Пошто имам ќерка друже, нема ништо да коментирам, само ќе поплукам во пазуви и ќе кажам Господ ум да и` даде и да ја чува, толку. А за такви што „трпат“, секогаш имало и секогаш ќе има, нема врска со времето на живеење....добитна комбинација на лабилен карактер со лош домашен пример
Ете и јас со проблем.На фб еден пред скоро пола година ме адна и се допишуваме и на секогаш кога да почнеме да се допишуваме ме прашуваше дали имам дечко и му викав да незнам зошто .И пред неколку дена ме праша пак и јас реков дека можеби имам и го прашав дали он има девојка и ми рече не.И јас му викам демек како е можно да нема девојка и он ми вика дека мене ке ме земел за девојка.И јас само нешто др му пишував и се ми викаше дали сакам.И после ме праша дали имам број,моб и јас му реков да,го прашав зошто и он ми кажа онака јас реков ок.После ми вика да му го пишам и му го кажав и он ми го кажа и ми титна и ми пиша порака,јас не.После тоа утредента почнавме да си пишуваме пораки,да си титкаме.И тоа секоја порака срце,сонце,злато,душо,љубена .И завчера му пишав дека не го сакам веке да не ми пишува и да не ми титка.А сето тоа го направив за да не испаднам лесна,да бидам јас таа што сум го откачила.И он ме праша дали да не ми пишува повеке и јас му реков да ми пишува само другарски.И вчера на полнок ми пиша порака пак.Ама не му вратив.И сега ми титна,ама јас не му титнав.Дали добро направив? Што значи тоа што пак ми пиша и титна?? Може некој совет и од машко,не е важно.??
Титна, пиша, пиша, титна....јас реков, он рече.... Небитно! Ако ти се свиѓа дечкото, земи го телефонот во рака и пишу му дека ако сака да ти каже нешто да ти го каже во очи. Ако не ти се свиѓа и сакаш да си играш титки и смс ... само продолжи така.
Ниту го свигам,ниту го сакам,не го ни знам доволно,само еднаш случајно сме се виделе и на фб.Ама се каам што толку лесно му кажав некои зборови,несакам да ме мисли дека сум лесна.А и незнам зошто е толку упорен и мн планира да одиме,ваму,таму.Дали е правилно што јас прва му кажав КРАЈ? А и толку ми е одвратен во изглед...
читам и не можам да се изнасмеам... 1. според мојта констатација, ти немаш љубовен проблем, туку проблемИ со начинот на размислување. 2. да го решиме т.н. проблем - Ако ти сметаш дека е правилно, тогаш е правилно... ако мислиш дека си погрешила тогаш фино лепо заѕвони му на детето/човекот извини се и продолжи до кај шо си застанала...
Ако не ти се свиѓаше немаше да се замараш со него толку време. Или само бараше некој со кој да пополниш некоја празнина? Друга причина не гледам за ова твое двоумење. Може он на тебе не гледа така како ти на него-кај знаеш има некакви чуства. Е,и? Треба ли да продолжиш да си играш со него? Биди најасно со чуствата. Кога ќе си признаеш стварно како се осеќаш према него тогаш ке знаеш и шо да правиш
Што ли би правела ти да немаш телефон и фб. Совет-не гледам за што бараш совет.И не ја гледам смислата во титкањето освем ако не е некој договор за нешто.А вие очите не сте си ги виделе.Излези со него ,види каков е ...чекор по чекор...
Девојки дали мислите дека исправно постапив или пак грешам? Деновиве не сме толку блиски со партнерот ( вереникот) поради обврски, не сме иста смена на работа, тој прва јас втора- деновиве ретко се гледавме.Знам дека има периоди кога страстите некако се оладени поради обврски, замор. Денес после пладне се видовме бевме на кафе со друштво, јас некако се почувствував запоставено од негова страна, потоа отидовме кај него дома, сам беше, јас зедов нешто средував низ дома, а тој цело време си гледаше тв, ќе го прашав нешто ми одговараше незаинтересирано... јас се налутив, му реков мислиш дека треба да зборуваме за некои раб (бидејќи имаме нешто во план) тој ми вели има време ова она. Мене тоа ме вади од такт, воопшто не е одговорен, му реков да си ја смени таа навика, се нешто заборава .. вели таков сум и што да правам. Не ме ни гушна ниту ништо, едвај неколку реченици сврзавме. Потоа му реков ајде однеси ме дома, стана и ми вели не спиеш овде Јас ништо не одговорив. По пат и двајцата си молчевме и кога ме допре пред врата ми вели да те гушнам, јас само му реков цело време не ме гушна сега сакаш да ме гушнеш и си заминав. Сега некако ми е криво не знам таква сум.. Не сакам да му попуштам сакам да му дадам до знаење дека и јас имам чувства , само сакав малку да се опуштам по напорниот ден да ми речеше дојди душто седни, а тој се зјапнал во тв. Се мислам дали да му се јавам вечер барем да му речам добра ноќ ( бидејќи тој не може да бара -може само да го бараат) Мислите ли дека сум во право што така изреагирав и се нервирам или пак претерувам. Некој совет
Кажа дека сте во различни смени на работа, веројатно поради обврските не можел да ти посвети време. Човекот можеби едноставно би уморен од се. Мада јас би рекла според ладнокрвноста дека можеби нешто друго е во прашање, можеби има друга некоја која му се допаѓа. Велиш дека си била на кафе со друшството, е тука си згрешила си требала сама да со него да одиш на кафе и да пробаш преку разговор да ги решиш проблемите. Мада си изреагирала малку "важна'' кога се работело за гушкањето, сакал да те гушне а тоа на некој начин сакал да ти даде некој знак,можеби имал некој проблем на работа кој неможе да го реши и сакал подршка, па си го одбила. Мислам дека претеруваш. Боже па вереник ти е, утре во брак и двајцата ќе работите по цело работно време. Барем гледај ноќта да ја искористиш да бидеш со него.
Savana јас искрено мислам дека треба да седнете и најискрено да поразговарате зошто како што сватив сте верени и планирате свадба...во брак според мене не се влегува со нерешени прашања, двоумења, сепак не е врска па ајде ќе раскинам и готово...најубаво е цел живот да бидеш искрена, да му кажуваш во секој момент што те мачи..понекогаш мора да попуштиш ти,понекогаш он... во случајов мислам дека треба да му се јавиш затоа што никогаш незнаеш што му се случува на другиот..он сакал да те гушне и со тоа да те замоли да му простиш за претходното негово однесување затоа што веројатно сватил дека оние работи кои се надвор од вашата врска(нервози,стрес на работа, караница со родители и сл) не смеат да влијаат врз врската која вие двајца ја градите, а ти си го оттурнала...според мене тоа не смее да се случува затоа што бракот треба да се чува...следуваат сериозни работи...ако вие уште сега вака реагирате за ситни работи утре што ли ќе биде???? се надевам свати што сакам да кажам...без лутење,тоа е мое мислење... поздрав
^зашо и правите такви филмови на девојката? савана период е и ке помине,нема врска со ништо друго едноставно доагаат такви периоди на оладеност во врската и во бракот,ама и по тоа што го прочитав ја мислам дека и ти си малку повеке чуствителна ... ке помине
Абе луѓе на секој еден му се има десено да е преморен и да не е заинтересиранз а ништо. Нормално е се тоа Савана, се додека не премине во навика и секој втор ден не ти прави вака . Едноставно пробај до некаде и ти да се ставиш у негова кожа ете и ти работиш и све и нему сигурно му е напорно, па само сака и барал начин да се одмори. Ја те разбирам зашо иста таква сум ја све у ваздух би дигнала ама овака гледано од страна има компромис и решенија еден куп. НАреден пат ако го видиш таков, седни до него и гледај Тв , не му збори ништо остави го ке видиш како ке се доближи и ке започне муабет И нареден пат не бегај остани ама смири се претходно ако можеш да се смириш у такви моменти, а ако мислиш дека ке ја направиш големата ондак е ок шо си заминала .. И мислам дека е ок да му се јавиш само не реагирај бурно
Мн ми е жал што во преубав момент од животот (нели, бременоста) тебе ова ти се случува...верувам дека врската ви е доволно цврста штом веќе сте се решиле за брак и сл. но мислам дека тој можеби си има некои нерешени бубачки во главата, штом вака реагира бурно и љубоморно. Можеби треба да почекаш малку да му се олади главата (ден-два) и да најдеш начин да му ја кажеш преубавата вест. И да не сака да слуша, кажи му дека ќе се кае цел живот што не сакал да те послуша во овој момент. Дури ако треба и соочи го со твојот другар-брат (иако мене то ми е некако премногу, но во овој случај јас и тоа ако треба би го направила) и докажи му дека мн греши што во клучни моменти од животот нема доверба во тебе, а што станува за понатаму? Морав и јас да ви се обратам за мојата ситуација...со дечко ми сме 3-4 год заедно и секако дека паѓаат планови и муабети и за брак, и за живеење заедно, заедно штедиме и пари и се со ред. Но, ете еден проблем ми се провлекува (што можеби јас самата си го создавам) - пасивна љубомора која навистина ми ствара проблем во врската. Минатата година така се погоди, тој доста често излегуваше со другари, колеги, машко друштво...цело време се наоѓаше некој што ќе го вика да искачаат сами, а за мешано друштво никако. И во тие моменти, најчесто во саботите кога сите се излезени (секако и тој) јас седев дома и се корнев од плачење затоа што немав што да правам и само гледам на саат до каде е, кога ќе се прибере и сл. Немав со кого да излезам затоа што моите другарки се или мажени или во странство, и во тие моменти се чувствувам многу многу осамено... и нормално, на него му стварав нервоза, се каравме (никогаш не сме раскинале, и двајцата не дозволуваме поради кавга да раскинеме затоа што премногу се сакаме) и уште тој ден поминуваше... Периодов веќе луѓево сите си се повлекоа со девојките и еден по еден ги снемува така да тој помалку излегува сам. и сега кога ќе дојде ред еднаш во два месеци да излезе сам (што е ок) јас полудувам и почнувам да се однесувам како мало дете, да му префрлам да се лутам и да му правам проблем затоа што веднаш се потсетувам на времето кога дома кубев коси од плачење и навистина ми беше тешко тогаш. А веќе наредниот ден кога се ќе помине, криво ми е и сакам да го вратам назад времето. Предобар е со мене и мн ми е посветен и навистина сакам да ја искоренам оваа посесивност и љубомора, но не знам како... ве молам за совет!
Раскинавме со дечкото уште пред 3 мецеси,на почетокот на Јуни ме испремоле да излезиме, излеговме и после тоа немавме никаков контакт за пред две недели да ми се јави и да ставиме официјален крај. Средата ми се јавува пак човек, значи се` уште не можам да разберам како само не му беше срам да ми се јави, истиот ден пред некој пола саат јас на фејсбук додадов едно девојче, без предходно да знам дека тој имал и се` уште има нешто со неа. Ме праша кого имам додадено последно, му одговорив што е проблемов, тој ми рече дека ако сум имала нешто во план дека немало да ми успеет. Реакцијата моја беше-WTF што му е сега на човеков јас како прво не ни знаев дека има нешто со неа. Го праваш дали му е нешто девојчето бидејќи јас навистина не знаев, не даде конкретен одговор само рече дека негова работа е тоа. Му одговорив дека ми е гајле јас да знаев дека му е него девојка немаше ни да ја додавам, да паѓам толку ниско само ми рече тебе уште оддамна ти е гајле за се и затоа раскинавме јас и ти. Да не се јавеше јас немаше да знам дека му е нешто девојчето а уште помалку ќе знаев дека со неа има контакт уште од јануари. На нејзиниот профил видов како во јануари и има објавувано љубовни песни, срциња, бакнежи. Тоа беше шок за мене, зимата бевме подскарани ама во периодот кога и ги има овие работи објавувано неа, тој мене пак ме молеше да се смириме и баш се сеќавам ноќта кога бевме излезени го спомна нејзиното и уште едно женско име беше како на мајтап тоа го рече ама јас му реков кои се тие??? Ми рече никои така само на мајтап кажав такви имиња, јас не заборавив баш се сеќавам неколку пати го прашав и баш пред некој ден гледав и на фб разговор дека баш за истово име го прашав која е таа, ми одговоре немат таква, некој ти ја полни главата со глупости, сепак на крај да испадне дека имало. Самиот си се издаде со повикот средата, ништо од ова немаше да знам, мене само ме интересира дали излегувал со неа во периодот кога беше со мене, бидејќи да поставуваш љубони песни, срциња, бакнежи, па после некои тажни песни и тажни смајлина би требало да има нешто. Пак ќе кажам ме интересира само дали додека беше со мене беше и со неа, после мене ич ама ич не ми е гајле. Сакав да ве прашам дали би било добро да му се јавам и да го прашам лично, само тој би можел да ме извади од сомнежов за кој скоро речиси 90% сум сигурна дека бил со неа.
Мое мислење е дека е редно време да го отпишеш од својот живот. Никакво јавување да му ги дигаш акциите. Што оти ќе знаеш? Вистината може уште толку да те повреди. Он може и да си направи некој филм дека стварно ти е гајле за таа и за него. Не паѓај уште пониско, не си го подгазувај достоинството за некој таков Заеби го и најди си некој што нема да те мотка, што ќе те почитува стопати повеќе од него. Со среќа
Дури и да се јавиш,не очекувај да добиеш искрен одговор од него.Може и да му дадеш повеќе сомнеж дека имаш некоја намера,прво со аднувањето на девојчето,после со тоа шо му се јавуваш и го распрашуваш.Ако можеш прашај некои пријателки на девојчето,или ако имате некои заеднички пријатели со твојот екс. Чисто за себе да си знаеш,знам дека ќе се прашуваш како е било.
Devojki idam so decko mi veke 2 meseca i nekolku dena...pred edna godina raskina so devojka mu znaci...on uste ja ima na fb i ona mu like sliki i pisuva nesto komentari i <3 na kraj ...celo vreme dodeka sme zaedno mi ja spomnuva ...se mislam dali uste ja saka i dali saka pak da se smiri so nea ...go prasav on mi vika ne sakam, sakam so tebe da bidam ....neznam sto da mislam ...mnogu me nervira bivsa mu so bi napravile vie na moe mesto ....so bi si pomislile?? [mod-kirilica:3pfkvs9c][/mod-kirilica:3pfkvs9c]
Ве молам за мал совет. многупати го имам кажано мојот проблем.. т.е моите проблеми но сега се работи за нешто друго. мојот дечко со кој одам година време во последно време неможе без неговите другари. нормално јас разбирам дека тие треба да се дружат и се и тоа е нормално но тој неможе да ги остави нив за мене секогаж мене ме испраќа до дома а потоа седи до доцна навечер со нив.. кога пробав да разговарам со него во смисла дали може да ги остави нив за мене тој ми кажа дека неможел. навистина ми смета тоа што толку мн е залепен за нив и неможе да ги остави ни на кратко за да биде со мене. веќе немам снага незнам навистина што да направам а овака веќе неможам. дај те ми совет што да направам за да пробам да го откачам од нив а тие се премногу злонамерни воопшто не му го мислат доброто и после седенка со часови со нив то је друг човек со мене се понаша мн ладно гордо а тоа ме нервира а додека не се гледа со нив тој е предобар. ве молам за совет .. фала однапред
Маичке,само без нервоза,и пишувај кирилица . Да,што човек ќе помисли,стално ти зборува за бившата,па слики коментари,ово-оно,а со тебе сакал да биде .WTF??? Преземи нешто,оти како што тргнало тој нема да признае дека чувствува нешто за неа,колку и да го притискаш. На твое место,би го седнала ама без кревање нервози и паники,би го прашала колку бил со бившата,колку ја сакал,да речеш дека ти е прифатливо што уште тој можеби чувствува за неа,и тој ќе ти се отвори,ако ти си отворена ,сфаќаш? Ќе провериш кој на кого лајкнува слики на фб,кој има намера да има нешто повеќе,ако е тој а таа прифаќа-тогаш што да ти речам -освен да му туриш пепел,а е таа а тој не покажува пред неа дека те има тебе,си ги загубила шансите од старт .Ти велам да ја проанализираш ситуацијата,па да носиш заклучоци . Нормално е да осеќа нешто кон неа,но тоа веќе би требало да биде во избледување,во спротивно тој те лаже и ти дава лажна надеж. Тоа е решението,поразговарајте искрено на каде води вашата врска и да бидете искрени ако оди ок,ако не пушти го кај бившата. Тоа од мене
он идел со неа 9 месеци, и после раскинале... многу ја сакал премногу , го прашав дали се уште ја сака,дали се уште ја сакам мисли на неа...он ми вика не не ја сакам да ја сакав нејзе немаше да идам со тебе... :/ не ми го дава пассот од фб ... му викам криеш нешто тогаш он ми вика не кријам ништо ама не го давам на никој... незнам што да мислам .... му викам нема шанси да не осеќаш ништо спрема неа ..не се малце 9 месеци он не не мислам на неа веќе...не ја сакам ... фала многу