1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36
    Зошто вака ?

    Како прво ,не си требала да отвориш нова група.Има група љубовни проблеми и совети,таму си требала да го пишеш проблемот..
    Како второ,не можам баш да ти дадам стручен совет ама ке се обидам да ти помогнам зашто знам како ти е во ситуацијава..
    Искрено мислам дека он сеуште не ја преболел бифшата девојка ,чим се смирил со неа ,кога сте почнале да излагате.Врска од 1 година е многу голем период ,и сигурно му има добар белег оставено.Ама што еднаш ке се скрши ,нема лепење викаат.Викаш дека ви било многу убаво откако он прекинал со неа и започнал со тебе ,но ако е така зашто така избегал од тебе без никаков збор?Немој да пракаш другарки другари да зборат со него,тоа ти е нешто како расипан телефон.Мој совет најдобро да направиш,чим комуницирате пиши му веднаш порака.не на фб ,на мобилен.Кажи му дека сакаш дасе видите да правите муабет што е многу многу битен,и замоли го да се видите што поскоро.МОже ке ти биде непријатно да се отвориш но верувај ми мораш.Седни го ,некаде на некое место кај што нема многу гужва за да зборите на раат.Кажи му се што мислиш.дека ти е преубаво со него,дека неможеш без него,цел овреме ти се мислите кај него,дека никад нема да го повредиш дека сакаш да си со него.ама баш све шти ти пага на ум,нема срам тука.прашај го на што си ,искрен одговор побарај кажи му дека не сакаш да бидеш повредена. и ке видиш на што си.мора да има причина што избегал така.а и што не ти барал односи,значи дека те цени.може се плаши да не го повредиш.Седни збори со него тоа е најдобро
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Со тоа дека треба да разговара искрено со него и дека не може да се лути зашто не идат-со тоа не се согласувам.
    Точно, не може да се лути, ама како од машко очекував да речеш дека ако очекува врска нема да дочека зашто тоа е реалноста и нема што да разговара со некој што ја прави будала при здрав памет, а посебно па што и дечково, како што кажа Блу, и е прв во некои работи. Сто разговори да направат, јасно е ко бел ден дека Блу е таа што ќе биде повредена на крајот.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MorgaNa

    MorgaNa Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    11
    Зошто вака ?


    Во овој случај се гледа дека љубовта е двострана...Ако ништо му немаш згрешено , па така се одалечил сигурно е до годините...Мислам дека нема потреба ти да преземаш иницијативи , остави на времето, нека си иде се така спонтано...Сте ја изгубиле таа близина што сте ја имале , но ако и понатаму му значиш кога тогаш ке дојде...
    Најубаво прашај го во што е проблемот зошто се одалечил од тебе, кажи му дека неможеш да сфатиш дали е до годините или до што е...ако не ти одговори ништо откажи се...а кога тогаш ке се врати, се се враќа во животот ...
    А можеби постои можност и да е до тоа што тоолку време бил заљубен, па да неможе пак да се заљуби , а не сака да те повреди ...
    Разговарај со него , прашај го ,ако не ти одговори ништо остави на времето , ако треба да бидете заедно , ке бидете кога-тогаш.. ;)
     
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Со Блу се знам по спортска линија што значи не морам се во детал да и објаснувам, и онака неа и е работата јасна но сака да слушне и други мислења :) .

    Освен тоа самата кажа дека е заљубена во него а јас имам многу лошо искуство кога на девојка ќе и речеш остави го нема надеж за повеќе, најчесто се лутите и пак правите како вие сакате без разлика што 100 души може ќе ви кажат поинаку :).

    Инаку реченицата не сум спремен за врска многу пати е дискутирана и сите знаат дека е алиби за некого елегантно да одбиеш а тој да не сфати дека добил корпа.

    Затоа за да не бидам погрешно разбран (што ми се случило) кажувам само совети за кои сум сигурен дека не се погрешни и нема никому да наштетат.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36
    Зошто вака ?

    не се согласувам со тоа да остави,зашто она го пробала тоа.еве овие 4 месеци или повеке, токму тоа го правела и потешко и е.мора да разговара очи во очи ,ако разговара преку фб,мсн,моб не е тоа тоа.па да знае на што е .зашто би биле годините проблем?17 години има не е дете а и он не е некој возрасен.не се разлиак многу.мислам дека нешто друго го мачи него..
     
  6. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    Ми треба мал совет, незнам што да правам, ниту пак како да се однесувам.
    Со дечко ми сме заедно 3 месеци, инаку тој има 16 години, а јас 15.

    Бевме заедно на одмор и оп некако се деси, имавме орален. Несакав на никого да кажам, едноставно така си се чувствував, ама од вакви причини си имав јас проблеми со поранешната најдобра другарка па решив сега да кажам на сегашната најдобра другарка за ово, сигурна сум дека никогаш и на никого нема да каже.
    Ама, не е тоа проблемот. Проблемот е тоа што, за тоа дознаа мајка ми и сестра ми. Сестра ми како и секогаш успеа да ми влезе на ФБ и да ми чита во инбокс. Незнаете колку ме вади тоа од такт, ама незнам што да правам, немам како да и забранам. Почна да ми збори за тоа, како не ми било гад незнам што (предпоставувам дека ова го збори пред мене само). И сабајлево како се да е во ред најнормално ми правеше муабет (додека спиев јас, а таа ме будеше за некои работи).

    Незнам, незнам што да правам, многу се изнервирав. Несакав да знаат, поготово не мајка ми. Незнам како ке ги погледнам во очи. Ете мајка ми уште не сум ја видела, на одмор е ама сепак.
    Ако бил некој во слична ситуација ке ве замолам да ми каже што да правам како да се однесувам.

    Што се однесува до дечкото, сигурна сум дека ме сака. Ми кажал и ми докажал многу пати. Плус бевме најдобри другари долго време пред да се фатиме. И многу работи менува за мене, прво ми кажува дека некои работи никогаш нема да ги направи, а потоа вели дека ке се смени за мене ако е потребно и ако е потребно го прави тоа (што велел дека никогаш нема да го направи).

    Што е најлошото знам дека мајка ми и сестра ми имале секс на 16 и ете верувам дека затоа немаат право ништо да ми кажат, ама сепак. :sweat:

    Ве молам совет.
     
  7. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36
    Па искрено не си направила ништо лошо и нема зашто да се срамиш.Си можела да почекаш уште некој месец да напраите ама чим си сигурна дека те сака уживај.Некој ке те искритикува дека си мала уште сигурно,ама па тоа е твој живот.ако тебе ти било убаво нема зашто да се секираш .МОј совет НА НИКОЈ ШТО И СО КОГО ПРАВИШ,НА НИКОЈ!!!лугето се многу многу подли и љубоморни па можат да ти направат сто проблеми(може друарката нема да каже на никој,ама доволно е само на уште еден да каже и сите ке знаат). исто така и него замоли го да не се фали по другари(машко е и плус 16 има,сигурна сум дека зборел ) објасни му дека не сакаш никој да знае.А зашто сестра ти да ти влага на ФБ?смени си пасс,нека не ти го знае тоа е твоја приватност.не го сејфувај,бриши хистори.Објасни и дека сакаш да имаш своја интима и да не ти ја пипка,и кажи и дека нема да аправиш никакво глупост,да ти верува.А како знаеш дека мајак ти знае за цела ситуација?И на татко ти да не му кажале? може да ти направи тој сто проблеми,знаеш какви се татковците за такви работи..и не си требала да и кажеш на другарката преју фб ,него очи во очи.ама нема зашто да се секираш не си направила ништо лошо,нормална работа е тоа :)
     
    На blueeparadise и indelible им се допаѓа ова.
  8. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    Знам, затоа и ми е чудно што вака реагираат, веројатно е поради годините, ама пак, тие истото го правеле на мои години.

    Му кажав да не кажува, и сигурна сум дека не кажал. А јас на другаркава и кажав очи во очи, ама после на него на фб му кажав дека сум кажала на другаркава.
    И пасвордот ми беше зачуван и баш заради тоа си го сменив и дури ставив и код кој мора да се внесе одма после пасвордот што ми стига истиот момент на мобилен, и два саати размислував како би можело да ми влезе и краен заклучок: сум заборавила да се одлогирам и премногу се изнервирав, се за џабе -.-
    Мајка ми сум сигурна дека знае бидејки ми се јави кога бев искочена и ми рече од сега имаш излез до 12 и немој да прашуваш зашто бидејки и самата знаеш, а ако закасниш блабла.

    Предпоставувам дека сестра ми не кажала на татко ми бидејки го знае каков е, пред две години дури сакаше да истепа еден дечко со кој што бев искочена, а мајка ми и татко ми се разведени така да нема прилика мајка ми да каже на татко ми. И искрено моментално единствена грижа ми е татко ми да не дознае.
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сега се случило ова утре ќе се случи нешто друго, кажување интимни работи (што не сакаш да се дознаат) никогаш не ти носи добро а често ти носи штета. Што фајда дека си кажала на другарка ти, ниту она е сега посреќна ниту ти освен што си си направила проблем. Знаеш, има една реченица чим нешто кажеш макар на еден човек (надвор од фамилија) веќе не е тајна.

    Инаку за пасвордот, што си згрешила си згрешила ама да знаеш дека секој што се разбира од компјутери и има пристап до твоето пц може во секој момент да ти ги дознае сите пасворди (ако сака) :).

    Со среќа да поминеш полесно со мајка ти :)
     
    На indelible му/ѝ се допаѓа ова.
  10. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    Не е на мојот пц, мојот пц си е со пасворд така да неможе да ми го уклучи. :D
    Сепак фала многу за советите, и готово, више ништо на никого не кажувам, ни другарки, ни ништо. Иако сигурна сум дека таа другарка не би ме издала, освен тоа што јас самата си се зезнав.

    А што се однесува до мајка ми фала му на бога била лажна паника, сеа правев муабет со сестра ми, ме советуваше и ми кажа дека не би ме издала за такво нешто, така да колку толку ми олесни.

    Фала сепак, многу. :$
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  11. shakiraaa

    shakiraaa Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Зависи од тоа во каква врска бил тој со другарка ти. Ако било кратко и ништо поозбилно, разговарај со неа и прашај ја дали би и пречело или не. Нема зошто да се криете како мали деца ако сакате да сте заедно. Во спротивно секако некогаш ќе се дознае и ќе си створиш дополнителни проблеми. Мислам дека искрен разговор со другарка ти се ќе реши.[/quote


    ама проблемот е во тоа што тие беа во врска 3 години и сега јас сум плус и цимерка со неа :sweat:
     
  12. Bad-Mina

    Bad-Mina Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Go MRAZAM...:(

    Pa vaka...Jas i decko mi se zapoznavme na eden sajt i se sretnavme i se bese ok...i super par si bevme navistina...I koga se vrati toj vo negovata zemja se dopisuvavme i toj odednas nestana eve vekje dva meseci go nema...Koga mu bese rodenden mu prativ poraka mu cestitav za rodendenot...I sea na mene pred nekoja nedela mi bese rodenden ama toj ne mi go cestita...i sea mu napisav poraka deka nema vekje da go cekam i deka nema da trosam povekje vreme...Ednas rece deka go pogodile vo noga i mi pisa poraka posle i si razgovaravme ama pak go snema i gotovo e vekje...Dali postapiv dobro sto mu pisav taka poraka???
     
  13. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    По ситуацијата очигледно е дека не ти ни бил дечко, со оглед на тоа што го нема 2 месеци. Сигурно му било само за провод, ништо повеќе. Нема што да го чекаш, да сакал да биде со тебе ќе останел во контакт, без разлика од каде е.
     
    На Bad-Mina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tina95

    Tina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Јас со мојот дечко се знаев уште од мала затоа што сум од мало градче но после некое време се пресели од тука и минатата година летото случајно бев со друштво во градскиот парк и тој дојде и носеше кеса со кајсии ме праша дали сакам но јас си реков тој да не сака нешто да ми подметне и не земав почнав да се зезам. После тоа започнавме многу да си писуваме преку фб и се зблизивме ми стана многу близок ми даваше совети се смеевме каде што се видевме си правевме моабет но не му давав мој телефонски број тој ми се додворуваше но му казав дека нема да биде ништо. После некое време повторно ми се додворуваше и му го дадов бројот. Почна често да ми се јавува и да контактираме. Зимото само што си дојде за нова година ми се јави да се видиме и затоа што имаше многу снег и беше лизгаво се слизнам и паднав и тој да ми помогне да станам ме бакна :D многу чудно се почувствував :D
     
    На Pubu-bubu му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Pubu-bubu

    Pubu-bubu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    41
    дилема на денот :)

    вака значи имам дечко одиме 3 години супер ни е се..но во последно некако имавме мали расправии и не е тоа тоа овој период..во меѓувреме си пишев на фб со еден негов другар т.е заеднички другар ни е и некако ни тргна муабетот и скоро секој ден си пишиме,ама онака општ муабет ништо друго...јас му кажав на дечко ми ама не му кажав дека секој ден се случува ова..и некако страв ми е дане посумља дека нешто имам со другар му ако влези на фб.додуша нема шо да види јас не ни ги бришам разговорите зашто стварно нема ништо страшно..дали да ги прекинам овие разговори за да не се случи од ништо нешто или според вас нема потреба,и дека нема да влијае на врската..
     
  16. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.
    Го читам форумов понекогаш и се решив да пишам бидејќи ми е потребно мислење за мојот проблем.
    Бев во врска 1 година и 5,6 месеци. До крај на врската дојде поради најглупавата причина според мене а тоа е фб. Видов разговори на неговиот профил со девојки кои не ми се допаднаа, му кажав дека ми смета тоа а тој ми вети дека ке се смени. Јас нормално поверував, мислев дека со разговорот решивме се. Но не беше така. По извесен период пак истото. Јас повторно се обидов да му укажам дека тоа ми смета и тоа се на убав начин, дека таквите работи од негова страна ме повредуваат. И нормално тој пак ми вети дека ќе престане со тоа а јас пак му поверував. Значи преминав преку ваквото однесување неколку пати се со цел да ја зачувам врската и да не му придавам внимание многу баш на фб. И кога се мислев дека е како што треба, дека конечно сме се разбрале како возрасни личности повторно истото од негова страна. Повторно видов разговори со девојки на кои им кажува како нема женска, па на една и имаше изјавувано и љубов, како ја сака и ред други работи, па на другарка што ја познавам лично и јас и пишувал како јас не сум вистинска за него, не било то то со мене, како сака друга. Му кажав дека веке нема да бидам со него, му раскинав а можеби тоа требаше да го направам порано но ете сакав да ни успее врската бидејќи го сакав. Значи бев повредена, навредена, скршена од негова страна. Ја изневери довербата и едноставно не можев да му простам и да заборавам. Се слушавме извесен период, јас се уште си стоев на мојата одлука дека нема да бидам со него и му го кажав тоа. Љубовта не згасна од моја страна но сепак гордоста не ми даваше да продолжам со него. Инсистираше да се видиме, да разговараме, да бидиме пак заедно но јас не прифатив ништо од тоа. Поминаа 3,4 месеци и јас почнав да се слушам со друг. Со детето се познавам од порано значи не е некој непознат, од прилика се знаеме, се дружевме извесен период и решив да почнам врска со него. Значи сега 1 месец сум во врска со него. Се е како што треба во врскава ама се појави бившиот. Почна да ми се јавува, да ми пишува пораки како се уште не ме заборавил, како ме сака. Јас му кажав дека веке започнав да се гледам со друг. Не сакаше да го прифати тоа и уште веднаш дојде кај мене да разговараме. Ми кажа дека е свесен дека згрешил, дека овој период (поминаа 6,7 месеци откако раскинавме) сватил некој работи и ми предложи брак. Ми даде време да размислам и да донесам одлука.
    Збунета сум целата. Од една страна се уште тлее некое чуство за него но не можам да заборавам некои работи. Од друга страна е детево со кое сега излегувам, кое ме сака и ми удоволува на секој можен начин а и јас не сум баш воздржана спрема него. И свесна сум дека сега ова е животна одлука за мене но многу сум збунета и едноставно не знам што сакам.
    Па ме интересира ваше гледиште на ситуацијава. Дали вреди сега новиов почеток да го фрлам во вода и да се вратам на некој што ме повредил толку, односно да се омажам за него?
    Се извинувам на долгиот пост и секое мислење е добредојдено. Ви благодарам однапред.
     
  17. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски

    И јас бев потполно во иста ситуација како тебе. И да ти кажам искрено единствена грешка што ја направив е тоа што одма фатив друг дечко. Сите чуства ми се испомешаа, идам со нов дечко, а овој другиов ме бара, ми досадува, се заканува со самоубиства, понуди за брак, каење, и што се уште не слушнав. Се беше хаос со моите чуства.

    Раскинав со новиот и се вратив на стариот, ама кај него нема промени, се е по старо, не си ги научил грешките.... Не знам како е случајот со тебе, колку длабоки се чуствата во тебе. Ама потполно знам како се чуствуваш, сакаш да се вратиш на бившиот, ама не сакаш да го изгубиш новиот дечко. Тоа мора да си расчистиш самата себеси, само според мене немој да прифаќаш никаква понуда за брак, се додека не се убедиш самата дали навистина се "сменил" или пак ќе продолжи по старо. Од мое лично искуство ти кажувам дека луѓето не се менуваат. Кога се очајни да вратат некој ветуваат дека ќе направат нешто. што ни пола не можат да го исполнат. Штом ти остава простор, убаво размисли си, сепак е голема одлука.
    Ме интересира дали знае дали имаш нов дечко? И ако знае како реагира на сето тоа :)
     
    На cloud му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски

    Му кажав и не можеше да се помири со фактот дека сум со друг, ми кажа дека нема да се откажи од мене, дека му недостигам, дека ме сака. И мислам дека предлогот за брак произлезе и од тоа дека сум со друг, свати дека навистина ме губи.
    А му кажав и на дечково што излегувам сега дека разговарав со бившиот. Во принцип не сум личност што крие работи, што лажи и што манупулира. Играм со отворено карти.
    Ти благодарам за мислењето :) , ќе го земам предвид и твоето искуство :)
     
  19. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Добро сега секој е различен, сите си имаат различно искуство. Не мора да значи дека и твојот случај ќе биде ист :) Само не можам да ги разберам ова машкиве, кога ќе осетат дека може некој др да те земе, тогаш се прават за да те вратат......
    Ако во случај се смириш, пази да не ти мава по нос, како ти него си го изневерила, како си можела да заборавиш на него така брзо и да најдеш друг... Иначе истото и кај мене, ќе те земам, им кажав на моите, ќе имаме бебе, ти ќе го довршиш факултетот, јас ќе го ставам во мирување. Одкако се смиривме, му викам ајде да се земеме, онака на тест го ставам ,не дека сакам, ми вика ааааа не чекај, има време, уште сме млади, дрн дрн јариња.....
     
  20. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36
    Машките се како кучиња,ако го научиш на нешто нема назад.Ако куче еднаш се измоча на тепих и ти не го истепаш ,туку само му збориш он пак ке го направи тоа.поентата ми е како ке го научиш така.Ти еднаш си му дала шанса да престане со тоа,ама 2 пати?па и 3т пат?? убаво си направила што си му раскинала ама грешка бил контактот со него,што си се слушала.Ама знам како е кога сакаш некој премногу,немоеш да си замислиш ден без него..А бе ајде него така му дошло памет нагло?Да дое брак да ти понуди?? после толку месеци??и кази ми дали сакаш ако го прифатиш неговиот предлог,ЦЕЛ ЖИВОТ ОН ДА ПИШУВА ТАКА?немој мила не се заебувај.Верувај ми ,него памет му нема дојдено.Јас на мојот се лутам ако пише со некоја што учи со него или па што се знае многу долго време а не па да пишува така..И верувај ми,он сега кога видел дека имаш друг дечко ,одма му проработело тоа егото,она е моја и слично.Зашто не ти го понудил тоа порано? и дали во тие година ипол он се однесувал исто цело време?или пак последните месеци ги правел тие работи?и да ја прифатиш понудата никогаш совеста нема да ти биде мирна и да речеме ств да се опаметил :x ти цело време ке си ја трескаш главата што прави?каде е ?со кого е? и слични прашања шо не даваат мир.Мој совет прекини секаков контакт со него,тоа што го правел е многу лошо ,според мене бар.нејкам сеа да те иритирам,ама па од кај знаеш што се правел без ти да знаеш?сеа ти стварам сомнеж знам,ама па така е..И не е глупава оваа причина воопшто,зарем има разлика мегу пуштање на фб и во живо?