Јас би ти дала совет да дечко ти прво заврши факултет и најде работа а меѓувреме и ти да студираш нешто. А од што мислите утре да живеете ако стапите во брак?? Незнам во кој контекст или ти така си го сватила дека мајка ти те нарекла ,,курва,, али сигурно во нервоза и излетало некој збор за кој се кае, верувам. Не е ни битно, туку најбитно е да пријателски правиш муабет со неа а не веднаш да си вадите очи. Објасни и дека размислуваш со срце и памет а не според мерило кој колку пари има. Кажи и дека ќе си несреќна со друг...... Сега бидејќи си повредена па така размислуваш дека сакаш да се одделиш од нив и никогаш да не ги видиш, а кај ќе одиш?!?! кај дечкото?!?! А кој ќе те издржува бидејќи и тој не работи сеуште студира... Брак е сложена институција која си доаѓа сама по себе, не е само секс туку влече инекои обврски и одговорности. Ако толку сакате на крај краева решите ги некои дилеми и што понатаму пред да се решите на таков чин.
Да бе да, ќе чека и 3 години, и до мажачка ако треба Ако сакала да има убава врска со него, свесна е дека е постар од нејзе и дека ќе и побара, а и оставил и доволно време да се спреми и да биде. Не можеш со месеци да влечкаш некој за нос демек ај срце да да ветувам ќе биде, таман дојде тој ден еее не, се премислив Има среќа што и толку ја чекал и трпел, ако не ја сакал немало да чека, ако му било само за секс ќе си се сексал лево десно и немало око да му трепне за девојчево. Одлучи се драга, или сакаш или не сакаш Не можеш да имаш се, не си ни Анџелина, ни Снежана ни па единствена П.С Нема лјутиш
А да не претеравте малце? Се согласувам и јас дека му се секса на дечково во тие години е, ама не значи тоа дека треба да ја уценува и при првата караница да трча да си го испразни кај друга??? Ако толку многу му треба секс тој нека и раскине и нека си најде некоја што ќе му дава, на ништо не личи ова уценување. Ако девојчето не се осеќа спремно нема што да паѓа на неговите уцени.
Точно така немзам да знам дали сеусте не осека нисто кон неа ... ама на сто лици ова да не сака ни збор да ми зборни преку ноќ - ме избриша за момент од се што си имал во животот одеднас чувствувас дека губич се за момент не те смета за жива ... 2 месеци се да ... ама тие два месеци меа како рај ... одеднаж изгубив е без објаснување
Епа тоа де, ако стварно не сака никој не ја тера на сила нека стави крај и чао пријатно. Полесно и за нејзе полесно и за него. Ама не како претходните пати, сакам не сакам, се скаравме се смиривме, никој не е будала. Знаеме сите дека една врска без секс е ... ај да не кажам никаква. Нека си бара некој на нејзина возраст ако не.
Значи ретко да ми се засвиѓа некој ептен онака.. И се затрескав пред некое време у еден тип , лепотан е стварно и со мене добар муабет праеше кога ке се видевме ама имаше женска...и нешто слушнав дека раскинал.. а и на страна да оставам тоа.. Значи се испукавме со неа нешто она ми викаже не го замарај ова она а цело време се дружиме со цело тоа друштво негово , и секако он..и мене ми се истури она.. и пред некој ден у кафичот кај што стално си идеме на кафиња , он не платил и ме замоли таа што работи да платам за него , он и кажал така да ми каже а после он ке ми дал пари..платив , ми нудеше и не ги земав.. на базен кај што го знам типот што работи таму без да плати го внесов.. Значи тоа најмалку ми е битно, ама слушам муабети у стил како кажал , КоЈ ЈА ЕБЕ НЕ СЕ ЗАМАРАМ СО НЕА.. значи докажано е дека треба да си гадд за да те сакаат.. криво ми е што уште неможам да го заборавам и да не мислам на него а иначе гледам дека не вредело ни да плукнеш на тие такви , слушне ли дека го свиѓаш одма си крева акции..Идиот ://
Епа мила моја нареден пат кога ке го видеш мавни му еден убав игнор па ке видиш како ке се заинтересира и ке се прашува кој е проблемот,ама пред да го сториш тоа убаво распрашај се дали има вистина во тие муабети
Вистина е , затоа што другарки ми се тие што работат во кафичот и пред нив го лупнал тоа..а и сака да си се направи пред другарите фаца дека е....обичен кретен е , џабе му и лепота и све.. колку сакам да не ни помислам на него, ама ке помине ...кога - тогаш
Прашањево го имам веќе поставено во други категории,ќе го напишам уште овде пошто е најчитана категорија Вака:Ми се свиѓа еден ЖЕНКАР веќе подолго време(а и слободно можам да кажам дека почнав да се заљубувам во него) и стварно незнам што да правам.На моменти е срце,супер се однесува,амаа некогаш толку е одвратен и одбивен што ме вади од такт.Стварно не го разбирам.Зошто е таков кога ништо лошо не сум му направила? 95% сум сигурна дека знае дека го свиѓам ама зарем тоа треба да биде причината за таквото негово однесување?Како треба сега да се однесувам со него?Некој ќе ми рече;игнорирај го,прави се недостижна па ќе видиш како ќе трча по тебе.Дали? Според мене,ако така се однесувам он ќе си рече;не ја интересирам веќе,што ќе ми е она,има уште многу што трчаат по мене,нема да се замарам со неа. Збунета сум.Ќе го гледам уште 3 години и познавајќи се себеси,знам дека нема да го отсакам се додека е во моја близина. Зошто вака се понаша? Што да правам понатаму?
еј девојки ајде ве замолам за мислење за мојов проблем- онака најреално што би направиле. вака значи во врска бев од 16 год до пред некое време тоа се три години цели. врската во последно време беше напната, дури и тука ми е срам да кажам дека и ќотек добивав од дечкото ако му ,,префрлев// или не му одам по кејф дури и за најбанални работи, навреди еден куп, од типот леле колку си ниска јас 170цм, имаш влакна не си се издепилирала убаво, ретро си и тн. го сакаВ премн ептен и цел тој идеал што го гледав во него се распадна за кратко време. почнав и јас да се понашам лошо со него, не трпев кога гледав дека ме лажи за се, сумливи разговори на фб со други девојки. му се јавив и со некој си тон неубав му се изназборвав и викав малце и му реков ако сум те женска однесувајсе така ако не кажи, не сакам да си играме уште, ме бараше се помалце и се гледавме само кратко време и демек ајде уморен сум и тој ми вика на тел епа не ми си повеќе женска. и јас како??? и тој така ми вика јас не те трпам повеќе верувајте плачев и го молев некоја празнна имам во мене и ми глуми ладен камен јас ти кажав. и добро за тоа ми треба сила да го пребродам бидејки далеку од тоа дека го сакам исто, сите тие случувања направија се помалце да ми недостига. ова што го чувствувам нз дали е страв или болка??! и сега најлудата работа што почна да ми се случува. има еден што почна од кожа да ме вади тој е муслуман, околу 34-35 години, ептен некои си опасен пријател на братми. бев излезена со братми и дојде тој, прекрасен беше. она што ме привлече е тоа што паѓам на некој тип од кој цел град плаче фимче чисто. и сега деновиве се сретнавме случајно многу културно се однесуваше со мене, такво однесување немам ни од бифшиот добиено. и сега ми е страв зошто нз дали заради што имам некој гнев во мене мошеби привремено и пак ке патам за бившиот , или ова што не смеам да го сонувам ќе ме уништи. ајде по некое мислење од некој кој е поскусен од мене. се извинувам за печатни грешки ноктиве ми се големки
Искрено , ти се чудам како си можела само навреди да трпиш? Па зар во врска треба само да се навредува некој Инаку немој повеќе да бидеш со бившиот и ако уште го сакаш пробувај на секој начин да го заборавиш и отргнеш од тебе.Со него ти немаш никаква иднина.А за овој муслиманот нз , јас искрено не претпочитувам момчиња од друга вера.Според мене барај сосема трет.Немој да одиш ни со муслиманов.Ете тоа е моето мислење.
Значи овај бившиот твој не те сакал , тоа е очигледно бидејки онака се понашал шо не го личи за машко,, па уште си го молела ??!! аман девојче тој те врега па стварно ја претерал, не треба да жалиш за него ич , тој ке сфати колку си вредела но тоа ке биди многу касно а сега е во некој филм влезен тој,а тоа што ти се случува со муслиманот + има 35 години бараш заштита фактички ти дека ти фалеше внимание во врската, некој да се понаша одлично и ОП ете го дечково муслиман(немам ништо против нив) и затоа тие така, немој да дозволиш да премине во нешто повеќе, бидејки не го сакаш ти тој муслиманот дека си повредена и ке си помислуваш дека госакас дека несто ти значи но тоа не етака тоа е само заради тоа што си се скараласо дечко ти, мој совет понастрана од двата )
И јас сум у иста ситуација, час се понаша добро и ме гледа така , час се глупира..и сите ми викаат дека не е за мене, ама ете никако у глава да си го ставам тоа ..и да престанам да се замарам.. Единствено во себе доживувај си го тоа, а него игнор ударај му некое време..и ке видиш уствари резултати..без разлика што е женкар ако му е до тоа да биде со тебе и да има нешто ич да не дојде , ке покаже знаци...и тогаш ке е моментот..секое машко се пали на тоа ако си ладна со него , да се измачи додека да те добие...и сама знаеш дека се што посакуваш да го добиеш подолго време повеќе и се сака.. Верувај дека те сфаќам потполно, и мене ми е така..ама барем пред него покажувај малце дека ти е сеедно...па ке видиш ке правиме пак муабет.. Јас за мене само неможам да си помогнам ...
баш таквите женкарите си мислат дека сите можаат да ги имат, тој знае декаго бендисваш зато така се понаша за да си ја дигга цената, а советот да не му маваш рецка е доста добар кај овие женкарите оти ке речат ејј оти ма та не ме бендисваа со е проблемот ова она и сам ке напрај дасе заинтересирас за него т.е. и тој за тебе, ке те улови
незнаеш колку ме мрзи да мрдам моментално ама читам што си пишала победив и мрза и се и морам да ти пишам... ако видиш у инфо имам 16 години (видов ти 20) ама полесно ќе ми биде ако ти пишам. и јас имам чуства, женско сум и се пронајдов во твојава приказна. и јас пред 2 ипол години запознав еден тип, обичен момак убав, фин и сето тоа.. се случи пресврт јас го повредив без да знам и признавам беше што беше кратко мување, почнавме средно он прерасна во вистински дечко , преубав порасна ама девојчиња по него трчаат што да ти кажам и крена акции одма.. јас поминуваа денови, месеци и знаев дека бев ''затрескана'', го мислев секој ден иако го гледав многу ретко, и ме мачеше истото прашање што ако бидам ладна, зарем он ќе се замара да ме освои мене а пред нос 10 други дури се деси 2 пати случајно да се видиме во дискотека и јас тука стопена, фап ќе поигра со мене ту ќе ме баци и мене надеж пуста, мојот совет е да продолжиш има многу други кои што заслужуваат барем малку внимание а ние не ги забележуваме затоа што сме слепи, треба да се даде шанса, јас си реков дека сигурно нема најубавите години да ги ''потрошам'' на некој што не ме забележува, оладив , секогаш кочев мисли, не го спомнував, почнав и поинтензивно да излегувам ,избистрив мозок, на кафе со еден, муабетчиња, искачања, никакви статуси ни песни по фб, и ме забележа дека веќе не е тоа што беше е сега искрено знаете што прави? ме убедува дека имаме нерасчистени работи, и дека ме сака , хм?
Немам 20 години,онака ми е пишано во инфо...16 имам и јас(исто и он) Иначе фала на советот,ќе се потрудам да го игнорирам иако знам дека нема да ми успее али ај...Имам пробувано неколку пати ама џабе,колку и да пробувам да засвиѓам некој друг пак кај него се враќам.Незнам дали ќе биде попаметно да му покажам некои знаци дека ми се свиѓа или да го игнорирам
со дечко ми сме во различни држави,значи оделени сме две недели и тоа ќе потрае уште еден месец. проблемот е во тоа што тој почна мн ретко да се вклучува на скајп,вели дека има работа. и кога ќе се вклучи зборуваме кратко време,ретко кога има повеќе време за мене.само еднаш ми кажа дека му фалам за разлика од минатото лето кога нон стоп ми викаше дека едвај чека да се вратам да ме бакне,гушне,по цел ден седевме на скајп.ме прашуваше што сакам да правиме кога ќе се вратам и такви работи. сега нема ништо од тоа. се прашувам во што е проблемот??а во врска сме година ипол. дали можеби чуствата му оладиле?дали сме заедно само од навика? помогнете ми,како да го вратам сето тоа од порано како што беше..
Незнам веќе што да правам. Не е толку проблемот во него, колку што е до мене, т.е до моите. Дечково е прекрасен, емотивен, добар, срце е.. секако има и свои мани, ама нема да го тупам сега со тоа. Сме имале проблеми, иако јас повеќе сум комплицирала и завчера се испокаравме, ми рече да му се јавам кога ќе почнам да разговарам како човек, а не да се однесувам како дете. Мене во нервозата не ми беше гајле искрено, се осетив слободно, ама после сватив дека ми значи и не ми е сеедно без него. Ама кога и да се смирам со него, пак е исто. Пак има проблеми. Најмногу заради моите. Он е две години поголем од мене, и на пример сака да излеземе во 11, 12 што моите нема шанси да ме пуштат. Пробав да му објаснам, индиректно му кажав, ме сослуша, ми рече јас како можам да помогнам, пробај преку брат ти да те извади некако, сепак мајка ти мора некој ден да те пушти.. И океј, после два-три дена пак истото. Вчера, бев во град со другарка и тој и се јави, комшии се и онака контактираат и ја викна да излезат. Не сум љубоморна, ама секако не ми е сеедно иако немаше баш двајца сами да излезат, таа му рече дека е со мене да дојдам и јас и он рече аа,не.. И добро, се согласи на крај, и нешто се каравме ама повеќе на зезанција, искрено можев да седам со него и да средам работи. АМА! Ми заѕвоне мајка ми, кај си што си, ајде ако си во населба одма да се вратиш, татко ми исто се приклучи.. Едноставно, неможам да почнам со некој нешто посериозно заради нив! Неможам веќе вака, а ми значи многу, и незнам сега дали да се смирам зашто пак ќе биде истото. И на пример, имам и јас другарки, немам со кого попрво да се видам, а кога сум низ населба покасно од 11 неможам да се вратам, евентуално во град кога сум останувам до 11 ипол, 12, ама не излегуваме на исти места. Мака ми е што другарка ми вчера останала до 2 часот во населба, а јас не. И повеќето расправии ни се зашто не излегувам со него, ама ете ќе испадне да се договорам со другарка, околу 8, ќе седам со неа до околу 11, и овој ми вика е ако де после ќе се видиме. Е ајде,што да правам веќе, ќе полудам.