Ах, Хурем ако се лажеме, земи камче од месечината преврти го 4 пати од десно кон лево и измиј го во вода од 7 мориња и готово... Шала на страна тоа што си го направила била огромна грешка без разлика колкава си била и дали си била пијана, си го повредила и тоа многу. Ништо не те оправдува и како што ти реков остави го ако толку го сакаш за да не го повредиш пак - кога требало не си го чувала, сега доцна е.
мислам дека не е доцна и имам чувство дека пак ќе се смириме го познавам и го гледам неговото понасање кон мене и мислам дека има шанси али има време ке видиме
Здраво ! Па вака се мувам со еден тип , но тој има девојка , кој идат 3 ипол месеци , но и јас дечко но во последно време многу се каравме и раскинавме , но со овој што се мувам , си седи на две столчина и му реков дека не убаво тоа што го прави , и ако би биле ние некад заедно , можно е и мене истото да ми го направи , а гледам дека е сериозен со мене , дека не му беше само да се смуваме еднаш и толку ... Не знам што да правам ?
Брао бе чоек одличен совет даваш ... Значи уживање у живот се состои од тоа шо повише ку*иња да се пробат и шо повише различни лиги да се измешаат ?? И на крај краева има и светци помеѓу тие шо не се светци од машките де ... А хурем ја те советувам да размислиш два пати, зашо ова ми мириса на добра стратегија за да ти врати детево за тоа шо си му направила ...
сега кога и јас размислив подобро и јас сватив дека можеби сака да ми врати....вистина не знам што да правам
како што сама си кажа тоа може и тебе да ти го направи кога веќе и го направил неје.. така да мислам да не брзаш,,поцекај запознајтесе подобро..а потоа сама одлучи дали ке биде нешто мегу вас или не.. можеш да зборуваш тогаш со него за вас,и тоа да не го прави..
Незнаев каде да го сместам мислењево, можеби не е соодветна тема.. Братучедка, која воедно ја сметам и за најдобра другарка, пред 7 месеци раскина 8 годишна врска, целиот свет и се сруши, дечкото со кого беше во врска, 1 година бил во врска и со колешката од работа, која беше нејзина "најдобра" пријателка, останала и бремена, се вери со нејзе имаат дете.. Но братучедка ми неможе да се помири со фактот дека повеќе не е со него неможе да го преболи, неможе да го гледа со нејзе, затворена е дома, никаде не сака да излегува, постојано плаче, не јаде скоро ништо, 7 месеци веќе но таа никако да се помири со тоа, психички не е во ред, постајано ќути, единствено со мене и мајка и ако направи муабет, муабет но само за него, ништо друго не ја интересира, доколку и спомнеме да оди да посети доктор чиниш ќе те убие. Секако сум пробала да и помогнам се што беше во моја моќ, но ништо не помага, неможам да ја гледам повеќе таква, неможам да ја поднесам нејзината тага и огорченост. Незнам како да и со што да и помогнам повеќе, ве молам за некој совет.
оф девојката сигурно има психички проблеми кои веке излегле од контрола бидејки и после 7месеци не го заборавила потоцчно не води нормален живот најдобро е но истовремено и најтешко е да се однесе на психијатија кај психијатар за деца и младинци пр докторката камка е многу добра и фина и мислам дека со соодветна терапија ке и го врати расположението и ке ја врати назад во жвот инаку ако не оди на лекар мислам дека со тек на време ке станува се полошо и полошо и ке се затвара повеке во себе а недај боже може да посеге и по својот живот затоа совет мој одма на клиника прво ти или мајката нека оди нека ја каже случката и после ке ја донесете и девојката само на клиника е со закажување
оф леле кутрата жално навистина тоа што и се случило соновите што ги имала со него,љубовта и се ужасно... гледај да бидеш почесто со неја,не ја оставајте сама да седи и да тагува.. зборувајте со неја ,правете глупости да се насмее, водетеја надвор почесто. сесе само не ја оставајте само,тоа не е е добро.. така може да дојде до некое лудило(извини но сум знаела примери) ке се разболи само ако седи и мисли и тагува тешко е знам.. ама мора да има луге околу неја и не ја оставајте сама.. ако треба со сила изнесувајтеја надвор,нека диши чист воздух,нека се шета иако не сака,со ваша помош може сето тоа да го надмине.. само бидете со неја и упорни да излегува надвор...
Лелеле душичка се наежив ,пробај некако почни да и зборуваш малку по малку за нешто друго,викај ја да ти помага околу некоја работа измисли нешто, но да се ангажира само за тоа, викај ја почесто и биди поупорна натерај ја да излезете да купиш нешто,кога ке почне да зборува пробај некако да ја смениш темата зборувај за некои интересни работи не во врска со некои момчиња да не мисли на тоа...незнам што да кажам ама вака кога ке видам не ми е веќе криво што изневеруваат и женските, нека излезат и тие некогаш будали со рогови како нив големи Ако не дај боже неможете никако да и помогнете мора да ја натерате некако да оди на психијатар што побргу тоа подобро. Знам и јас еден случај и многу ми е жал кога ја гледам девојката што сега се игра со барбики и кукли од ист проблем
Секој ден сум одредено време со нејзе, кога не сум јас мајка и е секогаш. Но вие незнаете колку е тешко да ја изнесете и натерате да излезе надвор, не сака едноставно само е затворена ќути постојано плаче, го запостави и факултетот, не јаде ништо, со сила живее што се вика. Само тој е в памет само за него збори. За доктор не сака да чуе, смрт и е. Незнам како да и помогнам ниту јас самата, се се се сум пробала, секако на секој начин сите овие 7 месеци, но попусто, ништо од тоа.
Навистина сум многу ужасната од цела оваа ситуација, но што да се прави, секакви луѓе постојат. А и во последно за многу вакви изопачени ситуации имам слушнато. Многу ми е жал за братучетка ти, можеме само да претпоставуваме колу и е тешко и како се и се срушило врз главата, но единствен спас за неа сега е да се помири со суровата вистина каква што е, и да продолжи понатаму со животот. Тоа не е ни најмалку лесно, но мора да се потруди. Па Господ не и го дал животот за таа да го троши во патење за некој што не вреди. Што се однесува до тебе thelittle17, верувам дека си пробала на секој можен начин да и помогнеш, и ти и мајка и. Но се е залудно ако таа нема волја и желба да ја надмине оваа криза во животот и да продолжи напред. Најважна од се е нејзината желба и упорност. Но, како што велиш ти, таа веќе долго време е во депресија и во исклучителна ситуација кога е многу чувтсвителна и одбивна кон се и секаква помош. Јас мислам дека крајно решение е да ја убедите да посети добар психолог, психијатар. Тие најдобро ќе и помогнат да ја сфати ситуацијата, да се помири со неа и да ја надмине истата. Се надевам дека ќе успее во тоа и ќе почне нов лист во животот.
офф тешко и претешко и е знам... има ли она некои работи што ги сакала порано? гледај нешто направи ти и други другари-ки,,сите заедно како поголемо друштво бидете и изнесетеја надвор,најдете некоја причина за тоа... знам дека те тешко ама некако мора да го направите тоа,не се откажувајте од неа... кутрата таа,сето тоа жално е што и се случило,не е малце време што биле заедно туку години се во прашајне... не се откажувајте никако,гледајте најдете некоја заниманција нешто,како заедно да правите нешто,да завршите некое нешто било што... нешто да се направи за да почне да излегува надвор да се дружи и забавува а потоа малце ке си дојде на себе!..
thelittle17 оние кои се свесни за својот проблем самите помислуваат да посетат психолог/психијатар, оние кои веќе не се одбегнуваат. Твојата братучедка е во лоша фаза искрено и нема повеќе да ја прашувате неа туку со сила ќе ја однесете, или подобро ќе викнете дома стручно лице кое може да и помогне. Таа самата чим толкав период се повеќе и повеќе тоне, нема да може да си помогне нити некој нестручен, верувај. За нејзино добро, мора да почнете сериозно да размислувате, ова не е пролазна љубовна криза туку депресивна опсесија.
за нејзино добро ако ме слусаш мене водете ја на клиника за 1 месец ке биде онаа старата нормално со терапија па со тек на време ке ја намалат и ке ја остават и без терапија сепак тоа е долг процес кој мозе да трае и неколку години колку повеке одолговлекувате толку полошо е не очекувај дека сама ке сака на психијатар верувај ова од искуство го кажувам ке мора да ја излажете некако и да ја однесете на клиника каде што по пишаново мислам и дека ке ја хоспитализираат на месец време сигурно верувај ова сето ми е познатои веке видено ид мој близок тука веке се работи за психицко пореметуванје поздрави се надевам воскоровреме ке се среди девојката
Леле, не сакам ни да претпоставам низ што минува девојката.....страшно Се надевам ќе си го добие она што го заслужил тој бившиот. Гледајте што е можно повеќе изнесувајте ја од дома, нека биде меѓу повеќе луѓе-за почеток блиски луѓе....Иде лето, одмори, се надевам дека ќе имате можност некаде да ја однесете, било каде, нека промени околина и опкружување, макар на неколку дена само. Ако сте во можност тоа да го направите неколку пати во текот на летото, уште подобро. Постепено, со многу љубов и преголемо внимание ќе почне да се враќа во нормала. Ќе треба многу време, очигледно. Многу е тешка состојбата, но најмногу може сама на себе да си помогне. Вие секогаш ќе и' бидете поддршка, но иницијалната промена мора да тргне од неа, се' додека таа не направи нешто за себе, ситуацијата за жал, ќе биде иста. Ви посакувам многу, многу среќа, се надевам што е можно поскоро ќе се опорави девојката и ќе си продолжи со својот живот. Леле душа бре
Оф душичка Братучедка ти е западната во депресија а депресијата сама од себе не поминува.Најдобро е што поскоро да посети лекар односно психијатар ,да прима соодветна терапија, може ќе и препишат антидепресиви или ќе оди на разговори ,разговарајте со неа кажете и дека тоа е за нејзино добро ,не ја оставајте сама затоа што може секакви црни мисли да и пројдат низ глава и да направи нешто непромислено,мора да ги насочи мислите во нешто друго за да не мисли толку на него,кога сте заедно гледајте филм некоја добра комедија,нека земе нека чита книги,нека се фокусира на факултетот.А тој кретен не знам како може да биде без совест ,тој не ја заслужува нејзе ,се надевам дека што поскоро ќе и помине таа болка и тага што ја чувствува ,ќе најде некој што искрено ќе ја сака и ќе ја почитува .
Јас мислам дека нема фајде од терапија, ќе биде зашеметена поспана и буквално како изгубена од толку лекови, а кога ќе престане да ги пие пак ќе е по старо Не сакам да помислам како и е, полошо од ова нема бидете само покрај неа, убедете ја ако може да оди на психијатар чисто да разговара, да се отвори некому кој не и е толку познат, понекогаш ова помага Нека не седи дома летово, уште повеќе ќе западне во депресија, за жал само тоа може да и се помогне, кога времето ќе помине ќе и биде полесно, а се надевам и кога ќе си најде некој асален, што ќе ја заслужи, само тогаш скрос ќе се опорави, вака ќе ја боли цело време
Само потсетете ја дека додека таа се самоуништува тој и жена му си го живеат животот и се среќни, додека таа пропаѓа психички и физички. Соочете ја со вистината, колку посурово толку подобро, барем во тие лоши моменти може да собере сила и позитивно да го насочи својот гнев. Јас знам дека тоа не успева кај сите луѓе и неа можеби уште толку ќе ја дотолчи но... мора со нешто да се проба, подобро и тоа одколку да седите и чекате само по себе да и помине. Мора да сфати дека треба да си го продолжи животот, дека не вреди да се уништува заради таков човек. Професионална помош побарајте дури потоа, штом нејќе да прифати вака. Тоа можеби ќе ја охрабри некако и ќе и даде сила да се обрати за помош, ако веќе сама неможе да си помогне. Дали јас сум толку ладна или незнам што, мене ова не ми е толку трагично, се случува, живот ... ова терба да и биде само уште еден проблем низ кој треба да помине со крената глава, 7 месеци се предолго време за да биде затворена и во депресија, се поминува, ова не е нешто што неможе да се надмине, како што реков има многу потрагични работи, ако таа е толку слаба кој оваа случка што ќе прави со поголемите проблеми со кои би можела да се соочи во иднина. Сега може само да им посака среќа и да продолжи да си ја бара сопствената среќа.