ахахах прц пат слушам на 6 месеци нешто специјално ама ете ако сакаш нешто мало подароче ама да не биде нешто безвезе на една вечера и толку решен проблем.
Корист. Епа вака. Јас имам 17 години , а он има 15 години . Сега може ќе ви биде смешно или пак ќе ми се чудите, ама јас па не обрнувам внимание на годините. Не се ни приметува. Дечкото е супер. Само што еве мислам дека сум му повеќе од корист , ми вика носи утре хеланки , или пак ај мижи гол сум тоа на фб ми го пишува , ми спомнува секс .. незнам што. јас ништо не му викам , он приметува дека не зборам за тоа ама незнамм што да правам , утре ќе се видам со него и ако почне да ми збори за тоа .. ај да беше моја возраст ај , ама он 15 години . . .
Корист. Леле па и ти си многу голема па како до сега не ти текнало дека може дечково те користи или сака да се сексате како ви текнува на тоа бре, бре, . Ти речи му ај ти облечи змеј гаќи па јас ќе облечам хеланки може ќе се попалиме еден на друг. Глупости
Недоверба,љубомора.. Имам речици 18 години. Во врска сум горе долу 2 години... Пред неколку месеци го имав и првиот однос со него, и од тој ден редово. Го сакам многу, но во некои моменти многу често ме вади од контакт. Премногу е љубоморен, цело време ме контролира, по 10 пати на ден на мобилен ми звони, се љути за ситници, му смета ако правам маубет со одредени момчиња(вели дека тоа било затоа што тие ме гледале како да ме посакуваат).. Многу пати имаме раскинувано,па пак се имаме мирено.. Поголем дел од врската е поминат во карање. Има и многу убави моменти. На мноогу начини ми има докажано дека ме сака но сето тоа што го прави ме полудува. Имам пробано на многу начини да му докажам дека го сакам само него но тој упорно продолжува со неговата болна љубомора. Го имам лажено многу пати (за глупи работи,за ситници) и вика дека поради тоа не ми верува,дека ја изгубил довербата во мене ... Во скоро време и многу често ми вика дека најубаво ќе е да не се гледаме повеќе, да не го барам.. но кога ќе поминат неколку дена пак ме бара, плачи, кажува дека му е криво, дека не можи без мене... Се мириме, и пак почнува по старо со недовербата :/ Ве молам помогнете ми , не знам што да правам.. Многу го сакам,не можам без него .. И во некои моменти кога ќе се одлучам да прекинам со него ми текнува на тоа дека тој ми е првиот со кој сум имала односи, и не можам.. Како после тоа би била со друг? Kaко би реагирал другиот кога ќе дознае дека не сум невина? премногу се приврзав за дечко ми,сакам да останам со него..премогу го сакам ама не сакам да поминувам низ ова.. секој ден ми е поминат во плачење,во нервирање. Секоја вечер пред да легнам се караме и скогаш морам да заспијам со солзи на очите.... Што ми предлагате? ......
Зошто ја гледаш невиноста и нејзиното губење како грев. Си ја изгубила невиноста затоа што си сакала и си го сакала, истото ќе го направиш и со вториот и третиот и.т.н. но тоа нема да те декларира ниту како лесна ниту како курва. Немој некоја невиност да ја ставаш на прво место леле неможам да му раскинам бидејќи ми е прв, нека не е тоа причината. Ако веќе не оди не оди па имаш само 18 години а 2 годишна врска за тие 2 години може и двајцата сте созреале и сте сватиле дека не сте еден за друг и животот тече понатаму. Не си мала и треба да сватиш дека и преќините значат нестабилнос, недовербата боли и понатаму се повеќе ќе ти смете и љубомората Не само денес, што е утре кога ќе излагаш со колеги од работа или ќе одиш да студираш надвор? размисли пред се каква иднина те прати со тој човек пред вашата врска да помине на следното скалило.
Дечкото исчезна бевме три месеци заедно, и пред да го снема, две недели се немавме видено цело време имаше работа, и јас совршено го толерирав тоа, иако ми се јавуваше секој ден. еден ден ми дојде преку глава и му пишав порака дека ова на ништо не личи и ако мисли да тера врска нека почне да се понаша така, бидејќи мене не ми треба мувач во животов. и следната вечер ми се јави и два саати збореше како се осетил многу лошо кога ја видел пораката и почна да ми набројува работи што му пречат кај мене, дека треба да почнам јас да се јавувам дека секогаш он ми се јавува,и да прекинам со пораките бидејќи тоа не е начин на комуникација, можам макар и да титнам ако сакам да го слушнам, друго дека сака да не се преокупирам со него бидејќи во перидов е во депресија и не го интересира апсолутно ништо освен работата и и слично и му реков ок ама и ти ке си поработиш на некои твои мани,и се договривме другиот ден дека ке се видиме и ми рече супер ќе дојдам во 20 да те земам и ке одиме негде. другиот ден се јави накај 17 и ми рече дека го зезнале пак мора да работи. и толку. од тогаш го снема,му пишав две пораки не ми одговори.после тоа му пишав и маил во кој изнакажав се, бидејки некои работи што ми ги кажа на телефон ме навредија, и на крај напонемав да не ми одговара на маилот за да не ги влошиме работите. направив грешка можеби за тоа, ама после две недели ме фати криза почна да ми фали и му пишав пак дека ми фали и дека сакам да му се јавам, ако е ок да го барам да ми титне или пише, а ако не да знам веќе да не му досаѓам никогаш. и повторно игнор и сега веќе незнам што да правам?
Јас мислам дека прво си требала да излезеш со него и да разговарате што се случува со него. По телефон не се прават такви разговори. Ако тој бил во некаква депресија, тогаш си требала да го сфатиш, секој има кризни моменти во животот. Ако тој сакал да биде сам извесно време, остави го, не го напнувај, дај му простор. Не треба нокогаш да избрзуваш. Ако имало нешто кај него што ти сметало, и обратно, тогаш и за тоа требало да разговарате .Искреноста е многу битна во врската. Е сега биднало што биднало, ти ете си попустила си го побарал и си му кажала дека ти недосстига. Мислам дека тоа е доволно за прв чекор. Сега е на него ред. Ако сака нешто пак со тебе, ке те побара, ако не, ти терај си даље. Значи тој барал некој причина да раскине со тебе и тоа и го добил.
да во право си, само сметав дека две недели да нема пола сааат да ме види, а исото време на телефон го троши со мене, не е ок, и избрза, знам. неможам да трпам некои работи и често избрзувам со мислењето. ма да јс стварно немам во моментов точно мислење што се случи со нас.бидејќи ништо немам слушнато од него и незнам како така си реши човекот наеднаш без збор, со игнорирање, иако мн пати разговаравме за тоа дека мразам кукавици што исчезнуваат туку така и дури ми има речено дека не е толкав кретен што би ми раскинал на телефон или во порака, секако би разговарал во лице. ама...си дојде до моето ама, и пак иста кукавица ми се погоди во животов. и жал ми што толку добро мислам дека ни одеше, за на крај вака да изигра.
Сега што?ке чекаш,ке молчиш и ке трпиш додека не те побара.Не ти биле потребни тие пораки.Сехга може да добие мислење за тебе дека си агресивна девојка која сака да го поседува дури и да не изгледа така. Мој совет,почекај некој ден да олади,да се среди па ако те побара супер ако не живот иде даље. Со срека.
па еднаш ми им дури кажано дека имал чувство дека ми требал само да го претставувам пред другите како мој дечко(бедно размислување) пошто никад не сум го гледала така, а човекот мислел дека ете сум се понашала како демек го имам само за да кажам на сите еј видете имам дечко...многу ниско од негова страна и мн самобендисано, како да не сум видела дечко јас пред него па сега ајде го влечам со мене за да се фалам со него.
Стварно имаш 29? А типот колку има? 9? Многу добродушен бе тој. Од жал би ти дозволил да го претставуваш како дечко во јавност. Инаку еве и сама си кажуваш што мислиш за него. Мислам дека многу добро знаеш што треба да правиш, ама како да ти треба поттик и храброст за тоа. А ставовите му вриштат на лепотанот. Јас рака во оган ставам ако тој сам себе се разбира што сака. Толку е кутриот зафатен, газот не може да си го почеша, ама затоа може на телефон со саати да ти набројува маани. Ајде бе. За малце па и да поверува човек. Зарежај тука. Три месеци и „толкав“ број видувања не се ништо.
@ejM Секогаш на почеток на врската е супер ти посветува внимание, те освојува, а после извесно време кога дечкото ќе се осигура дека врската е стабилна се посветува на другите обврски во животот, напорно му е, депре е и уште исфрустрираност од женска страна му фали. Зборам општо, не само за твојот случај. Голема работа ако не сте се виделе 2 недели. Ти тоа време можеш да го искористиш за дружење со другарки, хоби, кариера и ред други работи. Дечково ако е осечаен и има големо его си го повредила со пораката. Добро е што си му пишала дека ти недостига. Сега за сега не го напнувај, само потсетувај го со пораки или со јавување дека си тука за него без да го напињаш. Почекај тој да те побара да се видите. Кога ќе се видите однесувај се како во почетокот на врската да се потсети зошто е со тебе, солење памет и уценување не успева кај машки со големо его. Биди кул, насмеана и кажи му дека ти фалел, дека понекогаш си осамена кога не е со тебе. На ваквиве мажи нема само еднаш да им се случи да исчезнат. Особено ако се амбициозни личности. Ако е таков ќе треба психички да се спремиш ако сакаш да останеш во врската и го осигураш дека ќе бидеш тука за него.
алооо за каква врска збориме! па поминале само 3 месеци одење со некој 3 месеци неможе да се нарече врска врска е поврзување а поврзувањето бара време Колку ти го знаеш типот со кој си била? Дали сте биле повеќе време заедно? Мене ваквото однесување ми личи на човек кој или имасериозна врска или жена Па си направил екскурзија и се повлекол.... а тебе како може да ти недостасува некој со кој си била 3 месеци. Леле или јас сум многу ладна особа и сечам во оној момент кога сваќам дека ми е лошо за било што во животот или ете ти премногу се потресуваш и си оставаш длабоки траги. Па почни малку да уживаш во животот дотерај се кафе мафе и шмекни некој нов
Ејм искрено се согласувам со крак ова ми звучи со работата дека е само чист изговор и дека човекот нешто крие или има сериозна врска па ова вашето можеби почна да се продлабочува и сака да тргне црта, неможе мене некој да ми кажува на телефон мани ова она значи и тоа му е изговор плус за да се оддалечи од тебе,друго врска од 3 месеци за мене не е врска и верувај ти него не го знаеш воопшто ако мислиш дека го знаеш не е така,може ад ти недостига не велам не но во ниедна врска за мене не е нормално да не се видиш со дечкото 2 недели поради некои глупи излитени муабети сите работат така?ако сакаш да продолжиш со него испитајго теренот убаво дознај повеќе да не се кајш на крајот повеќе со среќа
за тоа дека има сериозна врска или жена, не, 100 посто сигурна , го запознав преку мој близок човек, а од друга страна сум била на кафе кај него и ги запизнав и неговите кои од претходно знаеа која сум и дека постојам во неговиот живот.така да тоа сигурно отпаѓа, друг проблем си има типов, психички би рекла повеќе или како што напиша некој од вас, ни тој незнае што сака, а е самобендисан и себичен, што рака на срце мислам дека само он самиот за себе си е најдобар, иначе друго незнам што е добро за него.
ма да искрено и јас се потресувам премногу, пошо пак поминав убаво време со него и беше прекрасен буквално, се додека наеднаш не се деси што се деси
Дечки пукнав веќе, кој ѓавол ме караше на 16 да се заљубувам?! Ми недостига, сакам да бидам со него, да ме гушка, бакнува, ама сакам и со другарки да излегувам, да се дружам со луѓе, а он сега ми вика утре сакам цела вечер да бидам со тебе откако два месеци бевме разделени. Мене ме пуштаат ретко да излегувам. Баба му умрела, на него му треба утеха, а јас не сакам да бидам утре цела вечер со него. Он е у депресија и не знам, жал ми е да го заебам. Аман кој ѓавол Вели сакал да биде со мене цел живот,а јас не сакам толку напната врска, секаде да одиме заедно и тоа нејќам. Не може он да го прифати тоа. Што да направам?
па не си играј со човекот, кажи му искрено, а ако не му одговара да имате порелаксирана врска, тогаш раскини и живеј си го животот, пошто стварно...кој те терал на 16 години да се заљубуваш коа имаш живот пред тебе...мене до 23 на памет не ми паѓаше дечко, така да незнам шо си се мачиш себеси во најубавите години.
Па за све има поричина не велиме дека не но нека биде доволно маж и нека застане пред тебе да ти каже што е работата не да се лигави на телефон по 2сати за то време можете да пиете кафе и како луѓе да правите муабет ете требало да се видите и пак најде изговор да одложи заначии тука има нешто типот крие нешто, нешто не е во ред инаку ова не е нормално понашање според мене...
се согалсувам, не е туку така неговото негледање и сите причини за да не се видиме, ама не е маж да дојде да се соочи така да искрено не ни планирам да му се замарам веќе. оне на ред, ако е маж нека дојде да се соочи со мене, а ако не, нека бара некоја мивка како него.