Дол барем си го покажал вистинското лице дечкото и си расчистила со таков тип. Имаш поддршка и од постариот нема за што да се змараш. Мајка ти неможе да раководи со твојот живот, а и ти немораш одма да влегуваш во нова врска, оди полека и сама ќе си видиш како ќе течат работите па ќе видиш што е најубаво и најдобро за тебе, а на мајка ти нема да и преостанува ништо друго освен да се помири со твојот избор.
сакам да се убијам значи -.-... вака:денес бев со моите другарки на игралиште и мн машки демек ми се пушта и едни албанци ме бркаат цело време и нз шо сакаат од мене ...тој шо беше дечкото на игралиштето откако виде дека се караме со албанците дојде и нешо реши и ми рече девојце за 2 мин онде и јас попалена ојдов и одеднаш ме залапа поточно ми пушти јазик... мислам дека така треба али посе ме глеаше некако мислам чудо -.- да не згрешивв ??? фала
Ангела Арсовска... како прво не гледам причина за самоубиство.. Си се смувала и шо? Од кај да знам дали правилно си постапила. Во случајов мувачот ти бил херој и те спасил од албанците, дај поубаво опиши
па проблемот е шо мислам дека се посрамив пред него и мислам дека не сака да ме ввиди од типот на ваква женска испаднав: ај јас ќе те спасам и после ко возврат да се смуваме и може ќе помисли дека сум таа шо со секој се мува -.-
Здраво сакам да споделам со вас нешто што многу време ме измачува, значи вака се гледам со 1 машко од друг град кој е многу блиску до мојот веке 2 години ама несме во врска, бидејки он не беше подготвен за врска озбилна сакаше да пробаме 1 на мување а после тоа да имаме врска. Он и јас разговаравме за сите теми, со него можев седа споделам што ме мачеше, иако немавме врска се слушавме секој ден на телефон редовно се гледавме, само не излегувавме заедно, можеше некогаш да одиме заедно во кафич ама он секогаш а сите им викаше дека сме другари. На почетокот тоа неми пречеше ама после почна да ми пречи бидејки бев многу затрескана во него, и бев во состојба се да направам за него ама он беше таква особа што тоа него ценеше. И почна да се мува со други женски сите ги нарекуваше лесни женски за 1 вечер, дека нему значеле ништо, само сакал секс со нив и ништо повеке. Јас на тоа секогаш се лутев бев многу љубоморна и не умеев да ги прекријам чуствата на љубомора он тоа го знаеше и упорно ме нервираше се фалеше дека може секоја женска да ја фати од мојот град и тоа мои другарки можел даги смува а мене ми беше претешко го молев тоа да немиго прави. 1 извесен период беше подобар спрема мене велеше кесе сменел дека немало да бара други женски само со мене ке бил и ниедна друга немало да го занима, и јас наивно подпаднав на неговите лаги и пак се гледав со его откако ке се видевме се понашаше добро на почетокот откако ке имавме секс после ми велеше фати си дечко јас нете заслужувам тебе, и јас почнав да плачам пред него и ми удри шлаканица да несум се понашала како дете оти немало никогаш да сме се виделе. А иначе он знае дека сите други девојки биле со него само заради корист материјална само јас сум била онаа што вистински го сака, и затоа несака даме изгуби, и велеше дека јас и он сме превише различни он имал фирма јас сум била глупава факултет сум немала несум била снаодлива затоа несакал врска со мене. Прво да сум се сменела а иначе физички многу сум го привлекувала. Ама јас решив да разговарам со него и му реков или врска да имаме или икогаш повеке ема да ме види и сега замисли ми вика дека има друга девојка дека ја сакал многу и дека сакал јас и он дасе гледаме и понатаму како другари јас несе согласив му реков неможам дате гледам како другар бидејки те сакам , и он вели да бирам или другари или данесе гледаме повеке и јас му реков данесе гледаме повеке. Ама проблемот е тоа што о пак ми звони а јас глупава пак му кревам на телефон и веке незнам што да правам, претешко мие сакам да заборавам насе и да продолжам понатаму ама неможа почнав да пагам во депресија само кога кемисе јави сум посмирена кеве молам за совет стварно несум при себе сакам на некој начин даму вратам да види ако боли тоа он што иго прави мене ама незнам што да направам дали е паметна таа одлука даго направам љубоморен даму кажам дека друг сум си фатила незнам веке што да правам претешко мие
РАЗОЧАРАНА Знам дека треба даго откачам ама он упорно ми звони и ми дава лажна адеж како дека ме сака и ред други глупости а сега и несум во состојба да фатам друг се обидов со 1 дечко дасе фатам ама не успеав да го засакам ете тешко се заљубувам чудна особа сум и сега само мислам на тоа што миго рекол цело време многу сум напната цело време мислам како да му се осдмаздам а и друго ме мачи има слики од мене во телефон што сум целосно гола се плаша данеги покаже на некој ако го изнервирам сега сум и од тоа исплашена
РАЗОЧАРАНА Три работи само ќе ти кажам, па ти одлучи се: 1. Поговорката со волкот и крзното ја знаеш, така? Исто е и со најголемиот број луѓе. Што ќе ти е некој што не знае да се приврзе само за една? Мислам, разбирам јас дека љубовта е минлива работа, ама па играње ташак не бива. Не си тинејџер, 24 имаш. Две години ќе арчам на некој што не знае што сака, а тој да си се лади настрана дури ти се јадосуваш? Е не иде. Заеби ти физичка привлечност, факт е дека се срамел од тебе ко комплетна личност и не сакал во јавност да те претстави како ништо повеќе од другарка. 2. Физичко насилство и навреди на основа на степен на образование и социјален статус - никогаш! Ма не знам колку влијателна фаца нека е, штом ги нема тие основни манири, заеби. 3. Ништо не постигаш ако се обидеш да го правиш љубоморен. Да не мислиш дека тој ќе помисли „Ја губам, ќе ми побегне за друг, чек да си ја освојам дури не ми ја презеле“? Јок бре, напротив, не си свесна колку оладува и оддалечува тоа. Плус, како што гледам на типов најголем подвиг му е тоа да ти се пофали колку он бил посакуван, и намерно ќе стегне уште појако со тие лесните, за на крај пак ти да испаднеш повредена. Тој се гледа дека не те сака, ни ќе биде љубоморен, ниту пак нешто ќе го повреди. Ако си будала - нервирај му се. Лесно е да се прави фраерчина со тие лесните, како и сам што ги нарекол, ама оди нека му се вклучи тој кликерот и нека помисли дека не е ништо поарен штом само такви успевал да излаже. Многу јак бе тој. Нека најде некоја за стабилно да ја задржи лепотанот. Ах да, и немој во никој случај да потпаѓаш на слатки, празни зборови дури не преминат во дела. Секогаш играат на таа карта дури да те вратат назад, а штом им успее, готово, не си интересна оти ќе си му етикетирана и ти ко лесен плен, ама резервен само, и ќе го користи фактот што го сакаш, за кога ќе нема кој друг, секогаш да ти се врати тебе знаејќи дека ќе го пречекаш со раширени раце. Дури нели, не се најде нов, поинтересен и неистражен плен. И после пак истата приказна во круг. р.ѕ. Не морало нова тема, и имаш горе копче „Редактирај“ ако сакаш да додадеш нешто во мислењето. Не мора одново цитирање, се губи прегледност.
РАЗОЧАРАНА najprvo se izvinuvam kirilicata ne mi raboti hahahah so ti vika fraerot klku lesni se zenskite zaedna nok a????? a ti se smetas dekavo negovite oci si nesto poveke od toa "lesna zenska za edna nok"????????? ne, znaci neli ne saka da te fati za raka i na site da im pokaze deka e zainteresiran za tebe i deka si mu zenska znaci togas NE TE SAKA vrezi si go toa deka ne te saka bre devojce iako pisuvas deka si 24 godini sigurno nema s ni 18 godini ali zaprasaj se drugo on demek jak decko ima firma a tebe te narekuva prosta e tuka vidi kolku te saka i te pocituva on prvo ne te pocituva a ne pak da te saka i da ti zvoni kazi mu deka posledno e toa od tebe i zamoli go da ne te voznemiruva poveke i da ne te bara bidejki so takvoto ponasanje vo tvoite oci ne vredi nisto poveke ako ti spomne za slikata nesto samo opomen go deka ako i slusnam eden zbor poveke za taa slika vednas ke bide prijaven vo policija nemoj da dozvolis da manipulira so tebe i da si gi ladi jajcata so tebe posto od avion se gleda deka nit te saka nit te postuva a i verojatno nema namera toa da go pravi zemi najdi si nekoj sto zasluzuva ljubov i vnimanie od tebe ne mora odma vednas bidi malku sama neka se izladi situacijata pa potoa ke mislis za nov decko i ne dozvoluvaj dodeka ti go sakas so celo srce on se zafrkava so tebe a ti vo ocite na site od tvojot grad da bides edna bidala i da ti stavaat pogresna etiketa utre drug den i da go prebolis i da sakas drug decko ke ostanes so etiketata lesna devojka se nadevam od ovoj dolg posta barem edna recenica deka ke ja upotrebis za nego i ke ja svatis ako ne poveke
Додека ти сама не ставиш КРАЈ нема да биде крај, џабе ќе се сите коментари додека ти сама не го сватиш сето ова, тој бил богат ти девојка без факултет, зарем по тоа се ценат луѓето? Очигледно е дека дечково е доста дигнат и што би се рекло обдуван од се и сешто, но тоа не значи и дека има загарантирана среќа а истото важи и за тебе што мислиш дека само со него можеш да ја најдеш среќата? Млада си-сега ти е можноста да бираш да најдеш некој со кој ќе бидеш среќна, а не некој со кој не знаеш што ќе ти приреди утре, немој да се вадиш со тоа ме бара сеуште па можеби има надеш.-не не е сега време за лажна надеш, сега соземи се себе си , зеди го твојот живот во раце, не си дала една шанса не е поминал месец, два, три веќе се години во прашање Размисли околу ова, секој има право да е среќен а ако самиот не се потрудиш да бидеш среќен, тешко дека ќе се појави некој ангел со сервирана среќа.
Деновиве овој постариот само ми се јавува, се грижи за мене-замислете отиде да се соочи со мајка ми ! Каков сериозен и заштитнички став ! Немам збор...му викам нема смисол, должник сум ти за ова..а он ? Се лути ! Вика дека тоа го прави зошто ме сака, и мисли да биде со мене...Немам збор за него.А, пред малце зборев со мајка ми нејќе да Чуе за него ! Манијак бил , ако ме фатела со него ќе ме избрка од дома....Стварно нема смисол.Одма ми местат преку едни роднини еден исто така доста постар , ама е премногу богат да се во состојба да ме фрлат во неговите прегратки.знам, удобен и убав живот...знам родителите секогаш мислат најубаво за децата, да имаат убав живот ама ова ми доаѓа ко да сум на продажба ! Па, никој нема да ме земел веќе во овој град...ништо, ќе ја тераме со Човеков тајно врската па...што биде-биде.Јас сум крајно разочарана ....
Ако тој кажувал дека другите се лесни и ти кажувал дека имал со некои значи и тебе ќе те кажува како лесна ебачица... зошто не сте во врска. Многу ми е жал ама не требало да си дозволиш да спиеш со некој па и шамар да ти удри... абе чекај ти со машко си спиела или со женско Бог да чува што нема... машко да удри женско... уште пред да имате кога ти кажувал за другите требало да му се скараш. Бебешки е многу да го правиш љубоморен, тој веќе си ги постигна саканото.
samojed Ај заеби го детево, ко шо викаа и другиве док тие зборови не ти ги преточи у дела ништо и никому не верувај. Зборот е стаклен запомни ! Друго, знаеме дека ти е тешко ама на прво место прбај стави се самата себе , колку си битна ТИ у твој живот и дека не треба никој ама НИКОЈ да те понижува . Значи акни си некоја вредност , зашто вредиш , сите ние вредиме . немој така , зашто пази на типов си му дала до знаење дека си наивно девојче а посебно моментот со плачење пред него ... Доволно е . Така да од денес утре било кога, кога ти решиш глава дигни горе и постави високи критериуми. Едноствано осдтани цврста и приземјена, ако ти врти не му се јавувај ни ништо , очигледно сака типов да те има у дланка ко златна резерва. Не биди будала тоа да го дозволиш. За сликите , он може да ги објави ама и ти можеш да го пријавиш Си има надлежни и за тоа без гајле . Така да , едноставно излегувај од дома ако треба бре и бр смени ама не попуштај за д а не му продолжи играта. Оти нема да го смениш оти Нема да се смени !
Ова проблемов повеќе изгледа е во мојава глава, ама ај да си кажам. Може за повеќето од вас е тинејџерска глупост, ама сепак и вие сте поминале низ тој период така да најверојатно ќе ме сватите.. Најпрво, не знам што сакам. Сакав еден дечко две години поголем од мене кога бев основно, што знам шесто, ама ми помина одма де, и кога завршив јас седмо он трчаше по мене, ме молеше а јас као горда нели, го одбегнував, тој се обидуваше ама се откажа на крајот. После си фати женска, имаа долга, сериозна врска, 1 ипол година, е мене тогаш ми текна на него и си чукав глава зашто не бев со него, ова она.. Си мислев дека нема да раскинат, и никогаш нема да го иам.. Е, раскинаа. Го сретнав после скоро две години без никаков контакт, и кога ме гушна онака топло се осетив.. После тоа ми пиша, ме викна да искочиме, јас мислев дека сеуште оди со неа ама прифатив онака, не ни помислував да се случи нешто. Да убрзам, ми кажа дека раскинал заради некои си причини, ама што бара една недела откако раскина да се мува со мене ама ај.. Се обидовме, теравме еден ипол месец, а инаку он е многу добар,душичка,емотивен се тоа.. Ама рече дека едноставно незнаел што чувствува, минатото го повредувало (сигурно и таа е вклучена во тоа),и рече дека не ме засакал.. После пола саат гледам се ставил во врска со некоја,која испадна дека не ни била врска,се мувале две недели, она го изварала и така.. За тоа време немавме воопшто зборувано, мене многу ме болеше зашто чувствував нешто повеќе за него, и после месец дена он ми пиша.. зборевме два пати и рече дека се сменил, многу работи се смениле од тогаш, и ај се смувавме уште еднаш ама не ми се допаѓаше како се однесува, он мене ми значеше, му го кажував тоа ама он колку и да беше фин, чувствував дека не е нешто во ред. А демек он тоа го чувствувал од моја страна.. Јас се изнервирав, го оставив, се смував со други, ама сепак не осеќав за нив ништо,почнавме стално да си пишуваме на фејсбук, ми ѕвонеше, буквално секој ден ме викаше да излеземе и јас го одбивав (не е заради мене, заради моите нешто..) и еден ден му реков ај утре ќе се видиме,и ми рече као јас будала ќе изигравам, секој ден те викам ти ме одбиваш ова-она, ама ете денес искочивме,пак се смувавме.. Ама луѓе,осеќам дека работава ќе се врти во круг. Пак така ќе се осеќам јас, а он се гледа дека не е спремен за врска и уште не ги заборавил тие работи, и едноставно го викам ај да излеземе,он дома сака да седи само.. И другарките ми рекоа као првиот пат те остави зашто му даде некои работи прерано (не секс!) ,ама мислам нема врска тоа,него он си ги нема средено чувствата. И вчера ептен се израдував дека се е пак океј меѓу нас, а денес додека седев крај него онака се чувствував ладно,и си мислев да се мувам со друг мислам ,и дека овој не ми се допаѓа.. Онака ми се менува мислењето, ама сепак на крајот му се враќам на него. И незнам он што сака од мене, знам дека времево е прекратко за чувства,ама ете кај мене се развија а иако е нежен и се тоа, не ми кажал ниеднаш те сакам, океј не мора те сакам сега не ни може за толку кратко време, ама барем ми значиш, нешто такво.. Не сум по романтики и лигавења ама сепак.. И еден миг не ми е гајле за него, си барам други, а ако видам и оставил линк на другарка на фејсбук, а мене ништо никогаш не ми остава, му пишала некоја на профил збеснувам! Незнам дали да продолжам со него, незнам што чувствувам, незнам што чувствува, плус имам проблеми од дома за излегување до подоцна, уфф.
се заљубив во еден а он ми кажа на сам почеток дека не е за сериозно.и ете сеа не се јавува еднаш во 10 дена башка се понаша како да ме користи за општоо материјално све ја да носам све кај мене ,после ме заебава демек ајј да искочиме и кему речам ај сеа одмарам покасно вика епа ништо тогаш.ми вика дека бил заљубен во др и тоа ние од когасе запознавме се бацил со неа.после дека бил со женски.ве молам дај те ми совет како да го смирам да му даам до знаење граница до кај може до кај не.башка и на бивши сејавува пред мене а од др стр е некако мн нежен ,помантичен нзз плс хелп
помош.... Има едно момче кое веќе дв недели ме моли да искочиме. Вчера кога бев искочена со другарките (седевме во школскиот двор кај што заврши он ,иначе сеа е за 1ва.)и он беше таму со другари.Првин не ме виде дека сум дојдена но послем нешо другаркиве почнаа аа ене ти го и ја се праев како да не ми е гајле(иначе се свиѓаме со детето).Он дое се поздрави со сите и со мене и така седевме сите цело друштво и другарками е најдобра другарка со него и почна нешто да се распрашува дали ми се свиѓа и ми рече дека и рекол да искочиме јас,он ,другарками и уште еден негов другар.И реков незнам дека ќе видам ако сум слободна.Послм детето ми пиша на фб како си шо праиш бла бла и тие ствари и срциња си праќавме и ми вика ај во петок на кафе викам незнам ќе видам со кој и ми вика со другаррму и другарками и ние двајца.му реков дека неќам да одам со тој другарму зашо ни го знам ни го познавам непријатно ми е ми вика па и мене не ме знаеше до пред некое време викам ок сепак тебе поише те знам а него у живот го неам видено.и добро вика ај сами ќе искочиме ја и ти викам ок ај ќе се договорим. и сеа работава е шо детево ми понуди да се муваме ама му реков дека ќе размислам(иначе до сеа се неам мувано).и страв ми е нешто да не утнам дека се неам мувано :/ помоош што да правам дали да му откажам или да искочам со него? ://
помош.... Jas sega ke ti recam ni jas do sea se neam muvano no mislam deka ako mislis deka ti e vreme da se muvas da ne mu otkazes i ako mislis deka mu se svigas i deka toj na tebe ti se sviga.. a i za se ima prvpat,ne mora tolku da se sekiras
помош.... со детето си признавме дека се свиѓаме...^^ од една страна сакам да се мувам од друга страна ми е страв нешто да не згрешам :// и незнам што да правам,друарките ми викаат да се смувам,и цело време им викам дека неќам да искочам поради тоа што се немам мувано па нз како ќе биде ://