со дечко ми одиме година и три месеци... имаме нормални проблеми, се караме, се смируваме... ама се сакаме.... и во главно е е ок. амаааа мислам дека некако се одалечува од мене. се плашам да не му здосадувам веке, да не му е доста од долга врска, да не се гуши?! јас многу го сакам, немаме некои забрани во врската, супер ни е во тој поглед, на пример јас си искачам со другарките, он со другарите и такви работи значи си имаме доверба и се... ама како да сака слобода поголема или не знам. многу ми е некако чуден во некои работи... да не е со мене заради навика веќе, дека сме долго заедно, да не не ме сака како на почетокот!?? цело време се прашувам и мислам... секогаш ќе се решам да збориме да му го кажам сето ова ама се предомислувам во последен момент зашто се плашам да не ме сфати погрешно и да не го изгубам. некои слатки работи што ги правеше многу често како подароци мали, изненадувања.... сега се многу ретки... до пред некое време значи правеше толку романтични работи, постапки, љубовни пораки за добра ноќ... а сега се мнооогу ретки, речиси ги нема.... ми фали тоа и мислам дека нешто има... уфффф премногу го сакам! девојки би сакала да ми го кажете вашето мислење и совет... ииии ако сте имале слична ситуација
Што да правам дајте ми некој совет ? Епа вака девојки сакам да ве прашам за совет што да правам како да постапам ? Има едно момче кое ми беше онака пријател се имавме на едно здраво од порано ми се допаѓаше по малку ама не бевме многу блиски. Пред 4-5 месеци почна да ми пишува на фб станавме многу блиски си пишевме секој ден ама онака другарски понакогаш ми се јавуваше изглегувавме заедно моето и неговото друшто, понекогаш ме гледаше на поинаков начин помислував дека му се допаѓам но следниот момент ме облеваше друга помисла тај ме сака само како блиска другарка. Во никој друг не гледав освен во него никој друг не ме интересираше во него се заљубив тој е навистина посебен но сеуште сме само другари и мислам дека тоа ќе останеме. Неможам да му кажам дека го сакам со тоа можам и тоа што го имаме да го расипам незнам што да правам, кога ќе помислам да одам со друго момче пред мене се појавува повторно неговиот лик и илјада мисли во главата....можебии ќе бидеме заедно..можеби се ќе се смени...ако одам со друг можеби ќе го смени и мисленјето за мене се ќе упропастам...ве молам за некој совет...
Што да правам дајте ми некој совет ? Тој има девојка нешто, ти има кажано дека свиѓа некоја ? најпрво е да му се приближиш како другарка која што секогаш е тука за него, баш е убаво тоа што те смета за блиска, најчесто таквите пријателства излегват до најуспешни врски, што можиш повеќе приближи му се, биди му десна рака за се шо ке посака, направи да не може без тебе ни минута, но се разбира како другарка, бииди тоа што си во најдобро светло, ќе видиш со самото дружење ќе свати тој дека вредиш и ке те засака на инаков начин
го поставив прашањево и во темата: Како да му дадам знак дека ми се допаѓа? ама ај и тука ќе прашам зашто е почитана... ..Вака сега.Ми се свиѓа многу и заљубена сум во него.Имаме излезено неколку пати повеќето он ме поканил да излезем,но секогаш доаѓа со друштво и искрено глупо ми е...сакам да праиме моабет само јас и он,а од друга страна срам ми е да му кажам дојди сам...незнам како да му кажам дека не сакам да доаѓа со друштво а да не изгледа проsирно,не сакам веднаш да свати,сакам он да го направи првиот чекор
Да ама не можи тој да го остави друштвото и да дојди сам , како прво тој не ни знае дека ти го бендисваш него, и затоа не иди сам, бидејќи мисли дека можеби ке ти биди непријатно, некогаш пиши му на фб да одите на кафе дваата и измисли некој си проблем и зборувајте и така ке бидите цел ден сами па ке видиш како реагира тој, дали те бендисува се, тогаш ке си сватиш
Ве молам за совет Пред 3 месеци запознав дечко кој со мене се однесува прекрасно во секој поглед ,имаме сличен карактер и се разбираме со погледи. Но секој ми велеше не е тој за тебе уштен на смаиот почеток тој ми има казано дека порано имал бурен зивот бил во лошо друштво , пушел марихуана и дека има пробано некои видови на дрога само не хероин и кокаин, но незнам што точно. И вели дека последни 6год нема никаков контакт со тоа дека е мн сменет и се тргнал на време од тоа друштво. Но мене ми смета тоа негово минато ве молам за помош дали е точно дека ако пробаш само еднаш од некои видови на дрога не се станува зависен и дали да останам со него тоа му се случувало кога имал 18 год а сега има 25.
Ве молам за совет Не мора да значи дека ако пробал порано, дека уште ги користи. Во младоста сите сме пољубопитни и сакаме да пробаме се. Сега ми изгледа дека е позрел и дека го оставил минатото зад себе. Ми се допаѓа што уште одма бил искрен со тебе и се ти признал, а и тоа што е супер со тебе е од големо значење. Не се замарај премногу што зборуваат другите, но сепак имај го на ум. п.с. И јас имам пробано марихуана, па еве жива и здрава и без зависности пред се.
Здраво девојки ( и момци ) Имам прилично долга врска ( речиси 3 год), имавме караници во нормала како и сите останати парови. но некако го осекам дека се смени, стана љубоморен и сака се да контролира. Од секогаш сме си кажувале кај сме што сме со кој и што правиме, и тоа го сакавме и двајцата, и на двајцата ни одговараше. Но во последно време се однесува како опседнат, му сметаат моите другарки и цело време ми труби дека ме вртат против него иако нема реална причина тоа да го мисли. кога ке го прашам зашто ми го вика тоа ми вика незнам имам такво чувство и не дава конкретна причина. се обидов неколку пати да разговарам и да му објаснам дека ми смета неговото однесување и разговорите секогаш ги завршува со крај на тема толку. почнав да се нервирам
Помош Не слушај кој што зборува, ако тебе ти е убаво со него, ако си почитувана и сакана тогаш нема место за паника. Кога сме биле помлади, поточно во тинејџерските години сите сме правеле глупости, битно е човек кога ке порасни, и созрее каков е, бидејќи има луѓе кои секогаш остануваат деца. Во овој случај не сме ти потребни ние, туку ти треба сама да размислиш што и како да правиш.
Чоек ај вака, пробај на др начин првин не со разоговор... Земи изненади го некако. Купи му нешто што нему би му се свиѓало. Заминете некаде на викендица или било каде надвор од град. направи го повозбуден сексуалниот живот ... земи зготви му нешто или направи му некое спешл кафе отиди му насабајлечки дома со бурек и јогурт чисто онака да го изненадиш... Викни го да гледате филм. Направи нешто романтично. Се надевам ке ти изникнат еден куп идеи од ова ... Ако после се пак е исто тогаш е време за муабетот со отворени карти на маса Поздрав
Еве овој мојот дечко премногу се лути.Ако му зборубаш со повисок тон се лути одма исклучува телефони и се .Како да кажам за глупости тој се налутен е .Што да праваам ?
Дечки има еден проблем што ме мачи, ама не е за мене, туку за сестра ми која превише си ја сакам . Значи, има 25 години и додека била на факултет оделе со типов некаде околу 3 години. Таа ми има кажано дека прекинале зашто тој сакал поголема слобода, повеќе со другари да излегува и слично, а излегувале заедно најчесто. Откога заврши она, пак продолжија да се гледаат и тој дојде само двапати, а таа одеше повеќе пати. После се изгуби тој на некој период и пред некој месец и понуди пријателство, почна да и пиша и еве во последните 2 ипол месеци двапати оди кај него, а тој е од друг град. Последниот пат ја прашав, зошто тој не дојде и таа ми вели па на работа е и во недела. Денес ги меневме картичките на телефоните и некои нејзини пораки останаа во мојот телефони прочитав тој и велел дојди да се плеснеме, да се запотиме малце, дојди кога ќе ти помине менструација, такви глупости . На фејсбук еднаш и прочитав дел од разговор, некогаш не и ни враќал или само со да не, како да не и обраќа внимание. Не ја прашав дали се во врска, дали неговите другари на пример знаат и добив впечаток дека е со неа само заради секс, дека ја искористува. Не сакам да се мешам, нели доволно возрасна е ама по тие пораки што ги видов денес тоа помислив. А има и друго дете, што не е поубав од овој, ама ја засмејува, фин е, и јас го имам запознаено, ми се чини добар а и мислам дека му се допаѓа сестра ми . Што мислите вие?
според причава и ја мислам дека он иде само за секс,и најбоље би било да го откачи и да виде како ке иде со овој другиов,зашо овој па и не е вреден за ништо,а не пак да иде у друг град само за секс
па така ке ја седнеш и ке и кажеш што си видела,сепак ти не и го бутна носот у тел туку пораките останале кај тебе и несакајки си прочитала нели ? и ке и кажеш кое е твоето мислење и дека излага глупава и искористена
Јас мислам дека се работи за тебе, али ако грешам се извинувам Инаку и самата кажа дека сестра ти не е мала, и дека тоа е нејзин живот, ти можеш само да и кажиш твое мислење па дали таа ќе го прифати или не тоа е нејзино, мислам дека не било убаво од твоја страна да читаш туѓи пораки, нема врска што ти е сестра тоа е нејзина приватност... и мислам дека не е убаво тоа. А за другиот дечко ако си сигурна дека ја свиѓа сестра ти напрај нешто, спои ги, почесто спомнувај го пред сестра ти, фали го... Сепак разговарај ти со сестра ти и кажи и што мислиш...
Па сестра ти не е мала да не сфаќа за што се работи и дека типот ја бара само за секс. Штом оди кај него изгледа дека и на неа и годи тоа да се гледаат само за секс, така да нема што ти да и го решаваш животот. Доволно е возрасна за да знае што прави, уживај си ти.
Грешка си, имам пишувано за мене на форумов, не би ми било проблем да го кажам ова ако јас би била во таква ситуација Не е мала и не буричкав во нејзината приватност туку сам загрижена да не испадне глупава и искористувана пошто се гледа дека е заљубена, а на форумот има мислења и од многу постари во слични ситуации па не знаеле што да прават
Можеби се грижиш за нејзе бидејќи ти е сестра, но таа НЕ Е ДЕТЕ Можеби нејзе и одговара да е со него само за секс, можеби се во врска, но сето тоа нема зошто да те засега. Можеш само отворено да разговараш со неа доколку сакаш да и помогнеш (ако може така да се нарече), но очекувај бурна реакција кога ќе и кажеш дека си и ги читала пораките. На 25 годишна девојка најмалку и треба некој да и се меша во животот, макар тоа да е нејзината најдобронамерна сестра. На таа возраст не би дозволила некој да ја искористува само за секс доколку таа не сака.