незнам дали е во ред што се мешам во муабетов но сакав да додадам дека доколку разговараш со него и тој продолжи да го прави ова, жал ми е да кажам но сепак мислам дека би требало да размислиш дали е тој вистинскиот човек за тебе т.е. дали е тој оној вистинскиот за ти таа сериозна работа да ја направиш со него... Мислам дека најубаво ќе биде прво ти да размислиш дали сакаш, да разговараш со него, не сто пати туку на човек кој те сака и еднаш му е доволно да свати дека не си подготвена... Јас многу сакам иако не те знам да бидеш среќна, но верувај ми дека требна да уживаш кога си со некој човек, а не да плачеш и да се мачиш и да трпиш некои работи, само за на него да му биде убаво...ти си најбитна од се... кога ќе дојде време, и кога самата ќе почувствуваш дека си спремна, тогаш нема да ти биде незгодно па и ти ќе уживааш во тоа...поздрав
Анѓелче,се е тоа нормално дечко ти можеби те посакува силно,но доколку ти не го чувствуваш истото,и не се чувствуваш подготвено-немој да го правиш тоа!!! Првиот пат нека ти биде со личност ќе ја сакаш,да те сака,да те цени,а не само колку да имаш сексуални односи,нели? Сексот не се состои само од убавини,си има и свои последици,бременост,болести и итн.Дечко ти контролирај си го малку,речи му директно што сакаш да правите ,а што не! Подобро избегнувај презагреани ситуации и останување насамо подолго време,излегувајте почесто во друштво А доколку тој инсистира на односи по секоја цена,без да го почитува твоето мислење,знај дека не те заслужува. Поздрав
хермоса со друштво ретко излегуваме повише сами хмм вчера кога излеговме јас некако го избегнував само ме бакнуваше и ме допираше во градите и излезе надвор од колата и се сврши не знам стварно нема инсистирано за односи досега ама одличено сака
Како што реков,не прави ништо доколку не ти се допаѓа.Колку време сте во врска?Држи се до твојот став,не попуштај,зашо љубовта на тие години е минлива,немој да му дозволиш да те фати слабост на момент и да биде тој како сака Убаво објасни му дека не си спремна за односи,се надеавм ќе те разбере и ќе ја почитува твојата одлука
во врска сум 2 месеци и пол така нешто ... морам да држам став морам хммм јас не сакам сега односи и тоа се надевам дека и тој ке ме свати . Hермоса фала за советите
Девојки имам една другарка постојано се мисли што да направи има момче и тоа момче и е дечко кога ќе направат месец сакал да и купи големо мече! Од дома не ја знаат дека има момче а таа незнае како да му каже дека има момче и кај да го однесе мечето кога ќе и го купи ако имате некоја идеја или совет ве молам пишете бидејќи е итно!
Или да каже дека го видела во излог на некоја продавница за играчки, многу и се допаднало и сама си си го купила мечето позз
Па да си каже гордо дека дечко и го купил,што ви е на вас муљаторки,лажачки низаедни Спојлер се шаламммм . Сега сериозно,па демек по некој повод сте и го купиле другарките,не мора да биде роденден,нека биде на пример сте си купиле заедничко мече бидејќи си славите годишнини од другарство,нека рече дека ќе биде кратко кај неа,па ќе ви дава и на вас малку да го почувате,да не биде сомнително на нејзините и така Се надевам дека помогнав
Неверојатно. Каков ли проблем на девојки од 18 години. Не сватив, проблем е што не знае како да им каже на родителите дека има дечко или како да однесе дома едно големо мече, што ЌЕ и го купи дечкото кој е топ сикрет. 18 или 10... ????? Спојлер На темата - дали форумот треба да биде 18+, упорно држам став дека не треба.... или држев, којзнае, нешто ми се поматува паметот. Во последно време се изначитавме се и сешто.
Збунета сум ! Здраво ! Имам 17 години и имам дечко со кој одам 8 месеци тој ми вели дека ме сака се е ок ама јас нешто чувстувувам длабоко во себе дека не е така дека тој е со мене поради корист и мислам дека не е исто како порано не сум сигурна дали го сакам толку колку што го саакв што ли не сум правела за ова врска ме одели од сите другарки само со него сум незнам дали сум со него од чиста навика или вистински го сакам тој е премногу добар кон мене не дава "влакно да ми падне ".Понекогаш ми е досадно со него а по некогаш ми е супер многу е љубоморен ако виде некое убаво момче поминува покрај нас и веднаш презборува и што го гледаш сега или ајде гледи сега а уставри јас не гледам гледам на другата страна се чувстувавм многу глупаво понижено незнам зошто така се случува дали е поради неговата љубомора или незнам што тој сака да бидам само со него и со никој друг ако излезам со мајака ми на пример мора цел пат да сум на тел или одам во дуќан да им помагам на моите потоа ќе ми биде лут епа неможе така веќе и јас имам душа а неможам да му раскинам многу сум чувствителна знам ме сака ама...
Знаеш ли дека мобилниот телефон зрачи и дека никако не се препорачува да го носиш уклучен во близина на телото со саати зашто може да оштети дел од клетките и да ти се одрази на плодноста? Сите кои работат со зрачења од мобилни уреди советуваат мобилниот да е што подалеку од телото кога е уклучен или да е сосема исклучен а да се уклучува само по потреба. Така да следен пат кога ќе шеташ ќе си го изгасиш мобилниот (мене стално ми е угасен или на авионски мод) и ќе го уклучуваш само кога треба некому да се јавиш или да провериш некој да не те барал а на дечко ти ќе му кажеш дека одсега ќе го гасиш ради здравјето и повремено ќе му се јавуваш. Ем си мислиш на здравјето ем ќе имаш мир од дечко ти а плус и нему му правиш корист да не се зрачи на секој 5 минути да те проверува на мобилен зашто си ги печете двајцата мозоците со ЕМВ беспотребно . Ти како женско не смееш да го научиш него да биде само со тебе, мора да биде и самостоен така да почни да си излегуваш и со другарки а ако ти спомне пак за некое машко речи му дека очите се и за гледање и дека ти мора да знаеш што се случува во твојата околина . Твојот е како детенце па мораш и да почнеш да го третираш како дете, значи без карање туку само со убаво и со мала доза на иронија самиот да свати дека удира во празен простор Ова не смее никогаш да го дознае зашто ако го дознае, се што правиш ќе отиде во ветер.
^ лекција за здравјето, заеби љубовните проблеми Девојче, на 17год да немаш другарки, само дечко, кој е апла љубоморен, па уште и се нервираш, дозволуваш да ти заповеда постојано да му се јавуваш, а му се плашиш да му раскинеш...Абре ајде оди живеј, и така се сомневаш дека го сакаш/те сака, не е некоја гоооолема љубов што ќе трае со векови и векови не си го троши времето и детството/тинејџерството за некој што те затвара од било каков социјален живот. Грабни другарките под рака и право на шетање!
Би ти рекла да го седнеш сериозно типот и да разговарате за ова, ама нз колку ќе вреди. Само знам дека дефинитивно не вреди за некое машко да ги поминеш тие прекрасни години без дружење, шетање и сл. Искрено јас коа бев средно, највише од такт ме вадеа девојчиња кои ќе почнат да ги избегаваат сите штом ќе фатат дечко, цело време гувееја со нив, а после коа ќе ги шутнеа, пак се враќаа на старите другарки. Сум имала и јас врска на тие години, ама бре се знае, имаш денови шо ќе ги поминеш со другарки, има денови шо ќе ги поминеш со дечко и толку. Досаѓање, висење на телефон, супер контрола на 17 години да ти врши некој да не смееш ни со мајка ти да припариш на улица е дефинитивно лошо.
Малку бев ироничен, можно ли е да не си приметила, не ме разочарувај кравче Не знам што им е на луѓево ама проблемиве се да се прекрстиш 10 пати и да се прашаш дали си растен на иста планета или повеќето живеат во некој алтернативен универзум
Или сме заборавиле? Тогаш немаше форуми да прашаме за совет, се` што правевме беше од овој-оној совет, демек од поискусните Не мислам дека нешто драстично се промени во прашањата.....проблемот делумно настана кога генерациите се разуздаа малце повеќе, влегоа во води за кои реално не се спремни, па водат физички живот со несоодветна психичка поддршка Колку и да си мадрфакр и најјака шмизла, 13 си се 13.
Секако си во право, денешните девојки се телесно веќе развиени на 15 години ама психички повеќето се сеуште деца но сепак има многу на 17 и 18 години прашуваат работи кои би требало на секое разумно суштество да му се јасни, како на пример ако ја тепа, ако ја одвоил од другарки, ако е љубоморен итн итн итн. Мене ми се такви прашања фрапантни исто како да прашаш кога сум гладна што да правам, па можно ли е некој да не знае дека треба да јаде . Кога те мотка дечко или му правиш муабет и поставаш граници или му раскинуваш и жално е што се едни те исти прашања се вртат и на скоро секој совет се потенцира не можам без него многу го сакам . Дали и како било порано не знам зашто ни тогаш а ни сега не познавам ниту една девојка со таков животен став, кој те мафта му удираш клоца и толку, нема голема филозофија, те не можам без него те ова те она, нема да си играме играчки