И дечко ми беше така во странство на работа. Не си се надевај многу... тој таму спиеше со која ќе стигне, а ја го чекав да се врати, не велам дека не беше мој кога се врати ама не беше тоа тоа. Нема веќе време за тебе и нема да се труди на мсн или скајп да седи... немој да му даваш причина да се карате... НИКАКО не почнувај да му зборуваш за тоа како не се уклучува на скајп и такви работи зошто врската лесно ќе ти пропадне. Не можеш ништо да вратиш не можеме да те лажеме, ќе се врати дечко ти и само тогаш може да осетиш дали навистина те сака. Не преку скајп или не знам што. Не губи надеж и никако кавги за глупости
Тука за мојов проблем пишував повеќе пати...Вака стојат моментално работите -Дечко ми со кој идевме цели 7 години не сака да знае за мене , не ме бара едноставно се ко да изумрело помеѓу нас за само еден ден.Другиов , со кој се гледав и сонував да бидеме засекогаш заедно и покрај се, и покрај неговиот статус, и 20 год. разлика...не ме напушта.Нон стоп ми се јавува, има трпение со мене ...Ми фали.Но се наоѓам во една конфузија, денеска останав сама на работа 2 часа, и посегнав по себе! Ги гребев рацете со клучевите, плачев плачев... Пред очи ми беа - 7 години, проклетиот манијак ( мачо) кој ми го претвори животот во пекол за само една вечер , луѓето кои почнаа со озборување, сеирџиите...Ќе препукнев.Цел ден плачам. Размислувам...дали ми е потребна помош од психолог ? Дали да посетувам сеанси ? Можеби ќе треба и терапија ... Сакам...да му кажам на овој постариот да ме остави некое време да се средам психички , да се опоравам да си дојде се на свое место да знам и јас што сакам ! Ама ми е многу непријатно! Си ветивме еден на друг дека нема да се напуштиме и дека се заедно ќе пребродиме.Ама не било баш така ! Мене ми е потребно време...да отсамувам, да не гледам и не слушам никој ....па оној што ми е суден можеби еден ден и ќе дојде.Како да постапам, што да му кажам како да му кажам...а да не го повредам ?
Епа кажи му дека си многу збунета, дека си излегла од долга врска и дека сакаш да си ја средиш главата, дека ако малце му значиш ќе те свати и ќе те поддржи, и јас би ти рекла да одиш на сеанси, се гледа дека многу тешко ти паднало, и нормално е тоа но немој да посегнуваш по својот живот, тој што си заминал од него, очигледно не требало да биде таму, не го барај повеќе ќе се повредиш, ти си најбитна на прво место секогаш да се ставаш, секогаш гледај оптимистички на работите, но никогаш да не си помислила да си го одземеш сопствениот живот за некој што незнаел да те цени, не вреди. Еден ден ќе дојде кај тебе човекот со кој треба да си, дај си шанса да си среќна, од тебе се зависи дали ќе ја избереш среќата или да патиш. Личноста што е за тебе негде те чека, пронајдија!!!
И јас бев во слична ситуација,не беше мојата претходна врска долга колку твојата,беше една годишна,но и јас поо раскинувањето не бев при себе,а покрај мене имав прекрасен човек кој што ме ценеше и сакаше.Јас не знаев што да правам и како се чувствувам,токму како и тебе сакав да бидам сама одреден период,ми требаше време,па му кажав него најискрено што мислам и дека не сум сигурна дека ние двајца можеме да имам иднина бидејќи едноставно ја имав изгубено вербата дека ќе засакам некого пак и ќе можам да бидам среќна.Тој ме разбра,ме чекаше 3,4 месеци да се средам и еве не 5 години подоцна сме заедно и ни е супер.Знначи мој совет ти е да му кажиш најискрено како се чувствуваш,па ако вистински те сака,те поддржува и сака да биде со тебе ќе те разбере и ќе преминете преку ова.Ако мислиш дека ти треба помош од психолог,оди,тоа не е ништо страшно ил страмно,можеби ќе ти биди и полесно.Се надевам ти помогнав некако
ицкреносе извинувам шо напињам али бо сабота теба да се мувам и кажете ми следново: 1.како да се облечам 2.дали споед клипов кје биде ок вака да практикувам мување пошо не сум мн искусна http://www.youtube.com/watch?v=LDCDiignBRo 3. ако сакате некој совет шо со некој сте утнале за да не утнам...
јас сама од себе направив будала пред него, и вака кога ќе размислам и не сум згрешила толку многу, затоа што конечно заклучив дека е редно време да се продолжи,муабетот беше му пишав еднаш два пати, му дадов до знаење дека сакам да излеземе, дека сум заинтересирана, тој беше ладен дури и не бев доискажана ми вика морам да се гасам, еднаш знам дека ме виде се напраи на тошо. и после тој ми кажа како гром од ведро небо дека му е криво и дека сака да излеземе. и јас прифатив, од тогаш се немаме видено. знам дека сме луѓе дека имаме чуства и неможам јас да си кажам не го мисли или не чувствувај ништо за него, едноставно треба да погледнеш пред себе, да излезеш и конечно да сфатиш дека вредиш многу, конечно да се почуствуваш дека некој ја знае твојата ''цена''. имаш другарка/и, ако не е некој поширок круг излези на кафе со некој што одамна не си го видела, размисли за различни прошетки без негово спомнување, поправи си ги емоциите THINK POSITIVE!!!
девојче не се нервирај се ке си дојде на свое место во свое време ,така и јас со дечко се скаравме и на крајот дојде до разделба,бевме разделени месец ипол и јас така му звонев ми кревасе слусалка ама како да не му бев вазна..бевме разделени се до моментот кога свати сто изгубил,колку вредно несто е дури тогас почна да ме бара.....така и ти биди храбра,јака пред се мисли на себе ти си највазна се ке си дојде во свое време ако е било судено да биде твој ке се врати...биди поздравена и писи ни сто како...
Јас имав дечко 2 години и некако мегу нас стана се тапа а премногу се сакаме сексот олади ми стана толку лош и досаден што ми се плачеше после однос и онка си го сакам премногу најмногу а коа ке помислам на ствбарите што биле лоши се одвракам од тоа да му се вратам во мегувреме почнав да се гледам со друг шо премногу ме засака ама некако интересен ми е поинтересно ми е со него и се тоа супер ама е женкар не му верувам неможам да се врзам за него цело време мислам на бившиов...
Пробувам ама не ми оди си го сакам стариот премногу и он мене дури ми рече ќе те чекам пошо знам дека ќе се вратиш и сериозно дечкото е срце посакана у живот не сум се чуствувала и поради тоа и го сакам и стварно имавме некоја посебна поврзаност што уште ја имаме не знам како ни здосади наеднаш се оддалечивме безвезе и стварно сакам да си го средам тоа со стариот и да почнам од поново на поинаков начин тешко ми е да згазам се што имавме бидејки некои работи здосадиле и не сме знаеле како да ги опраиме а новиов, денес ко божем му било лошо ме врати порано дома и после си отишол кај бившата на кафе, знам дека непраи нишо со неа и дека никад не ја ни сакал ја варал и мн лошо се понашал со неа ама ипак ме накурчи тоа е.И се вадеше као демек не било така вака било онака било ама мн сум дебилка за вакви ствари мразма да ме праи будала пошо неможе мене да ме напраи будала ко шо ги праел другите и ќе го мачам пошо мрази шо му се спротиставувам и неможе да ме манипулира на почетокот мислев дека ќе ме одјебе ради тоа ама не дига раце од мене хахахахаа Имам 21 година и искрено сакам да го одберам оној најсигурниот од нив двајца а неможам да се одлучам моментално нит сакам да му се вратам на бившиот ми треба издувен период нит сакам сериозно нешто со новиов тип, ама на новиов иди докажи му ме напна за таа ебана врска што нејкам да слушам за неа и колку поише ме напиња толку поише инает ме фака и ми станува одбивен, го мрази бившиов мој и се поврзано со него а он може да си оди кај бившата у стан до 1 и 30 на кафе епа мало морген се вади на тоа дека он према неа немал чуства ја према бившиот сум имала
и јас си имам едно проблемче, па се надевав дека вие ќе можете да ми дадете некој совет, поискусни сте.. вака: се гледам со еден дечко веќе 3 месеци, и само мување.. и сеа тој е од оние ФАЦИ.. и сакаше да остане у тајност, така да само моите и неговите блиски пријатели знаат за нас.. и сега последниот пат кога се видовме тој сакаше нешто повеќе ми рече не барам секс, али не сме веќе деца па само да се лапаме.. он има 20, ја 16.. и го сваќам, нормално е тоа.. али, некако нз.. мислам дека со мене е само поради секс!! и му го имам кажано тоа, дека ако се гледа со мене поради тоа, подобро да ми каже за да не губиме време ни двајцата! он ме уверува дека не му е за секс, али јас не му верувам, кажете ми што да правам, а преубаво ми е со него..
Види да не ти кршам филм ама јас со новиов дечко шо се гледам го држам у тајност бидејки не ми е ништо сериозно и ми е издувна фаза...млада си најди си нешо поискрено и не го сфакај толку сериозно сепак дечкото ти е постар и може лесно да те манипулира не верувај мн мн не на тие години коа ке созрееш и ќе си оформиш цврст стаф тогаш ќе можеш да ги проценуваш луѓето
Извини за искреноста,ама разликата во години меѓу вас моментално е преголема. Можеби кога ти ќе имаш 20 тој 24 односот меѓу вас ќе се изедначи. Вака или тој останал на размислувања на некој многу млад од 16 години или го интересира твоето тело. (затоа што девојка на 16 години ,во денешно време изгледа исто развиено како таа на 20). Не верувам дека имате исти размислувања и погледи на светот. Криете затоа што тој не го смета ова за сериозно. На 16 години треба да те воспитуваат твоите дома,а не дечкото. Не вложувај се во него,затоа што после неостварена ќе луташ во животот. Најдобронамерен совет.
Еден од најдосадни машки изговори, а ти такво наивно па си паднало у негова замка ... Типов Е со тебе ради секс мало немој да сумњаш дека не е ... Доволно е јасно . Сеа на тебе останува што ке одлучиш. Али израчунај си првин колку се 2+2 и каков резултат ке имаш на крај. Што добиваш , Што губиш со се тоа А у случајов ми изглеа дека ке изгубиш секс со типов, а у спротивно ке добиеш слобода за да си најдеш некој кој ке те цени и ке САКА да биде со тебе само зашто си тоа што си и таа што си, а не за некое минливо задоволство ... you know what I mean ?
Нела ја знајш поговорката што си дробел тоа ќе си сркаш,според мене ти незнаеш што сакаш интересен ти е новиот ама неможеш да го заборавиш бившиот,мислам дека треба да си дадеш малку време на самата себе и да се одлучиш се разбира дека после 2годишна врска има период кога станува монотоно но тоа не е причина да му се скараш на некој постојат многу други фактори во врската покрај сексот кај секоја подолга врска е така,но можеш и да одиш понатаму без да се свртиш назад да пробаш со новиот но со женкар колку ќе стигнеш до врска незнам на тебе останува
девојки хелп Значи вака заљубена сум во едно момче, на почетокот мислев дека му се свиѓам,но подецна тој почна високо да лета бидејки повекето девојки од нашето училиште трчаа по него, тој си фати девојка и кога и да поминам со другарки покрај нив тој секогаш ја бакнува или ја гушка а гледа во мене. Секој ден се повеке и повеке се заљубувам во него свесна сум дека има девојка и пак го сакам, сакам да го заборавам но не оди, ве молам дајте совет или како да го освојам или да го заборавам не оди вака. П.С знае дека го сакам
^ Штом е свесен дека ти се допаѓа, нема да го фатиш така. Пробај со обратна тактика. Нека го изгуби тоа што мисли дека го има. Почни да не го приметуваш(не како да си му лута, биди си ти мила и фина) само биди зафатена со себе и својот живот. Најди си друштво,излегувај,смеј се. Уживај. Нека ти биде најубаво сама со себе, па тоа ќе се рефлектира и врз твојата самодоверба. Направи да се почувствува дека те изгубил и дека тоа нешто е вредно. Кога ќе почне да те бара,биди горда. Нека се помачи и не почнувај никако ништо со него додека има девојка. Цени се себе ,ќе те цени и тој. (и околината) Ако,ова не успее,тогаш заборави го. Не ти треба некој чие внимание не може да е потполно насочено кон тебе. Со среќа,па пиши како се одвиваат работите.
значи вака,искачам со еден дечко само неколку дена и после 3-4 то се смувавме и сеа цело време си пишуваме срце ова она ми фалиш,што мислитее како да го натерам да ме засвиѓа и за врска да ме праша сакам сериозно а он е е мн за сериозно спомна за некоја др девојка
Здрави на сите.Нова сум а подолго време ве читам, сега посакав тука да си ја испразнам душата за да ми дадете некое ваше мислење, бидејќи тешко ми е да се одлучам. Имам 20 години, веќе 3 години сум со дечко ми во врска неможам да кажам дека некогаш ни е било се во ред, секоја недела се каравме поради нешто, а се тоа беше како резултат на љубомора, сега откако ни прекратија тие наши кавги тој стана уште поладен кон мене, 1 недела постојано излегува со друштво од 6 до навечер до 12 постојано со нив, еден ден не остава за мене некогаш ќе ме викне со нив и постојано е преукупиран во муабетот со нив јас сум како фигура до него, а јас поради него се изгубив и друштво и се. Сите знаат за нас моите се противеа за нас едвај ги убедив а сега кога тие се сложија за нашата врска како да кажам крај? порано постојано ме носеше кај него дома со неговите, а сега дали во месец еднаш, многу ми е тешко не сакам повеќе да продолжам на овој начин а неможам и да кажам крај. Разговаравме синоќа по телефон и му кажав дека не оди вака, а тој на мене ми вика одлучи ти дали со мене или без мене, ако сум јас толку лош. Премногу ми е тешко се чувствувам како затворена во безизлезност. Тој ми е прв дечко со него имав се бидејќи му верував како утре да бидам со друг? Дали тој ќе ме прифати мене, дали ќе се навикнам јас на друг... Од друга страна и не сакам да го изгубам превише го сакам но ме боли тоа што вака ми прави. Извинете за должината но мслев дека ќе ми олесни ако си ги споделам тука маките.
Ти спомнал друга девојка? Во смисла дека е заљубен во неа? Ок, како и да е дечкото јасно ти дал до знаење дека не сака ништо сериозно со тебе. Продолжи да пишуваш со него, биди своја, заведувај го. Пробај на индиректен начин да му дадеш до знаење дека сакаш нешто повеќе од обично мување. Само не очекувај премногу за дане бидеш повредена на крајот.