Јас те сфаќам исто беше и кај мене кога имавме криза во врската. Претходно уклучуваше само за да игра игрици, а тогаш одеднаш лајкнува слики, крие пасворд и слично и јасно е дека сакал да се испука. И тоа апсолутно нема врска со мене, виртуелниот свет апсолутно не дозволувам да ми е допирна точка со реалноста. Ако дознаам дека нешто „вистинско“ се случило тогаш вреди да се нервирам и напињам, а вака за нешто што стварно не е 'вистински живот' немам намера да се замарам. А и стојам на тоа дека пристојниот флерт ја одржува врската. Во долга врска како мојата, без тоа би било лудо. Затоа дури и на фб некој да ти пушти водичка (изразов е ептен hardcore ) ти го дига егото и се осеќаш добро без да направиш нешто неморално. Тоа важи и за двата пола, така да апсолутно не се замарај и не му го ни отварај профилот, стави го и на hide така исто како да нема фб, едино на чет ќе си муабетите
Незнам каква ви е ситуацијата,но зошто да му раскинеш чим го сакаш?? Или он не те сака?? Како и да е верувај дека ЗА ЉУБОВ ТРЕБА ДВАЈЦА!
Тоа сега не можеш да го знаеш. Откако ќе се одлучиш на тој чекор и го направиш, тогаш времето ќе си го направи своето. Ти само треба да имаш трпение, решителност и верба пред се' во самата себе и љубовта! - зашто љубовта не завршува со таа врска. Уште помалку, животот, напротив. Болката како болка, нормално дека извесен период ќе ја чувствуваш, тоа не можеш да го промениш зашто самата потсвест и чувства кои постоеле меѓу вас (па, можеби и се' уште постојат) ти го налагаат тоа. Но, ќе помине, на еден или друг начин, ќе помине . Без грижи. Повеќе памет и ладна глава зашто некогаш емоциите сами по себе носат и бурни реакции што во вакви ситуации воопшто не се добредојдени. Секое добро.
уффф камо да е толку лесно неможам д аиздржам неможам како без него ?Ч)))))) душата ми се кине при самата помисла
Епа ако кажеш кој е проблемот може и ќе ти дадеме совет. Ти бараш совет а не кажуваш што е работата. Не те сфаќам. Го сакаш, а сакаш да му раскинеш. Нема логика.
само знам дека при 1 прилика ке ме оставе не ме доболно сакак како и јас него не ме почитува како и јас него уфф многу ми е тешко немам сили да му раскинам ке се уништам
Па тогаш чекај да дојде таа прилика кога тој ќе ти раскине (колку што успеав да разберам) кога веќе ти немаш сила.
Девојки ....Ве молам за некој совет , што е можно побрзо-подобро ! Врската со дечкото не ми беше нај, иако трае со години.Јас во меѓувреме запознав друг човек, еднаш пишував на таа тема , доста постар од мене ама убаво ни тргна.Не помина ниту еден месец а мене ми се случи нешто мноооогууу страшно ! Дечко ми е на службен пат во странство.Беше недела.Излегов со другарка ми , а пред да идам дома се договорив да се најдам со него.Застанавме со колата во една уличка.Се гушкавме , се милувавме ...наеднаш се појави пред колата еден тип. Осветли со батерија и почна да вика по мене.Веднаш тргнавме за накај дома.Ме остави во близина.Кога допревме , спроти нас допре и он -те. не следеше! Се закануваше дека ќе му каже на дечко ми.Од утредента почна нон стоп да ми се јавува , да ми праќа пораки , да ми се заканува...Одлучив и се соочив со него.Ми кажа дека има слики од таа вечер.Јас се сомневам во тоа, бидејќи му реков да ми каже какви слики има ? Дај викам, покажи.Избегна.Ми збореше како ме сликал сум имала секс со него таа вечер...ова правевте она...што немаше врска, секако ние бевме само паркирани и се гушкавме.Некако ми олесна , бидејќи типот веза немаше што збори.Не му докажував ништо , само му реков Oк. имаш слики ќе се види таму.Ако имаш навистина слики ги сакам на фејсбук ! Му реков и да не се меша , дека јас ќе го средам тоа.Замислете, ѓубрето имаше услов -Ако излегувам со него, ќе молчи ако не прифатам ќе каже. Секако дека не прифатив со таков идиот да излегувам, никогаш ! Во ред рече.Јас се ќе му кажам и покажам ама пред тебе.Што сакаш прави-му реков, и си заминав.Типов е од оние опасните , и работата му е таква.Од оние што се спремни и за убиство ако треба ! Ете , таков манијак пратил дечко ми да ме следи ... Он доаѓа за 2-3 дена.Може да биде голем скандал ...да ме бараат.дома сум со болни родители.Татко ми е во постела, а мајка ми само што ми кажа дека била на испитување за срцето и кажале дека има некои промени.Ќе биде голема траума осеќам ...кажете луѓе како да се заштитам ? Како ќе кажам дома ? Што ќе се случи ? Помагајте !!! Очајна сум...
Значи твојата лага е вака или онака откриена. Твоето е да си признаеш. Секако знај во една врска неверството се дознава. Редно е да си признаеш на дечко ти, подобро од тебе да слушне. Искрено не ми се свиѓа твоето гледање со постариот тип. Татко може да ти биде, ама твој избор. Ако си мислела дека ќе успееш да криеш и вака да тераш, си се излажала самата себе. Биди човек и признај.
1. ДЕЧКО ТИ ПРАТИЛ НЕКОЈ ДА ТЕ СЛЕДИ 2. ОНОЈ КОЈ ТЕ СЛЕДИ САКА ДА БИДЕШ СО НЕГО 3. ИЗМИСЛУВА РАБОТИ И ТЕ УЦЕНУВА Снимај разговор некако и директно во полиција. Ова е крајно болен ум, како овој што те следи така и дечко ти. Што сака дечко ти да те начека во тројка???? Мислиш дека дечко ти не знае како овој те уценува, па нормално дека знае, можеби и самиот он му има кажано на тој начин да бидеш уценувана. Девојко не си играј, повикај си луѓе(полиција ) кои можат да ти помогнат, а ич да не ти е гајле дали дечко ти ќе ти раскине зошто си била со друг или не. Затоа што ако он не се расправаше и беше како што треба со тебе, ти никогаш немаше да имаш желба да отидеш со друг и кај тој да го бараш она што со дечко ти го немаш(верувам дека сум во право за ова). Твојот живот треба и ќе продолжи ,погрижи се само да не настрадаш со овие ненормалните типови, кои би требало да ги баталиш на цело.
Никако немој да контактираш со тој што те уценува. Тоа ти е првата грешка. Не требало воопшто да започнеш комуникација со него. Од каде знаеш дека дечко ти го пратил да те следи? Може е некој манијак заљубен во тебе. Кога ке се врати дечко ти, почекај види како се понаша, и ако нешто те праша, биди искрена и кажи си се како било, макар и по цена да го изгубиш. едноставно не се заплеткувај повеке. Ке нагласам, голема грешка ти е контактот со уценувачот, него тоа му е целта. Замисли да бидеш со него, цел живот ќе те уценува за истата работа. Речи му што сака нека прави, а ако навистина има компромитирачки фотографии, пријави го во полиција, тоа е кривично дело. Ама најдобро е да го игнорираш комлетно. Инаку, не знам кој ти е тој постариот, дали е женет или слободен, но и тој може да те заштити ако веќе е со тебе.
Дол не си ја мачи душичката и раскини му на дечко ти штом се врати, како причина + можеш да го наведеш и тоа што праќа луѓе да те следат. Па што си ти за некој да те следи??? Нездрава работа, нема право да ангажира луѓе да те следат, очигледно и дечко ти е некој психо. Раскини му, ем ќе се ослободиш од него, ем од тој што те следи и ќе можеш на раат да си се гледаш со постариот дечко Ова не е нормална работа, се прашувам кој е понездрав, дечко ти или оној што те следел. Кажи му се на дечко ти и тоа дека те уценувал овој следачов Ако ти се закануваат оди во полиција.
Девојки , најпрво ви благодарам што ми одговоривте на мојот огромен проблем и што ми дадовте повеќе сила и храброст.Он го пратил, во тоа нема сомнеж бидејќи се пријатели.Но тие се власта во државава, цела полиција они ја имаат во раце, кој ќе го приведе тој манијак што е застанат рамо до рамо со Власта ??? Никој ништо не му може.Овој постариот тип секој ден го сакам се појќе и појќе ! Ми вика дека за се ќе биде на моја страна, ќе се бори за Нас.Не е женет, сам живее.Сака да останеме заедно, да основаме семејство ... Утре ќе и кажам на мајка ми.Морам!
Ве молам за еден проблем.Идам со дечко ми 2 години и више мислам дека не го сакам и повеќе пати сум му кажала дека сакам да раскинеме но он се праи ко да не слуша или па ми вика има да бидеш со мене или твоите ќе знаат за нас ( бидејќи моите незнаат за нас).Повеќе пати мислев да им кажам но имаат многу проблеми и страв ми е како ќе реагираат.А дечко ми башка многу е љубоморен и неможам више да издржам..ве молам за совет.
Јас мислам дека треба да ставиш крај на таа врска, ако ти се осеќаш така. А и да каже на твоите, нему сигурно нема да му веруваат повеќе од тоа што тебе би ти верувале. Тој само сака да те исплаши,ништо повеќе. А и ако каже дома слободно можеш да се извадиш дека ги шири тие муабети поради тоа што си го одбила. Сигурно нема него да му веруваат.. Немој воопшто да се плашиш. Среќно
Па раскини му, што ќе каже после кога вие веќе нема да бидете заедно. Не му се плаши бре, раскини му, па нека кажува што сака после. Башка и љубоморен, зашто да го трпиш? Раскини му и не се замарај, а ако ти се заканува кажи им на твоите дека некој манијак те замара и ќе средат они.
HellP .... ми требаа ПомОш ... многу сум нервозна... ... вчера бевме на кафе заедно со едно дете и со мојата најдобра пријателка.. и како и секои нормални луѓе седевме... се зафркававме...ама јас и тој станавме накако многу блиски... а мене почна и да ми се допаѓа ... Но како за инает истото дете и се допаѓа и на мојата најдобра другарка ... како и на нашата поранешна соученичка И сега незнаем што дА правам се нервирам.. поради тоа не можев ни да спием .. што ако се смуваме пред сите ?( онака другарски) пошто го приметив дека би сакал да има нешто повеке со мене Девојки помагајте..