Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    стварно сум очајна не знам веке што да правам :( ... пред неколку месеци се мував со еден дечко не бевме во врска ама се гледавме околу 3-4 месеци ни јас ни тој не сакавме сериозна врска. Јас почнав него многу да му се свиѓам а пак јас се заљубив во него не го планирав тоа воопшто. И јас му признав тоа но живееме на 600км одалеченост и не верувам дека ке може таа врска да функционира, а еден кој што ми е поблиску ме сака и јас се мувам сеа со него поради тоа што стварно многу ми недостасува овој што е далеку и многу ми значи и го сакам. Знам дека не требав тоа да го направам со овој шо ме сака и сега не знам како да се однесувам спрема него. Со дечкото у кој што сум заљубена си имам контакт со него, но сепак мислам дека треба малце да прекинам со таа комуникација поради мене самата, за да ми биде полесно бидејки не верувам дека било каква врска ке успее на таа одалеченост(според мене)... што мислите вие? фала однапред
     
  2. primrose

    primrose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    самата си даде одговор. Најчето ваквите врски не успеваат, но сепак, зборувај со него за ситуацијава и расчистете.
     
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Female како прво мора да престанеш да му даваш лажна надеж на овој со кој се муваш сега. Не фер да користиш некој за да си олесниш себе си. Крајно себично од твоја страна. За овој што живее на 600 км само ти си знаеш колку вреди да имаш ваква врска. Врска на далечина е тешка ама не е невозможна. И јас имав врска на далечина со мојот денешен сопруг, ама никогаш не се мував со други затоа што ми недостигаше тој. Мене ми се чини дека сеуште си мала и недозреана за ваква врска, зошто верувај бара многу жртви. Aко си сигурна дека се сакате пробајте па ако оди-оди, ако не ништо страшно.
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    :^)
    Можеш ли да ми го објасниш моментот подетално?
    Како мувањето со друг го надоместува тоа што ти недостига другиот?

    Абе стареам изгледа, не ми е ништо јасно. :|
     
  5. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    па не ми надоместува само си давам некоја мала утеха со овој но тоа е грешка од моја страна.. знам дека е себично и треба малце да се смирам и да помине некое време додека си ги средам своите чувства. Не смеам ни со овој шо е далеку да контактирам бидејки така само си ги подгревам чувствата кон него. Фала ви многу на сите :)
     
  6. malecka.rak

    malecka.rak Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    se vljubiv vo pogresen covek toj e ozenet i ima dete...ne znam sto mi se sluci pred eden mesec dojde na rabota kade sto rabotam i jas i dosta vreme pominuvame zaedno ne sakam nisto drugo samo da ne go sakam za mene toj e zabranet... ah kolku mi e samo tesko...izvinete sto pisuvam latinica ...
     
  7. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    И биднува нешто меѓу вас? До каде стаса до потенцијално загрозување/растурање нечиј брак?

    Не верувам дека тој е ќорав, сигурно приметил како го гледаш, и еве ни тој не се повлекува, како што велиш, поминувате доста време заедно.

    Ах колку ти е тешко тебе?

    А Ах колку може тек да и биде тешко на неговата сопруга која има дете за гледање?
     
  8. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Ти ако вистински го сакаш тој со кој сте оддалечени 600км нема да се муваш со друг и притоа да се правдаш за тоа бидејки ти недостасувал тој.. :fubar: :fubar: :fubar: :swear:
    Притоа тебе ако смеам да забележам не ти фали тој туку мување со било кој. :wasntme: .Бидејки ако тој ти фалел никогаш не би се осудила да го вараш со друг. :!: ..А иначе за 'проблемов' шо го имаш ти има решение сама ако вистински се сакате или тој да се пресели или ти ;)
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Имам еден проблем. Бившиот, со кого раскинавме пред неколку месеци, во последно време се почесто ми се појавува во видно поле. Се почесто го гледам низ град, на излегувања и слично. И никогаш не е сам-не пропушта со него да земе некоја девојка, во повеќето случаи се различни. Освен еднаш, кога беше сам, и ме повика на разговор кој ме вознемири, сакам да кажам дека ми раскажуваше за неговите сексуални авантури. Целта беше постигната, два дена не можев да си дојдам на себе, вриев од бес. После тоа ми пиша порака на мобилен, иако мислев дека воопшто не го ни памти мојот број. Во неа ми пиша да не се надевам веќе на него, тој разговор не значел ништо, и не пропушти да ми се пофали каде ќе шетал вечерта. Не му одговорив ништо. Само ми е чудно неговото однесување, кое јас би го протолкувала како глупав и недозреан обид да ме направи љубоморна, па сакав да слушнам и ваши мислења во врска со ова.
     
  10. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Јас мислам дека или сеуште е вљубен во тебе и сака да те направи љубоморна или е убеден дека ти го сакаш и би те нервирал со тоа што ќе што демек ќе ти кажува што си пропуштила што сте раскинале.... :?:
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    ^Инаку тој ми раскина. :)
     
  12. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Изгледа дека се плаши да не го заборавиш :)
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    Алесси јас тебе убаво те разбирам шо сакаш да ми кажеш ама изгледа ти не си ме разбрала убаво. Јас со тој што е далеку од мене 600км не сум во врска, не ни бев со него во сериозна врска затоа што знаев дека ке дојде момент да се разделиме но јас го засакав иако не мислев дека ке биде така ама ете дојде и тоа се случи. И не ми треба мување со било кој, мислиш мене не ми е мака шо му напраив така на овој од тука ама момент на слабост ми недостигаше овој другиот и не ја размислив убаво работата се препуштив ама нема да биде веке така. Тукашниот си знае дека јас сум си заљубена во друг и изгледа и он сакаше да искористи некоја прилика ама тој си знае дека јас со него не можам да бидам во врска бар не за сега затоа што друг ми е и во главата и во срцето. Но фала ти знам дека имаш добри намери кога го пишуваш твоето мислење :)
     
  14. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Крејзи, според мене мислам дека сака само да те нервира со цел да лечи комплекси, а не дека се' уште сака да има нешто со тебе повеќе од пријателство (зашто тоа секако не се постигнува на таков начин, како што и сама кажа незрел). Макар што со таков, ни пријателството не би било пријателство. Игнорирај го и не се замарај со него. Не дозволувај до тебе да допрат такви глупости. Посвети се на други повредни работи за да помалку мислиш на него па со тек на времето и целосно го заборавиш.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    @crazyinlove19

    Ти раскинал за да може да биде слободен со други девојки т.е. ти да не му досадуваш,ама сака да те прави љубоморна и да игра на негативни емоции затоа што тие работи палат.Он сега буши некоја друга
    типка,ти си му досадила.Утре она може да му досади,во ситуација кога други жени се врткаат околу
    него,кај тебе желбата е сеуште висока :D .Многу девојки запаѓаат у таа замка.Он работи на создавaње на харем.Ја знаеш песната харем,харем нели?Или пак му причинува задоволство да те прави љубоморна и е psycho.

    Како и да е,тебе треба да ти биде јасно дека со тој тип не можеш да имаш сериозна врска.
    Ако повторно му се вратиш и имате секс тоа би била твоја голема слабост.Истото ќе им го прави и на другите девојки.Во целава приказна повеќе од една девојка ќе биде повредена.Значи stay away колку и повремено да ти се јавуваат емоции.Ако повторно се поврзеш со него ќе биде главно затоа што не можеш да го имаш,или си го изгубила поради X девојка,а не затоа што постои љубов и вистински го сакаш.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Крејзи, како што памтам раскинавте зашто го изневери, така што сега сака да ти врати, сака ти да се осеќаш неубаво исто како што се осеќал он, затоа и те прави љубоморна и ти се фали.
    Не мисли дека е знак дека сака да се смирите, очигледно уште е бесен и лут за тоа, рано е.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Штета што не смеам да кажам што вистински мислам (сте биле у врска, си имала или имаш емоции за него) ама да ти раскине за после да ти раскажува за неговите сексуални доживувања со други па потоа да ти удри нова корпа (на веќе раскинато) бара висок степен на себичност, болно его и психички садизам.

    Едино не разбирам зашто воопшто го слушаш, само му ја правиш (садистичката) игра поинтересна а неговото (болно) его поголемо.
     
    На EleMental и crazyinlove19 им се допаѓа ова.
  18. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, добро кажано. :clap:
    Знаеш она, не ми е гајле ти што ме изневери, јас е**м други и баш ми е фино (демек).
    И ако го игнорираш и се потсмевнуваш на таквите негови авантури кога ти ги раскажува, се правиш дека ич не ти е гајле и дека ти е уште поубаво без него, верувај дека дури тогаш ке го извадиш од такт. Јас така би играла. Ако сака тој тебе да те нервира, можеш и ти него. Не можеш да се однесуваш зрело со луѓе што не знаат што е тоа зрелост.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Многу ниско од негова страна.Не знам што друго да ти речам освен да го подржам останатото кое веке ти го кажаа.
    Како кажа бумби само со игнор и незаинтересираност ке го извадиш од такт.
    Кога веке ти раскинал немало потреба да те повикува за разговор и да те мачи а гледам дека успеал во намерата.
    Нареден пат ако те повикува да кажува за неговите авантури можеш само да му кажеш баш ми е мило за тебе па да му видеш реакцијата :D
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    ^Фала ви на сите за мислењата, само сакав да додадам дека деновите пред да раскинеме имавме страшни кавги, еден ден не поминуваше мирно. И така, во една кавга, тој ми рече мртов-ладен дека повеќе пати ме имал изневерено (уште пред јас да го изневерам) и не планирал никогаш да ми каже ако јас не сум направела такво нешто. Од тогаш и каењето престана, баш напротив ми беше мило што сум го изневерила, заслужил! :devil:
    Како и да е, толку беше со него. Не планирам да паѓам на неговите болни финти.
     
    На maryJ и bumbi им се допаѓа ова.