Тој има 19 год, а да јас сум во средно сега сум за 4. Многу ме нервира секој втор ден јас морам да плачам, многу сум глупава се каам за се што направив за него сега со лошо ми се врати...
Како прво, тоа што ти е дечко не му дава никакво право да ти кажува каде, со кого и кога да одиш некаде, сфатете веќе еднаш! Ако неговото глупаво его и неговата потреба да наредува(што нормално произлегува од комплекси) не може да го сфати тоа - негов проблем! Ако ти му попушташ за вакви работи, ќе си земе уште повеќе за право да ти се лути за се и сешто и да те уценува со тоа. Мислам оддалеку се гледа дека дечково е зелен уште Т.е двајцата сте во тие зелени години, штом до тој степен се нервираш и уште размислуваш дали сепак ти прва да попуштиш. Никако тоа! Стои си на твоето и ќе видиш дека тој сам ќе те побара, ама уште побитно ко ќе види дека не може да те уценува со раскинување нема повеќе да прави така, со тек на време ќе прифати дека не може тој да изиграва наредник и со лутње и раскинување всушност да манипулира со тебе за да си ја лечи неговата несигурност и комплекси.
Баш сега пред 2 мин ми се јави, ми зборува нешто сосема без везе му одговарав само со аха и добро не негирав ништо се изнервира и ми спушти,ке му вратам за сета моја нервоза,а ако после некое време сака да е со мене ке се јави, а ако не чао пријатно...јас што и да кажам пак ми е тешко но мислам дека не ги заслужува моите солзи.
Срцка тој и самиот знае дека не е воопшто во право и дека претерува ама пуста гордост и инат нема шанса да признае, туку сака ти да го молиш. Таквите луѓе обично се многу несигурни во себе и оттука произлегува нивната параноја и љубомора, тој се си мисли ако одиш некаде сама без него дека ќе направиш нешто. Ама тоа не значи дека ти треба да го трпиш и да му попушташ, тоа не го оправдува воопшто. Едноставно имај став и не попуштај никако кога си во право, како во случајов. Никој нема право никому да забранува или да се лути за такви работи, не можеме луѓето да ги врземе за себе побогу.
Незнам веќе како да го дефинирам кретен морон се е идиоттттттт уффффф го мразам...ми се јавува за да ме малтретира сељак глупав...сега сум без никој неможам да седам самааа ке умрам сестра ми си отиде на одмор а јас глупава крава ке седам дома
^ Најлошо нешто што можеш да го направиш сега е да се затвориш во себе и не гледајќи друг излез, да му се вратиш нему и да му одиш по ќеиф. Не гледам што има толку лошо во тоа да отидеш на екскурзија, или на семеен одмор, ама по се изгледа е некој многу љубоморен тип, така што можеш уште од сега да предвидиш што те чека во иднина ако си со него. Нема да ти дозволува никаде да одиш без него. А и самата велиш дека те скарал со другарките. Сеуште си млада, нема потреба од толку големи нервози и смирување со апчиња за банални љубовни проблеми. Јас би ти препорачала да го откачиш, затоа што очигледно не си среќна во врската.
Jaс мислам дека треба да ставиш крај на тоа измачување.Или ке го биде или нема да го биде,трето нема.Готово. Кај ти е прво тебе самопочитта?Не смееш во најубавите години да се затвараш зошто тој така ти барал.Дали ти ако му побараш да седи дома тој ке го стори тоа?не -.-. Уживај во животот,не дозволувај се уште некој недораснат да те командува...
^^^Немој да се уништуваш. И јас сум во иста ситуација, пред два дена раскинавме. Ама животот е таков... Едноставно човекот е создаден да пати, но да не се предава. Да успее да ја преброди и најголемата бура! Да гледа вода и во пустина!
не е толку лесно како што се кажува (и самата знаеш)незнам како да оставам се зад себе и д апочнам од ново ?како?
Секако дека знам и јас истото го претрпувам и нашата беше три годишна врска, ни мене не ми е ништо полесно, ама што да правам? Порано кога ќе ми се случеше ова плачев, запаѓав во депресија, животот си го мразев, ама сфатив дека тоа било едно огромно ЏАБЕ. И на глава да застанеш исто ти се фаќа. Сега гледам што помалку да седам дома и да останувам сама за да не ме фаќаат кризи. Гледам некако да го пополнувам времето, да врви неусетно за да не се секирам толку, зошто ако се разболам никому нема да му биде гајле, луѓето ќе ме исцапаат. СЕ БОРАМ за да не потклекнам, а истото треба да го правиш и ти! Биди храбра.
^^^Мораш да го издржиш, како што морам и јас. Еве ќе ти кажам нешто што слушнав пред некој ден: Животот е еден камен што го туркаме по некој рид. Тој камен постојано се враќа наназад (тоа се нашите падови), но ние постојано го туркаме нанапред, нанапред и само нанапред. Не се откажуваме колку и да е тешко.
оф лелел сега видов нешто на фб со ме докрајчи нема д аиздржам јас незнам како можес да бидеш толку храбра
Не сум храбра. Патам, плачам, понекогаш криво ми паѓа, ама истовремено си викам „кога може тој без мене, зошто пак јас да не можам без него.‘‘ и тогаш ми иде полесно.
и јас плачам моментално се убивам од плачење а не помага не ми олеснува офф лелле како да продолжам ке умрам неможам
Еве вака беше ....го нашле и му кажале.Ја видовме , ок . ама уште колку работи па му назбореле ?!?! Значи сме имале орален во кола , после ја сум била над него...абе порнич! Дошла полиција и не видела.Кога не видела ние сме бегале и не следела.После го викнале и типот што ми се заканувал , и он демек не фатил на дело.Имале слики.Е, добро викам дај да ги видам тие слики ? Нема.Ги избришале наводно, значи не постојат! Па нормално не постојат бидејќи не ни било тоа ! Му раскажав се, нормално дека со типот шо сум била во кола сме пријатели и ме префрлил до дома. Луѓе, можеби сум погрешила ама таа ноќ сигурно е дека такви сцени не се случиле , не биле не постоеле ! Ние двајца започнавме да се гледаме, тоа не траеше ни месец а вакви сценарија да ни режираат ?!? Стварно нема смисол! Му кажав и дека ме уценил типот , не ми верува.Ме направи најголемата о*оспија што постои , и раскинавме.Многу ме бодри за сега тоа што овој типот не ме остава ме поддржува, не се повлекува и е со мене.Што понатаму ? Мајка ми не сака ни да смисли врска да имам било каква со било кој а најмалку со постариот ! Утешете ме, помогнете ....
Мое мислење е дека чим ти побарал да имате односи по 9 дена, сакал да го добие тоа од тебе и да те откачи.Тоа е мое мислење и не го барај,има многу дечки кои што ќе бидат со тебе поради самата тебе,а не поради секс.
Те сака само за секс! Ако тебе тоа не ти смета, слободно побарај го. А ако сакаш нешто по сериозно, тогаш тој не е за тебе.