Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Уф, жално е тоа што и се случило на девојката... Една моја познаничка го доживеа истото пред неколку години... За жал, таа се разболе од тешка болест и сега има трајни и многу сериозни последици...
    Сигурно нема да биде лесно да се опорави брзо после таков шок, ама мора сите да направите напори за да не излезе целата работа од контрола... И јас мислам дека психолог/психијатар би бил од голема корист.
    И посакувам што побрзо да го преболи тој гад кој очигледно не ја заслужувал! Ќе си ја најде братучедка ти својата среќа, кога-тогаш! :*
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски

    Ако не сака да посети стручно лице, пробајте да донесете дома психолог (не психијатар бидејки може одма лекарства да и препише), нека си направат муабет они најдобро знаат како да постапат, но не кажувајте дека е психолог бидејки штом не сака да посети нема да сака ни дома да разговара, излажете дека е пријателка некоја на мајка и или нешто така, па со тек на време ќе и се довери... или пак вие одете советувајте се како да постапувате кога веќе она не сака да се соочи
     
  3. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    О душиче мило тоа. Како можел така ццц машки. Мој совет е што повеќе да излегувате со неа или пак викни друштво кај неа дома направете мала седенка каде што ќе се смеете и барем за миг ке заборави на тоа.Како што кажа и La Bella ако не сака да оди на психолог,психологот викнете го дома кај неа, па нека разговара со него.Тешко е знам, не е едноставно,но мора да разбери дека тој не заслужува да се уништува поради него кога тој ужива во животот таа венее. Мора да разбере дека треба да продолжи без него,да се бори за себе за да има иднина со некој друг кој што ќе ја сака и цени.
     
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ОХ леле душичка таа добро бе немаат ли овие луѓето срце немаат совест како можел да и го направи тоа бездушник,никаков а и таа да се застрамат 2вата,како не би се чуствувала така и јас на нејзино место би била исто избезумено па му посветила 8години од животот луѓе сека се осеќа празна сршена,и нема никаква ориентација во животот нормално е да има ваква криза,јас би советувала да бидете покрај неа да и ја дадете целата подршка,кога ќе почне да зборува за него не ја сопирајте во неа има болка голема која сака и треба ад ја испразни нека зборува се додека не се измори,ништо нема да постигни ако го притиска тоа во себе потоа постепено вие отворајте секојдневни теми онака нешто колку да се започне муабет,ќе видите дека ќе почне да се фклопува имајте трпение со неа само таа знае како и е мислам дека тука не се работи за тоа дека таа неможе да го заборави се работи дека неможе да се помири тоа што на таков начин некој и забодел нож во грбот во овај случај и 2та страшна работа,сепак кога ќе помине оваа криза мислам дека ќе почне да си го наоѓа патот пополека сама и без него со некој друг се разбира а добро би било ако има шанса да отиде некаде далеку од тука да работи да гледа само нови луѓе нови места и да започне нов живот јас би ја советувала тоа со тек на време ќе се помири и посакувам многу среќа (ако сакаш можеш да ја наговориш и да ги прочита нашите коментари и совети кој знае можеби добро ќе и дојдат)...
     
  5. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Мајка ми постојано ми се меша во врската. :(
    Не можам вака повеќе, постојано ми зборува дека дечко ми не ме сакал, не му било гајле за мене, јас сум го молела, итн...
    Плус, ми влезе на фејсбук да ми ги чита пораките со него за да видела дали ме искористувал?!
    А, денес повторно го направила истото, само овојпат ми ги читала пораките во мобилниот додека не гледав, бидејќи на фејсбук не може веќе го заклучив профилот со код.

    Отсекогаш сум била примерно дете, немам направено ама ниту една глупост во животов, а дечко ми никогаш ништо лошо не ми направил за мајка ми да мисли дека ќе ме искористи. Човекот има затворен карактер и не покажува чувства, нема што да му правам. А, таа мисли дека ако не ми праќа срциња секој ден, дека не му е гајле за мене. Плус, отворена сум со неа и се и кажувам, не знам зошто ми прави вака... :(
    Повредена сум од тоа дека мајка ми нема доверба во мене, а не сум направила ништо лошо.
    Знам дека ми сака се најдобро и и' е страв за мене, ама ова е веќе тешко контролирање, па немам 12 години...
    И знам дека ќе видам ко ќе имам свои деца, ама не можам вака повеќе...не можам!

    Помогнете ми ве молам, како да ја убедам да прекине да ме контролира толку многу и да има доверба во мене. :(
    Врската ми страда поради идеите кои што ми ги става во глава.
     
  6. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Малечка не е дека твојата мајка нема доверба во тебе и дека сака да те контролира или намерно ти се меша во врска туку таа нема доверба во дечко ти ,можеби наслушнала нешто од некои соседки (озборувачки)или забележала дека дечко ти не се однесува добро спрема тебе и соодветно како што заслужуваш,без причина сигурно жената не се однесува така. Ова ти го кажувам затоа што знам мојата мајка за првата врска колку се трудеше да ми ги отвори очите за некои работи и ми го зборуваше истото што и тебе мајкати,дури и велеше дека тој оди со други откако мене ќе ме испрател дома,но јас не и верував ,ја игнорирав а подоцна дојде ден кога ја дознав дека било така но не сакав да си признаам,како и да е ти најдобро знаеш како ти е во врската,како се однесува тој спрема тебе.Накрајот разговарај со неа и кажи дека ти пречи тоа што ти го зборува и дека само нервози и несигурност во врската ти создава .Ако ни тоа не помогне тогаш најдобро е да не го спомнуваш толку многу дечко ти и ако не дај боже се случи да имаш некаква расправија со дечко ти не дозволувај таа да забележи дека се нервираш поради него оти на глава ќе ти се качи со тоа ете во право бев ,пак излезе јас како што викав |( ,мојата мајка и денес низ нос ми го вади тоа ете му ја подари невиноста , те искористи и те шутна демек да не сум била интимна со него немало да ме шутне глупости |(
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Литл, никако да не дозволите да пие апчиња, мора сама да го преброди тоа без никакви лекарства.
    Донесете дома стручно лице, побарај и совет за некои твои проблеми, донесете и дома друштво.
    Мислам дека 7 месеци се доволно да зборите за него, на ваше емсто јас не би го спомнувала воопшто, време е да види дека не е цел свет во него собран.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Имаме во фамилија стручно лице, психолог, бидејќи таа знае што и како работи, несака да биде во нејзина близина, ја одбегнува, во никој случај несака да прави муабет со нејзе. Да, мозеби е подобро да се викне дома психолог но некој што таа не го познава.
    Вие не сте свесни колку само јас и имам зборено дека тој не ја заслузува, дека сега е среќен а таа пати и се затвора дома, секој ден истото и го зборам и мајка и исто така, но таа е како нема на сите овие факти, само за него знае и за никој друг, неколку пати ја имам натерано да излеземе, но по краток период сака да се врати дома, упорни сме сите, ќе пробуваме уште, се надевам дека ќе успее да се врати во нормала за краток период, јас не губам надез и не се отказувам во никој случај, ви благодарам на советрите.
     
  9. liily

    liily Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    5
    ај и за мене еден совет :)
    во врска сум 6 месеци и кога не сме заедно некако се осеќам како да е веќе крај, дека не го сакам, на моменти неможам повеќе да издржам, плачам и многу сум депресивна а па коа сме заедно се е океј, среќна сум се е како на почетокот.. и секогаш кога ќе се скараме јас сум таа што попушта а страв ми е да зборам со него зашто не сакам да свати погрешно :/ нејќам да останам без него а неможам ни вака :(
    помошш....
     
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Девојки ми треба совет.
    Некои од овде ја знаат мојата ситуација со дечко ми, а оние кои не ја знаат верувајте ништо посебно не сте испуштиле. :tmi:
    Знаете имам нестабилна врска ден раскинати, ден заедно и се така..
    Сега проблемот е неговото проклето однесување. Еве пример оваа денес што се случи. Преска кога разговаравме преку телефон спомна да одиме вечер на кафе и во ред реков ќе одиме. Приквечер накај 7 часот јас излегов да купам нешто што ми требаше и му реков кога ќе завршам ќе му се јавам да одиме на кафе. И тој ми рече дека требало да седи во дуќанот на другар му затоа што тој имал работа. Кога одев надоле(до дуќанот) го видов другар му седеше во еден кафич на кафе, а дечко ми беше во дуќанот на тој истиот другар. Откако јас завршив и му се јавив да одиме на кафе тој веќе седнал со другарите. Во ред, малку се налутив што ме пре*ба така, но се договоривме јас да излезам со една другарка и тој да поседи малку со нив после да одиме заедно.Се слушнавме после кога ќе си одеше другарка ми да се видиме, но тој секако пак ме зае*ба. :!: :!:
    Зборот ми е дека секогаш другите му се поважни од мене, и за мене секогаш нема време. Понекогаш се чувствувам како да не сака да го гледа народот со мене, а понекогаш пак спротивно. Оваа не е прв пат така да ме извиси и јас нормално секогаш се лутам кога ќе го направи тоа, а тој пак го повторува. Размислувам долго време да ги изладам односите спрема него, да се однесувам ладно, но мислам дека тоа ништо нема да промени.
    Ако имате некоја идеа како да го променам неговото однесување.. слободно кажете.
    Благодарам. :*
     
  11. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Butterfly15 и твојов дечко е заебан играч како овој мојов |( начин да го промениш нема освен некогаш ти да пробаш така да се однесуваш кон него па може ќе сфати како се чувствуваш,јави му се ти речи ај да одиме на кафе ,па после откажи му во последен момент .Ако тој нејќе односно избегнува да се појавува со тебе на кафе низ град може да постои некоја друга девојка ,па избегнува да не го види оваа другава со тебе.Не верувам дека секогаш му се поважни другарите од тебе,ете имал време да се види со нив а потоа можел да се види и со тебе.Пробај разговарај со него кажи му дека ти пречи таквото негово однесување и прашај во што е проблемот.Ама едно ќе кажам и ние женскиве сме криви многу сме попустливи ,испорасправај се еднаш и кажи дека е крај ,не му ѕвони ,не го барај ,ќе трча како кученце :!: знам лесно е да се каже тешко е да се примени .
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Во нашата врска ние сме два различни света.Црно и бело.Светло и мрак.Еднаш раскинав со него.Најдов нова љубов, се сакавме многу ама кога дојде таа голема љубов на тест ...он ме извреѓа, се скаравме многу ми кажа грди зборови и тука пукна се, се разделивме.Моите многу се помешаа.Инсистираа да се смирам со стариот дечко , и да заборавам на таа љубов.Тоа беше многу тежок и бурен период од мојот живот.Овие денови се навраќам на тоа време...
    Го видов.Тоа беше љубов на прв поглед.Прекрасен , прекрасен....21 година постар од мене !!! :worried:
    Како да е 10.Воопшто не се забележува.Судбината не спои да бидеме заедно , се зближивме многу многу...се заљубивме ! Он е разведен, живее сам.Премногу е добар, мил и се грижи за мене како за сопствено дете.Да не сум уморна, да не ми студи, да не сум гладна...Никогаш и од никого такво внимание немам примено, никогаш и никој не ми се посветил толку ...Не сме многу време заедно, но чуствата се се поинтензивни.Да се гледаме неможеме многу , а кога ќе се видиме само сакаме да сме си заедно.Нашата љубов, поврзаност е пред се духовна , имаме премногу заеднички нешта....Токму денеска го оценив на што цели.Он сака да раскинам со дечкото, можеби не одма ама после некое време , и да сме јас и тој заедно.Но, јас си знам дека дури и да раскинам со дечкото не е можно јас и тој да имаме нормална врска.Дваесет години разлика, девојка со разведен човек...моите би се откажале од мене ! :(
    Гледам на фејсбук слики само некој се верува, прават свадби ...а мојот живот е хаотично шоу , и нема да успеам да го средам.Чуствувам дека нешто страшно ќе ми се случи....
    Сега сум возрасна личност , моите можеби не би ме спречиле во намерата да се разделам со дечкото ама па не би ми допуштиле ни да се врзувам со разведен човек.
    Иако врската не ми е баш Нај ,јас чуствувам огромна грижа на совест за ова што го правам иако пак имам прилика да почуствувам што е тоа Љубов да бидам важна некому без оглед на се...
    Што да направам ? Како да се поставам? .....Многу сум исплашена :worried:
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Doll, искрено да ти кажам, татко ми имал 21 година кога јас сум се родила... :|
    Зборувам лично за себе, јас не сакам, ниту оправдувам врски со толкава разлика во години.
    Не сакам ниту 10 годишни разлики, а камоли 21, како во твојов случај.
    Можеби сега за сега изгледа ок, верувам дека човекот се држи добро и убаво изгледа, ама верувај ми, кога ти ќе имаш 35, во најубавите години, он ќе биде дедо од 56 години.
    И да не зборувам за понатаму, математика верувам знаеш, можеш да пресметаш.

    Од друга страна... ти не си мала, како што гледам имаш 25 години, времето си врви, ти си свесна дека си несреќна во својата врска и го сакаш него.
    Он, за среќа еве да речеме, е разведен и без деца, што од една страна ќе го наречам плус.
    Ако тој е она што вистински го сакаш, животот е краток да се мислиш што ќе кажеле другите, а што родителите.
    Ќе мрчат, ќе зборуваат, ама ако љубовта меѓу вас е вистинска - ќе преболат.
    Има толку многу полоши работи и избори на овој свет, а родителите простуваат.

    Ако си 100% сигурна дека тоа е човекот на твојот живот, направи избор, крени ја главата горе, биди сигурна и почни да си ја градиш иднината.
    Ако имаш барем 1 % сомнеж, тогаш не мачи си ја главата.
    Најди начин како да продолжиш понатаму без него.
     
    На Miss.Ricci и ana-banana им се допаѓа ова.
  14. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Трендафилка, јас искрено ти се заблагодарувам на убавите зборови ! Дај Боже да биде така како што ти напиша се времето ќе покаже.Тоа ми е мана во животот што никогаш не се борам за она што го сакам, туку секогаш ми е важно мислењето на другите.Што ќе кажат, како ќе кажат...Се надевам дека овој пат ќе најдам сили и ќе се изборам за она што самата јас-Го сакам.Пријатен ден ! :*
     
  15. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    совет девојки..имам нов дечко и сакаме да бидеме насамо некаде , да бидеме онака послободни, не за секс него онака за мување само може и малце фаќање хахах во парк глупо ми е има луѓе,па дали има некој кафич или нешо така кај што би биле сами ? вие каде одите со вашите дечковци/мувачи?
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Веројатно има некои места така затскриени, што знам. У градинка да речеме или у двор од школо. Вака малку e глупаво, ама., кога нема каде.
     
  17. zbuneta2

    zbuneta2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    Пред Велигден се смирив со бившиот и као пополека све ок сакам да биде, не сакам да мислис дека ке те варам сакам да имас доверба во мене, бла бла бла... И ништо пак по старо продолжуваше и после месец као јас те сакам ама ка пријателка и сакам да ми бидеш пријателка и се да ми кажуваш,демек најдобра другарка. Вчера во 3 часот по полнок ми се јавува и ми вели јас фатив девојка пополека ке одам со неа се вика така и така, и му велам убоо ама тоа пополека твое го знам или уозбилисе и прекини контакт со мене, пошто греота девојчето пошто ја на пример не сакам да дечко мој биде во контакт со бивша. Ми вели ок нема да бидеме другари муи велам супер и ми вели ок ке бидеме другари :D ај најдете НЗС, нема. После тоа ми вели, сакам да фатис дечко и кој ке фатис ке се опијаним од мило што ке ми биде, му велам сто ми е гајле. После ми вика ке ми се јавуваш на телефон и ке ми пишуваш на фб? Му велам не, ми вели епа јас некогаш ке ти пишам и не ме бриши од фб. Му велам не се секирај нема да те избришам туку ке те ставам во останати пријатели.
    Луѓе или ја сум глупава :?: или он е? Стварно не знам Што да мислам... Што сака од мене? Ете има девојка, што мора да ми кажува, итака би го видела, нели?! Зашто сака да бидеме во контакт?
     
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    На профилот ти пишува дека имаш 25 години. На таа возраст би требало многу работи да ти се јасни, како на пример дека бившиот е толку јаден, беден и прост, а што е пострашно, ти му дозволуваш уште да ти се обраќа, да ти врти на телефон, да ти заповедува што да правиш, па уште капак на се, фејсбук бе.
    Коментар немам, а советот е прост, па дури и попрост од бившиот твој:
    -заборави дека некогаш постоел во твојот живот, најди си дечко, избриши го од фб и воопшто не свртувај внимание на неговите телефонски повици и сере*а до бесвест.
     
    На mime87, FreakyGirl, Page и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    39
    Не знае да се бакнува

    ......ме напиња кога се бакнуваме не знае кратко кажано, и што да сторам јас :/
     
  20. MarlynMonroe

    MarlynMonroe Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Nикогас нема време за мене

    Se izvinuam sto ne pisuvam na kirilica, ama nesto ne mi raboti

    Mojot problem e mnogu kompleksen. Znaci sum vo vrska so najdobriot covek sto moze da postoi.
    Mnogu e vnimatelen, mnogu me saka, me pocituva, noooo... Mnogu raboti. Ima sopstven bizniz, i celata odgovornost go nosi toj.
    Vo pocetokot na nasata vrkska bese mnogu poinakov, sakase celo vreme da bide so mene, me iznenaduvase so najrazlicni raboti, ama sega e poinakov, barem za mene. Poslednite meseci se slucuva ednas nedelno da se vidime. Toa mnogu me cudi zosto e tolku ramnodusen, zosto ne mi posvetuva vnimanie, a od druga strana celo vreme mi se javuva, mi praka poraki, deka mu nedostigam, deka mnogu me saka. Zarem tolku e zafaten sto ne moze da dojde da me vidi makar i 10 min?
    Jas sum sigurna deka barem 10 % od vas ste imale slicen problem so partnerot, pa zatoa ve zamolam da mi dadete nekoj sovet, ili razmisluvanje za ovoj problem.
    Na pocetok spomnav deka problemot e mnogu kompleksen, zosto se drugo e ok, osven toa sto retko se gledame. I mora da napomenam deka mnogu patuva, i sekogas koga e nadvor od drzavata mi se javuva da mi kaze deka me saka, i deka me misli celo vreme. Ama kako i sekoja druga, jas ne sakam zborovi tuku dela.