Не е доцна за совет, никогаш не е доцна да се решиш да бидеш спремна да го вратиш тоа што го сакаш. Ти си возрасна, ако си сигурна во твоите чувства преземи некое решение, почни од некаде. Првин најди контакт со дечкото, разговарај со него, за се го прашај разговарај искрено и види тогаш што е можно да задржиш а што да изгубиш, ако мислиш дека во ред е се со него, дека тој те сака и дека е спремен да биде во се со тебе, само тогаш ризикувај, тогаш разговарај со твоите дома но не со брат ти, разговарај прво со мајка ти кажи и се како е и што е, а после откако таа ќе прифати тогаш и со татко ти, треба време точно но признај си дека работата ти е комплицирана, ако и тие прифатат остај брат ти бре, ако ти е брат крвно ќе ти биде а не само како брат да го наречеш, но ќе те замолам внимавај, внимавај кои се намерите со типот немај да те зафркне во последна фаза па после да си оставиш црна дамка а како што разбрав ти си доста паметна и примерна, задржи си ја таа вредност, бидејќи црното тешко се бели. Ако ти треба разговор пиши ми порака И со среќа
Верувај ми нема никаков проблем што си директен. Јас ја сакам искреноста и вистината, а не да живеам во лага, бидејќи некој ми го кажал тоа што сакам да го слушнам. Баш ми е мило што ја слушнав од тебе и машката гледна точка за коешто ти благодарам. Секако дека нема лутење. И не знам зошто се трудам на сите да покажам дека не ми е гајле за бившиот, а всушност внатрешно се измачувам, но гледам навистина малку да се дистанцирам од него, еве пишувајќи си во моментов со колегата што ми се свиѓа по скајп. А иначе со сегашниот дечко толку не одат работите... Се гледа дека веќе и двајцата се измачуваме и сигурно ќе има тажен крај. Ох се надевам дека наскоро веќе ќе бидам сигурна и во чувства и во тоа што навистина сакам. Апсолутна каша ми е, но вашите совети ми помагаат во добра насока. Ви благодарам. Најдобро би било да разговараш на убав начин со брат ти зошто така се однесува и каква е причината да ти прави такви проблеми. Веќе ако тој продолжи да се однесува по истиот малоумен начин разговарај со дечкото. Објасни му ја убаво ситуацијата, тој ако навистина има интерес кон тебе би те ислушал и разбрал. И секако не би бегал од тебе. Објасни му ја ситуацијата и разкажи му какви прекрасни моменти си имала со него и дека навистина би сакала да сте заедно. А за сексот воопшто не треба да ти биде мака, подобро покасно и со вистинскиот човек, отколку прерано и со грешниот човек. Со среќа.
Фб додворување Ајде да почнам една нова тема.Веке некое време еден навистина убав човек ми се додворува.А го знам тоа бидејки нонстоп ми лајкнува нешто на фб и ме боцка-глупав израз ама немам како на друг начин да го кажам.Тоа се случува постојано секој ден,ама никогаш не ми пишува ништо.ЕЕЕ лошото е што тој човек не е за мене мислам не би сакала да бидам со него затоа што гледам дека на профилот му пишува дека е разведен.А иначе тој човек навистина е привлечен и се ама незнам дали би можела да бидам со таков човек.pISETE MI STO BI NAPRAVILE VIE DA STE NA MOETO MESTO.Мислам не дека ке бидам со него зошто сеуште ништо немало ама сепак сакам да знам што вие би направиле ете да сте во таква ситуација.Поздрав до сите. И уште нешто што значи тоа боцкањето на фб зошто е тоа наменето мислам морам да признаам дека некогаш ми е непријатно поради тоа.
Дали е тоа некоја тешка болест во рамките на лепра, чума, колера, сифилис па ти е страв дека ќе те префати . Ова процедурално, инаку девојкиве сигурно ќе ти кажат да си најдеш нормален (неразведен) дечко
Самата си одговори на прашањето велиш дека не е за тебе и ти пречи што е разведен и дека не си подготвена . Ти пречи тоа што е разведен но размисли дека тој може има и дете тебе и тоа ќе ти пречи ако не сакаш да бидеш со разведен човек не започнувај ништо со него.
Што има врска ако е разведен? Па и да има дете, зарем треба да се затвори пред нова можност? Бракови пропаѓаат секој ден, млади, здрави, нормални луѓе се разведуваат па продолжуваат понатаму. Не мислам дека тоа е пречка во случајов, мислам дека е пречка што се залетуваш само поради лајкови и боцкања што не мора да значат ништо. Можеби си го прави истото со сите фб пријателки, а штом ништо не ти пишува ептен избрзуваш и гледаш можен проблем во врска што не ни постои. Не го ни знаеш човекот, не знаеш каков е лично... тоа што е разведен е најмал проблем.
Леона, па што не го боцнеш и ти? Па ќе видиш реакција. Мене ми се овие лајкувања и боцкања банални ама некој се служи и со нив пошто нели животов се врти околу ФБ ... Стапи некако во контакт. Пиши му порака, пробај може и ќе се оствари некаков контакт ... Едноставно ризикувај. Нема врска што е разведен и тој е живо суштество и има потреба од контакти, односи ... Пробај, направи некаков чекор, не знаеш што може да се случи понатаму.
Па искрено мене ми е страв до сега се имам многу пати изгорено премногу пати и сега ми е страв да се впуштам било што кога е во прашање машко .Па си измислувам се нешто само да не направам ништо.
Те разбирам многу добро. Ама не губиш ништо од еден контакт со некого. Ослободи се, пробај ... Барем на некој начин да си вратиш самодоверба кога се работи за мажи. Чисто ете тестирај се себе и мажите, искуство плус ќе ти биде. Никој не ти вика да се впуштиш одма во некаква врска.
Tи благодарам што се обидувас да ме разбереш,па можеби и сум премногу страмежлива за да направам било што ама сепак можеби ке пробам нешто да направам како на пр.ке го направам и јас тоа он сто го прави па ке видиме како ке изреагира.Ти благодарам уште еднаш.Поздравче до тебе.
Зошто сум таков идиот зошто неможам да бидам поносна и да му раскинам и да не го погледнам веќе помогнете ми некако..Го додаваат цело време некои девојчиња на фб и мене ми е преку глава не сака да стави слика од нас несака статус бидејќи кога се скаравме јас го ставив сингал и тој несака веќе, за се што и да се случи јас сум крива,вчера сакаше да си оди од кај мене јас бев лута јас станав по него и го вратив и се помиривме,денес јас бев кај него тој ми отвори врата да си одам а пак јас бев лута бидејќи го додаде некоја на фб, си отидов и отидов кај другарка ми и тој сега е лут бидејќи сум си отишла од кај него да бидам со другарките, не ме ни бара ни ништо се треба јас да правам, неможам без него но неможам ни вака, секогаш му се јас јавувам, што да му кажам јас не сум таков човек имам разбирање за се,како да му објаснам дека не е секогаш во право. Помогнете ми некако..благодарам
Спасовска,како да ти се докаже дека немаш разбирање за ништо. Мислам се лутиш за што?! За фб?! да не може човек да се изнасмее. Се надевам дека имаш 16 до 18 години. Театралности,драмења,ПОНОС ( ),па кој прв се јави...
и јас го имам истоит проблем ама тоа е што да се прави ..женски секогас ние го извлекуваме подебњлиот крај
Твојот проблем очигледно не се врти само околу фејсбукот зашто ако е така тогаш сметам дека има подобри решенија отколку да раскинете. Но, дечково се однесува многу детињасто, според мене, а вакви несериозни и незрели типци јас мислам никому не се потребни, зошто би ти бил тебе. Очигледно, зема голем врв и мисли дека ако те гази и повредува, ќе постигне нешто многу големо, а всушност само те оддалечува (или барем така би требало да биде). Види, како за почеток не дозволувај да го прави тоа што досега ти го правел. Не е работата ниту во инаетот и гордоста, ама едноставно кога нема друго решение, па покажи малку дека имаш свое Јас. Не си ти крпа па некој да си брише комплексите со тебе. Дај, остави малку на времето и земи си простор да размислиш, оддалечи се од него и види дали нешто ќе се промени. Поздрав
Само не очајувај се ке си дојде на свое место.Не му обрнувај внимание веке јас знам колку нервираат тие работи ситници се ама тоа помага за да дојдеш до одговорот кој го бараш.Јас знам дека е тешко да се прекине нешто што навистина сакаш ама мора да имаш барем малку гордост и да го оставиш.Зошто таков човек никогаш нема ни да ти обрнува внимание.Пробај да не се замараш многу боли да ама поминува.А ако одлучиш да останеш со него ако сега не ти обрнува внимание биди сигурна дека нема да ти обрне никогаш внимание.Така да подобро да прекинеш додека не поминало повеке време.Уживај ке си најдеш некој сигурно и сигурна сум дека кога некој ке ти обрне внимание и ке те третира убаво еее тогаш ке видиш што е сакање.Не му дозволувај така да ти прави ти си секогаш на прво место без разлика на се.Поздравче.
-Боцкањето на фб значи Подбуцнување.. Мене по 20 ме боцкаат на ден Дупло појќе и ми лајкнуваат па тоа не значи дека ме сакаат.. Камо ли така да беШее .. . а овој тебе незнамм..МОжеби..Боцниго и ти и пишиму нешто демек на грешка.. види како ќе реагират..
Вчера пробав го боцнав и му пишав сакав да го прашам зошто го прави тоа и добив одговор дека сум била убаво девојче,и дека сум му се свигала и така почнавме разговор.Добро јас не реков дека ако некој те боцне дека те сака само ми беше чудно дека ова беше нонстоп.Вчера пред да му пишам можеби претходно се случи тоа едно пат пати и јас му вратив на тоа и ете добив одговор сега се е јасно.Поздрав.
Мацушка има 15 години и се замара со ист проблем кој и доликува на годините,како женски од над 20 години. Ај донт уана лив он дис планет енимор.
Се лутам затоа што јас ако направам нешто тој се лути неможе тој да прави што сака,а јас да одам по негови правила....Фала за советите