Последните неколку дена а можеби и недела-две имав некакво чувство некаква интуиција дека не е се како што треба, но тоа го занемарував го игнорирав цело време си велев не е тој таков да изневерува, не би ми се случило тоа на мене. Има два профили едниот го користи само тој а другиот е општ и го користат уште неколку некоги другари. Јас ги имав само пасс. на неговиот фб. но не и на другиот , но имав чувство дека нешто мати со тој профил, мили ми е што не го игнорирав и тоа чувство и го хакнаф профилот. Таму видов разговор со една како се договараат да се видат, на друга и кажува дека му се допага. Пораките беа шок за мене, веднаш му се јавив и му кажав дека знам за неговите разговори со таа девојка што се договараат да се видат, а тој ми вели дека дека нема поима што зборувам дека измислувам , дека претерувам и дека ке зборуваме кога ке си дојде, бидејки беше во друг град поради работата... Веднаш и се јавив на другарките и и кажав дека нема да одам на вечера со нив, но неможев да бидам воздржана и почнав да плачам, излегов со нив и им раскажав за се што дознав, а тие ми кажаа дека тој веке некое време ме изневерувал тие знаеле за тоа но неможеле и незнаеле како да ми кажат за тоа. Бидејки одевме веке 1 година и 1 месец и мошне често бевме заедно ,а јас му многу верував.тоа за мене беше како гром од ведро небо...цела вечер бев со другарките ме тешеа, очекував да ми се јави кога ке си дојде за да зборуваме, но не се јави. Јас си отидов дома во 1 ипол, и тој некаде во 2 часот ми звони и ми вели да зборуваме да се укл. на фб. се укл. му кажав по нешто од тоа но му реков дека повеке на фб нема потреба да зборуваме не е тоа разговор за на фб туку разговор во лице, му кажав да се видиме дента а тој почна да се вади дека незнае имал обврски, требало да оди кај дедо му со татко м. Сватив дека сака да го избегне разговорот, му го кажав тоа и му реков дека кога ке сака да разговараме нека каже. Јас сеуште не сум му рекла дека е крај на врската сеуште не сум сменила статус на фб сеуште сме во врска ставени... но чекам првен да разговараме се да му кажам во лице дека знам за тие 2 разговори, дека дознав оти ме има изневерено со уште неколку а со една или две од тие имал и односи. што мислите за овоа првен да разговарам со него, а потоа да сменам статус да ги избришам сите слики. Дури и размислувам да му ги вратам сите подароци. Кажете ми ваше мислење за овоа како би вие постапиле.Но толку многу го сакам што и покрај се што знам несакам да бидам таа шт ке рече крај, сакам тој сега кога ке се видеме да го каже тоа... а секако нема шанси да бидам со него ако не рече тој ке речам јас Овоа ми е прва личност која сум ја сакала, прва врска која траеше 1 година и 1 месец. доколку имате некој совет да ми дадете за како побрзо да го пребродам обаа. како да се однесувам спрема него кажете ми ... Се надевам дека вашите совети и мислења многу ке ми помогнат
Луѓе ве молам за совет.. ногу засакав еден дечко, ама ич не ми дава душа да му признаам не знам зошто. Немав со него озбилна врска туку беше како договорено затоа шо ми беше некој потребен а и него во тој момент и си бевме еден на друг како утеха ама го свиѓав јас него и тој мене тоа се подразбура .. јас и он и пред ова си се дружевме стварно многу е добар дечкото ама не ми изгледа заинтересиран за нешто поозбилно а јас сакам да биде нешто поозбилно оти го засакав ама ич не можам да соберам храброст да му признаам. Што да правам? може ако му признаам ке ми биде полесно на душичката. Сега не се гледаме пошто не сме од ист град па и тоа во една рака ме спречува да му кажам оти не знам дали можам на далечина да имам врска(ако дојде до тоа). Ве молам за совет! многу сум збунета и неодлучна во врска со ова.
Јас не би барала објаснување. Веќе се е кажано. Не била ниту една, туку повеќе. Би си сменила пасворд/статус на врска без разговор, избришала се негово, би ги фрлила сите работи кои ме потсеќаат на него. И никогаш повеќе не би одоговорила на негов позив. Кај што крив, таму ни нема време. Се има граници. Ќе те моли може после некое време, ама никогаш не би кренала на некој ваков. Не е ова мала лага, или да речеме ај се случило еднаш па ќе праиме муабет. Иако јас лично ни тоа не би простила. Тој константно те изневерувал т.е. правел будала од тебе. Сурова вистина. Боли. Ама ќе помине. Мораш да бидеш јака.
Мимитка мој совет тие да се отргнеш од дечкото.,Според тоа што го кажа дечкото сака само да се мувате или онака да се гледате,нели ти спомнал друга девојка значи таа е таа причина зошто тој не сака врска со тебе.Подобро да се отргнеш сега отколку подоцна кога ќе ти се јават посилни чувства верувај тогаш ќе ти биде потешко .Си требало порано да му кажеш дека ти сакаш нормална врска а не мување. Лале ти веќе си дознала дека дечко ти те изневерил ете и другарките твои тоа го знаеле но си премолчиле за да не те повредат и да не излезат виновни дека ти љубоморат и измислуваат .Фала Богу дечко ти ќе негира кога може да има девојка а може да има и други мувачици .Твое е да одлучиш дали ќе му го простиш неверството или ќе му раскинеш.Тоа што го одбегнува разговорот е само начин да смисли некој изговор и да се оправда или се надева ќе ти помине лутината и ќе заборавиш.
ова ми се случи вчера и искрено незнам како ќе издржам... со бившиот сме официјално скарани скоро една година, но контактиравме и се гледавме уште една година... тоа прави да сме заедно 2 години... последниве 6 месеци беше бродолом... јас никако не му верував него затоа што гледав многу работи кои ми беа сомнителни а и исто он не ми верува мене... а пробувавме да ја повратиме довербата и да бидеме пак заедно... ЗАМИСЛЕТЕ ЕДНА ГОДИНА... последните 6 месеци он беше толку многу изладен, гледав како шета по други градови, слики со девојчиња, коментари...а ми викаше колку многу ме сака и како се трудел да бидеме заедно ама не можел поради проблемите од минатото не можел да ми верува, а ни јас него... и некогаш го немаше со денови, некогаш пак ќе ми ѕвонеше постојано ќе ме контролираше каде одам со кого одам, ме убедуваше дека ме сака и дека се труди но јас не чувствував така... и последното нешто од типот фати и ми го хакна профилот на фејсбук... и ги читал сите разговори мои со моите другарки, со некои што ми се пуштаа на фејсбук и имаше доста работи што не му ги кажував и несакав да ги знае затоа што сметав дека не заслужува... и он си ги прочитал и ми се јавуваше ми се закануваше, ме вреѓаше и се осеќам најмизерно.... знам дека имаше шо да види, ама сепак он не ми даваше некоја надеж дека можеме пак да бидеме заедно, не беше постојан и поради тоа што мислев дека и он го прави истото и јас си дозволив да се опуштам да се запознаам со некого и да си пишувам на фб... и сега несака да ме види, и колку и да изгледа лошо од моја страна, јас сепак 2 години бев со него, ниедно машко не ме заинтересирало за да испаднам иако не бевме јас и он во врска... и толку е инат и упорен шо неможам да му се приближам да му објаснам, се држи само на тоа шо го прочитал....
Ве читам долго време, а сега решив и да ви се придружам. Имам проблем во врската и незнам каде да барам мислење. Две години сме во врска и се беше добро, се додека не почнавме да се караме многу за пари, неможе да најде работа, а сме од различни градови, па со тоа и поретко се гледаме. Дома се кара со неговите родители и кога и да отидам кај него, тој да се тргне на страна и 5 минути мајка му го напаѓа и ми се жали од него. Постојано си префрлаат, а јас сум во оган. Пред неколку дена бевме на прагот да раскинеме зошто неможам повеќе, премногу работи направив за него и цело време го туркам низ животот, а тој едвај заврши и факултет, за кој јас бев заслужна (му фаќав врски и глупача му ја пишував дипломската со ноќи). Не дај боже да помислам да се омажам за него и да влезам во тоа лудо семејство. Единствено што ме спречува да ја прекинам оваа врска е љубовта која ја чувствувам за него. Едноставно премногу го сакам и тој ме сака. Вчера расчистивме некој работи и се беше океј, денес на телефон беше чуден, ми вели дека му е тешко, дека не ни одела работава....Неможам и незнам што да сторам. Многу го сакам како да му раскинам????????
со вакви слични проблеми се сочуваат скоро сите парови... некои порано, некои подоцна во брак... расчисти си убаво колкава е твојата љубов кон овој дечко, дали си спремна да ги поднесеш и неговите маани и да се соочиш со нив затоа што ако решиш да бидеш со него целиот твој живот ќе мораш да го туркаш напред и да правиш уште работи за него.. на крај краишта и тоа е љубовта. не е само смеи и шали и шетање за рака.. туку и поддршка и бодрење и заедно минење низ проблемите... ако си спремна да го поднесеш тоа, ако твојата љубов е толку голема, тогаш вреди да се бориш ... ако мислиш дека неможеш да го поднесеш тоа "лудо" семејство, а не е баш мал проблем, тогаш расчисти си додека е со време...
ќе бидам кратка и јасна, ако он навистина сакал да биде со тебе немало да бидете раскинати една година, он да шврља на страна па сеа да ти хакнува профил и заради флертови (кои се поради тоа што ти си сингл) он не сака да те види. епа девојче типот не те сака, батали го најди си некој со ќе трча по тебе и сите твои маани и испади ќе ги смета за слатки и нема да ги приметува.
Ти бладогарам lollli на советот, ми требаше едно вакво бодрење, веројатно со тек на време кога ќе ги средам мислите ќе увидам колку ми значи (сега сум нервозна и можеби затоа ме нервира се што ќе каже или стори), зошто сепак и тој има многу работи сторено за мене и треба да му помагам сега кога му е најтешко. Што се однесува до тебе, сега го прочитав и твојот проблем и се согласувам со unique-s тој ако те сакал немал да се однесува така, а ти го заслужаш најдоброто како и секоја девојка. Сепак, доколку ви е судено, верувам дека еден ден ќе бидете заедно. Позз
Ви благодарам за советот... многу ми е тешко затоа што он направи многу неубави работи и јас се му простував затоа што го сакав премногу, а он се вадеше дека неможел да биде официјално со мене поради некои мои ситни лаги, неможел да ми верува. а он замина со бившата пред мои очи, и беше со нејзе повторно и јас го простив тоа, и се гледавме цела година после тоа. и сега кога беше најгусто, кога му кажав дека мора да одлучи или ќе биде со мене или јас немоќам повеќе вака, он фати и ми влезе во профилот и шо е најболно сите разговори со другарките ги прочитал. нема никакво право на тоа, сепак он беше тој шо одлучи дека неможел да биде со мене иако ме сакал и тоа така ме акаше цела година, уште па ме прави сега од се подоле. можеби донекаде и јас бев крива шо флертував и со други а бев со него, ама... многу ми е тешко ...
Сакам да ве замолам за совет..Ми се засвиѓа еден другар баш кога најмалце очекував.. Го гледав ко другар онака не нешто близок но пред некој месец почна на заебанција да ми вика дека идеме и цело веме сонце те сакам и онака и ја го прифатив тоа и почна мн да ми се свиѓа.Неам храброст да му кажам ппошо страв ми е од негативна реакција.. Што мислите вие?
Не е голема.2 ипол години поголем од тебе е добро , не се секирај.Подобро поголем отколку помал(машките и така не се дораснати а не пак помал)
Нормално дека ти е тешко, но уште потешко ќе ти биде да бидеш во врска со која нема доверба, тој секогаш ќе ги следи сите твои разговори, ќе ти го проверува телефонот и нема да ти даде да дишеш буквално и така ќе бидеш заробена во таа врска без доверба и љубомора, а тоа никој неможе да го издржи. Секоја врска која не е основана на доверба е осудена на пропаст...Подобро да најдеш еден во кој ќе се заљубиш искрено и со цело срце, отколку вака...
Лее бе девојки помагајте....... Ми се свиѓа едно згодно момче..КОмшија ми е Бре еејј .. го боцнав на фб за да примети дека го свиѓам видел (ми кажа брат му) и не ни ме забележалл.. не ми вратил као да сум некоа небитна за него... Кажете како да го освојам ...... Ве Молам за совет......
Забрането ! Девојки се гледав со еден дечко 2 месеци и одеднаш престанавме , уште сме во контакт дури и исто друштво имаме , проблемот е што со неговиот другар јас се знам 1 година и исто така многу се сакаме , неможеме еден без друг досега не бевме зборувале на темата те сакам или сакам да бидам со тебе и нешто слично .Додека јас бев со другар му тој беше со моја другарка а сега и јас не се гледам више со другар му ниту пак тој со мојата другарка.Средината на Јуни започнавме разговор дека неможе више така , дека тој сака да биде со мене , истото го чуствувам и јас .Јас сум многу неодлучна , тој ми е како забрането овошје , а знаете како велат забранетото повеќе се сака ! Во секој случај ако во иднина се случи нешто никој не треба да знае дека ние сме биле заедно и ние треба да се понашаме као другари во друштвото.. заебано е fuck yeah ! Ваше мислење ??? Благодараааааам
1) Флертот е однесување. Добриот флерт е самодоверба и неплашење од превземање ризик. Биди со ентузијазам и позитивна, тоа успева! 2) Започни разговор. Најдобро започни едноставно со „здраво“. Најпрво зборувај за околината - амбиентот, прашај нешто, кажи мислење, и сл. но не го монополизирај целиот разговор. Често зборовите не се толку важни туку како - начинот како тие се кажуваат. 3) Биди љубезна. Респектирај го различното мислење или навики што евентуално тој ги има. 4) Забавувај се. Биди игрива, весела и спонтана. Биди забавна, тој треба да ужива во твое друштво, поплави го со внимание. Секоја жена е заводлива, затоа биди опуштена. 5) Биди своја секогаш. Твоето однесување нека биде едиствено, посебно, секоја жена е прекрасна на свој начин, искористи го тоа. Но! Не ги истакнувај недостатоците, особено не неговите - овој флерт е во негово име! 6) Направи го првиот чекор. Приближи се до твојот избраник. Не се обидувај да го привлечеш преставувајќи се нешто што не си, или претпоставуваш што тој би сакал да си. Треба да го заинтересира вистинската Ти ! Искреноста е многу важна. 7) Допири. Флерт со допири е одлично, но мора да биде внимателно. Нежни допири, налик на случајни, спонтани, на пр. спушти ја раката благо врз неговата насмевнувајќи се додека му зборуваш, или врз рамото. Кога си збунета - Смешкај се 9) Чувства. Флертот ја истакнува женственоста кај жената. Тој ќе се чувствува посакуван, возбудлив, освојуван, а овие убави чувства ќе направат тој се осеќа приврзан со тебе. 10) Слушај. Слушањето е вистинска уметност. Избраникот со кој флертуваш ќе биде послободен повеќе да ти зборува, секој сака да биде слушан. Мажите се како мали деца. Сакаат да бидат разгалени, особено срамежливите, потруди се ти. 11) Контакт на очите. Не зјапај во избраникот, тој ќе го сврти погледот. Нежно гледај го, кратко, потоа погледни на страна. Всушност погледнувај го. Биди дама во заведувањето, со женствени погледи, движења, говорење, насмевки. Мажот не може да одолее на повикливиот поглед под трепките на женските очи во кои тој е центар. 12) Заљубливост. Не биди многу заљублива на првата средба. Прашувај почесто за повеќе да го запознаеш, така е полесно да го освоиш (особено срамежливиот маж чека да биде прашан, сака да биде освоен). Одговарај кратко, уште подобро, одговарај со прашања, нека тој се чувствува важен и прекрасен. 13) Комплимент. Кажи комплименти на избраникот. Најдобрите комплименти имаат елемент на изненадување. Тој ќе знае дека е забележан од твоја страна. На пр. кажи му дека има убав глас, а ти сакаш да го слушаш цела вечер! Ако ти возврати со копмлимент кажи само „благодарам“, тој е флерт-ѕвезда во случајов, и продолжи со внимание насочено кон него. 14) Насмевнувај се. Тоа е „заразно“. Ќе те направи повеќе привлечна. Насмевката го разубавува твоето лице и ги влече луѓето кон тебе. Ќе бидеш магнет за нив. Пробај! Еве ти совети за заведување кои ги најдов на интернет..Ајде со среќа заведувањето и после кажи дали ти успеало..