1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    два дена не му креваш ок остави го нека излади нека поминат недела две и откако ке се смириш и ти и тој седнете и разговарајте кажи му дека тоа ти смета толку многу што си спремна да го заборавиш за секогаш али во име на лјубовта дади му усте една шанса а потоа следи го што и како ке прави можеби ке се освести и ке се смири мада што ич не верувам во тоа сепак вреде за уште една шанса знаеш како викаат волкот влакното го менува но карактерот не така и он обожава да флертува па може и ке му упали некаде
     
    На Daniela1205 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
     
    На Daniela1205 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daniela1205

    Daniela1205 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Знам дека ме сака. Љубов не се глуми така лесно и тоа две години. Што бара со мене ако не ме сака? Јас сум првата девојка која ја однел дома, ја запознал со родителите. Ама зошто постојано тоа го прави ? Каква е таа желба во него постојано да флертува?
    Мило ми е што WomanInRed за искрените зборови, ми требаа за да соберам сили за да не попуштам.
    Ама што да направам а да не го загубам?
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Проста работа, ако не можеш да издржиш да те прави будала ќе му раскинеш и ќе прекинеш секаков контакт со него, кога веќе неколку пати се случило тоа и тој не се вразумил, што можеш да очекуваш понатаму?
    Друго која му е потребата да прави такви работи, да флертува и да се боцка по фб со фуфици ако е заљубен и ако те сака? Си се запрашала за тоа? Можеби сепак не те сака толку колку што мислиш ти. Што ако му се пружи шанса да направи нешто со некоја од тие типки на кои им се удвара и им праќа кисчиња мисчиња? М?
    Ама ај штом си решила дека сакаш да го вразумиш и несакаш да го изгубиш (всушност тој те губи тебе) тогаш биди малце и ти тврдоглава, нека се помачи малку за да му простиш. Затоа што ова не е мала работа и не се случува првпат. Биди цврста овој пат, барај да си избрише фејсбук или да ти даде лозинка како би била сигурна дека веќе не прави будала од тебе, постави му услови, ако несака да ги исполни или евентуално ако пак си тера по старо би требало да се откажеш веќе од безнадежниов случај :worried:
     
  5. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Девојко, убаво пиша Мимс, овој е безнадежен случај и гледај спасувај глава што можеш побрзо.

    Full me once - shame on you; full me twice - shame on me.


    Јас бев во нездрава врска до пред два месеци и во мојот случај, исто, имаше криење на многу работи за кои јас никогаш не дознав, но сепак беа толку очигледни. И, иако немавме караници поради фејсбук, сѐ потекнуваше од таму, и тоа причината не бев јас, туку тој.
    Јас би ти го рекла истото како Мимс и останатите: штом тој ова го прави континуирано и ветувањата му биле празни, ќе си продолжи со истото и понатака.

    Животот е премногу убав за да биде потрошен на погрешните луѓе. :)
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  6. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Врската без фб ви е лага а не прекрасна. Може симнува ѕвезди на некои типки кога не е со тебе,од кај знаеш? Дали ако дознаеш ќе си речеш ли-врската без неговиот таен живот и без неговото неверство ни е прекрасна? Не е прекрасна. Не сакаш да прифатиш,не сакаш да видиш. Прифати и иди даље.
     
  7. Luzzipher

    Luzzipher Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    jas sum srbinka i izvinete so malko ke vam go ogroznevam jazikot :)
    kako prvo, facebook e najlos mozen nacin da se predstavi osoba. lugeto imat zelba da se prezentirat togas koga ne im se obvrnuva dovolno vnimanie i koga nese sposobni u realniot zivot da go storat toa, tuku preku socialni mrezi. stavat sliki koi se "slikani za fb" (polugoli), posto taj e najlesen nacin da obvrnat vnimanie inace se site tesko iskompleksirani, i objavuvat raboti koi ni sami ne gi sakat a mislat deka na drugite ke im se interesni..i site tie nepoznati dami cim se go prifanale nego sto ne go ni poznavat a pisat so nego, ne vredat ni da se zamaras niti so nih a niti so nego. ti treba nego da go zalas a ne da si stetis sama na sebe..na neki luge ednostavno ne mozes nesto da im zabranih, ama mozes tie luge da ih stavas na toa mesto deka sto zasluzuvat da bidat. objasni mu deka ljubov ne e bezuslovna, deka postojat raboti zaradi koi go sakas, ama deka postojat i granici i raboti koi tebe te navreduvat i toj te izladuva so negovite postapki. i ako nesi se izladila, ako prodolzas so nego takov, ili non stop ke se karate ili samata vrska ke ti stane besmislena i ke pocnes da se izladuvas
    inace jas nemam fabecook, ne se zamaram so takvi raboti i od taj aspekt i go napisav ova gore..toa e eden virtuelen svet koj stana GOLEMMMMMMMM i PRENASELENNNNN, a nikoj od PRIJATELITE nebi se javil na mobilni ni rodenden da ti cestita, niti pa zdravo kazuvat na ulica. nema tamo ni vrski, ni navaganje ljubov, samo izgubljeno vreme
     
    На Lepaaa, krEM4Eto, fallenangel и 3 други им се допаѓа ова.
  8. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    daniela1205 јас неможам да ти правам филмови као не се секирај се ќе биде добро..можеби ќе се навредиш и ќе те повредам(верувај дека тоа ни најмалку не го сакам) но ова е мое размислување...
    1. дечко ти и ти имате некопмлетна врска - во случајов он бара нешто во некои други што веројатно кај тебе го нема па ппоради тоа немој да бидеш толку сигурна дека те сака како што ти мислиш( он те сака ама не на начинот на кој ти го замислуваш сето тоа)
    2. фб прави проблеми но како? - он си игра игри на фб а него му пишуваат девојки дека е убав, згоден сакаат да се видат со него, но он ги одбива и притоа ти кажува отворено вака и вака( не крие лозинка)...е тогаш ќе бидеш сигурна дека само тебе те сака.
    3. сети се како било на почетокот како е сега ..
    4. нема врска кога еден дечко ќе те запознае со родителите дека те сака засекогаш само тебе.
    5.има уште за набројување ама ај да не те замарам :)
    срцка најискрено немам никаква намера да те растажам само сакам ние сите како жени да се подржуваме за да бидеме посилни и посреќни...вистината некогаш е болна но мора да се соочиме со неа и секогаш искрено да го зборуваме она што го мислиме за да бидеме почитувани...
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски
    ЌЕ СЕ ОБИДАМ ДА ОДГОВОРАМ.Не верувам дека баш само заради секс некој тип би поминал три чисти години со било која девојка :?: ,па одозгоре и караници ,што како што ти опишуваш,ако има редовен секс,тогаш кавгите биле за нешто друго :!: .
    Но,не значи дека типот е вљубен во девојката,може милион причини да стојат зад кавгите,а ако не е од љубов,тогаш како би глумел типот три години и целта да му биде редовен секс.Па баш во наше време е најлесно до секс да се дојде,која будала би била таа да жртвува три години за да добие секс :fubar: .
    А ќе сакаш ли да наведеш зошто типот не би можел да добие секс од друга(така јас го разбрав ),што те наведе да го поставиш прашањето?
     
  10. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    јас те потполно разбирам и јас го имама истиот проблем одам со дечко ми 4 годни и единствена работа за која се караме е фб а без фб врската ни е совршена :| но верувај ми ако тоа го направил еднаш или двапати ке го направи пак и мене ми се случи истото им пишувал на девојчиња без да знам кога дознав ме молеше и ми велеше дека нема да се повтори и јас му простив но пак си пишување со една пријателка што ја познавал а кога го прашав која е таа тој ми велеше дека никога ја нема видено и ми негираше дека ја познава но испадна спротивното :( секогаш кога сакам да му раскинам си велам зошто да дозволам еден фб да ми ја растури врската и ете така 4 години дотуркавме заедно ,но некогаш кога ке размислам убави па и не заслужуваме од една страна сакам те срце душо а од друга страна флертување со која стигне на фб :) :) :) ако некој искрено сака тоа ке го покаже на сите мозжни начини и др девојчиња нњма да го интерсираат но тоа е што е :( :( :(
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
  11. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Често слушам,од другарки од познати-не ни оди ама толку и толку години идеме,ама ме запозна со неговите.. И не се решават да стават крај,мислејки на другите,на годините,на се и сите буквално но не и са себе. Должината на врската,другите,родителите,се за мене само едно оправдување. Да раскинеш на некој после толку години треба храброст,зошто ќе настапи промена.На тебе,на твоите навики,друштво па и цели. Се ќе се промени и ти е страв. Страв дека таа промена нема да е добра. Се задоволуваш со тоа шо го имаш,трпиш само и само затоа шо си мислиш-ете промената нема да е добра,јас нема да можам сама,сум испланирала тоа и тоа со него,како јас понатаму сама. Се менуват некои работи и ти треба да се прилагодиш према нив.А не да се бориш со нив,да негираш и да одиш назад. Бидете силни. Не е страшно да си сама,да се откажеш и одиш од некој затоа шо сакаш да бидеш вистински среќна,да си бараш нешто подобро.
     
    На mims-89, gerdanche, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  12. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека освен шо вие сте толку време заедно тој е зна4и ИДОТ (извини ама така е) така 4им ти прави после толку год врска.. И не те заслужува мене такво нешто да ми се слу4еше клоците уште првиот пат :) а после толку години се знае дека ке зборуваат сите ама тоа е НЕБИТНО зна4и прави како шо 4увствуваш!! :*
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Може и те како може. Кога јас лично познавам жена што успеа да ги изглуми цели десет години брак плус претходно шест месеци врска, верувај две години не се ништо.

    Те однел дома и те запознал со неговите? Исто и бившиот на братучетка ми. 7 и пол години идеа, живееше кај неа, и` се тутна ко последен бескичмењак, башка невработен, и` се тутна, таа све плаќаше, го исчува буквално седум години и ја шутна, си најде побогата. Квантитетот не значи ништо, верувај.
     
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ќе ти го цитирам овој пост оти е помал.
    Љубов се глуми и тоа не си свесна колку.
    Другарка 4 години одеше со дечко, од кои цели 2 тој паралелно си одел и со друга, а ваму и нивните се познаваа, и очи и’ мачкал на другаркава дека ќе се земаат, па дојде време и стан средуваа.
    Ама, вистината си излезе на виделина.
    Пред некој ден ја молел, ама девојкава очи не сака да му види.
    Јас, од лично искуство, баш најперфектно те сфаќам.
    Ајде еднаш, ајде со некои сили два пати, ама почнат ли да се редат понатака, почнат ли да се кријаат работи ко фб да е светата книга? Толку.
    Ако дотолку фраерот не може да издржи во една врска без пуштање водичка на фб бе, па што си ти должна да му се нервираш? Тој по секако ќе ветува напразно, а пак по старо ќе тера.
    Да го одржал зборот, па и фала да му речеш, ама вака? Среќна ќе си само ако те копка нешто и пред очи гледаш дека упорно постојат упикливи фаци, а тој ти се прави наивен и те убедува дека нема ништо или барем он не приметува? Абе знаеш, они нему му пишуваат и му се пуштаат, па што да прави тој? Не е фер да ги одбие, кај ќе му отиде џентлменството? :(
    Не си ја мачи душичката, имај си достоинство и повлечи се од животот на некој чиј приоритет не си ти, туку лигави, разголени фејсбук фаци.
    Ако ти не си му доволна да флертува само со тебе, девојката која наводно ја сака, заеби, фб само му ја олеснува комуникацијата и додава повеќе на ташак, но волкот и без фб би бил со истото влакно.
    Остај го нека се „занимава“ штом лигавење по интернет му е позанимливо од врска во која може се` физички да има, а не само фрчење коментари онлајн: „Цуцо, би те слекол ко гола праска.“
     
    На babybelle и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  15. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет..
    Вака, значи дечкото е 22 години не е незрел но има голем инает, секој пат кога кажам или направам нешто погрешно тој започнува да се инаети и да се лути како мало дете. Како да се справам со тоа :?:
    Тој смета дека секој пат кога се инаети јас треба прва да попуштам... јас сум згрешила-јас треба да го барам. Во вакви ситуации не можам да избегнам да не се нервирам и секогаш на крај прва попуштам. :| Значи во последно време ни се зачестија караниците, веќе се чувствувам како да е сосем среќен и без мене.. Пред некој ден му кажав дека ми смета тоа што е толку близок со неговите другарки и тој помисли дека сакам да му забранам дружење со нив, па веднаш почна да се брани во стилот И ти имаш другари, не можам јас да не се дружам со нив, ако мислиш дека ќе те изневерам со нив подобро не се мачи ни ти, не ме мачи ни мене- раскини ми.
    И значи сега тој пак ја префрлува кривицата во мене, велејќи дека секогаш нешто ми сметало, пак е лутен и смета дека јас згрешив. Не знам што понатаму, му пишав извини, згрешив а добив само ОК. :^)
    Ставајќи го неговиот инает на страна, е најдобриот дечко, секогаш ме почитува и сум му на прво место. Гледам дека ме сака, ама со тој негов инает ме оддалечува.. Почнувам веќе да размислувам на разделба. Ми има кажано дека се инаети само кога згрешам нешто и со тоа сакал да ми укаже на грешките.. Ама сакам да го натерам да ги сфати своите грешки.. Премногу е убеден дека не греши во ништо и ми е смачено веќе да го правам првиот чекор. Некој совет како да е справам со инаетот негов или едноставно да дигнам раце од се :?:
     
  16. anyyy

    anyyy Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ми треба совет..

    Скоро помина и ова лето..ова незаборавно лето..исполнето со смеа..плачење..дружење..шетање..летна авантура..или нешто повеќе..баш и на оваа тема сакам совет..летна авантура..
    Се запознав на одмор со едно момче..спонтано..ненадејно..) уште на прв поглед многу ми се допаѓаше..потоа почнавме и да разговараме...подобро се запознавме..имавме и многу слични работи..сакавме слични..да не речам исти работи..дента само што раскинав..и вечерта се смував со новото момче..) ми се допаѓа се кај него..ама..се тоа остана на фејсбук и мобилен..не сме многу далеку..па ни нешто многу блиску..околу еден саат далеку..полека губиме контакт..а не сакам..он е скоро излезен од долга врска..а мене многу ми се допаѓа..дури можеби и се заљубувам..сакам да продолжам да сум со него .. а не знам како..многу сум збунета..:/
    ви благодарам однапред..
     
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет..

    Девојко,бори сеза љубовта :!: .Некои луѓе се оддалечени со илјадници километри,па одржуваат контакт.
    Направи нешто,јави му се,видете се,ако има и тој интерес ќе се развие врската,ако не сака-тогаш барем ќе знаеш дека си се обидела.
     
    На anyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anyyy

    anyyy Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ми треба совет..

    фала многу за советот..но проблемот е што го знам кратко и се плашам да не ме изигра..или да не ме смета за..незнам..глупава..или незнам што..
     
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Daniela12 - Избришете фејсбуци и обидете се да го спасите она што останало. Како што спомена некоја во имена љубовта дај му уште една шанса, ама овојпат биди максимално строга во врската, или да биде се во ред или удри му клоца. Подобро крај со болка отколку болка без крај...

    Honey Bun - Не знам колку време сте заедно, ама да ти кажам од искуство дека во секоја врска има периоди кога човек се почувствува премногу затегнат од партнерот или заситен од врската. Ако имате здрава и среќна врска - таквите периоди се минливи и се што можеш ти да направиш е да бидеш трпелива, и да не го оптоваруваш додатно. Твоја грешка е што си му рекла дека ти пречат неговите другари, може ти не си мислела којзнае што со тоа, ама секој би се навредил. Подобро пробај со искрен разговор во кој нема да го обвинуваш директно, ама нагласи му кои работи ти сметаат, па низ разговор увиди колку е тој спремен да смени некои работи за да бидат задоволени и двете страни.

    Anyyyy - Да не те обесхрабрувам, ама летните авантури се минливи. Конкретно во твојот случај, таа се случила во моменти кога и двајцата сте биле излезени од врска, и ова повеќе ми личи како да сте се тешеле еден со друг, да сте барале замена да личностите со кои сте биле до вчера. Дај боже да грешам ама тоа што губите контакт само го докажува тоа. пробај стапи во контакт со него, ама не замарај премногу - остави да видеш дали тој некогаш прв ќе те побара.И каков ќе биде разговорот - дали само површински како си што си, или ќе зборува за вас. Не очајувај, олабави се малку, и да не биде ништо... сепак љубов е многу повеќе од ова што ти си го доживеала.
     
    На HoneyBun и anyyy им се допаѓа ова.
  20. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Срцка најпрво следниот пат кога ќе се налути или неправедно тебе ќе те обвини дека си крива треба само да го погледнеш во очи, без викање, карање и без никаква сцена да заминеш од местото каде што сте и на одење да му кажеш да размисли што прави и дека многу те повредува со неговото однесување, и дека многу го сакаш ама вака повеќе неможеш да издржиш...слободно сврти се и замини...повеќе не го барај...ако вистински те сака во рок од недела дена ќе те бара и ќе се извини, а ако не те повара барем ќе знаеш на што си и дека подобро е да не бидеш со него затоа што веројатно не си му толку битна како што мислиш.
    најискрено ти велам да го направиш ова.
    поздрав..
    пиши да знам како помина : )
     
    На HoneyBun му/ѝ се допаѓа ова.