Ани,само храбро.Зошто би мислел лошо,мислиш којзнае што било,дури и да те отфрли(што не верувам ) ќе знаеш на што си
Ви благодарам на советите Инаку во врска сме скоро 9 месеци, а излегуваме и се знаеме 2 години. Му реков за другарките, не за другарите. Но не го обвинив дека ме изневерува или пак му забранив нешто, туку само си кажав што ми смета. Сега е лутен и немаме никаков контакт, бидејќи очекува јас нешто да сторам зошто нели јас сум виновна. И не знам дали да го побарам .. Секој пат вака за ситници ја направиме голема работата.. Но мислам дека тој навистина не е свесен дека може да ме изгуби.. Како да го натерам да го сфати тоа ?
А уствари зашо си му се извинила?Што си ти тука крива?Ти смета тоа и крај.си имаш право на свое мислење ,што се замислува тој па се додека ти прва го правишп чекорот за смирување,он ке се лути се поеке за глупости.Мој совет остај го,пиши му сега порака една дека не е во право ова што го прави и дека се лути за глупости ко мало детенце и е бетер.и дека не планираш секогаш ти да се извинуваш кога не си ни крива и дека не си му рекла да не се дружи него да не претерува и дека ако стварно те сака да те побара . и не му ни пишувај никако пак,ниту да му се извинуваш, ниту ништо .прави се ко да го нема .ако те сака стварно ке те побара ако не ,НЕ ТИ ТРЕБА таков
Му се извинив затоа што навистина немав некоја причина да му зборм за тоа. Знам дека е таков што повеќе се дружи со женски, но порано тоа не ми сметаше воопшто. Сега кога кажав нешто за тоа тој веднаш завзема одбранбен став, и ме напаѓа со тоа и дека јас имам другари.
Не му се јавувај и така може ќе се подзамисли, ќе си рече еј може јас сум крив, може не е она, почекај ти да те побара, биди малце инает и ти како него
Ако веруваш поголем инает од него немам видено. Сум правела и така и траело по 7-10 дена и никако не попушта. Си размислам јас дека така ништо нема да постигнеме и му пишам прва, а потоа тој си признае дека му било тешко и сакал да ме побара - но инает. А ако започнам да се инаетам и одам до крај- не знам што ќе биде.
Бог да чува, како мало дете се понаша Ако му попушташ секогаш уште повеќе ќе се лути. Еднаш си му ги пуштила рогчињата да му растат и сега он си чека на тебе да се јавиш и да се извиниш. Ако сакаш да сфати дека може да те изгуи биди цврста и не му се јавувај, како и да е он ќе те побара. Неможе вечно да се инаети, ќе види не му се јавуваш и ќе сфати. А крај краева пак, ако не сфати не ти ни треба таков! Не си ти должна да се потчинуваш секогаш и тоа за ситници
Очигледно доброто со добро не се враќа... Сега си ги увидувам грешките кога прва сум попуштал, а тоа само од љубов. Најверојатно тој не ме сака толку колку јас него.. Не би ми било проблем да го оставам еднаш засекогаш, но проклето многу го сакам.. и овој пат нема да попуштам прва макар и ќе плачам секој ден ама не попуштам. Барем да не го сакав толку ... Ќе ми беше полесно.
HoneyBan- И јас бев во иста ситуација како твојата, поголем инат од дечко ми немаШЕ, така ме научи уште од самиот почеток дека ќе го барам и ќе му се извинувам за се, а и крива бев што го навикнав така, кога веќе ми дојде преку глава од сето негово однесување од сиот тој инат, не попуштав, го немаше него, но мене уште повеќе ме немаше, помина 1 недела, сам свати дека згрешил и ТОЈ се јави,од тогаш па до сега неговиот инает е исчезнат. Мој совет е и ти да го примениш истото бидејќи се додека му попушташ, никогаш нема да ги промени навиките, безразлика колку ти е тешко.
Ти благодарам за советот, така и планирам да направам. Колку и да ми е тешко ќе се обидам да издржам до крај. Ќе пишам што ќе биде. Поздрав до сите.
Никоја од нас неможе да кже знам колку ти е тешко затоа то ниту една од нас не е во твоја кожа...ме разбираш??? само сакам да бидеш своја и да имаш свое јас...не му попуштај макар да помине повеќе од месец знам јас он тебе ќе те бара
Одлучив веќе дека не попуштам... Само што знам дека ни тој нема да попушти, така барем ќе знам дека му е сеедно дали е со мене или не. Имам чувство како да го гледам крајот на нашата врска. За жал верував премногу во него, но не се каам. Се што сум направила било од љубов, па макар и толку траело. Фала за поддршката Мафи
душо ти имај чиста совест и чисто срце..ако требало да бидете заедно не се секирај така и ќе биде, а (Не дај Боже) ако не ви било така судено секогаш следи подобро.буб4е
HoneyBun ако тој те побара, значи дека љубовта ваша му е многу битна, и ќе го победи инаетот со тоа. Но и да не те побара, барем ќе знаеш дека не треба да си го трошиш времето на него, и ако не денес, тоа ќе се случеше по некое време сигурно. И да не ти се јави, продолжи си горедливо и со главата нагоре, не си изгубила ништо, туку само си добила една лекција во животот што можеби ќе ти послужи понатаму
poveke ne e zainteresiran za mene ili? epa vaka ve molam da mi pomognete poso stvarno vo teska situacija sum imam decko ideme 2 ipol meseci.. PREMNOGU go sakam do pred nekoe vreme mi simnuvase dzvezdi sekoj den se gledavme po cel den bevme zaedno i sekoj den mi kazuvase deka me saka i deka nesaka da me izgubi i deka nema da znae so ke prai bez mene on beshe toj so sekoj den insistirase da se vidime i sekogas prv mi se javuvase ama vo posledno vreme se se smeni ne se gledame tolku cesto i poretko mi se javuva i sea ja sum taa koja so insistira da se vidime nekako kako da ne e zainteresiran poveke za mene sto da pravam? NESAKAM da go izgubam .. :'(
poveke ne e zainteresiran za mene ili? Па добро на почетокот од секоја врска е се најубаво, роэово потоа со текот на времето нема толку често да се гледате да се слушате... Можеби е само криэа ,можеби му е само эдосадено од секојдневното гледање и слушање со тебе.. дај му малку простор не го гуши ти .. не е ништо страшно во секоја врска има вакви периоди.. не донесувај веднаш эаклучок дека не е эаинтересиран эа тебе эатоа што во тој случај мислам дека досега ќе ти раскинеше.
Мила Катуш, 2 ипол месеци се многу краток период за да го запознаеш него, каква личност е, каков карактер има! Можеби така било, дури те фатил, знаеш онака како маалско фраерче, па симнувал звезди се‘ дури ти не си се заљубила во него, па видел дечково дека успеал во тоа и сега Кате, повели одржавај врска ако можиш ти сама, организирај средби, барај го... Е сега, јас мислам дека најпаметно е да не леташ со таа мислата дека премнооогу го сакаш, најмнооогу или незнам колку, зошто и за таква љубов е рано. Не викам дека не си се заљубила, туку викам дека можиш и нез него, не се убедувај дека неможиш од што го сакаш да издржиш без да го видиш! Остани резервирана, не го барај, ако се јави ОК, ама ти не го барај ни да се видите, види до кога ќе тера вака...ако тера долго на пр. недела, две, три, тогаш разговарај со него и лично прашај го кој е проблемот! Тој најубаво знае што му се случува...