Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Е па мажите не функционираат како нас жените, мултитаскинг т.е. да им е паметот на сто страни. Веројатно сега е концентриран на работата, знаеме каква е ситуацијата општо и е посветен на неа. А тоа не значи дека те запоставил или заборавил. Гледаш дека те потсетува колку му значиш, ретки се вакви мажи често тоа да го прават. И зашто чекаш на него?? Зашто ти не превземеш нешто да ја освежиш врската ... знаеш дека е зафатен, изненади го со нешто, оди кај него на работа извлечи го на кратко до негде ... имајте свои 5 интимни мин. И мажите сакаат вакви изненадни ситуации направени од жената. Само немој да го напнуваш или да бараш одговор за ова, јасно е оптоварен е со бизнисот. Кога се концентрираат на тоа на др не можат да посветат толку внимание.
     
    На rici.aaaaa и eli25 им се допаѓа ова.
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Marliyn Monroe:Многу убаво кажа најдобриот човек велиш ти изјавува љубов,но има сопствен бизниз,јас многу убаво го разбирам човеков да имаш сопствен бизнис стануваш всушност роб,ниту јас не сум подобра бидејќи и јас имам сопствен бизнис и верувај сум баш роб на работата.Но немој да се чуствуваш запоставено,особено никогаш на дечко не му го покажуај тоа прави се дека сосем добро го разбираш,и ми се допадна Јули77 како што ти посочи мажите повеќе сакаат изненадувања
     
  3. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Бев кај дечкото на викенд и излезе на 10 мин до надвор и фејсбукот го остави уклучен и од толку љубопитност (Се двоумев 5 мин) но седнав и отворив во инбокс и видов разговори со девојки но не беа толку страшни и ме копкаше еден разговор и го листав од претходните месеци. Таа беше девојка со која се запознале на одмор, беше од друга држава и сеуште контактирале јас знаев за сето тоа но кога видов дека и пишува "срце" почнав да зеленеам од љубомора и еден пасус многу ме повреди: И имаше пишано да дојди во Мк и таа му вратила а што е со твојата девојка? И тој на тоа имаше вратено Јас немам девојка.. Ти ќе бидеш моја девојка и насмевка огромна.. Леле кога видов неможев да си поверувам бидејќи со мене се однесува како никој досега, ме сака премногу и преубаво ни е заедно немав никаков сомнеж но сега да.. Незнам што да правам не му кажав ништо но ме сети по моето однесување не бев истата иако се трудев .. Незнам дали да му кажам, како да постапам, што да правам :((((
     
  4. FreakyGirl

    FreakyGirl Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Mimi123 мислам дека искрено влице треба да му кажиш то дека прочита дека се "маткат" со др за да видиш какви планој имат со тебе и дали воопшто има |( мора и ти да се соочиш со него а и со вистината дека можда тој не чувтвуват истото што го чувствуваш ти кон него :!: то што чутиш само за тебе си прајш полошо :worried:
     
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Седни и кажи му.. се разбира не е мала работа!
    Ако те нападне дека си му чепкала, речи му дека тоа сеуште не го менува фактот дека он крие дека има девојка..
    Искрено, батали тоа што он е фин и што те сака (или барем така мислиш) размисли што правел он додека бил на одмор.. и чим е способен уште да прави муабет па те крие уште што не е способен да направи?!
     
  6. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    Девојки ми треба совет значи бев со симпатијата кој долго време го посакував се беше ок супер ни беше и мислам дека се налути затоа што тој проба да ме фаќа за гради и доле за градите ајде му дозволив ама за доле неее а потоа пак сакаше да фаќа и да имаме секс ама не му успеа значи седевме 1 саат и кога си тргнавме тој ме бакна само во образ и само чао ми рече потоа наредниот ден му пишувам на фб да не се лути нешто и ми вели не не таман си е и јас му велам значи си доби тоа што сакаше и сега чао и ми вели не се лутам таман си е само јас се изглупирав и сега најарно ке е да бидеме само другари и да не ги продлабочуваме работите и јас му велам ок. Ми треба совет што да правам дали да продолжам да го симпатизирам надевајки се дека еден ден пак ке бидам со него
     
  7. Queen.of.the.castle

    Queen.of.the.castle Активен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ми треба ваш совет!

    Здраво девојки! Навистина немам време да се претставувам бидејќи сум нова на форумов, а навистина ми треба ваша помош.. Пред точно една година запознав едно момче на фејсбук кое почна веднаш да ми се допаѓа. Од денот кога се запознавме, не престанавме да зборуваме. Навистина почна да ми се допаѓа неговиот карактер и тоа што ни се допаѓаат исти работи :). Поминаа 3-4 месеци, и успеавме да останеме, како би рекла, фејсбук другари. Многу пати требаше да се видиме, но не се случи тоа. Кога дојде зимата, осетив нешто поразлично од било кој друг пат.. Ми се допаѓале многу момчиња, но ова беше нешто друго. Знаете кога го почувствував тоа нешто? Кога ми кажа дека има девојка.. Тоа беше прв пат да плачам за некое момче. Но, кога тие двајца се разделија, тој беше на некој начин скршен претпоставувам.. Бев тука за него и постојано го советував. Си помислив ако би била јас на нејзино место..Никогаш не би го направила тоа што таа го направи, да му кажам дека е премногу добар за мене и дека не го заслужувам. Тоа што мене тотално ме скрши беше кавгата со него. Вечерта, на 11 декември, се скаравме ама мислам дека тука јас бев таа што претерав со однесувањето.. Не требаше да бидам таква, затоа што сама си ја нанесов целава болка. По неколку дена тој ме избриша од пријатели.. Многу пати пробав да се извинам, но попусто, нејќеше да го смени своето мислење. Шест месеци..шест месеци поминати во тага и во плач. Буквално секој ден мислев на тоа како да најдам начин да се извинам и да ги поправам работите. А фактот што знаев дека тоа нема да се случи уште повеќе болеше. Беше многу тешко.
    Многу..
    Пред неколку дена, се уклучив на мојот фејсбук профил и имав една покана за пријател.
    Тоа беше тој.
    Не ми се веруваше на очиве.
    Никогаш не помислив дека тој што сака да се смириме ќе биде тој, а не јас.
    Изминатава недела бев пресреќна! Но, сепак недостасуваше нешто.. Не беше тоа истото.. Знаете зошто? Затоа што сфатив дека јас никогаш нема да бидам со него. Затоа што тој мене ме гледа како другарка или само едно девојче што не е важно во неговиот живот. Или пак на помала сестра, затоа што тој сепак е 4 години постар од мене. Но јас во моите очи го гледам поинаку. Го гледам како момче со кое можам слободно да разговарам на секоја тема и да се надевам дека секогаш ќе биде тука да ми помогне. Не можам повеќе да го издржам ова.. И ова лето планирам да му кажам се. Да, имам во план да го ризикувам и ова мало пријателство што го имам со него, само тој да ги дознае моите чувства. Што ќе се случи потоа навистина не знам, само сакам да заврши оваа мака што неможам да ја издржам повеќе.
    Дали се согласувате да му кажам? Ве молам, навистина ми треба ваша помош.
     
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Свесна си дека ако му кажеш што чувствуваш можеш да изгубиш се, а можеш и да добиеш многу повеќе. Никој не може да ти гарантира дека ќе го изгубиш, а ниту пак дека нема да го изгубиш. Ако си спремна да ризикуваш и потоа да поминеш можеби низ тежок период ако ги одбие твоите чувства, кажи му се. Но ако не си и ако мислиш дека нема да можеш без неговото пријателство(иако тоа не е тоа што сакаш) не кажувај му ништо. Сепак ако не пробаш никогаш нема да знаеш што ќе се случи. Јас мислам дека ќе е подобро да му ги кажеш своите чувства затоа што ќе знаеш барем дека си пробала да направиш нешто повеќе, а така можеби цел живот ќе се каеш што не си му ги кажала своите чувства.
     
    На Queen.of.the.castle му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Девојко извини но не знам колку си ти одалечена од реалноста?! (извини што сум груба)
    Како прво и основно со кој мозок очекуваш нешто од човек што само се допишуваш?!
    Излези прошетај и најди си некој во реален свет.. :)
     
  10. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Queen.of.the.castle ако си сигурна дека добро си го разбрала , мислам дека е попаметно ништо да не превземаш.
    Сепак , бар преку ФБ на машките им е најлесно да се пуштат,
    и ако бил заинтересиран за тебе на тој начин, ти сигурно би го знаела тоа.
    Би приметила сама, и не би барала овде мислење за дали да кажеш,
    зашто поинаку би течеле работите.
    Ова е мое мислење, бар, сигурно има други момци кои те гледаат на друг начин, па затоа,
    не си го губи времето со некој кој сама кажуваш дека не те доживува на истиот начин.
    Ако уште во почеток ја нема онаа привлечност од двете страни ,
    многу се мали шансите да се измени нешто :shake: .
    Ако сепак мислиш дека погрешно си проценила и дека има шанси, само напред :up: !!!

    Само подобро да не е ова мојот срцуш :devil:
    Ако те советувам за него ќе се утепам :x
     
  11. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Queen.of.the.castle
    разликата во години не ви е многу кога постои љубов не се гледаат годините, но ти и самата кажа дека тој те гледа само како пријателка и мислам дека не треба толку многу да се задлабочуваш во него и да мислиш на него најдобро да прекинеш контакт со него, или кажи му ги твоите чуства и олесни си ја душата сепак изборот е твој. СО СРЕЌА :hai: :hai: :hai:
     
    На Queen.of.the.castle му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    39
    Јас ќе ти кажам !!! КАЖИ МУ! КАЖИ МУ И КАЖИ МУ! нема ништо да изгубиш! верувај! сум имала слична ситуација.
     
    На Queen.of.the.castle му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186

    Незнам сеуште како да постапам бидејки ќе биде отсутен 4 месеци замина во странство и дали да му кажам на фб или да го чекам ама мислам дека ќе му кажам па што ќе биде нека биде бидејќи неможам да трпам во себе повеќе на никој немам кажано. Се гледаме скоро една година а официјално сме во врска 4 месеци додека беше на одмор не бевме во врска и затоа се правам рамнодушна но тоа што го прочитав беше два месеци покасно одкако официјализиравме :worried:
    Досега не сме си префрлиле за ништо и во очите на другите сме како совршен пар па дури и во моите се досега...
     
  14. Mr.Nobody

    Mr.Nobody Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    @Mimi123... а зошто уште се замараш со него ако веќе и ја дувнал во странство ???? не сум у тек со целата приказна ама од ова твоево и цитираното, бар еве ти, од машка страна... ти си овде, тој е таму.. батали го, терај си живот, па ако случајно кога ќе се врати му текне на тебе и пак ви се разбуди жарчето(под ова не подразбирам СЕКС ..) ондак ..ете ти, што требало да биде твое..ќе биде ...

    @Queen of the castle ... пффффф, доека не искочиш у живо со него... 1-2-3х ... никад нема да знаеш каков е навистина тој... Виртуелниот свет ти е бетер од маскембал .. тука ем одбираш да изгледаш најубаво..е на далечина ем си имаш маска на тебе..


    п.с извинете и двете што вака сум ви звучам песимистички и на двете ама тоа ви е реалноста.. сурова :yawn:
     
    На artemis му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Iloveeyou

    Iloveeyou Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Јас би ти рекла да не му казуваш бидејќи ако те одбие и ако неќе да се гледа повеќе со тебе- КЕ ТИ БИДЕ ПОТЕСКО ако он сака да биде со тебе ке биде ќе ти предложи да бидете заедно :D бидејќи ако му кажеш а да те одбие и да неќе да се гледа со тебе верувај ќе ти биде потешко!!! бар вака доволно е да контактирате... а за се друго има време!!! бар тоа е мое мислење.... ;) А на него ќе му биде глупо мислам ако немате исти чувства и ќе видиш ќе се поодалечи од тебе бидејќи едноставно ќе се плаши да не те повреди ќе пази и на фб да ти пишува за да не се вљубиш уште повеќе во него :worried: Ова е само мој совет доколку сакаш искористиго
     
  16. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    ПОМОС

    ми треба васе мислење ве молам помагајте.
    се работи за мојата најдобра гругарка.таа има 12 години, а нејзината сумпатиа 19. разликата е 6 години но тоа не е проблем мислам дека е сеусте мала. тој и е симпатија но сепак таа мислам дека оди предалеку. започна да се дружи со неговат бртучетка за да дознае се за него.и тоа е во ред но таа бара да се сретне со него се договара со братучетка му да го викне да се сретнат. вели дека би сакала да се мува со него, а тој има девојка. на феизбук ја отвара сликата на девојкаму и се нервира.започна секој ден да оди на местата каде оди и тој а он отворено кажа дека е многу помала и не би сакал нисто со неа.
     
  17. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ПОМОС

    Кажи и на гругарката да си најде друга сумпатиа :fubar:
    Не е убаво така да прави :!:
     
  18. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    ПОМОС

    јас на 12 години си играв надвор мижимала, брканица, и кои други игри не....овој фејсбук што не направи... не ми се верува...што помош да ти дадеме...не се загрижувај штом дечкото е свесен дека е помала нема да и направи ништо и дека има девојка воопшто, таа има само 12 години....разговарај со неа убаво појасни и, или со мајка и отворено ...што да ти кажам
     
  19. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    Queen of the castle
    не е голема разлика бе 4 години ...тууу..како на помала сестра абе седи акжи му таму и крај....па и да немате ништо не е крај света !!!! од кај знаеш каков е лично, виртуелно можи и најдобар да е,.....ама лично...не знам запрашај се!
     
  20. duduk

    duduk Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Речи и на гругарка ти да не му досадува сега и да си ја проба среќата за 6,7 години, тогаш може ќе ја засака :D