Барам ваш совет. Епа вака .......има еден дечко што навистина многу ми се сфига.Но проблемот е што мојата другарка го сака ....но неможе да има ништо со него затоа што се нема мувано , едноставно и е срам.А тој мене постојано ми се пушта , ме прашува да излеземе , а јас му реков не но тој напнува.....сто пати ме праша зошто не сакам ....а јас му кажав дека не сакам поради другарка ми , и тој ми вика таа нема да знае. Што велите да се мувам со него?
Полудругарка..каква и да ти е ако велиш дека ти е другарка не би било убаво да се муваш од толку машки баш со него.Замисли на тебе да ти направи некој така.Не е убаво нели?
razmisli kako bi ti bilo, koga drugarka ti se muva so toj sto go sakas. nemoj da go pravis toa bidejki moze da gi rasipite odnisite so nea, no sepak nie ti davame samo soveti,a odlukata si e tvoja
Вака девојки имам една другарка нејзе и треба совет љубовен совет! Во октомври девојкава се запознала со некое момче и тоа момче постојано ја шмекало и пишувало на фејсбук и и кажало дека ја бендисува потоа таа му признала дека го сака и тој незе и потоа почнал да ја одбегнува а не биле во врска и другарите на момчево кажувале глупости за девојчево и момчево ја блокирало на фејсбук пред неколку недели ја одблокира и оваа му прати покана за пријател тој на ја прифати сега таа многу го сака и сака пак да си живеаат да заборават на се и да продолжат понатаму ми треба ваш совет благодарам однапред
reci i na drugarka ti da go izbegnuva nekoe vreme, koga ke go vidi da se odnesuva ladnokrvno da ne mu obrnuva vnimanie, i posle toj ke trca po nea [mod-kirilica:2u1rhrsm][/mod-kirilica:2u1rhrsm]
Ми личи на недораснато дете , на кој не му треба љубов.Според мене кажи и на другарка ти да се олади со него , нека не го бара и нека проба да го заборави.Можеби премногу сурова ке бидам но тој не ја сака неа.Си знам по мој пример , кога мене ќе ми речеше некој те сакам а јас него не го сакам го избегнував, не сакав контакт со него.Можеби ова и не е тој случај , но околу 90% сум сигурна дека е така.Значи кажи и да не се замара со него , млада е ќе си најде некој што ја заслужуваа!
Размисли дали ти е другарка или не? Немој да го направиш она што не сакаш тебе некој да ти го направи-објаснување:Така другаркати можеш да ја повредиш и изгубиш. Твое е да си одлучиш,но сепак не би било убаво со некој што се дружиш да го повредиш.
Ќе мора да избереш или таа или тој тука златна средина нема ! Види што ти вреди повеќе . Нема другарка што би поминала преку ова биди сигурна .
совет Има едно машко шо го сакам многу.Тој е помал од мене.Му имам кажано дека го сакам и тој ми рече дека не е за женска.И на еден другар му дал разговор со мене и му рекол шо да ми пиши,и другар му му рекол да пиши за да се фатиме,и овај шо го сакам му рекол дека нема шанси да се фати со мене сум била грда..после другар му ми даде разговор со негоо и јас му пишав него и тој ми рече дека стварно не го мислел то,ми се извинии то биле само некој машко игри.После ми рече да му ветам дека че го гледам другарки и дека че бидиме другари ,и јас му ветив..но го сакам најмногу.Живее една улица под мене и секој ден се гледамее,седиме заедно на улица...Каже те што да правам...благодарам однапред
Пред извесно време се запознав со еден дечко, преку една другарка. После некое време правеле муабет и он и кажал дека многу сум била убава и дека му се допаѓам, и дека сака да ме запознае подобро и го побарал мојот број. Со моја дозвола другарка ми му го даде бројот. После тоа се видовме уште два-три пати, само не сами, туку заедно со другарка ми, правевме малку муабет, но дечкото е многу мирен , добар и по малку срамежлив. Мене ми е океј, убав е но не ми се допаѓа. Неколку пати ми се јавуваше да излеземе (најверојатно имал на план сами) ама јас неможев баш тогаш и го одбив. Не дека бев груба со него туку на убав начин му кажав дека неможам да излезам имав некоја работа тогаш. Он директно не ми кажува ништо за тоа дека му се допаѓам, кога правиме муабет зборуваме нешто општо. А другарка ми ми кажува дека со него кога прави муaбет постојано нешто за мене прашува, па се мислел неколку дена дали да ми се јави па незнаел што да ми каже и тн. Деновиве се дговоривме дека ќе излеземе, и мене не ми е проблем, океј ми е онака како другари , само незнам како да постапам, пошто он најверојатно ќе сака нешто повеќе, како да постапам кога не ми се допаѓа, не сакам да го повредам а не сакам ниту лажна надеж да му давам , ете сум- нека ме има како другарка, но не сакам да се надева на нешто пошто јас немам никави чувства кон него. Како да постапам и дали и како да му кажам и дадам до знаење дека не ми се допаѓа, а за другарство тука сум. Секогаш кажувам директно што мислам и чувствувам но овој пат не сакам да бидам погрешно сватена и он да биде повреден. Како треба да се поставам за да биде јасно дека ништо не сакам а другарството да се пролонгира
Не си требала да се договораш да излезеш со него кога немаш никакви намери. Тој тоа може да си го сфати како шанса и да се ставиш во непријатна ситуација. Игнорирај го и тој сакал нејкел ќе мора да го прифати тоа. Велиш дека сакаш другарството да се пролонгира, а јас како што сфатив, вие само неколку пати сте се виделе, значи сте познајници, а не другари. Така да немаш што да изгубиш.
Angellche14 Мала си да се замараш со дечки што не те сакаат, ем рекол дека си грда, ем те излажал (дека не мислел така) и ти пак по него, зарем не си малку понижена што те оговарал со другар му за сеуште да трчаш по него? Во 7 или 8 одделение имаш многу попаменти работи како да си го поминеш времето него да мислиш на машко што отворено кажал дека не му се свиѓаш. Дружи се со дечки на кои им се свиѓаш од старт а овој најубаво еден подолг период сосема да го извадиш од глава и да му ставиш најголем можен игнор. Monroe Тоа се прави многу лесно а смееш и да излезеш нема проблем. На следно гледање или следен муабет спомни му дека некое машко многу ти се свиѓа и прашај го него за пријателски совет а може и да спомнеш колку цениш што го имаш како другар. Нема да се одушеви но ќе ја сфати пораката и ќе има избор дали да те дружи како другар или сосема да се повлече. Најглупо е да игнорираш некој што е фин, чим му покажеш вака на индиректен начин да знае на што е, изборот ќе биде негов а твојата совест чиста.
А зашто воопшто не сакаш да бидеш со него?викаш немаш чувства па како може да имаш за некој што не го ни знаеш доволно..Греота е детето не викам не,ама мој совет ти е да пробаш со него.Немаш што да изгубиш,а чим вака трча по тебе сигурно убаво ке ти биде со него.Излези сама со него и објасни му дека незнаеш дали сакаш да бидеш со него сеуште,дека сакаш еден период да се гледате како другари .да излагате да се шетате,на кафе и слично.и дека ке одлучиш најмногу за недела-две.И ке видиш како ке биде,ако не бива ке му објасниш дека неможеш да бидеш со него и сакаш да останеш добра другарка.али ако си сигурна дека не сакаш да бидеш со него и несакаш да пробаш воопшто ,излези и кажи му во очи дека не си спремна за врска ,смисли нешто и кажи му.или најубаво вистината
Дружете се. Абе деца сте какво фаќање какво сакање, со 14 години... што ќе кажеш на 18 или 20? Уживај во детството не се замарајте со такви работи, животот е пред вас.
Имам голем проблем..Се извинувам за долгометражата, но вака повеќе неможам! Значи вака..Откако раскинав со бившиот, почнав да се допишувам со едно момче (Х) кое ми се свиѓаше премногу. Но, уште првата недела забележав дека тој воопшто не е сериозен за врска, постојано се шегува. Секоја ден пишувавме, со часови. И конечно се видовме, за првпат. Беше убаво. Бев пресреќна. Утредента кога повторно прв ми пиша сватив дека му се свиѓам и сака да продолжиме да се гледаме. Се видовме и вторпат и оттогаш настанаа сите проблеми. Вечерта беше убава, но пеколот почна од утредента. Двајца негови другари ме свиѓаа, тоа ми го кажа и самиот тој, но изгледаше како да му е сеедно, тоа го кажуваше на шала. Секако, тој избегнуваше да кажува дека се мува со мене. Не негираше, но не ни признаваше. Знаеа само моите другарки и неколку негови другари. Потоа и некои други дознаа но сепак тоа не беше ни по моја ни по негова волја, почнаа МУАБЕТИТЕ НА ГРАДОТ.Да не бегам од темата..Приквечер се пуштив на фб и кога почнавме да пишуваме ми кажа дека најдобро е да останеме пријатели. Незнаев што се случува. Јас него го сакав. Бев заљубена! Си мислев дека тоа не беше мојот Х. Се согласив да останеме пријатели. После долго време измачување додека тој ме нарекуваше „другарче“ а јас него „другар“, повторно успеав преку неговиот другар Y да се видиме пак. Кон крајот на вечерта му реков - „Од утре пак сме другари или пак ќе се гледаме?“ Тој ми рече - „Да се гледаме, зошто да не?“ Беше насмевнат, во неговите очи го препознав момчето во кое бев заљубена. Да, тоа беше мојот Х! Потоа ми објасна убаво, дека пред тоа не сакал со мене бидејќи имал друго мислење, а сега мислењето му е сменето. Утредента, кога повторно пишувавме на ФБ го прашав како стои со мислењето, тој ми рече -„Хихи, се држиме.“ Пак бев пресреќна. Си реков - „Конечно и јас да бидам малку среќна.“ Тогаш почнаа повиците со Непознат. „Понастрана од Х“ , „Стои подалеку од Х“..Решив да му кажам. Му пишав и тој само се изнасмеа. Му реков - „Тогаш најубаво да стојам понастрана, м?“ Секако не го сакав тоа, сакав да видам како ќе изреагира. А тој?! Тој ми рече - „Ти си знаеш.“ Му реков - „Сеедно ти е?“ Тој ми одговори - „Не дека ми е сеедно али штом си решила, тогаш..“ Не бев решена! Но тој ми помогна да се решам - ГО ОСТАВАМ. И повторно на старото другарство. И така се случи, еден ден отидов на базент, на почетокот малку се бањавме заедно, се зезавме, потоа оддалеку ми намигна, но оддеднаш се изгуби со другарите, ми стоеше пред очи, не ме ни погледна, не дојде ни да ме праша како сум, дали се забавувам. Вечерта и реков на другарка ми да го праша дали ќе може да се видиме, тој и рекол дека има работа. Утредента разговаравме зошто пред другите се прави ко да не ме познава, тој ми рече - „Па ете бев и со тебе, сепак на базент отидов со другарите неможам да ги оставам сами.“ Убаво ми беше додека ми даваше сметки за се`, но оддеднаш ме праша - „Сега прашај што те интересира.“ Дојде моментот си реков. Го прашав - „Јас и ти што сме?“ Тој ми рече - „Другари.“ Го прашав - „Ништо повеќе?“ Тој ми одговори - „Да.“ Потоа го прашав „Нема шанси како порано што беше, да има нешто повеќе од другари?“ Тој ми одговори - „Не.“ Потоа додаде - „Значи отсега па натаму, кога ќе ме видиш само здраво-здраво и толку, ако ти одговара така ако не - ништо.“ Се изнервирав и му реков - „Не ми треба ништо повеќе од тебе!“ Тој ми одговори - „Фала.“ Потоа го избришав од пријатели на фб. После 2 дена, вечерта, бев искочена в град, оддалеку се видовме и ги завртивме главите. Утредента се разбудив, и кога проверив на неговиот профил, видов - МЕ БЛОКИРАЛ. Сега неможам ни инбокс да му пишам, бројот му го избришав во момент на нервоза, неможам да го најдам никаде, а страшно ми недостига. Да, знам, тој ме зеза, длабоко во себе си правам филмови дека можеби чувствува нешто кон мене но несака да признае, но реално гледано, толку време пишувавме, можеби 3 месеци, а се смувавме само 3 пати. Ќе речете - „Остави го, гледаш дека те зае*ава!“ Ама неможам. Страшно ми недостигаат неговите пораки, нашиот чет, договарањата за на кафе кои никогаш не се исполнија, нашите кавги, нашите слатки зезања, се`... Јасно ми е дека не сака ништо повеќе со мене, но што да правам сега? Јас го сакам, ужасно го сакам. Во безизлезна ситуација сум, се осеќам како во лавиринт...ШТО ДА ПРАВАМ? Да преземам нешто или..? Но како да си дозволам да страдам? Знам дека нема да го заборавам...Помогнете ми ве молам.
Абе дечково ми е многу хиперактивен значи. Немој да викаш не можам да го заборавам зошто веруј дека можеш Прво му викаш ќе останеме другари тој цврсто си стои на тоа дека сакате да бидете другари нејќе ништо повеќе не се оптеретувај со такви како него не си идела не ти бил дечко само сте се мувале . Мој совет ти е заборави го не му пишувај ништо остај нека биде се како што си било не ти вика здраво не му викај нема што ти да го молиш зошто има уште други машки во градот а и башка чим цврсто е решен дека не сака да биде со тебе нема да биде знаеш како иде тоа со сила убавина не бидува Убава си паметна си ќе си најдеш нов а овој може пак да ти се врати ама тогаш ако се врати ти заебаи го и кажи му сакам да си бидеме другарчиња. Се надевам дека ти помогнав малце
Сеуште си на почеток,не верувам дека толку силни чувства имаш кон него,може само да те привлекува но не и да го сакаш подобро оттргни се од него ,не заслужуваш ваков однос топло-ладно ,еднаш ќе се гледаме следен пат сме другари, пред другарите не сака да признае дека се гледате,се прави како да не те познава, што повеќе од ова освен дека типот нема сериозни намери за врска кон тебе туку сака само мување ,можно е причина за неговото однесување и да е некоја друга девојка која повеќе му значи од тебе или дечкото е женкар па сака и други девојки да брка по страна .Мојот совет ти е не превземај ништо дозволи тој да превземе нешто за да бидете заедно .