Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. stefiaerodrom

    stefiaerodrom Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Девојки имам еден ОГРОМЕН проблем ..
    Се смувавме пред околу недела дена , се беше супер , ми кажа ке сме се глеале и такви муабети .
    Неколку дена не беше во Скопје , се врати и го нема ..
    Неговите другари ми викаат сум му била само за еднаш пошто многу сум му се свиѓала , али он сакал друга .Не знам што да направам , како да ја отсака неа и да ме засака мене ? Со ова уште поише го засакав и не знам што ке правам , само на него мислам ..

    Ве молам дајте ми совет , што да направам ?
     
  2. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Не можеш некого да го натераш да те сака.Едно е да му се свиѓаш,а друго е да има некои појаки чувства за тебе.Да сум на твое место ќе почекам да видам неколку дена дали ќе ме побара или не.Како и да е ти пак ќе се сретнеш со него.Твое е да си одлучиш дали сакаш само да бидеш тука за да му пополнуваш слободно време или сакаш да си најдеш некој што ќе те гледа со други очи.Се најубаво :)
     
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    можеш само да разговараш со него за тоа што бидна мегу вас..
    не можеш со сила да те сака...
    а и ти не би требало да идиш со некој кој ке му бидиш само за еднаш(мое мислејне)
    така да разговарај со него...
     
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Е ај кажи ми како можеш да натераш на некој да сака некого? Да беше така сите ќе отсакувавме некого и ќе засакувавме секој Божји ден. И немој да велиш Го сакам. Абре љубовта е свето нешто, не се случува со едно мување. Дека си затрескана-да, дека може те опседнува-да, дека те привлекува-пак да, ама љубов? од едно мување? Седи ќе те пројде ко настинка. Па и ако си сака друга детето, не можеш да се мешаш. Јас, лично некоја мене да сака да ми се смеша у врска за да го натерала дечко ми да ја засака, па би ја обесила за нозе со главата на доле додека не и пројде цела крв у главата :D
    Шала на страна, седи си на страна и не прави глупави чекори. За некое време ќе те пројде, ако он има интерес за тебе ќе те побара, ако не што е твое ќе си дојде.
     
  5. Emchulence

    Emchulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    lugje ve molam pomagajte so problemot sto vi go imav napisano .. :
    Имам речици 18 години. Во врска сум горе долу 2 години... Пред неколку месеци го имав и првиот однос со него, и од тој ден редово.
    Го сакам многу, но во некои моменти многу често ме вади од контакт. Премногу е љубоморен, цело време ме контролира, по 10 пати на ден на мобилен ми звони, се љути за ситници, му смета ако правам маубет со одредени момчиња(вели дека тоа било затоа што тие ме гледале како да ме посакуваат).. Многу пати имаме раскинувано,па пак се имаме мирено.. Поголем дел од врската е поминат во карање. Има и многу убави моменти. На мноогу начини ми има докажано дека ме сака но сето тоа што го прави ме полудува. Имам пробано на многу начини да му докажам дека го сакам само него но тој упорно продолжува со неговата болна љубомора. Го имам лажено многу пати (за глупи работи,за ситници) и вика дека поради тоа не ми верува,дека ја изгубил довербата во мене ... Во скоро време и многу често ми вика дека најубаво
    ќе е да не се гледаме повеќе, да не го барам.. но кога ќе поминат неколку дена пак ме бара, плачи, кажува дека му е криво, дека не можи без мене... Се мириме, и пак почнува по старо со недовербата :/
    Ве молам помогнете ми , не знам што да правам.. Многу го сакам,не можам без него .. И во некои моменти кога ќе се одлучам да прекинам со него ми текнува на тоа дека тој ми е првиот со кој сум имала односи, и не можам.. Како после тоа би била со друг? Kaко би реагирал другиот кога ќе дознае дека не сум невина?
    премногу се приврзав за дечко ми,сакам да останам со него..премогу го сакам ама не сакам да поминувам низ ова.. секој ден ми е поминат во плачење,во нервирање. Секоја вечер пред да легнам се караме и скогаш морам да заспијам со солзи на очите....
    Што ми предлагате? ......

    :////
     
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Како да ја читам мојата приказна :( Секој ден ми раскинуваше по неколку пати, заради тие глупи работи и ситници ме има нарекувано бесрамница, дволична, не знам расипана, свашта. Се тоа го трпев по неколку пати во денот, на секое јавување, а се слушавме на секој саат. На фејсбук јас не смеев да седам, а камоли па да пишам на другарки. Ми велеше ќе ме уништиш ако ми побараш време со другарките. Значи, јас плачев и молев, а тој беше тотално ладнокрвен, ми велеше ајде беее, не можам да те гледам веќе. Го има навредено и татко ми :!: Еднаш, јас се свртев на друга страна и тој почна да ме моли и плаче, не ме оставај ти си ми се. Тогаш, благодарение на феминките се откачив од него и ми беше многу подобро, бев среќна уште првиот ден. Сега, пак ме моли да се вратиме и како што можев да приметам он пак сака јас цела вечер да сум со него, ми вели знам дека ќе ми речеш дека ќе одиш кај нив (за другарките). Ми недостига и сакам да сум со него, ама тој нема обзири за многу работи. Можеби стварно сака да помине цела вечер со мене ама и мене ми треба да живеам, да излегувам, да се дружам со луѓе. Мислам дека ти е најдобро бидеш цврста и да ги издржиш неговите молења. Од другите на форумов имам читано дека ретко кога тие се менуваат и ретко кога сакале, па сега одлуката е твоја.
     
  7. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Јас на твое место би полудела контрола моите не ми вршеле толку кога требало а не па некој си .Треба да имаш цврст карактер и кога ке кажеш вака и така да биде, немој да паѓаш на емоции.Толку напињање недоверба па и ти си човек ти треба слобода, што сака он синџирче нека ти купи и нека те врзе.Викаш кавги има нонстоп како мислиш така да продолжите??Еден ден ке ти дојде преку глава од сето ова ако продолжи вака и сакала нејкела сама ке пресечеш.Затоа седни направи муабет ама стабилен јак муабет да те свати малку поозбилно и да се подзамисли малку ако треба и тргни се некое време плачел молел не паѓај ти реков на емоции.
     
  8. ms.beautiful

    ms.beautiful Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Би сакала ваше мислење:Во врска сум 2ипол години со 26годишно машко.Уште од првиот ден супер ни е,блиски сме,без караници...но потребна ни е посебна блискост мислам на блискоста преку сексот.тоа сеуште ни се нема случено.Сакам да бидам многу со него и он ке ми биде прв :$ имаме срам и двајцата но имаме многу пати започнувано со тоа но до она вистинското немаме стасано.во што е проблемот???зар и него а му е прв пат па за тоа да не се обиди????незнам што да мислам :(
     
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    па за тоа најдобро ке биде кога ке дојде моментот да го прашаш оти застанавте? што се случува??
    можно е и тоа да си му прва па малце на почеток не знае како да почне :?: мозеби..

    мислиш дека може да е до вас двајцата или??
    дали го привлекуваш на тој начин??

    стварно не знам што подетално се случува мегу вас..
    најдобро како што кажав кога ке дојде моментот и кога ке запрете да го прашаш тоа..
     
  10. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884

    Навистина чудно. Дечково 26 години и досега не иницирал на секс. :?:
    Може си му прва (макар што малку чудно на 26 год.),може му е страв да не те изгуби ако ти спомне за тоа, па да не добиеш погрешен впечаток за него (глупави претпоставки, ама навистина не знам зошто еден возрасен дечко не би сакал секс), но сепак ние овде до утре можеме да нагодуваме.
    Најдобро е ти самата да го прашаш. Нема ништо страшно и страмно во тоа, крај и краева вие не сте мал период заедно, треба да сте отворени еден пред друг да зборувате за секоја тема.

    Не мора ти да иницираш да имате, туку само прашај го зошто не ти спомнал до сега.
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Не е арно што две ипол години немате ни разговарано на темата секс, па ти сеуште незнаеш дали тој досега имал сексуално искуство или не. Пробај сама да почнеш нешто, ако не оди отворено разговарај со него. Можеби му е прв пат па се плаши и нема искуство незнае како да почне, можеби има некој проблем, може е геј, а можеби добива секс негде на страна. Најозбилно ова не е нормално според мене, и требало порано да почне да те загрижува, здрав и прав 26 годишен дечко да нема секс 2 ипол години мене не ми веројатно :^)
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ms.beautiful

    ms.beautiful Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    знам и мене ми паѓаа на памет милион работи ама незнам која е вистинската.го имам прашано за неговото сексуално искуство бидејќи и јас помислив можеби му сум прва но не сакаше да ми кажи рече дека секој од нас треба да има малку приватност.а за да има секс на страна не е сигурна сум постојано сме заедно воопшто не се сомневам за тоа.имаме правено муабет на пр. ме прашува дали сакам да бидам со него за да земи заштита и во ред ќе земи но ништо од она вистинското.кога и да го прашам зошто не ја искористи заштитата кога веќе сме имаме прилика и вика ај сега со глупи прашања ќе почниш,што ти текна сега.....никогаш нема одговор за тоа
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    МS.не сакам да те плашам ни да ти набивам некој комплекси,ни да те обвинувам го читам твојот проблем бидејќи проблем е и се чудам како не си реагирала порано на ова па девојко зарем и ти немаш потреба да бидеш со него сепак ако сте заедно мора да има физичка привлечност неможе само да се гледате не сваќам,точно деко секој треба да си има мала приватност но тој и сексот го клава во приватност па зошто сте тогаш заедно не сака да има таков контакт со тебе тоа е дел од секоја врска и морам да ти кажам доста важен дел но не ја исклучувам и можноста твојот дечко да има некој проблем и за тоа да не сака да каже или мосли нема да го сватиш мора поотворено да разговараш со него дефинитивно нешто не е воред,но не ја исклучувам и можноста да си забегва на страна затоа оди во оваа работа до крај се согласувам со другите девојки здрава права права машка особа да нема секс на тие години :worried: загрижувачко...
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Штом си разговарала и ништо не помогнал разговорот тогаш земи ги работите во свои раце, мислам буквално :lol: Кога ќе бидете заедно, бакнувај го, допирај го, види барем дали го пали тоа, откопчи го и почни орално да го задоволуваш. Ако те спречи во тоа, мислам дека ќе ти стане јасно што треба да правиш понатаму.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Да не е фригиден? (пу пу не дај боже) :wasntme:
    Озбилно, да не има некој проблем со ерекцијата? Го имаш осетено да му е дигнат? (или напипано :wasntme: )
    Првично изгледа дека нема никакво секс. искуство, а и изгледа срамежлив штом не сака да збори за тоа. Но...штом е во прашање толкав долг период, ја мислам дека може нешто физички или здравствено да не е во ред. Здрав маж со жена која му се нуди пред себе, нема многу да му ја мисли па макар бил и срамежлив. Стварно е долг период за една врска, каде двајцата сте возрасни, да се немаат интимни односи.
    Следечи пут кога ќе пробате, пуштете порнич, малце да му се засили желбата, па да неможе да се воздржи :lol:
    (врска неам што да праиш, ја да сум, одма би му рипнала :wasntme: :D )
     
  16. ms.beautiful

    ms.beautiful Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    ќе разговарам со него за ова па ќе видиме што бил проблемот...сепак ви благодарам за вашите мислења :)
     
  17. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Јас мислам дека тој сеуште е невин :D се шалам. Сигурно немал сексуални односи и нз како требе да направи а и сигурно е и страмежлив па не ни се обидува да проба. Па знаеш можеш да најдеш некој еротски филм или некој друг филм со такви сцени и предложи му да го гледате заедно.Можеби и ке биде нешто кој знае. Позз и со среќа
     
  18. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ете девојки покрај тоа што почесто делам совети сега и јас да побарам од вас.
    Значи вака со дечкото сум 4 години и 10 месеци заедно.Тој не е од мојот град,односно имаме врска на далечина.сме имале кризи до сега како и секоја врска,но секогаш сме успевале да го решиме проблемот.Мене ми понудија работа во мојата струка во мојот град која што нормално дека ја прифатив. Зборував со дечко ми и планираме оваа година да ја озакониме нашата врска.Е сега јас му кажав за работата,а и тој во неговиот град си работи во струката,па откако ке стапиме во брак логички е да живееме во неговиот град.Денес откако му кажав за тоа дека има шанси да работам тука и откако го прашав тој шо мисли за понатаму,дека не сакам и во бракот да сме оддалечени тој ми кажа ке видиме како ке прајме и цело време ми велеше не знам,а најмногу од се ме изнервира што ми рече дека никогаш не мислел дека ќе се вработам во мојот град да се вработам во струката :@ .Јас му кажав дека сум на средина помеѓу него и работата и дека ако се вработам ке треба да ја напуштам,а не го сакам тоа бидејќи знаете колку е тешко да се најди кај нас работа во струката.Му ги кажав сето ова нему и тој цело време вечеше не знам и не знам,што ме изнервира многу,сепак се работи за мојата иднина не знам што да правам девојки некое советче :?:
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    сега за сега можеш да си ја работиш работата што си ја добила..
    па ке се гледате за викенди,еднаш тој кај тебе еднаш ти кај него...
    за покасно од како ке бидете во брак ке си знаете тогаш подобро што ке ви одговара :hai:
     
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сега така правиме girl,ама што понатаму? Тој цело време вели не знам,значи јас не можам да планирам и да знам што понатаму