Па јас да сум на твое место не би му се смирила но сепак тоа е твоја лична одлука! Но треба и да земеш во обзир дека те изневерил и кога сите му викале да не го прави тоа.И што сега те моли ама мислам дека после тоа ти никогаш нема да ја имаш таа доверба што си ја имала во него..Да сум јас ке му речам да се врати кај таа кучка (извинете ме и мене на израз ) па нека види после он кој кого изгубил
оф лошо лошо само и да простиш .... што ако се повтори ? и те понижил сите знаат ке ти отиде гордоста ...поззз
Јас не би му простила. Зошто ако еднаш тоа го направил, пак ќе го направи, а и веќе нема да биде исто.
Значи вака.. Самата си даде одговор.Ти треба малце одмор за да размислиш што треба да направиш.Мислам дека тоа е најпаметно.Ако го сакаш зошто да не му дадеш уште една шанса. Мое мислење: Ако го сакам би му дала уште една шанса.Но не би било се како порано.Барем за некои месец два.Многу поинаку би се однесувала кон него.Би била подрска и по незаинтересирана од порано.Ако повторно ја направи истата грешка никако не би му дала и трета шанса.
Истото мислење го добив и јас во мозокот, скроз истото. И од уште мои 2 другарки го добив ова како одговор.
Здраво девојки. Јас сум најнова на форумов, читав најразлични теми и одговори и мислам дека сте прекрасни, а со вашите совети можеби ќе ми помогнете и мене. Па мојот проблем започнува со раскинувањето со мојот дечко, којшто беше воедно и мојата најголема и вистинска љубов. Се запознавме во Софија, Бугарија. Бевме колеги на факултет и може да се каже дека со него се чувствував најзаљубено, исполнето и среќно. Бевме заедно скоро 2 години, јас му бев првата девојка и без разлика на тоа тој се однесуваше со мене како со принцеза, бев луда по него. Но работите започнаа да се променуваат втората година, почнував да чувствувам дека тој започнува да станува се поладен кон мене, а јас се полуда по него. Дојде и тој момент кога тој ми раскина со причината дека прекинал да ме сака. Годините поминуваа, а јас се повеќе страдав што не сме заедно и што го гледав скоро секој ден на факултет, коешто не ми даваше да го заборавам. Имало моменти после раскинувањето кога сме се карале, кога сме биле пред смирување, кога сме биле неколку ноќи заедно (по негова желба, а јас толку заљубена прифаќав, бидејќи сакав макар и само за миг да го почувствувам мој). Дојде и тој момент кога го запознав мојот сегашен дечко, две години покасно откако раскинав со бившиот. Со сегашниот дечко сме заедно година време. Но проблемот е што не се чувствувам со сегашниот по истиот начин како со бившиот - заљубено, исполнето и среќно. Со бившиот останавме во многу блиски односи, се слушаме често по скајп и кога ми треба совет или некој да ме ислуша тоа тој најдобро го прави, а истото не го добивам од сегашниот. Многу често сме се карале со сегашниот заради бившиот. Но јас не би сакала да го загубам бившиот, бидејќи многу ми значи пријателството со него. Иако сме заедно со дечкото повеќе од една година, чувствувам несигурност и неисполнетост, посојано нешто ми недостига. И наскоро се појави уште еден проблем. Започнав работа пред месец во една фирма во Софија. И започнав да се заљубувам во еден колега... Знам дека сум ужасна личност, ова не го заслужува сегашниот дечко. Но си мислам дали ако бев вистински заљубена во него, ќе се заљубев во друг? Бидејќи знам дека додека бев со бившиот и бев лудо заљубена во него не ни помислував на друг, а камоли да се заљубам. И во моментов со колегата сме во супер односи, кога немаме работа постојано си пишеме по скајп, се запознаваме, ме носе со колата до дома, бидејќи сме близу, ме најди и понуди покана за пријателство во фејсбук. На некој начин има искра, ја чувствуавам и од двете страни. Но немам никаква идеја што да правам. Се плашам од овој развиток на ситуацијата... Во моментов се чувствувам крајно несигурна и во чувства и во тоа во која насока да тргнам. Ве молам за помош и совет. Однапред благодарност за вашиот одговор и совети, и се извинувам за долгото писмо.
Од прочитаново, мое мислење е дека ти не го сакаш сегашниот дечко онака како што треба (не како што си го сакала бившиот, тој ти е останат како илузија) па најдобро би било да раскинеш со него, за да не се мачите и двајцата.... Со колегата оди постепено, па види како ќе се одвиваат нештата, никогаш не знаеш каде те чека среќата. Бившиот би го оддалечила од мене барем месец-2, да расчистам мисли, минато, опашки, па после, ако се` уште имам потреба од неговото пријателство - би комуницирала, ама никако со толкава близина...се знае со кого треба да разговараш за проблемите во врската, а тоа сигурно не е 3та личност, било која и да е таа. Со среќа!
Ти благодарам за советот. Навистина и ако нешто минимално чувствувам кон сегашниот, веќе тоа се губи... А од друга страна па и не вреди да се измачуваме и двајцата во таа врска. Се надевам дека наскоро ќе го земам правилното решение. Благодарам.
Спојлер Воопшто не си ужасна личност, само премногу си збунета. Очигледна е непреболената љубов што ја чувствуваш кон бившиот. Ти не си го исфрлила од твоето срце, само длабоко си го потиснала и затоа, во секој друг го бараш него, неговите карактерни особини, па споредуваш, анализираш...Меѓутоа треба да сфатиш дека, секој од нас е индивидуална единка и се однесува како таква, така што не можеш никого да програмираш да ги има сличностите на твојот бивши. Можеби и од опседнатоста со него, не ги забележуваш квалитетите на личноста со која си моментално. Црвен картон за пријателството со бившиот. Зошто? Имал време да те осознава цели две години, те оставил со признание дека не те сака повеќе и сега одеднаш изнеси му го твојот живот на тацна.Колку и да ме убедуваш, јас сум длабоко уверена дека тој го гледа твојот моментален дечко како ривал и дека си го потхранува своето его кога ќе слушне нека не ви оди најдобро ( не дека има чувства кон тебе, едноставно од лични причини, еве размисли и самата, кога ќе слушнеш дека некој безрезервно те сакал - тебе ти годи тоа внимание, а после штом ќе дознаеш дека во неговиот живот има некој друг, колку и да не си ја сакал личноста, не ти е сеедно ). Мој совет: Прво, другарот наречен „бивши“ ќе го ставиш малку на дистанца и со тек на време комплетно ќе го отстраниш од пријателите. Се додека тој е активно присутен во твојот живот, ти ќе тапкаш во место. Не се живее од спомени и од минатото. Второ: моменталниот дечко најдобро е да го оставиш, да не му го губиш времето, бидејќи така ќе биде најфер и затоа што тој случајно налетал на патот, кога ти си решила дека најдобро ќе биде преболувањето ако си со друг. Очигледно обидот е неуспешен, нема страст во вашата врска, а кога нема страст, тогаш фрли се во вода. Трето:имаш нова шанса за вистинска љубов, само треба паметно да ја искористиш. Не му се фрлај веднаш на колегата во прегратки, бидејќи љубовта ќе е моментална и со краток рок на тарење, пак ќе трчаш назад да му се изјадаш на бившиот. Оди полека, постепено, удолговлекувај, флертувај, кокетирај и кога ќе чувствуваш силна топлина како струи низ твоето тело додека си во негова близина, тогаш препушти се на љубовта. Се додека не го постигнеш овој ефект, твојот бивши ќе биде вечна позадина и постојано ќе те прогонува како дух од минатото. П.С. Добредојде на форумов!
Прекрасни сте! Ти благодарам исклучително многу Геа. Јас еве си признавам дека отсекогаш сум живеела во некаква илузија за бившиот. Он сега е во Шпанија и треба да си дојде наскоро. Се немаме видено 6-7 месеци, а за тоа време преку комуникацијата со него, па и кога разбра дека имам дечко и еднаш кога му кажав дека сме се скарале тој беше многу среќен, а од друга страна љубоморен на почетокот на мојата врска, постојано посочувајќи - ти сега си имаш дечко, ти сега си имаш дечко.... Ми беше многу чудно, бидејќи кога постојано се обидував да го вратам и кога постојано му викав дека го сакам, тој ми одговараше дека треба да си најдам друг. Во моментот кога започнав врска со сегашниот дечко, тој даваше изблици на љубомора и не повеќе од една недела после мојата врска се фана со една како да кажам растурена хаха. Но да не должам многу, и јас самата мислам дека ако продолжам да се враќам на минатото нема да имам никогаш успешна врска. Геа, ти многу добро ме прецени кога кажа дека во сите се обидувам да го најдам бившиот. Јас сеуште мислам дека е совршениот за жал. Секогаш ми давал совети, ме правел среќна, полн е со хумор, интелигентен е, учам многу работи од него, со мене е кога ми е тешко и тажно, а кога сум тажна веднаш ги наоѓа точните зборови со кои да ме насмее и расположи. И можеби и затоа не сакам да го загубам како пријател. А во моментов ми е толку збркано, не знам што сакам, не знам што да правам, сега ми се свиѓа колегата, но се плашам од враќањето на бившиот тука во Софија и се плашам дека ќе ми се вратат уште повеќе чувствата. Сепак многу многу многу ви благодарам девојки. Се чувствувам многу подобро кога ги читам вашите постови. Прекрасни сте!
Луге дојдов пак за совет.Овој пат не се работи за бившиот туку за една личност која ми значи многу. Ме прави срекна,додека зборам со него сум како препородена.Се чуствувам убаво иако ми е само пријател,виртуелен.Некогаш ми доага да отидам кај него и да му се развикам и да му кажам што ми лежи на душата,дека ми значи,дека го сакам покрај мене ама...Тој ми помогна многу кога се ожени бившиот,ми ги отвори очите и одеднаш нешто се откачи во мене. Бидејки минатото не ми дава да верувам на машки нешто ме спречува да му се предадам во потполност,односно да му верувам. Пред малку се скарав со него и му кажав нешто што многу го навреди и се плашам да не биде нешто сериозно лутење после ова. Мислам дека го сакам бе,не знам што ми се случи.Ради него откачив еден тип.Не знам што ми се случи одеднаж. Знам дека ке си помисли некој и ке ми рече од кај знаеш каков е или што знам ама мене тој многу ми значи. Не сакам повторно да страдам ама не сакам и оваа личност да замине од мојот живот заради моите испади. Секогаш разговорот ни е на заебанција ама јас не можам повеке вака. Сакам да се сменам,и кон него и самата себеси,да го гледам како личност кој може да ми биде пријател,советник.и да не имам љуббоморни испади.И да не го гледам како некој кој ми се допага.Патем исто годиште сме. Леле луге не сум јас ова
^^^ Не се нервирај, опушти се. Имаш среќа што можеш да го доживееш тоа, само потруди се малку полабаво. Инаку , по твојот пост гледам дека нема никакви пречки, а и причини за нервоза. И јас се чувствувам слично за една личност, но има кај мене некои факти кои се големи пречки, заради кои никогаш нема да можам да бидам со него,за разлика од тебе и твојата ситуација, и се обидувам да се оттргнам од него, но никако не ми успева. Во твојот случај ми изгледа како на пат да е една голема и среќна љубов. Изгледа се плашиш од приврзување. Камо да бев јас со твојот проблем. Опушти се и уживај .
Душа најдобро ти е за ова да разговараш со него , можеби ќе најдете заедничко решение за овој проблем , ние од страна што и да кажеме ќе згрешиме ти си знаеш најдобро , верувај во твоите чуства и прави како што ти вели срцето
Спојлер Еве ти еден одговор од машко. Девојкиве ти дадоа одлични совети така да јас ќе повторам многу концизно. Од километар се гледа и секој освен тебе може да види дека ти бившиот никогаш не си го прежалила и сеуште го сакаш. Можеш да се лажеш дека го сакаш за пријател ама тоа нема врска. Ти него го сакаш за дечко а сеуште си во контакт зашто се надеваш дека еден ден можеби пак ќе бидете заедно. Се додека имаш со него контакт тешко да се ослободиш од чувствата и во секој иден ќе бараш клон на бившиот ама како можат двајца клонови истовремено да егзистираат во твојот живот, нема шанси. Бившиот не ти е никаков другар (не знам како не приметуваш) зашто другар не е љубоморен на твои дечковци (бар не апла) и секако ќе постапува во твој интерес а не да биде среќен ако ти се скараш до дечкото и седиш сама. „Другар ти“ би бил пресреќен ти да останеш стара девојка и уште 10 години да го чекаш а он да си брка други па сега ти процени си какво ви е другарството. Не велам дека е лош човек (да не се навредиш) ама работите воопшто не се така розови како тебе ти се чинат. Со бившиот треба да прекинеш секаков контакт барем на неколку месеци за да се опоравиш, во идните не го барај него туку барај подобар (ова е клучно), со сегашниот раскини зашто е греота да седи со девојка што не го сака а ако повторно решиш да контактираш со бившиот (што е грешка според мене но ти си одлучуваш) веќе немој да му кажуваш твои приватни работи. И воопшто кажување приватни работи на било кој освен најблиските е според мене глупост. Директен сум кога пишувам што значи нема лутење .
Епа вака да ви го раскажам мојов проблем .. Се запознав на фб со едно дете(другар на братми) и тој сакаше да се запознајме..само ми имаше кажано дека сака да се види со мене(ми немаше спомнато ни врска ни мување нисс).. и сега.. пред некоја ден брат ми дозна дека се допишувам со него не рече ништо.. после некое време.. ми вика дека тоа детето му викало јас сум го масирала на фб. и мн го застрамил пред сите другари така му рекол . Брат ми ко си дојде дома одма фати го избриша од кај мене на фб. налутен демек тоа вистина му го рекол .. И после јас фатив од кај брат ми а фб му пишувам на детето зошто рекол дека го масирам..тој ми рече дека не рекол дека лаже брат ми и др.. после на брат ми видов му пишал .. зш си е лажел сестрати ? коа сум ти рекол јас така? .. брат ми му кажал 2,3 грди збора т.е навреди и го баталил го стаил оффлине. инаку јас скришум се запознав со тоа детето кај нас вкомшии иде па такасамо е видовме на краткко.. и мн е добар одма го засакав..а мислам дека и тој мене.. Од ко го избриша брат ми од кај мене на фб. 2 понуди м имат пратено еднаш го игнорирав и сеа ниш чекам да се одлучам што да правам.. и + то на мајками и на таткоми им кажал брат ми дека тој е лошо дете несум смеела да се дружам со него..и Х други рабб. а баш напротив тој е најдобриот што сум го запознала.. Ако може некој совет за Како да продолжам ??
Прво разговарај со брат ти да видиш зошто така мисли? Што е работа можеби има некоја сериозна причина поради таквото однесување, бидејќи брат како брат не би требало лошо да ти мисли, откако ќе ја дознаеш причината тогаш донеси одлука, бидејќи за еден состанок секој може да одглуми на било кој начин Не верувај лесно на сите, млада си и својата самодоверба сега ќе ти биде најпотребна за да подоцна ти стане навика.
Штом е другар на брат ти, тој сигурно го познава подобро од тебе. Разговарај со брат ти, нека ти каже кои се тие негови лоши карактеристики, брат ти сигурно не би ти мислел лошо. Можеби само има нешто против него, па не сака да бидеш блиска со него.
малку касно е да го писам ова ама мора некаде да се искажам.уште ми тежи на душичкава.значи така-лани бевме на одмор во друга земја со друштво и таму беше гостин во хотелот запознав еден многу убав тип и бев изненадена од неговото однесување бидејки обично срекавам идиоти,значи типот беше толку добар,фин,културен ,неверојатен,дури не прошета на неколку различни туристички места со неговата кола,јас му се допагав дури другарками 2 дена не ми збореше од љубомора,шетавме заедно фатени за рака низ град мегу нас постоеше нешто убаво,се чувствував слободно,како да летам,ме бакна и се чувствував прекрасно како никогаш порано,најтрагично беше тоа што не е наша вера,не сум некој верник и тоа воопшто не ми беше важно,тажно беше што мораше да си дојдам но ми кажа дека пак ке се видиме,по 4 месеци дојде во мојата земја специјално за да ме види и беше тука неколку дена,се шетавме низ град,се сликавме и сакав со гордост да го покажам на сите,бидејки претходно имав мн.лоша врска и никогаш не се бевме прошетале заедно,сакаше да ги запознае моите дома и брат ми но јас знаев какви намкори се и дека никој не е добар за нив и не им ни кажав за него и ништо.кога требаше да се разделиме плачеше ко мало дете пред мене и ми течат солзи сега кога ке се сетам.знам и се гледаше дека ме сака.кога стигнал ставил сликите на фб и ме означил,една вечер си одам дома од работа и брат ми седеше на комп(тој е инаку 5 год постар од мене и воопшто не разговараме за дечковци девојки и такви раб.и немаме некој добар однос,само кога му требаат пари бидејки тој не работи,тогаш се однесува ок со мене,а комп јас го купив од мојата плата и помагам колку можам дома и пак ми вели дека сум најникаква и најлоша)комп се наога во дневна и тука беа и мајками и таткоми кој патем е најголемиот песимист што го познавам и вечно се дере за нешто,и идиотот од брат отвори една од сликите и пред таткоми вели што е ова?а немаше нисто погрешно не бевме ни гушнати само стоевме еден до друг,не беше порно слика, мислам девојчинја од 13 год си стават слики на фб со машки,и почна да ме нарекува со погрдни зборови,почна да ме споредува со една роднина што има вонбрачно дете,рече дури и дека не сум за пуштање никаде и дека одма глупости правам,а сите ме знаат како мирна и повлечена девојка и самиот гледа дека е така и дека не сум имала ни дечко ни мувач 2 години.ме направи за никаде пред таткоми а тој само молчеше и потоа не ми збореше 2 недели,и потоа идиотот рече да не ме видел повторно со него оти коските ке ми ги искршил,и да сум ги избришала сликите оти не му било воопшто гајле за мене туку другите да не се смееле ,не ми даде да дојдам до збор дури и ништо не реков,пред татко ми ме направи најголема ороспија,потоа му кажав на типот и ги избришавме сликите,по неколку дена брат ми влегол во мојата соба и ми го земал телефонот,ме повика имав разговор на тел со него,ме повика и вика што е ова?ме фати за коса и ми удри шлаканица и за малку ке ми го треснеше од зид.многу се сакавме со типот мислев по се што му кажував дека се откажал од мене но по 3 месеци повторно дојде во мојот град од толку далечна земја,но не беше како првиот пат,не излегувавме од хотел бидејки се плашев да не не види брат ми, ,дури отидовме во друг град за да се шетаме,мн се плашев и уште се плашам од брат ми бидејки знам каков налудничав е и можеше и да ми забранат да излегувам од дома ако сум толку години,типот си отиде се слушавме уште 2 недели и го снема.а акако да не го снема кога го натерав да ги избрише сликите,не ја прифатив понудата за врска на фб,и му кажав дека моите не го сакаат иако не го ни познаваат,а најинтересно од се е тоа што и покрај тоа што брат ми ме направи курва пред татко ми јас и типот никогаш немавме секс првиот пат кога дојде имав менструација а вториот пат бев мн. напната и неможев(а и год не сум имала секс)и сега ми е тоа мака барем ке се исексавме па за да има идиотот после за што да збори а така на празно си збореше,проблемот е тоа што јас уште мн го сакам и знам дека никогаш нема да сретнам некој акао него,а идиотот од брат наместо да ми мести дечковци како што сите нормални прават тој ми растури врска,никогаш нема да му простам на брат ми за тоа и знам дека почнав да го мразам иако ми е брат го мразам,многу пати му имам давано пари без моите да знаат и ми има кажано да не им кажувам, и други работи сум криела од нив за него а тој при првата прилика ме предаде,тој ми е непријател а не брат. некој совет ве молам,сто да направам?
И овој е излеат некој идиот ко брат ми.. исти скоро.. само братми некогаш знае да се напраи добар хД инаку ако го прочита мојон пост.. па скоро исти се значи......Незнам каков совет да ти дадам. .пазисе од сега све скришум прави на фб избришиго од пријател да немојт ништо да ти гледат пари не му давај.. и то е то.. хД...