користи или му значам . Иако немам никакви поозбилни намери, некако сакам да знам што си мисли а не ми е јасно неговото однесување. На пр. уште од прв ден ме убедуваше дека сака да бидеме во врска, и после година дена кога попуштив, некако почна да бара да биде во тајност божем за да ме заштител од бившиот. И бидејки некогаш кажуваше на некои дека сме другари, а ако пак некој се заинтересираше за мене , му кажуваше дека сум му девојка, мене ми се смачи од тоа негово понашање и му реков дека сме другари од сега ( кои се муваат и си уживаат заедно) И сеа, пред некој ден си седевме кај него, правевме што правевме, и после тоа, си седна ама не до мене туку од другата страна и си запали цигара, сакал да ме гледа. И ми вика - Ти треба да си најдеш некој ист како тебе. Јас му реков дека никој не е ист, и после ми рече , -Па добро , ни како мене никоја не е иста, ама сакам да кажам некој сличен да ти биде дечко Ме испровоцира и го прашав каков дечко според него би бил за мене и он вика - ист како мене, и онака го гледам и му викам -а за тебе девојка, и ми вика - иста како тебе И ми идеше да речам па зашто тогаш не сме пар, ама премолчив за да не испадне дека јас тоа го барам, и му реков -па што е тука разликата, -нема разлика -ми рече. И јас потоа му реков дека тој не ми одговара на мене, бидејки тој што е за мене после сексот ќе седне до мене и ќе ме гушне, а не како него така на страна да седи, па ми одговори дека може ќе сум нашла некој што ќе ме гушкал така ама во сексот немал да ми се погоди. И нормално дека на ова му одговорив дека ќе ризикувам да си проверам. Е сега, се слушаме многу често, по сто пати на ден, се гледаме често, и ми рече дека не сака да се ебам со други, и јас го побарав истото од него . Пред некој ден, кога бевме заедно, и после на едно место го чекав во кола, и за да не му придадам многу значење, дека се на него мислам почнав да си чепкам во мобилниот, а он знае дека еден друг ми праќа пораки , и влезе во кола и ми вика - Немој така , после водење љубов да праќаш пораки, не е убаво А не ни знаев дека сме воделе љубов бидејки беше малце диво , ама си преќутев... Е сега, во саботата на пр. се слушавме цел ден, а јас вечерта не мислев да излезам, а и знаејки како претходната сабота вечер го снема, рековме ќе се чуеме и ништо не му кажав.. Ми се јави околу еден, и ккога го слушнав во гужва ме фати љубомора и го излажав дека и јас сум со некое друштво излезена, а седев на тераса.. Почна да ме прашува со кого каде, и пошто не кажав и беше тишина, почна да вика по мене дека сум била на водно со некој, и се изнервира ептен, му спуштив.. Му свртев после некоја минута од фиксен и кога виде дека сум дома , се изнасмеа и ми рече само добро , ај чао Не можам да сфатам, кога мисли дека ќе отидам со друг, ми кажува како се затрескувал во мене, се расправа да не идам со друг, ми вика дека и он не сакал да се гледа со други, а останатото време некако ептен му идам по ќеиф и ми е страв да не ме гледа како некоја што му е тука кога он ќе свирне.А и стварно се мислам да не ме користи затоа што цело време јас сум таа што иде кај него дома или до работа, некако ми беше нелогично да дојде да ме земе до другиот крај, да идеме кај него, па пак да ме врати , па он да се врати, и почнав од што ми е убаво да му удоволувам, да го прашувам што му се јаде, да идам специјално по тоа , и не ми е тешко, ама секогаш тоа машките го правеле за мене, и сега се плашам да не случајно си вика -леле како ја возам оваа , и да се зафркава со мене Па затоа си мислев да му направам некој тест, да го викнам негде и ако не дојде тоа да ми биде знак дека не се труди воопшто и да го откачам Ама не сум сигурна ни дали сакам да го дознаам одговорот... Му спомнав пред некој ден дека има на кеј некој настан , гурманско нешто, а он ми рече дека не го интересирале такви работи, а искрено и мене не ме интересираше посебно тоа ама сакав негде заедно да прошетаме, а кога му префрлам за тоа ми вика дека не му е проблем, и би сакал да излезе со мене, но некако секогаш завршуваме кај него у стан , и иако ми е убаво , сакам да знам дали од страна гледано може да се каже дека сум дозволила да се заебава со мене ?
Прво што ми падна во очи како твоја грешка е што си му се јавила од фиксен-ем видел дека си го излажала дека си искочена, ем му одиш по г*от, не го прави тоа пак зашто така ќе го научиш. Ако сакаш малку да го провериш или поттикнеш да е посериозен, почни да го одбиваш, не оди секогаш кога ќе те викне или седи на кратко, не му кревај секогаш кога ќе те бара и не му објаснувај после зошто, почесто излегувај си со друштво. Кога ќе те викне кај него, речи јас ќе одам таму и таму, дојди ако сакаш. Направи го тоа неколку пати, ако не му текне што е работата, тогаш мислам ќе ти е јасно. Не знам инаку што да ти кажам и мене ми е малку конфузен, од една страна може и не планира со тебе ништо, а му одговара вака да те има па од таму се тие љубоморни испади, а од друга, може и се уште не е сигурен дали сака да е сериозен, ама не и дека ич не размислува за тоа. Само немој да правиш една грешка-да ја почнеш темата сериозна врска, значење, бла, бла... Однесувај се ладно, како и ти да не си зимаш ништо при срце и не биди секогаш достапна за него.
Во право си , знам.. И секогаш сум се однесувала така, и со други, ама не знам што ми стана, па ко едвај да чекам да ме викне почнав да трчам по овој . А ни јас не сакам нешто озбилно, само станав премногу добра со него , ама ќе си ги тргнам мислите и ќе ми помине
Знаеш што зборат некои за жените, мисли едно, збори друго, прави трето ? Без навреда кон целиот женски род ама болдот со твојот текст врска немаат едно со друго, викаш немаш поозбилни намери а целиот текст ти е како на девојка што сака врска, прво одлучи се што стварно сакаш . Ако сакаш врска е една работа и едно однесување а ако немаш поозбилни намери (како што си пишала) вашиот однос е баш како што треба, терање ќеиф без обврски
Те користи само за секс и не сака ништо повеќе.. Кратко и јасно П.с фала богу дека ке те зима од еден крај па ке те враќа кога се гледа што сака .. немој на тоа многу да се надеваш и да му ја мислиш ..
Добро до негде си у право.. Да се дообјаснам тогаш... Немам планови со него, односно знам какви се проблеми би излегле утре, и не го сфаќам озбилно, и онака се плашам да не се зближам многу со некој . Дали он или некој друг, тој со кој се гледам , нормално дека би му била верна , Не ми е битен зборот врска, ама само се плашам да не си вика он дека се заебава со мене... Зашто со никој не сум била вака фина, секогаш се труделе тие повеќе , и тоа ме плаши.... Нормално дека ако осетам дека се заљубувам дека ќе пробам да се сопрам.... Но и да сум со него , или било кој , и да го сакам, се би сторила за него, а тоа не значи дека сакам да го врзам!!! Тоа што ми е важно е секогаш да можам да ја знам вистината, а мислев дека од страна појасно можеби и поинаку изгледа Бидејки инаку од мој аспект е се супер Колку и да звучи конфузно
Те разбирам што сакаш да кажеш/дознаеш Тебе само те интересира дали он мисли дека ти се заљубуваш во него, односно дали он мисли дека ти му веруваш дека он е заинтересиран за тебе, љубоморен итн. Финта да го дознаеш ова, баш...нема. Можеш само себеси да си се поставиш на тој начин за да му дадеш до знаење дека тоа што го имате во моментов е тоа што тебе ти одговара и ти не се залетуваш по него, не сакаш повеќе. Можеш дури и да му го кажеш тоа, како, ова што го имаме баш ми одговара во моментов...и да, нема потреба да му се објаснуваш кај си и со кого си. Штом си го имаш ти тоа зацртано во глава (ако си сигурна во тоа), тогаш држи се до тоа, таа врска да ти е само за секс и ништо повеќе. Нормално, можеш да му кажеш дека не планираш да идеш наоколу и да се е*абаш со други, тоа што ти го дава ти е доволно, но можеш да му кажеш дека ако наидеш на нешто добро, тоа меѓу вас би завршило. А вака да дознаеш што уствари нему му се врти во глава...можеш само ако си го прашаш и при тоа му веруваш на одговорот
^^^ Конечно некој ме разбра. Се тоа сум му кажала, и мене ми е супер како што функционираме сега Само се мислев од негов аспект да не изгледа како он да се заебава со мене, и ко да трчам по него, зашто не сакам и не можам да си дозволам да имам било што со некој ако така ме гледа . Ианку не сакам ништо повеќе од ова ... И пријатели и добар секс, што ќе ми е повеќе ? Обврски ? Не, фала
Sweet25, мене ми изгледа како да ти е чепнато егото и тоа е целиот проблем. Едноставно, не сакаш да прифатиш дека си со некој околу кој ти се трудиш и + имате добар секс, а тој тоа си го зема здраво за готово. Од твоето пишување веднаш ми падна во очи дека велиш дека не сакаш ништо сериозно со него, ама дека посакуваш (може и чисто заради егото) тој да сака нешто повеќе, па макар и само да се потруди да ти угодува. И тоа е обично тој проблем во ваквите односи. Машкото може да прифати само добар секс, ама женското обично комплицира и посакува, пак ќе речам, не затоа што е вљубена, туку само да си добие потврда колку вреди, многу посакува машкото да покаже дека е свесен што има до себе. Не се заморувај, ако не можеш да ги оставиш овие работи на страна, егото, чувствата и сл, само себеси ќе се повредиш. Имам многу другари и скоро за сите важи истото-добар секс е добар секс, ама заради добар секс не се вљубуваат. Тоа што со некоја им е добро во кревет не значи дека ја сакаат за девојка. Имав другар кој буквално велеше „оваа ми е за по дома“ . А тоа да не пишуваш пораки на други, е па и неговото его проработело тука. p.s. Би требало да престанеш и со тоа што се трудиш да му угодиш, мислам дека со тоа сакаш некако да го поттикнеш да го прави истото, ама тој очигледно нема таква намера. Релаксирај се и не пробувај да се однесуваш како во врска во ситуацијава, кога очигледно не е тоа.
Гледаш како открија девојките што ти е проблемот иако мислам дека дел од тебе сака врска иако тоа свесно не го признаваш . Толку потенцирање мене ми е супер, сакам вака да остане, ќе имам проблеми, не сакам да се заљубам и слични изговори ме наведуваат дека едно збориш а друго сакаш . Ем сте другари, ем имате секс, ем не сте у врска ама ќе бидете верни еден на друг ми е парадокс до парадокс . Имаш сега food for thought .
Готово е со него, само не ми е јасно зошто кога му дадов шанса да зборува и да се реши ситуацијата тој не сакаше да зборува. Дали дечково си има најдено друга женска или толку му беше не сакаше повеќе со мене, не знам. Јас му дадов шанса, а не требаше за тој на крај како идиот да се испонаша...
Мааах сумњам дека станува збор за друга. Ами станува збор за негово вистинско лице драга. Досега очигледно носел маска ... Значи кај убаво се понашал пред да се фатите, кај одма рогови му никнаа у рок од неколку саати таа вечер ... Тоа е тоа. Си го запознала у вистинско светло. И не му се замарај више
пак јас во претходните постови имав пишано за мојата ситуација.... одевме 3 год. требаше да се земиме и тој зафркна... се скаравме направив глупости излегов со друг... му кажав се, му признав дека го изневерив продолжив да се гледам со другиот... убаво е... ама не го сакам... сеуште сум во контакт со бившиот... понекогаш посакувам да му се вратам... сакам тој ме бара да се вратам... ми прати букет со ружи а јас го барав прстенот во нив мислев дека има и прстен. му се јавив рече дека прстенот е купен само јас се чекам... тешко е ... што да направам ? не сакам да го повредам другиот
Sto i da te sovetuvame nie nema da ti gi promenat custvata kon bivsiot Pred svadba da te zafrkne nekoj i da te povredi ne e mala rabota,spored mene daj mu sansa na ovaj noviot ako stvarno e dobra licnost i tie ubavo so nego uzivaj i zaboraj na minatoto...
Признавање на чувства, ДА или Не... Девојки имам еден проблем... Се гледав 2 месеци со едно дете... потоа месец ипол немавме никакви контакти... не се скаравме, едноставно се оддалечивме полека поради оправдани негови причини.. не е важно кои се... Минатата недела после долг период пак бевме заедно, и преубаво ни беше, се познава дека и него му беше убаво. Повторно разговаравме за причината за која се оддалечивме еден од друг Но од таа вечер немаме никакви контакти, ниту на фб ниту ништо... Моја другарка го праша негов другар дали он уствари сака да има нешто со мене или не, тој и кажал дека сакал да има, но поради проблемите кои од домам му ги прават не може да биде цело време со мене. Сега тоа што ме мачи е дали да му ги признаам своите чувства и дали да му дадам до знаење дека мене не ми е важно за проблемите што му ги прават дома, и дека не мора да се гледаме секој ден, дека не сакам да ги изгубиме контактите, барем на фб да контактираме... секој ден ме измачува и не можам да изигравам ладна девојка кога со денови се измачувам, и не можам така да седам без да превземам нешто бидејќи сум многу заљубена!!
Девојки ве молам за совет. Вчера постирав на форумов за проблемот што го имам во мојата врска, меѓутоа веројатно не сте го ни приметиле. Еве уште еднаш ке го напишам, па доколку имате некој совет ве молам споделете го. 10 месеци сме во врска. пред некој месец почнавме да се расправаме и некако целава работа е малку напната. на почетокот бев пасивна и чекав се на готово некои работи, меѓутоа тоа беше од причина то помина многу кратко време откако раскинав со бившиот и се фатив со овој дечко. тешко ми беше да почнам да правам отворен муабет, да ги решам проблемите и најчесто кога требаше да збориме, он правеше монолог. јас буквално седев и молчев цело време. сега работите се сменети, он е пасивен, несака да се потруди да направи нешто за да се оправи врскава. за секс да не зборам бидејќи скоро 2 месеци сме немале, од причина што он несака ( као наводно не сме уживале двајцата и не ни било убаво). пробав да направам нешто за да го сменам ова, меѓутоа не успеав, остана на неговиот став дека несака секс. и така сега си апстинираме, почнуваме да се расправаме за некои ситници... незнам до каде ќе иде ова вака, меѓутоа знам дека несакам да раскинам бидејќи го сакам, а знам дека и он го чувствува истото само што никогаш нема да каже нешто такво.... епа девојки ако сте се нашле во слична ситуација, кажете некој совет.