Зависи од тоа во каква врска бил тој со другарка ти. Ако било кратко и ништо поозбилно, разговарај со неа и прашај ја дали би и пречело или не. Нема зошто да се криете како мали деца ако сакате да сте заедно. Во спротивно секако некогаш ќе се дознае и ќе си створиш дополнителни проблеми. Мислам дека искрен разговор со другарка ти се ќе реши.
Значи девојкии кажете дали претерувам или сум во право што се налутив Вака , дечко ми утре ке замине на кратко одморче од 3 дена , јас му се налутив бидејки тој цел ден го замина со другарите знаејки дека утре заминува и тоа со нив ќе оди.Но да напоменам дека претходната недела цела бевме заедно и вчера бевме заедно малку.Па сега што мислите вие дали претерувам или не ?
Мое мислење е дека не си ептен во право 50 -50 Си требала да му кажеш дека си сакала да го поминеш денот со него и да го видиш зошто после тоа нема да го видиш 3 дена . А и не треба толку претерување зошто се 3 дена а и викаш дека сте била заедно цела недела и вчера така да без лутење кога ќе дојде ќе си зборите и ќе си разјасните
како да седам со странец имам врска 4 години.овие неколку месеци како да седам до странец.чувствувам како веќе да не ме сака,дека ме изнеерува,не е повеќе како што беше.што да правам?кога разговарам сонего тој го негира ова
Дали да го оставам ? Девојки ме интересира вашето мислење.. што би направиле доколу некој сакате многу и знаете дека и он ве сака вас но тоа не е врска каква што вие барате ... не ви одговара начинот на кој се одвива вашата врска...
Седни и збори со него како што треба а ако сеуште негира ондак потруди се да дознаеш повеќе информаци зошто не можеш да го окривиш ако немаш докази ако си сигурна дека те изневерува види некако да дознаеш преку фб мобилен телефон и слично и ако видиш нешто ќе му кажеш и тогаш нема како да негира повеќе ако е фатен на дело
Има еден дечко со кој се муваме неколку месеци, верувам дека нему му значам, ама јас се заљубив во него и иако не е спремен за врска би го чекала колку и да треба. Поголем е од мене 3 години, онака само да напомнам. Инаку, баш деновиве со него ми беа прекрасни, супер се согласувавме, јас се сменив, онака ептен убави моменти имавме, за првпат имав со него орален, онака ми беше прв во скоро се. И денес, случајно и спомнав на едно девојче што го знам дека сум со него (а јас се сомневав дека она го свиѓа и му се пушта) а најмногу го знае зашто се дружи он со братучетка и. Е сега, девојчево кога слушна дека се муваме остана ваква и ми рече дека тој се мувал со братучетка и, последен пат пред недела ипол,барем така мислела. Девојката е поголема и од него, мислам ништо чудно тоа, зашто сите му биле поголеми, ама верувате како тешко ми падна. Ми рече дека братучетка и го свиѓала само, излегувале неколку пати и се мувале.. Се изнервирав, му пишав порака ,и ми врати на фејсбук што ми била фората, и му кажав дека ми кажа тоа и тоа девојче, па демек ај, правете си филмови вие ова-она, јас накрај се изнервирав и му реков зашто не кажеш едноставно да и готово, и ми рече јас со неа не сум имал ништо.. барем не кога бев со тебе. Му спомнав дека девојчево рече тоа пред недела дена било, каква недела, што ти е.. На крај му реков дека незнам зашто воопшто се замарам, и му реков да си ужива. Незнам зашто ми даваше вакви недефинирани одговори, барем зашто не ми призна и готово?! Ако барем ништо не му значела.. А баш чувствував нешто повеќе од негова страна, начинот на кој ме гледаше, муабетите.. Што би направиле вие да сте во мојава ситуација?
Зошто вака ? епа вака досега никој не ми дал стручен совет за мојот проблем ... па може некоја од вас се нашла во ваква ситуација ...и може барем да ми каже што е целата работа малце е долго Имам 17 год тој 22.. се запознавме пред 10 месеци(битно е да се напоменам дека е братучед на моја најверна другарка што многу ми помогна во целата ситуација па некои работи одеа преку незе) прво пишување 24часа излеговме неколку пати на муабет јас просто бев воодушевена од него, особено паднав на убавината и искуството што си го носат неговите години. по 2 недели се смири со неговата бивша (имаја врска од една година) јас просто паднав во депресија значи воопшто не очекував,ме изгубии и мене а ја изгуби и другарками што муе роднина,и та престана да му прави муабет .. но го преболив по еден месец типкава му се скарува и си фајќа друг, тој е разочаран и плука на зборот љубов ! но оп ете го пак по мене изјавува дека муе криво итн итн и во ред ајде си реков втора среќа, му дадов шанса и навистина вредеше се покажа премногу секој ден бевме излезени во денот по 10 пораки на моб 24/7 пишување на вечер во 3 часот знаеше да дојде со колата да ми речи искрадисе од дома да те видам едноставно не ме оставаше,а секогаш ми викаше страв мие да се заљубам пак...(свесна бев дека ако не сака тој да се заљуби дека немам никаква перспектива со него но сакав да го променам и продолжив) ми кажа дека за не му било верно тоа што ме знае толку кратко, а сум почнала да му значам... свесен беше дека сум мирна не сум растурена како некои негови претходни курви и знаеше дека нема да му се предадам во кревет додека не помине доста време ...никогаш не ми побара да имаме секс,иако со часови правевме муабет за секс.. иако кај машко од 22 години тоа е доста голема потреба ке се запалевме и двајцата ама знаевме да престаниме на време. и сето така си траеше и по некое време по 2 месеци само си пишувавме а гледање ретко...ми беше страв да го прашам во што е проблемот и никогаш не го прашав само ми рече ке ти кажам кога ке биде време само да знаеш дека "секогаш бегаме од тоа што најмногу го сакаме "со ова ти кажав се само треба сама да си го протумачиш и после тоа вејќе 4 месеци нон стоп ми пишуваше а кога ќе се видевме онака во кафич на кафе (случајно) имаме стоено и по цела вечер ама нема ни бацување ни гушкање се беше сведено само на муабет, ке ме префрли до дома и вкола само муабет ..и замислите така 4 месеци заедно а толку далечни но пак барем и со тоа се тешев ... и сега веќе еден месец не си пишуваме само ептен службено и ако во живо си речеме еј здраво шопрајш а премногу го засакав и премногу ме боли кога ќе го видам дали проблемот беше во тоа што ме сметаше за мала ? помина доста време се трудам но ете не можам да го заборавам секогаш се појавува од нигде никаде било со коментар на некоја песна статус ...едноставно не ме остава да го заборавам ! и пред една недела една др другарка ми кажа дека правела муабет со него но криела од мене за да не бидам проверена и рекол...премногу мислам на незе, не можам да се воздржам кога е до мене да не ја гушнам бакнам ама едноставно не можам да бидам со незе ...
Ако он тебе те цени и му значиш,барем пола од ти што мислиш дека му значиш,веруј ке имало врска.Самиот поим чим кажува дека не е СПРЕМЕН за врска,а незнам што толку треба да е спремен тука ,нема да полага испит докажува многу работи.А не сте кратко заедно,чим се неколку месеци..Сигурно има некоја причина поголема за тоа..Втора грешка ти е оралниот,не си ни смеела да помислиш пред врска да го направите тоа.КОлку време и да сте заедно,сега искрено шансите да се фатите се уште помали зашто он ке си вика зашо ми е врска кога и вака можам све да добијам.Но не викам дека не може да се опамети,па да се предомисли за врска ама не ми се верува искрено..Кои се тие други работи во кои што ти бил прв?Него џабе го прашуваш сигурно дека нема да ти признае за мувањто со таа девојка ке негира колку што е можно повеке.А таа другарка ти ,што мислиш дека го свига,Не ми се верува баш да лаже чим ти е другарка(претпоставувам добра).и ако се дружиш о неа подолго време знаеш каква е и какви се нејзините намери.Најпаметно во цела ситуација е да ја прашаш братучедка и,најди некаков доказ.ПОрака во мобилен порака на фејсбук,и да ти каже она дека ств се мувале ти побарај доказ.за секој случај ,или па најпаметно е договорисе со него да се видите и ти дојди со таа братучедка.и коа ке испомнеш ти на неа за тоа,ако она сака значи е вистина а ако ти рече абе не вака така веројатно лаже намерно.(можное другаркати да и рекла така,секако ти си ја знаеш неа најдобро) во денешно време се е можно,нема вистинско пријателство секој си гледа за себе .Вас колку и да ви е убаво со дечкото и колку и да мислиш дека он сака да биде со тебе,немој да се опушташ многу ,од кај знаеш што се му се врти на него воглава?и друга работа,Никој ен знае за вашето мување?чим сеа си и кажала на другарка ти ,така помислив?
Па ,малце си кажала.искрено не го ни свакам проблемот тука.Каква врска сакаш ти? каква врска се одвива?што не е во ред?Односот негов?Сакаш почесто да се гледате? што е проблемот?
Па зашто да ти признае и да се скарате, кога може да се мува со тебе и барем уште една?! Ти рекол дека не сака врска, си дознала дека се гледа и со други, па и уште мангуп, будала те направил, одговорот е јасен-батали го
Спојлер Блу, полека да не избрзаш па да се зезнеш, од негов аспект тоа игледа поинаку Чим не сте во врска значи двајцата имате право да идете со кого сакате и нема тука лутење и љубомора. Освен се разбира ако не ти ветил дека ќе биде само и исклучиво со тебе (но не верувам дека рекол такво нешто). Целата поента на не сум спремен за врска е да имаш слобода да си бркаш и други додека не решиш што поточно сакаш. Така да можеш да збориш со него ама он не е должен да ти дава извештај за негов приватен живот освен ако претходно не ти ветил дека тоа ќе го прави . Најубаво еден искрен муабет без лутење за да си знаеш на што си
^ Ова го збориш на девојче што сака сериозна врска со дечкото и затоа не се сложувам со тебе. Ако она остане со него, ќе кубе коси додека слуша со која што правел. А дека дечково на крај ќе сака врска со неа, тоа малку потешко, посебно откако ќе види дека она прифатила да се гледаат и со други. Ако неа и беше сеедно за него, тогаш и јас како тебе ќе мислев. Машко си ајде, не ни мачкај очи
Па не дека не се гледаме.. Туку јас сакам како секој нормален пар да отидеме барем еднаш на вечера а не он постојано или е со мене или е со другарите или ја сум со него и неговите другари.. тоа искрено мене ми смета.. Сакам врска кај што он би бил со мене,би оделе негде заедно,би ме изненадил со нешто...
Што е неточно што реков? Цитирај ме со што не се согласуваш. Не се во врска и тој не сака врска што е тука нејасно? Со Блу смеам да бидам поискрен без да му се мислам дека нема да ме разбере или ќе се налути така да нема никакво мачкање очи .
Се наоѓав во слична ситуација и затоа решив да ти пишам. Најпрво ако навистина си заљубена во момчето на далечина и ако се работи за вистинска љубов и врска меѓу вас двајцата не би требало да ви претставува проблем толку многу далечината. И јас имав таква врска, беше многу тешко, но со постојана комуникација меѓу вас двајцата ќе успеете да го решите овој проблем. Треба да разговарате, објасни му дека сакаш да сте заедно и заедно најдете решение дали после месец, два, три... ќе бидете конечно еден до друг. А за дечково што те сака, а ти не, не е убаво да го искористуваш на некој начин додека другиот го нема. Биди искрена со него и кажи му дека си заљубена во друг. Поздрави и со среќа.
Ај, вака на сите во едно ќе ви објаснам што-како. За девојката што ме праша за таа дали ми е најдобра другарка, далеку од тоа, не ми е ни другарка, туку беше најдобра другарка на мојата најдобра другарка ,ама сега прекинаа да се дружат зашто девојчево испадна дека на сите машки кои ја свиѓаа другарка ми таа им се пушташе и слично. Вчера случајно ја сретнав, и онака ми се испушти, она и онака немаше зашто да знае што имам јас со него. А дека ми бил прв во повеќе работи, мислев на петинг и орален, со други само на мување ми било. Можеби избрзав и погрешив, ама не се каам зашто и покрај ова сеуште го сакам, а нашиов однос е многу чуден, знам дека си значиме еден на друг, ама он е едноставно повреден од претходната долга врска, и како не бил спремен сега пак во моментов. Мене ми е сеедно, јас би го чекала, ама ете во право си, зашто да е во врска со мене кога може и вака се да добие? За девојкава чинам никогаш нема да дознаам, ама ајде.. Инаку Икс-мен, знам дека не сме во врска, ама се сложувам со фемина-90, а и тој еднаш ми рече не се секирај, јас не би те варал и една девојка со која се муваа две недели го изварала, и ми рече тоа му било многу кретенски. Можеби и не се мувал, ама зашто девојчево би ме лажело? Искрено, нема причина. Како и да е, да не пишувам реферати, фала ви на сите за советите.
епа мораш муабет да напраиш со него,да му кажеш дека сакаш повеке време да поминувате заедно,да се шетате да одите на вечера и слично.дека сакаш на само да се гледате,а не цело време во друштво.Дека сакаш повеке внимание да ти обрне,да те изненади и слично.ако те сака како што викаш,ке го прифати твојот совет.Се надевам дека не му се на прво место другарите..
епа незнам што е најпаметно да правиш,неможеш да се ослониш само на мислењето на таа познаничка.а претпоставувам не ни сакаш да го баталиш.Прави искрен муабет со него,кажи му дека не сакаш да те повреди да ти ја каже вистината и неговите намери кон тебе.и на крај краева остај времето ке покаже ако стварно се мува со други,кога тогаш ке дознаеш.Само не се заљубувај премногу ,стави си го фактот во глава дека може да прекинете преку нок.
Во истата ситуација сум и јас. Незнам дали заслужуваме таква врска. Мислам дека заслужуваме некој со кој би биле и би не правеле среќни. Јас сеуште не сум му раскинала на мојот, но најверојатно и тоа ќе се случи наскоро... Е сега ми се свиѓа колегата со којшто работам многуууууу, а истовремено сум и во врска. Не знам што да правам. Се плашам дека ако му раскинам на дечкото, дека ќе останам сосема сама, оти не знам дали и на колегата му се свиѓам. А исто така па и незнам како да го освојам и како да разберам дали и тој го чувствува истото. Мислам на друг, а сеуште незнам што да правам со дечкото. Би ви била благодарна на вашите совети. Поздрави.