Сигурно сака да ти прекине ама незнае како, можеби видел дека не функционирате или дека не му одговараш и сега незнае како да ти каже. Сепак сте уште мали и неискусни се случуваат вакви работи, малиот е недоздреан и незнае што да прави.Престани да го бараш мислам дека доволно си била упорна да си ги разјасните работите, а тој не одговарал ништо. Пушти го, посвети се на други работи, нека почне тој тебе да те бара малку, можеби ќе го здоболи кога ќе види дека и тебе те нема. Како ми се тепаат ваквите како тебе Ание што вакви работи трпат во врска од страв да не останат сами Запрашај се бре девојко дали ти си среќна во оваа врска? Дали сакаш тебе вака младоста да ти поминува со некој контрол фрик психопат што ќе ти забранува утре и со твоите родители да се видиш? Дали ти е убаво вака секој ден да ти почнува и завршува со нервози? Дали твојата замисла за иднината е да седиш меѓу 4 ѕида и да не погледнеш низ прозор случајно да не видиш некој на улица па твојов да биде и на тоа љубоморен? Убаво ли ти е што немаш друг живот освен него, што немаш другарки и што неможеш да правиш работи по своја воља? Убаво ти е некој да ја контролира секоја твоја постапка? Убаво ли ти е а? Изгледа ти е штом ги трпиш сите овие ненормални работи, а зошто, зашто го сакаш? Ова не е сакање златна, ова ти е страв да не си останеш сама зашто типов успеал да те изолира од сите. Избери што ќе ти биде потешко, дали да го трпиш ова и да си го уништуваш животот, најубавите години да ти поминат во нервози и забранети работи или потешко ќе ти биде да му раскинеш. Ако се откачиш од типов ќе ти биде тешко да, но тоа ќе помине, а којзнае можеби и типов ќе се опамети (99% од случаите не се опаметиле, станале полоши), а ако си продолжиш вака еден ден кога ќе ти пукне филмот самата нема да можеш да си простиш што си била толку глупава. Не ми се верува дека за ваква работа бараш совет, како немаш грам мозок да размислиш колку си го уништуваш животот. Па надвор има многу момци што би дале се за да имаат нормална врска со тебе, а ти си се закачила за психопатов. Ако ви е бе ако ви е. Ќе си патите. Дали е можно или не незнам, тебе ти е убаво можеби, но замисли како им е на нив. Ова иако се пубертетлиски муабети ако сакаш да се одлучиш за еден од нив, тргни се од сите на страна и сама ќе си процениш кој од нив најмногу ти фали и би сакала да бидеш со него.
Како да постапам овојпат? Здраво девојки,нова сум на форумов-го направив профилов само за да го споделам мојот проблем со вас,да ми дадете некаков совет,ваше мислење... Ако можете да одвоите дел од вашето време да прочитате и да дадете мислење,ќе бидам среќна. Ќе се обидам да ви ја доловам мојата ситуација најдобро што можам,се надевам ќе ме сватите. Во врска сум со еден дечко 9 месеци. Долго време се трудеше за да ме освои,да се согласам да бидам во врска со него (негде околу 1,5-2 години).На крај се согласив,ме освои со многу труд навистина ме освои-се фативме. Но посетојано моравме да се криеме,бидејќи моите се против оваа врска (особено мојот брат,никако не сака јас да бидам во врска со дечково) Брат ми,ми вика дека тој неме заслужува,дека можам да најдам многу подобар,да не бидам со него..незнам ти шо,не ги знам причините,едноставно не е за мене (така ми вели брат ми).али ок,да не забегам од темата,работата е шо тој(дечко ми) сака да имаме односи.2-3 месеци подоцна откако се фативме тој посака односи ,односно ми збореше на темава. после некое време се повеќе ја зачести темава за односи. Јас му велев да помине уште некое време за 1-2 месеци,а кога ќе дојдеше тоа време јас пак одложував,па со тоа доаѓаше до кавги,до расправии,до лутење од негова страна.Еднаш дури ми раскина,се имавме договорено да имаме односи-но јас како и претходните пати не си го одржав зборот,не дозболив ,ми се налути ми вика ти си играш со мене не ме сакаш..ми раскина,по 10-15 минути пак се поврати назад дојде кај мене,пак продолживме,се смиривме.Се договоривме за 2 месеци ке имаме односи,но кога поминаа тие 2 месеци јас повторно несакав,едноставно душа не ми дава послем тоа ( не поради тоа,од други причини) ние раскинавме повторно,и повторно Тој ми раскина! Еден ипол месец не бевме во врска,потоа се видовме,разговаравме.Не се смиривме. Ми пишуваше неколку пати на фб,на мобилен..дали сеуште има шанси за нас двајца. Му реков,мислам дека не. Не се откажа,ја користеше секоја прилика да зборува со мене. Зборуваше за тоа со колку многу љубов ме освоил,колку многу се мачел за да биде со мене ..ми рече дека ме сака ,но дека веќе е изморен од убедување и молење,дека нема сила сам да се бори,сам да вложува во врската..дека неможе само тој да дава и да се труди,дека требало и јас да вложам,дека некогаш требало да ја прегазам мојата гордост(што е огромна) и да се потрудам да го задржам тој што го сакам (пошо му велев дека го сакам).Му викам зарем тоа ти е тебе доказ дека те сакам,ако имаме односи? Ми вика,да тоа ми доказ и убедување дека ме сакаш.На тој начин ќе бидам сигурен дека ме сакаш,дека си моја,само моја.Сакам да го почувствувам тоа,конечно да почувствувам дека си само моја. Ме праша дали го сакам ,му викам да ,ме праша да се смириме,но овојпат заедно да вложиме,и заедно да се бориме,против сите и се.Но ми даде до знаење исто така дека сака односи,но овојпат навистина. Се согласив... Незнам зошто,но во тој миг се согласив му реков ќе имаме.Се смиривме,се тоа но кога онака бевме сами,се мазевме,се поразголивме,таман да го напраиме она,јас се повлеков,му викам не сеа,неможжам сеа,страв ми е ..бла бла како и секогаш!! се подналути ама вика добро ајде,немора веднаш ,ама за некое време ветуваш? му викам добро.И све океј. Требаше да се случи сега овој викенд шо помина,арно ама во петок не успеавме да се видиме,остана за у сабота..И шо се случи?-пред да излезам од дома,ми дојде гостинката (менструација) Искрено,се насмеав,на некој начин се израдував ..знам не е фер од моја страна,али тоа е вистината. Сепак излегов,бевме сами,и му викам да ти кажам јас добив,не може да имаме сеа односи. Тој се изнервира,се налјути.Ми вика е ако де,може и така и јас ваква н ема шанси така!! и он е зашо и почна мазење,да ми се умилкува и кога сакаше ,му викам свати дека несакам коа имам,неможе сега,одкако ми помине. Се налјути,стана си запали цигарче.И си ќутеше. Послем некое време ми вика секогаш е вака,ти мене не ме сакаш.Нон стоп имаш изговори.Му викам јас не сум крива шо е вака сега,ми вика јас сакам и така мене не ми пречи тебе ти пречи. Ми вика зарем ни малку не ти е жал,срам,зашо ми го праиш ова? Послем тоа пред да си идам дома излагаме надвор и тој трга да ис влезе дома му викам сеуште ли ќе се лјутиш,ме гледа и ми вика имам право да се лјутам..и јас вака тажно го гледам и он ме гледа и доаќа и ме гушка ми вика абе јас на тебе неможам да се лјутам,неможамммм.и ме гушка,бакнува ијас секако се израдував и ми вика ама вети ми дека следниот пат го праиме,нема више одлагање.Погледни ме во очи и вети ми. МУ ВЕТИВ!! повторно му ветив.И секако го мислев тоа шо го ветив.Ама променлива сум,незнам зашто...се двоумам.Еднаш сакам другиот миг несакам.. Како сега пак да го одбијам? А несигурна сум дали сакам да го направам тоа..? Сигурна сум дека ако сега го одбијам,ќе раскинеме. Ем несакам да го изгубам,го сакам,ем несакам сеуште да имам односи..Избезумена сум,незнам шо да правам.Ве молам за совет? Сте биле ли во слична ситуација?Што ми сториле да се наоќате на моево место? Јас имам 17 (во октомви ќе полнам 18 години) а тој има 20 (во септември 21) ... И + додека бевме раскинале тој имал односи со друга девојка во градот каде што студира. Ми го призна тоа. Ама само 1 вечер,ми вика ништо повеќе. Како да постапам луќе,за да не се каам подоцнааа!! извинете шо е огромен постов,ама морав негде да се обратам за помош. Икажете ми ги слободно вашие мислења и ставови,без разлика какви се се надевам ќе ми помогнете да дојдам до правилно решение. Поздрав.
Ако ти не се чувствуваш спремна и не сакаш тогаш немој ни да имаш, да требало да биде ќе било до сега, ама тебе нешто те спречува. Од друга страна никој нема да напиња толку ако вистински те сака, ако не сакаш- не сакаш, не може да ти раскинува зашто не се чувствуваш спремна па и да трчка кај друга во меѓувреме, седи бе, мужиштево пукнало без секс ама многу те сака На крај краева нема ни да уживаш штом не сакаш, така да ќе излезе со сила работава
Како да постапам овојпат? Иха, опасник. Па од мене така да не се откажува некој и цели две години да се труди да ме освојува, па сама ќе го бркам после да му дадам бре. Се шалам. Кратко и јасно, не заслужува. Мислим, во ред е, сфаќам јас, девет месеци врска, тој речиси 21 година, периодот му е бе, му се сака. Ама (и тоа огромно и болдирано „ама“), се гледа дека му скурчило тоа трчањето по тебе, па сега бара за возврат да се омрси. И уште едно големо „ама“, дечкицава не те сака па ич. Де молим те, еден месец прекин и одма да го спопика кај што ќе му се пружи шанса. Бљувотини. Јас искрено ќе ти кажам немој. Обично би советувала да си го слушаш срцето, ама штом прашуваш овде, значи не си сигурна и спремна, и штом е таква ситуацијата со фраерот, ко демек сега сака да каже: „А па ти мислиш јас тебе ќе те чекам, кога види, можам која сакам да ја имам.“ И сега очекува дека после тоа, ти нозе ќе кршиш да му дадеш за да го задржиш. Плиткоумност. Е тоа не ти треба. А ова бе „На тој начин ќе почувствувам дека си само моја.“ Ох бре, контрадикторни патетики. Од која шпанска серија му е цитатот? Значи ти и онака си само негова, ама ако не му дадеш - готово, не си. Ама затоа он ич без гајле ќе си најде друга за да го засади кактусот, ко за тебе да е небитно дали тој ќе биде само твој, битно ти да си само негова. Е од такви ми се кења со сто на саат. Јебачина. Доказ му било. Доказ е песна од Цеца, море. Исто ко што тој ти докажал колку му значиш со тоа што одма опашал друга, толку и тебе да ти е гајле да трчаш да му „докажуваш“ нешто што не заслужува. Нему нека му е жал и срам, што ем рипа ко попарена кучка по други, ем после трча по тебе. Нај го мразам она „ама само еднаш беше.“ Па баш затоа само за џабе брука и омраза што ствара. Се гледа дека не сакаш од срце да го направиш тоа, туку поради притисокот. На твое место, би го послушала брат ти. Сигурно дечкото знае нешто, не ти се противи на празно и за да ти наштети.
Мими94 немој да правиш ништо што несакаш. Неможе тебе некој да те тера и да те уценува да правиш нешто што несакаш. Дечково да те сака ќе му биде важно како ти се чувствуваш и ќе проба да те разбере, а не со некои глупави фрази да пробува да те убеди и да те уценува дека ќе ти раскине, па лутења и чуда. Подобро нека ти раскине одколку ти да направиш нешто за кое што не си сигурна и не си спремна. А и мала си сеуште само 17 години имаш, нормално дека не си спремна сеуште за таков голем чекор како што е сексот. Немој да дозволиш да те принуди на тоа. Имај си свое јас и не дозволувај да паднеш на неговите уцени. После се изгледа брат ти имал право, сигурно не ти мисли лошо сопствениот брат.
Тоа си иде само од себе,ако не сакаш има нешто во тебе шо те задржува. Ако те сака ке те сфати и ке си чека,мојот чекаше многу време за тоа,па сеа после толку време пак сме си заедно. И ја не бев спремна, и ја не сакав тогаш. Не значи дека не го сакаш,нема шо да правиш нешо на сила. Нема шо да даваш ветувања кои не знаеш дали ке можеш да ги исполниш,немора да ти каже тогаш и тогаш ќе правиме. Ко ке сакаш кажи му,без разлика колку време ќе мине. Башка и тоа потискањето од негова страна може те тера да си таква по колеблива за тоа. Кажи си, и не давај ветувања. Вети само дека кога ке си спремна ке си кажеш
Се согласувам со погоре напишаните совети, доколку несакаш-немој. Штом тој толку те сака, ќе чека. Нема право да те тера со сила и да ти се заканува со ракинуање. Разговарај со брат ти, прашај го зошто не сака да се гледаш со тоа момче,можеби има нешто што не занеш за него...
Со децко ми бевме во врска 2 масеци тој претходно имал дооолга 9 годисна врска со една девојка и се скарале оти ја фатил кај со го изневерува Скарани се скоро една година ... цувствата спрема неа му беа средени и ко поцнавме тој така каза демек јас не поцнувам врска дури не си ги средам цувствата ... и поцнавме се гледавме две недели и премина во врска ... се бесе преубаво велесе дека сум му се појавила во најубавиот период од животот кога се разоцарал од се дека нем да најде девојка спрема него ... исти сме на карактер тој е предобар и јас сум таква потивка тотално исти во се се согласувавме Се познававме кратко ама изгледасе како да се знаеме цел зивот едвај цекавме да дојди вецер за да се видиме и немозевме да се разделиме ... ептен се поврзавме Имав и јас долга врска од околу 2 години и и јас бев скарана пред една година скоро. Го сакав и него ама никогас не појдов до крај со него (да имаме односи). Со овој да за прв пат во живитит му се предадов целосно а имам 23 години... едноставно му верував знаев дека сум сигурна во него ... цувствата не се глумат според мене. Во зивотот немам сакано толку како него Во саботата се видовме последно .... и тоа беше се Во неделта требасе да го зарбудам за да одиме во охрид на викенд но не ми крена телефон Се отепав од звонење цел ден не ми крена воопшто пораки му пишав да не му се случило несто нека кази си реков барем .... само ми одговори не ми звони некое време сакам да размислам со сакам и дали сум спремен за врска останав буквално ваква планиравме одмор вецерта до 4 часот бевме заедно ... нисто не ми спомна не ми рече ништооо цела вецер го барав и го цекав да се јави неее и нее го нема цовекот Во зивотот потеско не ми било .... незнам сто да мислам то е работата ... несака ни збор да ми зборни мислев бисвата е во прасанје ама не е таа оди со братуцед мој прв замислете колку незгодно ама тоа е си еков да не го бара ама нисто сомнително немасе овие два месеци ... сто да правам совет ве молам
Ние само можеме да ја нагодуваме причината. Побарај го и разговарајте осериозно. Само така ке добиеш одговори на твоите прашања. Доколку неможеш да му се јавиш,остави тој да ти се јави откако ке си ги смири мислите. Поздрав и со среќа.
сто да направам ... да продолзам да го барам/ 2 дена поминаа го нема ни да се јави ни нисто од неделата го цекам .... го немам и јас побарано оттогас утре заминува хрватска на семинар до сабота Да поцекам да размисли до тогас па да видам дали ке изреагира несто ?
Според мене,залудно ќе го бараш кога не крева слушалка.Трпение-спасение,почекај тој да те побара.Коректно би било од твоја страна да го оставиш да ти се јави сам,штом го побарал тоа од тебе.Само едно не ми е јасно-сака да РАЗМИСЛИ ШТО САКА а нели бепе сигурен дека си му дошла во вистински период и дека си одговарате ?!
mimii94-Интересно.Но,колку што сватив од твојов огромен реферат дојдов до заклучок дека дечко ти колку и да те сака тој сепак повеќе од 60% е во врска со тебе само за да има односи. А како дојдов до овој заклучок?Логично. тој кога раскинал со тебе не верувам дека барал утеха со друга девојка.Тој имал односи со друга девојка бидејќи видел дека со тебе малце е потешко да има односи. А мило ми е што не си една од девојките кои со две молења се даваат. Е сега ако дечко ти навистина те сакал до толку,тој ќе те чекал ти да бидеш подготвена па после да имате односи,и ќе те свател ако ти не си сакала.Едноставно,тој повеќе е со тебе во врска за секс отколку за тоа дека навистина те сака.А чим ти не сакаш немораш со него да имаш односи.Ти немораш да бидеш присилена со некого за да имаш односи.Девојко со среќа мислам дека свати што сакав да кажам. tockaa-како бе така? јас незнам што да ти кажам. Пробај пак sвони му друг начин нема прати му порака да ти каже зашто.ние не можеме да погодиме тој е единствениот кој знае што е работата. а ако не ти крева чекај до сабота па тогаш најдете се негде и разговарајте.
Не, не, не. Ова воопшто не е коректно. Зашто таа би постапувала коретктно како што тој сака, што тој не постапи коректно и нека објасни што е работата. Зошто тој коретно не го прави тоа што таа го побарала од него? Не иде тоа планираш одмори и патувања и БУКВАЛНО преку ноќ се премислуваш и требало да размисли, бре. Себично створење. Јас рабирам да грешело нешто девојчето, па ајде сега остави го да му помине, да размисли, да се среди. Што ќе средува сега господинот..воопшто не е коректно да го остави на мира. Јас да сум ќе го барам во лице да ми каже и да ми објасни што му се десило во рок од една ноќ. Ова ако сметам дека ми значи доволно, ако не ќе гледам да го баталам и никогаш веќе да не имам контакт со некој што така сељачки ме изиграл. Трпение? море какво трпение, не заслужува. Прво зашто тој нема почит никаков спрема мене барем да крене една слушалка и да каже 2-3 реченици....тогаш зашто пак јас да ги почитувам неговите хирови и желби и да му идам по газот што ќе му текне на него. Немој да го оставаш да размисли и повторно да му трчаш во прегратка ако те побара. Му е гајле сега како ти е тебе. Ако некого вистински сакаш, немаш срце така да го измачуваш и да не креваш и да го оставаш да страда. За мене ова е завршена работа. Излези си гордо и со крената глава од приказнава
Вака.. со дечко ми одиме година и месец дена. На почетокот се беше супер, али во последно време ми иде глава да треснам од ѕид. Се караме и лутиме за глупости. ако не сум му кажала каде сум ќе се налути, за тоа му враќам и јас. се скаравме и господинот го исклучи мобилниот и јас ко луда го барам кај другари на мобилен или дома кај него. кога јас го исклучам мобилниот тој ништо, и тој ќе го исклучи. додека разговараме, коа ми исклучи, јас упорно го барам, а тој ништо, посче некое време ќе се јави, а сега се деси да не ми ни побаара ни на порака да ми врати. а коа јас ќе му исклу4ам, тој ништо ко да не му е гајле... што мислите, ме сака сеуште? инаку не сме имале односи, ќе чекал коа ќе сум спремна јас.
Коректно е за мене,знаеш зошто?Затоа што АКО НЕКОЈ ТИ КАЖЕ ДА ГО ОСТАВИШ ДА РАЗМИСЛИ ШТО САКА,ПРИТОА ТИ МУ ЅВОНИШ И НЕ ТИ КРЕВА А ДО ВЧЕРА ЅВЕЗДИ ТИ СИМНУВАЛ,ПОСТАПКИТЕ СИ КАЖУВААТ СЕ..КОРЕКТНО ЗА ПОМАЛКУ ДА СЕ ГАЗИ СЕБЕ ОТКАКО ВЕЌЕ СЕ ИЗГАЗИЛА ОТКАКО НЕ И КРЕНАЛ.КОРЕКТНО ЗАТОА ШТО ПОСТАПКИТЕ СИ КАЖУВААТ ДЕКА ИЧ АМА ЕДНО ГОЛЕМО ИЧ НЕ МУ Е ГАЈЛЕ ЗА НЕА ПОВЕЌЕ А ОНА АКО СКАКА И СО ТРАНСПАРЕНТИ НЕКА МУ ОТИДЕ НА ВРАТА,ЗА НЕА ЌЕ БИДЕ ПОНИЖУВАЊЕ,А МИ СЕ ГАДИ ВЕЌЕ КОГА ЌЕ ПРОЧИТАМ ДЕВОЈКИТЕ КАКО СЕ ПОНИЖУВААТ.
Никој од нас не гледа на гравчиња за да ти каже дали те сака. Штом го исклучува телефонот сигурно има причина, не сака да разговара, но доколку ти пречи зборувај со него. Расчисти со него за се меѓу вас, да не избувнувате за секакви глупости и сл. Веќе една година сте заедно, нема зошто да не зборите што ви пречи, што е добро а што не за вашата врска. А мислам дека и не треба да се сомневаш во неговата љубов само затоа што се карате и затоа што тој не сака да разговара во последно време. Во секоја врска се случуваат такви „кризни периоди“.
абе ајде бил со неа за секс човекот е у право,1 год се у врска и она сакам некам ветувам е не се предомислив ,па нормално е шо и бара ...ако не му дае он ке ја вара само за секс со други девојки,ако не сака да биде со него нека му мавне клоца па нека си се секса типов на раат
Ова го направил одма откако имавте секс? Што се случуваше пред да престане да ти се јавува? Ова ми нема никаква смисла. Одеднаш му треба време да размисли дали сака да биде во врска? WTF. Нешто се има случено. Можда засакал некој друга... И колку време веќе вака не ти враќа повици? Прашај го до кога. Дај му краен рок. Нема ваљда да го чекаш засекогаш.
Точка, сте иделе само 2 месеци, не си зимај се при срце, не се ни познавате како што треба и престани да го бараш. Повеќе и би рекла дека си занесена, отколку заљубена, не се вљубува туку-така за 2 месеци. И не можеш да си докрај сигурна дали ништо не осеќа према бившата, 9 години биле заедно, мене не ме чуди и со неа повторно да се видел.
VE MOLAM ZA SOVET Zdravo feminki , jas sum nova na forumot, ama imam eden problem za koj mi treba sovet od vas.... So decko mi sum vo vrska 7 -8 meseci, imam 19 godini , i prviot odnos go imav so nego. Razmisluvame za poseriozna vrska duri i nekolku pati mi ima napomenato deka mn pati mu idelo da me prasa edno mn tesko prasanje ( misli na brak ) i deka e siguren deka saka da bide so mene do kraj, zasekogas... So nego mi e se super .. megutoa tuka se moite , majka mi ne znae deka sum imala odnosi i ne mozam da i kazam sega za sega zosto moite se staromodni i si teraat nekoi nivni mislenja. Jas sum mnogu razlicna od moite roditeli i brat mi, ne zboram za fizicki izgled tuku vo razmisluvanje , nacin na odnesuvanje , znaci apsulutno vo se , jas gi mrazam nivnite stavovi i glupi selski raboti i mislenja i poradi toa sum nekako otfrlena vo semejstvoto ( ne se komunicira so mene , ne se slusaat moite mislenja i se popovrzani so brat mi. (uzasno me nerviraat a ovaa razlika ja voocuvaat mn lugje) Tatko mi ne komunicira so mene kako tatko so kerka tuku stranci vo kukata, se sto go interesira prasuva preku majka mi ( vo vrska so izleguvanja ) , doma sme na cisto oficijalen muabet. Majka mi pak , milion pati i imam kazano deka sme razgovarele so decko mi i deka i dvajcata sakame da bideme zaedno ( edinstveno sto ne sprecuva e fakultetot, toj uci 2 god e a jas sega treba da se zapisuvam) ednostvno sme sigurni vo nasata ljubov , uporno mi vika da si najdam nekoj bogat ( iako roditelite na decko mi se dosta kulturni i materijalno dobro snabdeni i premnogu razlicni od moite mislam na roditelski odnos i jas duri nekogas se sramam od moite, zatoa sto nikogas ne se odnesuvale kako vistinski roditeli , da se zainteresiraat so kogo sum , kako sum , so koj se vrakam vo 2 noke, da go vidat kakov e, sepak se povozrasni i imaat povekje iskustvo ) za da ne sum se macela cel zivot ne znam uste sto. I imam kazano deka so kakov kje si izberam so takov kje si ziveeam i deka ne me interesira dali e bogat ili ne , dali kje se macam vo zivotot ili ne , vazna mi e licnosta sto kje bide pokraj mene i srekata , sakam samo da bidam srekna .... Ve molam daj te mi sovet kako da i dadam do znaenje deka go sakam decko mi i deka ne sakam da mi zborat za drugi ( receno podobri deckovci materijalno ) tuku deka sakam da me ostavat da si go teram zivotot kako sto jas sakam , zatoa sto vekje sum vozrasna i sum sposobna sama da razmisluvam sto sakam i kako sakam ( od 6 godini sum bila nezavisna, moite rabotele i samo na rabota mislat, a jas sum go cuvala brat mi , ogan sum palela na 6 god , sum go nosela vo gradinka i uste mn raboti) i deka oni kako roditeli mozat samo da mi dadat sovet ... druga rabota e sto celo vreme mi zbori deka sum iskacala mn cesto so nego i kasno ( molim ti se kasno do 1-2 saat ) nikogas ne sum si dosla vo 5 sabajle , ednostavno ne mozam da gi razberam zosto imaat takov odnos so mene zatoa sto sekogas sum bila najdobra i ucenicka i opsto kako devojce primerna pametna , nikogas ne sum gi posramila, i samo pofalni zborovi slusat za mene od drugite lugje, sum stanala kako zena na 19 god, i uste ne se zadovolni od mene i se zalat, pa duri pred nekoe vreme so majka mi koga se karav mi rece deka sum bila kurva eee docekav od majka da go slusnam toa mn mi e tesko daj te mi sov t ... sakam da se odelam od niv i nikogas da ne gi vidam [mod-kirilica:2pn9tk9t][/mod-kirilica:2pn9tk9t]