^јас мислам дека така ти кажал за да ти врати, за да си го крене своето его и да не излезе слабак пред тебе. И мислам дека тоа сеуште пробува да го направи, да ти укаже дека може без тебе, дека врти девојки и дека не му требаш, а искрено мислам дека е повреден и дека сеуште те нема преболено. Наместо да се тргне од тебе и да си продолжи со животот, тој пробува да ти врати и да те повреди, како што ти си го повредила него, било емотивно или само си му ја повредила машкоста (не ти бил доволен, па си побарала друг...ова у нечиј мозок така работи). Јас би ти препорачала да си останеш фина и мирна, да му вратиш со насмевка и да не му замеруваш на зборовите. Што било меѓу вас, било и завршило, ти продолжи си, тој до кога така ќе тера негово е, секој со својот начин на справување со емоциите, битно да не му дозволиш да ти влијае.
Знаеш како стојат "правилата", машко смее и мора да изневери додека женско не смее у никој случај. Така да штом дознал за тебе тој одма сега врши одмазда со цел дека ете ќе ти докаже нешто. Но докажува дека само многу ниско паѓа. Егото кај машкиве работи нон стоп, ама погрешно. Не му обрнувај внимание, пробај да искулираш кога ќе го видиш и игнорирај го веќе. Гледај да си пред него во топ форма за да се замисли кого откачил. Може ќе те побара по некое време, само јас мислам дека не вреди воопшто да го враќаш во животот. Најди си нов.
crazyinlove19-мила твојов бивши сака да го привлече твоето внимание,типов по се изгледа премногу сака да те направи љубоморна,со еден збор сака пак да биде со тебе,ама незнае како да каже.........Или се плаши да ти признае колку му недостигаш па затоа зборува за неговите авантури за малку да те натера да мислиш на него..............Дефинитивно се уште е вљубен во тебе.........Малку поиграј си со него........прави се дека не го ни забележуваш тогаш веројтно за самиот ќе пропее,мажите ти се чудна работа .........
хах се гледа дека дечково нешто не е во ред со себе. Може го измачува тоа што ти раскинал и сака да биде пак во контакт со тебе при што ти создава љубомора и прави детски сцени. Ти само продолжи си со игнорирањето и не го рецкај ни два посто, така побрзо ке му помине интересното ке види дека не го рецкаш и ке те остави на мира ч)
леле луѓе мн сум нервозна,машкиве ств се многу искомплексирани и незнаат што сакаат .Кога искачам мн ми се удвараат све а за врска никој не ме сака ,ме ме смува и утре како дане ме познава,засто е тоа така а јас па лесно се заљубувам и патам цел живот.Сега со еден искачавме све супер ми викаше сонце,злато ,срце се и фин беше се си викам сега ке бидне работава и оп на крај разбрав дека ме вреѓал пред др ме ругал.а кога кему се јавам пак најфин све.и се договаравме од кога му се налутив и се смиривмеда искочиме 2-3аптии и све ќе ми рече работа му искрснала и ми се јави после некое време ии толку еве сеа неколку дена го нема да се јави нит на фб не ми пишуваништо.нз што да правам ,бар да си каже поштеноо нејкам веке да се гледаме а мислите сака дасе заебава со мене или ?? ве молам за совет
Види вака. Ова ќе го исфилтрирам бидејќи имаш 16 лета. Ти си имаш проблеми со самопочитта и самодовербата. Слаб контакт имаш и со реалноста, ако мислиш дека момците што ти приоѓаат со комплименти и слатки зборчиња те сваќаат сериозно, и дека им е гајле за твоите чувства. Мнозинството не даваат пет пари за твоите чувства. За многумина си, и највероатно ќе бидеш само мета, само за вечерта да не биде "сува". Се разбираме? Тоа не значи дека ти толку вредиш. Не значи дека немаш што да понудиш па момците така те третираат. Тоа само значи дека ти приоѓаат незрели фаци на кои не им се изиграни играчките и сериозни се само за фудбал и World of Warcraft. Ако луѓево се приближно твоја генерација, тогаш почни да ги гледаш како некоја помодерна верзија на крапинци. Тие се машките. Што зависи од тебе? Можеш да смениш некои работи кај тебе, бидејќи во голема мера ова ти се случува и поради твоите очекувања и сваќања. Како мислиш тоа ТЕ СМУВАЛЕ? И самата се гледаш како трофеј. Зошто не размислуваш како двајцата се свиѓавме и си ги проверивме крајниците? Ова е неутрално, и немаш ловец и трофеј. И не мора да се чувствуваш како пленот кој го уловија и искористија. Уат д хел!? Релакс малку со ова заљубувањето. Со што тие типци ги заслужиле твоите чувства? Само неколку зборчиња? Малку работи се полесни од тоа да упатиш комплимент. Сите се сакаат во денешно време, сите се убави, срцуфки, згодни слаткиши и никој без никој не може да живее...се додека не налетаат на следната. Сите ја знаеме потребата да имаме некој покрај себе, да се чувствуваме сакано и потребно, да споделуваме и убави и тешки моменти, но не смееш да дозволиш машките и врските да станат твојот идентитет. Зошто ги бркаш толку интензивно? Без нив ти не вредиш? Ајде, молим те... Можеби е многу за твоите 16 години, ама ова ќе те заштити од пештерците. Ајтт
девојки само како проблем ви го кажувам ова не верувам дека некој совет ќе може да ми погне, освен да ме утеши некое ваше размислување. Многу се гушам во врската го сакам премногу не сакам да го изгубам го сакам повеќе од 5 години а 2 години сме заедно, но тој не е ни малку внимателен кон мене само како фигура сум му до него никогаш не е бил нежен ни пак внимателен, само е љубоморен и избувлив во такви ситуација, целата врска ни е ужас па и повеќе од тоа, знам дека ме сака, но незнам што да правам тешко ми е целосно е посветен на работата и само за то а знае јас во последен ред му доаѓам а го имам само него... Никој да не има ваква врска како нашата никој недај боже, убавици чувајте се од ваквите створења...
lelele prekrasno kaza sve,imas pravo mn zreloo i vistinito.jas sum licnost koja saka da se zalazuva vistinata mi e smrt,sekad koha ke ja slusnam kako laden tus mi doagja i posle kako da ne se razocaram znam sto treba da promenam kaj sebe ama poleka. a iskreno i vozrasta vlijae mala sum seauste za povozrasni a vrsncite se nesozreani.kako da se smenam kako da bodijat za mene dr vpecatok zrel,seriozen a ne za edna vecer i kako lesna devojka
ако сакаш машките да тр ценат ,треба да смениш многу работи.еве како прво да речеме облакање,да нема деолтиња кратки сукњни.јас не викам ти да не се средуваш средувај се,облекувај се убаво биди СЕКСИ ама не секси вулгарно.зашто можеш да бидеш убава и привлечна и со маичка со многу мало деколте и со сукња што не е толку кратка.не викам да носиш некоја до над колена,носи кратки ама не ултра кратки.како второ ФБ ,претпоставувам имаш мн слики кои што имаш коментари лајкови и сл и на тие си со напучена уста,градите надвор,гушната со машки и слично.мој совет тргни ги тие слики,или напрај да не ти се гледааат определен период,како трето немој да правиш ништо со никое машко додека не го запознаеш барем 2-3 недели да се знаете.немој да пагаш на убави зборчиња.машките ке кажат се за да бидат со тебе.односот твој спрема нив смени го ,не викам да не си другарка ама не претерубај со пуштање ,гушкање ,бацување.пред да кажеш нешто размисли,дај впечаток како да си озбилна
мој совет напрај муабет со него,објасни му што чувствуваш,прашај го он што чувствува.сериозен муабет седни го,и објасни му дека те мачи нешто во последно време.,викаш две години сте заедно,дали ваков ист бил и на почеток?доколку е така,таков ке остане цел живот нема мењање за него,или помири се со тој факт или остави го додека не е предоцна..знам како ти е цел свет ти се руши при самата помисла..ама не е убаво така да се однесува со тебе..или пак пробај и ти како него да се однесуваш.истото прави му го,па или ке се свести и ке се смени коа ке види како е ,или уште повеке ке се одалечи од тебе...трето нема..
Што би направиле ако дознаете самите или од некој друг дека вашиот партнер во повеќе наврати ви дава лажни информации во врска со тоа каде и со кого се наоѓа,со изговор дека има преголема љубомора во вас па само пробува да ве заштити?
Би и кажал да не биде подмолна педерчина и ако има проблеми со мојата наводна љубомора, треба да дојде и да се соочи со мене, нејзиниот партнер, за да се расчистат тие работи како луѓе. Криењето и лагите не решаваат ништо.
Тотално се согласувам.Ти се заблагодарувам од дното на налутеново душиче. П.С.Ми се свиѓа изразот "Подмолна педерчина"
што ви кажував за дечкото погоре и сеа си вика да се напраам малку не достижна и да не му се јавувам да не му пишам,да цекам он .и знаете што ни он не ми пишува што да праам што да направамсве да биде како порано нормално ,секогаш сум се одтажувала од тие што ги сакам нејкам и овој пат ве молам девојки совет
^^^ Но, ако тој се откажал од тебе, како што ми изгледа по напишаното, и нема нешто што можеш многу да направиш. Ако е така, најдобро бидејки сте пријатели на ФБ, малце не биди активна, па можеби некогаш ќе се запраша што се случува со тебе, а за тоа време посвети се на себеси , и биди, живеј и изгледај најдобро што можеш, и еден ден кога ќе те сретне можеби ќе помисли што изгубил. Едноставно, ако тој не е повеќе заинтересиран , не можеш нешто мн да измениш.
Стварно си точак, со ова расчистивме, и ти се согласи со тоа што беше напишано. Не велам дека треба нагло да се смениш, ама ова сега тераш по стара шема, повторно молиш за љубов и внимание.
Знаеш колку пати сум слушнал реченица, ваков е, таков е, онаков е, ме мава, ме понижува, не ми се јавува, ме вара, ми љубомори, ми забранува да излегувам од дома АМА ЈАС ГО САКАМ И НЕ МОЖАМ БЕЗ НЕГО, ДАЈ МИ СОВЕТ! Што да кажеш на таква реченица освен да останеш без зборови и да си заќутиш зашто тоа што ќе и го кажеш нема никогаш да го направи а уште помалку ќе го сфати.
Да, врсниците ти се несозреани, а ти си позрела од презреана лубеница на сред јули. И уште нешто. Не може да добијат зрел впечаток за тебе, кога самата не си зрела.
А што всушност сакаш ти кај него? Не е внимателен спрема тебе, љубовен, врската ти е ужасна, нему друго му е приоритет, а ти упорно се држиш за него... стварно не си ми јасна, не разбирам каква е таа љубов, од каде ти знаеш дека тој те сака? Што сакаш ти кај него стварно? Секако дека во љубов не одат секогаш сите работи на добро, ама да тврдиш дека цела врска ти е ужас, никому да не посакуваш иста, а самата и покрај ова признание, се лупаш со глава и срце во истата...незнам што да искоментирам На крај краева, секој со своите вкусови, избори и преференции. Валјда ти го сакаш таков каков што е, па замерките во тој случај не ти се на место.
Девојки сакам да ве прашам за ваше мислење но не сакам да ме осудувате туку да ми казете сто би направиле вие да сте на мое место. Значи вака има еден дечко што ми се допаѓа подолго време да кажиме година дена и исто така пред година дена ми се имаше пуштано, ама тогаш немавме нисто од незнам која причина. Од стптември јас станав мн. блиска со неговата бивша девојка но сега тој повторно почна да ми се пуста а и јас не сум баш рамнодушна спрема него ме привлекува и тоа мн. повеке од минатата година. Каде и да сум јас тој гледа секогаш да биде во моја близина и некако почнав и да се навикнувам на него. Тој ми предлага да се видиме и дека никој нема да дознае за нас ама јас незнам што да правам. Признавам дека мн. сакам да бидам со него особено последните денови едвај цекам да ми се јаве или да се уклучам на фб. па да си пишиме. Дај кажете ми некое ваше мислење како вие би постапиле дали би се препуштиле на чувствата или би мислеле како да не ја изневерите вашата другарка :/