помош.... Znaes sto ke ti recam vo zivotot se za se ima prv pat sega ako ne go napravis toa ke bide pokasno pa taka da isto ti se fakja.. a i mislamdeka nemanisto loso i mislam deka treba da gi slusas drugarkite nema zosto tolko da se grizis (mislam neli sekak strav,sram),,noo sepak mislam deka ne treba tolku ako utnas pa sto tolko a i i sto tolko ima mnogu za utnuvanje ke izlezete ke se pozdravite ke pravite muabet moze nesto da se slci ^__^ neli sekak nema da bide samo toa drn drn drn i taka natamu
Или откачи го, или ако можеш да го трпиш тоа негово однесување почни и ти така врти на други, т.е. напрај додека си со него друг да те побара или пише, не му обрнувај мн внимание. Дај му до знаење дека си со него зашто ти е убаво, ако ти е но и дека можеш одма да прекинеш, пошто гледам се понаша како да си му ти здраво за готово, ама НАЈВАЖНО не му дозволувај да те користи на никој начин! Кога и како ти одговара на тебе ќе се видите. А ако те заплашува со муабет после јас нема да можам ќе му речеш -ако бе срце, тогаш ако некогаш можеме и двајцата ќе се видиме.... Никако не дозволувај он да го диктира времето и темпото... Терај си малце по твое! Ако ти почне муабет за друга, погледни си во мобилниот како да се досадуваш, не реагирај љубоморно, туку сечи го... Не покажувај многу интерес за него.... Тука ми изгледа како најголем проблем тоа што навистина ретко ти се јавува.... Јас искрено да е таков би го баталила. Би му рекла дека додека него го немаше ми се случиле мн убави работи и дека повеќе немам време за него.... Ама твое си е... Ти си знаеш Едит Најчесто разликата меѓу таа со која се мува а не ја мисли многу и таа по која му лета паметот е во фактот дека обично втората му е помалку достапна . Може и да нема некои којзнае какви квалитети, но не го ферма многу, па предизвик му е
помош.... ќе одам па што бидне нека бидне и да се смувам сепак ми се свиѓа,и како што кажа за се има прв пат фала многу ;*
помош.... Дечково сеа се уклучува на фб и таа другаркаму шо е и мене ми е другарка му пишала заљубн и он коментирал не бе и ја ја лајкнав објавата и ми пишува не сум заљубн викам ок де што да правам ја сега и ми вика па не погрешно да не разбереш да не мислиш дека сум у тебе ^_- и му викам едно е сакање друго е свиѓање. и сеа фактички он сака само да се смува со мене -.- т.е. еднаш и да ме шитне епа нема сеа ќе почека да искочи со мене ;*
помош.... Јас ќе ти кажам само едно. Ако ти се свиѓа и ако сметаш дека со мување ќе се задоволиш, мувај се. Ако не, не прај ништо зошто после ќе ти биде тешко и пак ќе се најдеш во ситуација да бараш совет. Затоа нема дали да се мувам или не, одлучи си самата....А за заљубеност..не очекувај таква љубов сега, многу сте мали, а ретки се таквите врски кои успеваат.
помош.... Ок за мување ќе се смувам и ја и он сакаме ама сеа дечково ми се избацува да не помислам дека ме сака ми вика,и сеа глупо ми е да идам да се мувам.и самата како што кажа вакви врски не успеваат на оваа возраст.иначе фала за советот
помош.... Епа тогаш знаеш и самата, и правилно размислуваш...Биди ладна и дај му време да видиш како ќе реагира.
помош.... Па ти зашто не му кажа и ти дека не си заљубена. Што ти е гајле он што мисли, и што не те прашал. Да не почне да се понаша како ти да сакаш да се заљуби он у тебе ,и да го врзеш. Ако се мувате, треба да знае дека ти е убаво во тие моменти, и ништо повеќе од тоа. другарка ти нека не му пишува такви коментари, а ти ако видиш таков коментар друг пат не реагирај.. Биди малце поладна кога треба, а пријатна кога треба, да не знае на што е... Да почне да се нервира зашто ти не сакаш нешто повеќе, а не тој да ти кажува како не сака
помош.... иначе ја нишо не му реков за коментарот он сам ми пиша не сум заљубен да не мислиш дека сум у тебе. и му реков ок де едно е свиѓање друго е сакање.
Еххх највеќе мразам да се жалам но изгледа сепак морам, ако можете да ми дадете било каков совет ке сум ви благодарна.Епа вака...Вчера му реков на сега веќе бившиот дека ке одам на одмор со моите и тој се налути бидејќи пред некое време бев на екскурзија со училиштето,а тој тоа не го сакаше.Вчера цел ден значи баш цел ден плачев се дерев на сите како ненормална во фацата бев како бумбар,мајка ми ми бутна во уста апче да се смирам бидејќи бев страшна...се смирив после некое време и со мојата постара сестра излегов бидејќи мислев дека ке умрам ако останам дома,тој го немаше да се јави цел ден јас му вртев тој ми се понашаше цело време.После веќе кога излегов тој ми врти му кажав каде сум и тој сега се лути бидејќи сум излегла со сестра ми таа ме учи против него оваа онаа сум нашла друг. И денес јас му се јавив и тој пак ми зборуваше истото дека сум излегла и дека сака да се помириме ама сака да го молам најочигледно.Многу ми иде на живци незнам како да постапам што да направам дали да му се јавам пак иако е за џабе ве молам за помош бидејќи сум полудела сама се приметувам. И заборавив да кажам дека ме скара со сите другарки, а сега тој се шета надвор со другарите. Го копирав ова од пред некое време за да не повторувам сега имам уште еден проблем и знам дека сум досадна и на мене самата сум си досадна но незнам што да правам. Тогаш кога бевме скарани тој дојде кај мене ме молеше да се помириме цел ден зборуваше дека ке се смени и се и сешто,и сега пред 2 дена тој со неговите другари се договори да одат на одмор во Будва,јас се лутам затоа што мислам дека имам право бидејќи јас ке одам со моите и нема да биде исто како кај него,тој ке излегува и се и сешто ке прави.Многу ме нервира сега кога му се карам за тоа тој ми ги спомнува и екскурзија и одмор со мои.Незнам што да му кажам да се освести дека е кретен многу ме нервира помогнете ми ве моламмм
Раскини му т.е откачи го. Незнам колку год. имаш али да плачеш и да се нервираш за нешто што нема потреба па уште и мајка ти да ти дава апчиња за смирување , што останува за утре. Ти се лути што ќе одиш на одмор со твоите па што да седиш дома заклучена 10 дена додека тој си го лади на море, дебил. Што си излегла со сестра ти, па што да седиш дома и да очајуваш и да го молиш дали може да излезеш на прошетка со сопствена сестра. Што си била на екскурзија па да оставиш школо можеби ќе е среќен или никаде да не прошеташ и да се забулиш по дома Очигледно е неиживеан, глуми лудило, болно љубоморен и НЕ ТЕ заслужува!
Упорно ме прави идиот дека јас сум крива за СЕ.Јас сум се шетала додека тој седел дома сега јас ке сум одела на одмор а тој дома да седи. Незнам зошто го сакам толку, а тој е најголем кретен и секој ден ми ги вади живците
Е ај сама запрашај се каква е оваа врска во која секој ден ти имаш нервози? Убаво ти е така? Јасно е дека не ти е, јас незнам што правиш во врска со дечково? Ова на се личи само на врска не личи, затоа што врската тебе треба да ти носи среќа, а не да се нервираш секој ден. Колку сте мали и двајцата сеуште одите во училиште па уште од сега си забранувате некои работи, не ми се верува. Претпоставувам дека не си полнолетна што уште со твоите одиш по одмори, а тој пак ти забранувал и на екскурзија да идеш. Извини девојче ама ти не си при себе штом дозволуваш уште од сега некој да се иживљава со тебе и да ти забранува работи, па уште и да ти забранува со сопствената сестра да излегуваш. Освести се не дозволувај некој друг да одлучува за тебе. Ако одиш со глава во ѕид и упорна си во врска со дечково тогаш со среќа, нека те малтретира психички и труј си се со апчиња уште како дете. Па ја да сум на место на мајка ти шамари ќе ти удрам, не апчиња да ти давам, ни она незнаеш да те посоветува како што треба апчиња, решение на секој проблем Не се будалете да не направите некоја беља со здравјето. Пубертет е, ќе ти помине, ќе сфатиш дека ова се само глупости, само ако не дозволиш детството да ти го расипе некој ваков идиот. А и ти неможеш да му забрануваш кај да оди и дали да оди на одмор штом ти неможеш да одиш со него. Изнаживејте се уште сега и двајцата додека немате никакви обврски.
Уффф да знаеш како ми е позната ситуацијава. Истото, ама баш истото и јас го имав поминувано со мојот бивши. Би ти препорачала да си свртиш нов лист и ќе видиш после тоа какво олеснување има. Ич да не се замараш, оди си со твоите на одмор, а он нека крши глава. Тие машки што се љубоморни за вакви работи како што се одење на одмор со родители и одење на екскурзија да знаеш дека им е криво што не можам они тоа да го имаат па затоа така се однесуваат.
Иако може да ти биди тешко раскини му,тој нема право да ти го уништува животот и да командува со тебе како што тој сака.Оди на одмор со твоите и изнауживај си,забавувај се колку што можеш повеќе.Претпоставувам си мала чим одиш на одмор со твоите,цел живот е пред тебе за да бидеш среќна во љубовта,а да немаш маки во неа и да не тагуваш. Излегувај со другарки летово,шетај, млада си има време за се ,по некое време кога ќе помине ова ќе е зад тебе,а ти веќе ќе бидиш со некој кој ќе те прави среќна и ќе те заслужува.
имаш два избора првиот.ако многу го сакаш остани со него и секој ден биди изложувана на секакви малтретирања од кои потребно ќе биде и апчиња да пиеш.. вториот.откачи прави се дека не го знаеш мобилниот стави го на нечујно и не му одговарај на повиците кога ќе поминува покрај тебе однесувај се дека е туѓинец ако ти зборува постави му само едно прашање 'се познаваме'? и терај си така и верувај ова ти е подобриот избор.
Како може да си дозволиш некој дечко да ти кажува дали да одиш на ОДМОР со родителите или дали да одиш на екскурзија Многу мразам вакви врски значи. Или речи му да биде маж и да не се занесува за глупости или раскини му... Не си ти 8мо одд да те контролира