1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.469
    Не дека многу ќе ве интересира де, ама јас сепак да си кажам дека се се среди, се ми објасни и не било баш така како што ми изгледало. Сепак фала ви на сите што ми дадовте совети. :*
     
    На XMaN и indelible им се допаѓа ова.
  2. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36

    мене ме интересира :) се радувам за тебе,баш ми е мило што е се ок :* :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Доколку правите најобичен муабет нема потреба да го прекинуваш разговорот со другар му, но би можеле тоа да го правите поретко, чисто дечко ти да не се посомнева.
     
  4. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    И јас бев потполно во иста ситуација како тебе. И да ти кажам искрено единствена грешка што ја направив е тоа што одма фатив друг дечко. Сите чуства ми се испомешаа, идам со нов дечко, а овој другиов ме бара, ми досадува, се заканува со самоубиства, понуди за брак, каење, и што се уште не слушнав. Се беше хаос со моите чуства.

    Раскинав со новиот и се вратив на стариот, ама кај него нема промени, се е по старо, не си ги научил грешките.... Не знам како е случајот со тебе, колку длабоки се чуствата во тебе. Ама потполно знам како се чуствуваш, сакаш да се вратиш на бившиот, ама не сакаш да го изгубиш новиот дечко. Тоа мора да си расчистиш самата себеси, само според мене немој да прифаќаш никаква понуда за брак, се додека не се убедиш самата дали навистина се "сменил" или пак ќе продолжи по старо. Од мое лично искуство ти кажувам дека луѓето не се менуваат. Кога се очајни да вратат некој ветуваат дека ќе направат нешто. што ни пола не можат да го исполнат. Штом ти остава простор, убаво размисли си, сепак е голема одлука.
    Ме интересира дали знае дали имаш нов дечко? И ако знае како реагира на сето тоа :)[/quote]


    Му кажав и не можеше да се помири со фактот дека сум со друг, ми кажа дека нема да се откажи од мене, дека му недостигам, дека ме сака. И мислам дека предлогот за брак произлезе и од тоа дека сум со друг, свати дека навистина ме губи.
    А му кажав и на дечково што излегувам сега дека разговарав со бившиот. Во принцип не сум личност што крие работи, што лажи и што манупулира. Играм со отворено карти.
    Ти благодарам за мислењето :) , ќе го земам предвид и твоето искуство :)[/quote]

    Добро сега секој е различен, сите си имаат различно искуство. Не мора да значи дека и твојот случај ќе биде ист :) Само не можам да ги разберам ова машкиве, кога ќе осетат дека може некој др да те земе, тогаш се прават за да те вратат......
    Ако во случај се смириш, пази да не ти мава по нос, како ти него си го изневерила, како си можела да заборавиш на него така брзо и да најдеш друг... Иначе истото и кај мене, ќе те земам, им кажав на моите, ќе имаме бебе, ти ќе го довршиш факултетот, јас ќе го ставам во мирување. Одкако се смиривме, му викам ајде да се земеме, онака на тест го ставам ,не дека сакам, ми вика ааааа не чекај, има време, уште сме млади, дрн дрн јариња.....[/quote]


    Во право си за ова со искуството ама како што гледам слична ни е многу ситуацијата, ова машкиве слично размислуваат :)
    И јас размислував за тоа дека може да ми префрла, дека нема да може да заборави и му го кажав тоа. Дали ќе можеме да заборавиме јас тоа што го правеше тој а тој ова што почнав да излегувам со друг. А искрено и се плашам дека и да прифатам да бидам со него ништо нема да се промени, дека се е само празно верување, веќе не верувам на неговите зборови после се. Се плашам да ризикувам да не бидам повторно повредена, не би можела да поднесам уште едно разочарување.
    Ти благодарам уште еднаш за издвоеното време :)
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Облаче, а зошто воопшто уште му даваш важност на бившиот и се слушаш со него?
    Прекини веќе и да го перцепираш и сконцентрирај се на сегашната врска.

    Глупо машко- со понуда за брак ќе ги лепи парчињата од врската која се распаднала поради неговата незрелост.
    Избркај ја таквата гнида од твојот живот еднаш за секогаш.
    Тој си ги искористил џокерите кај тебе- доста е.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски

    Не ме иритираш воопшто, баш го ценам твоето искрено мислење :)
    И јас имам таков став ама сега се ми е испомешано и затоа сакав и да слушнам мислење од други.
    И штотуку разговарав со него и му кажав дека не можам да донесам таква одлука сега, дека одговорот е не, дека незнам дали ке можам да му верувам повторно. А за понатаму незнам како ќе се одвиваат работите.
    Ти благодарам за мислењето :)
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    cloud, таквите вкоренети навики кај машките, како што се љубомората, посесивноста и ваквите - флертувачко фраерски особини верувај дека не се менуваат никогаш.
    Според мене и од многу искуства - мои и на блиски личности, ваквите не се менуваат;
    некој период ќе се смири, ќе глуми бајче, а некој период ќе биде како куче пуштено од кафез.
    Така од невиниот ФБ ќе прејде и на директно флертување, на улица, во кафиќ, каде ќе му прдне.

    Не знам, никогаш не ме импресионирале фраеришта што сакаат да мотаат пар девојки истовремено, не ги контам, а верувам дека е особина која е трајно вкоренета и против која не можат.
    Ако не си подготвена да трпиш такви срања до крајот на животот (и постојано да се преиспитуваш, сомневаш, прашувам, зошто довербата е како огледало - кога еднаш е скршено, не се лепи повторно), би ти рекла - не му се навраќај на минатото и продолжи да си чекориш напред.
    Не знаеш дали токму новиов дечко е оној вистинскиот за тебе, ама според ситуацијата која ја опиша - овој браконудачов не е пак сигурно.
    Млада си, не си ја тепај главата за ваков лигав тип.
     
  8. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Веќе го применив твојот совет. Разговаравме и му ја соопштив одлуката, дека одговорот е не.
    Ти благодарам :)
     
  9. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Трендафилка, баш токму поради тоа што не сум тип кој трпи такви понижувања ставив крај на врската тогаш и му кажав и во лице дека и да го сакам такви работи не трпам. Давам љувов, почит, разбирање, искреност и сакам сето тоа да ми биде возвратено. Но сега некако се ми се испомеша и збунета се чуствував.
    Но веќе одлуката е донесена и му ја соопштив и него дека е готово, немам намера да живеам со сомнеж и со некој што не ме почитува доволно и што не ценел ништо што сум правела за него и што сум го сакала толку многу.
    Ти благодарам :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mimitka

    mimitka Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    3
    има еден дечко го имам спомнато ама вака во кратки црти да разглобиме све,за последен пат.значи дечково беше ептен запален за мене на почеток ама после нешто сосем друго испадна.испадна дека зборувал дека ме смета за мн глупа ,а ств незз тоа од каде кога секогаш сме имале супер муабет ,сериозен,зрел нормален .никогаш не сум дала повод за глупа да ме нарече.и потоа се одалечи ,се договаравмеза состанок све нешто му искрснуваше и тоа неколку патии не еднаш.и наеднаш прекина да пишува свее ,си мислам да не е од тоа што свати дека се затрескав во него па му поминал меракот или нешто др е во прашање.исто да ви кажам имам и др проблем не сум баш убава ,дебелка сум за тоа да не ми прават така сите машки да сакаат да ме изиграваат ;(
    ми требаств муабет со некој,мн ми е тешко може досадна сум ама да недаде господ да му се случи вакво нешто како на мене
     
  11. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Бев многу осамена, тоа до сега го имам кажано. Но деновиве ми пиша еден дечко со кој се познавам 1 година, но само онака.. другарски , си пишевме и ме праша дали сакам да излеземе , другарките ми велеа дека е многу голем, бидејќи разлика сме цеееели 6 години. Но јас испаднав, правевме сериозен муабет, дека тој сакал врска со мене, проба да ме залиже но јас се тргнав, ми рече да размислам и нема да ме брзал... сега ми е страв што ќе речат другите што ме гледаат со него? Кажете ми дали да продолжам да комуницирам со него, односно дали да се надевам на врска или ... ? :?: Иначе неговата бивша и е сестра на моја другарка... и тоа ми претставува проблем и малку ми е непријатно... :worried:
     
  12. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Ај јас да ве прашам нешто. Како знаете дали да ставите крај на врската :?: во мојов случај, немам некоја јака причина туку се караме за банални работи и ме нервира шо ме криви мене за се т.е. сум се лутела за глупости. Може понекогаш е така ама битно се лутам оти он прави или ќе каже нешто, така да со некое право односно со причина се лутам, ама не тоа биле глупости, јас секогаш кога ни били убаво сум расипувала :^) и сеа прашањето ми е, дали да се борам за врскава или да се скарам? Оти мнгоу пати ќе се налутиме и ќе се искараме ама се смируваме, си се тешиме и двајцата као да се контролираме и сл. ама пак истото. И незнам што да правам, значи и двајцата сме криви според мене ама па не сакам секогаш да попуштам да не ми се качи на глава. Да повторам се караме за глупости, не сме имале некој посериозен проблем како неверства или нешто друго а долго време сме заедно (прилично долго :lol: ) ви се слулува ли вас вака, шо правите, решавате секогаш или ставате крај?
     
  13. mimitka

    mimitka Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    3
    mislam iskrenoo najdobro e ili da razgovarate otvoreno ili kraj,bidejki ako ne go sakas mislam ako ti e seedno ok terajte si taka ,ama ako ti znacii sekoja sitnica te kinee zatoa najdobro razmislisi kako e najdobro za tebe
    [mod-kirilica:qg3flqnx][/mod-kirilica:qg3flqnx]
     
  14. someone1

    someone1 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    lugje mn ja sakam devojkava no veke ednas mi ja frli korpata

    lugje mn ja sakam devojkava no veke ednas mi ja frli korpata ne mi mn luta no sepak e sto da pravam? ;(
     
    На fairy33 и Blair15 им се допаѓа ова.
  15. Blair15

    Blair15 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    12
    lugje mn ja sakam devojkava no veke ednas mi ja frli korpata

    Разговарај со неа,правете муабет, извини и се,сигурно има причина зошто ти е лута и кажи и дека навистина ја сакаш. позз
     
  16. LexyCw

    LexyCw Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    lunicka Сметам дека прво ти треба да се прашаш што чувствуваш за тој дечко.Мислиш дека имате добра иднина? Следи го срцето.Сепак не сте многу голема разлика.Има разлика и од 9,10 години.Знаеш дека во животот не може секогаш да погодиш на сите.А посебно не народот во твоето место,а да не зборуваме пак ако живееш во мало место во кое сите со сите се знаат.А за тоа што неговата бивша е сестра на твоја другарка,па што има врска тоа?Бивша си е бивша,биле заедно,не успеало,готово,секој по свој пат.Со среќа ,пофали се што биднало потоа. ;)
     
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски
    Mимитка,сфаќам дека си разочарана од дечкото,но ТОЈ не е единствен на оваа планета ,нели?
    Изгледа не те сфаќал ни како човек,кој морон вака зад грб да ти зборува :x .
    Како да не,нешто друго било во прашање,немој да се замараш за некој будала што очигледно е дека постапува општо така како кукавица,немој да мислиш дека само со тебе бил таков.И кој ти кажал дека не си баш убава,како го заклучи тоа?
    Секако дека не си досадна,и НЕДАЈ БОЖЕ пак тоа што го рече дека не си убава,тоа е голема лага,секоја девојка си има своја убавина,само треба да знае да ја истакне,нели така ;) ?
    А за телесната тежина доколку сметаш дека имаш вишок килограми,тоа лесно можеш да го регулираш со некоја диетичка и да водиш здрав начин на исхрана ,и никако немој да слабееш за некое си машко,зошто жената треба да се чувствува убава прво одвнатре потоа однадвор.
    И смени го пристапот кон себеси,биди понасмеана поведра ќе видиш колку и другите ќе ја забележат таа промена,а посебно момчињата,па никој не сака негативен човек кој за себе има лоша претстава,нели?
    Само похрабро,и пооптимистично гледај на животот,ако ти треба совет или некому да се искажеш,пиши ми лп .
    :hug: :* до тебе
     
  18. fairy33

    fairy33 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    devojki mi treba pomos

    ima eden decko koj navistina mi se dopagaa, a ne znae. Nekolku pati mi ima receno da se smuvame ama nisto ne bidna od toa, na eden negov drugar mi imase kazano deka mu se dopagam, a drugar mu mi kaza mene. sega nisto od toa, ne znam kako da mu se priblizam. pomos ve molam :)
     
  19. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски

    Па почни муабет на веќе добро познатиот фб или пак ако му имаш број покани го да искочите на кафе или ако ти е срам направи го тоа преку неговиот другар да му каже да те покани бидејќи чим викаш дека те свиѓа не би требало да те одбие :)
     
    На fairy33 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Бар за мување ич не би требало да имаш проблем. Дај му знак,он ке разбере дека сакаш. Малечка насмевка,закачкај го,викни го на кафе. И твој е :lol:
     
    На fairy33 му/ѝ се допаѓа ова.