Оној кој вистински те сака и пред се, којшто е разумен човек никогаш не би те ставил во ситуација да бираш помеѓу него и друштво. И девојка со цврст карактер и свое Јас никогаш не би му дозволила тоа. А тоа што чекаш да се смени, размисли колку време чекаш веќе и дали има ефект твоето чекање...
Никој,освен вие двајца не знаете се,кој што направил за другиот,кој како постапил. Тука ти ни ја кажуваш само едната страна од приказната,лошата,па сите се запнале да му раскинеш. Согледај ги двете страни,неговата добра и оваа негова лоша. Ако те сака стварно,ако се бори за тебе тогаш немој туку така да раскинеш без да му дадеш шанса бар да се исправи,да се промени. Може и тоа да го прави на периоди,само кога ќе се скарате па сака да излезе да се излади и после крие. Може па и ти си љубоморна па сака некогаш да иде некаде а не ти кажува за да нема караници и да не те лути. Има многу "може". Збори со него,кажи му се шо на нас ни кажа. Отворете ги картите. И прај како шо ти мислиш дека треба,а не како шо некои други мислат. Ти ќе живееш со таа мисла,ти ќе треба да го направиш тоа. Немој да донесуваш такви одлуки врз основа на некои постови. Наше е да си кажеме шо мислиме од наша гледна точка,од наше искуство,но тоа не значи дека сме во право. Поздрав!
Наскоро тие три години ќе станат пет и седум и ништо нема да се смени. Врска во која нема доверба и нема почит не е врска која ќе те направи среќна, ниту тебе ниту никој. Љубомората е болест која тешко дека некој ќе успее да ја искорени ако му е таков карактерот. Уште сега велиш дека си оделена од сите, замисли еден ден ако дојдете до брак. Кога јас би била на твое место би ја прекинала оваа врска и би одморила малку без нови залетувања и со посветено време само на себе.
Девојки дај советувајте ми го овој мозок на каде да оди бидејќи и јас заедно со него се изгубив и не знам на каде да одам. 2 и пол години сум со дечко ми, го сакам премногу знам дека и тој ме сака, но ова не личи на љубов, ова не е љубов, не добивам никаква нежност од него, не ми окренува доволно внимание, никогаш ми се нема јавено да каже имам план ајде вечерва одиме таму, но ќе ми се јави и ајде кажи каде одиме, ќе отидеме и ќе ми се фали каде бил пред да се запознаеме како живеал и тоа, никогаш ме нема фатено за рака додека шетаме, да ме бакне да ме гушне пред другите.... Многу ми недостигаат некои работи, најмногу е силен кога чувствува љубомора, љубоморен е на фб, на другари мои, на сите машки што се покрај мене... Тешко ми е имам разговарано повеќе пати со него, ништо не се смени се е како што беше, повеќе пари решив крај толку е на се, не можам ноќта кога му се предадов цела половина отиде кај него, го гледам многу посериозно, нашиот прв пат е единственото нешто што ме привлекува да останам со него Незнам што да правам, совет ...
Ако се однесувал така со тебе зошто ти си продолжила да се гледаш со него. Не требало така, требаше веднаш да ја прекинеш врската и да го научиш дечкото да те почитува. Мене тој ми личи на некој прост кој само сака да се фали и веројатно да се претставува како слободен( ти така ми го претстави немам намера да вреѓам). Побарај од него за кратко време да ги смени сите тие работи што ти пречат, ако се одлучиш да бидеш со него, ако не прекини ја врската. Ако тој не прифати најдобро ќе биде да си најдеш некој нов кој вистински ќе те сака, цени и почитува, а има такви верувај. Никој не вреди за твоите солзи
Некои личности се такви што не можат да ја искажат нежноста, а ја чувствуваат. Можеби во таа категорија спаѓа и твојот дечко. Во врска со тоа дека нема план... Што знам, не сакам да звучам грубо, но, може и да не е заинтересиран, па му е сеедно. Љубомората негова верувај дека нема никогаш да се искорени од неговиот карактер. Никогаш. Можеби после некој разговор би можел да се труди да сокрие дека не му е важно, но по извесен период ќе се врати и пак ќе биде по старо, болно љубоморен на другари... Ти не можеш да се изолираш од твоите машки другари и познаници и да останеш само со него. Тоа не е решение. Ти имаш и друг живот освен него. Би те советувала да разговараш, а ти веќе неколку пати си го сторила тоа. Тој не прифаќа. Каде води тоа? Ти само се измачуваш себе си. Ако со него те врзува само ноќта кога му се предаде, а друго се ти смета, тогаш веќе го имаш одговорот. Ти мораш да продолжиш понатаму со животот, не е тој единствениот. Нема од што да се срамиш за наредниот дечко. Размисли уште еднаш убаво кои се причините поради кои би сакала да останеш со него, и причините поради кои не би. Страната што ќе натежне е одговорот. Сепак, според мене, најдобро би било да го оставиш, тогаш сама ќе сфатиш дека ти паднал товар и дека чувството без некој што постојано те гуши и што секој збор го води кон кавга, без никаква нежност ќе ти биде многу, многу подобро. Ти посакувам паметен потег.
Девојки имам проблем..може не е проблем ама незнам како да постапам... идеме со мојот сакам нели 8 месеци..од самиот почеток цело време му попуштам пошо знам дека ако не попуштам малце неможам никој да задржам..не ми е проблем тоа..ама постојано за овие 8 месеци постојано е по негово коа ќе рече ај дојди кај мене..идам и нема проблеми..а јас коа ќе речам да искочиме да прошетаме е тогаш почнуваат караниците и со денови се караме..еднаш се обидов да му раскинам..т.е праевме муабет што како дека ако не се промени јас повеќе не сум негова и тие две недели се беше прекрасно искачавме редовно еден збор не ми пререче и еве го пак почна по свое...а вака коа сме заедно прилично среќни сме и вика дека е заљубен многу дека ако го оставам ќе пропадне начисто такви фрази ..незнам како да постапам..неможам вечно да бидам под закана дека ќе си отидам... совет нешто?
Candice.S јас те разбирам потполно и до некаде се наоѓам во иста ситуација. Додека типот е надвор со другарите,јас сум дома затоа што немам другарки.а он на тоа што седам дома ми вика дека никој не ми е крив што немам другарки!И не знам како понатаму.треба сама да бидам,затоа што немам никој друг. И баш убаво те разбирам како ти е. А инаку да сум на твое место јас не би простила и веројатно дечкото е незаинтересиран и мислам дека треба да прекинеш да се замараш и да почнеш да размислуваш за тоа што би правела понатаму без него.да си најдеш некоја светла точка да се извлечеш од ова.Тоа го праам и ја,ама некако тешко ми иде. Се надевам ке го надминеме ова. Ти посакувам среќа.
Хани, во љубовта нема прилично среќни и ми вика. Таму е сме среќни и ми го покажува/докажува тоа. . Ти сама си крива. Се си има граници, па и попуштањето. Требало да знаеш кога е попуштање, а кога трчење по газ на некого. Сега треба мече да родиш за да го смениш се тоа, затоа што тој се навикнал така, но е невозможно. Игнорирај го малку, остај тој нека те побара, остај го да му прифалиш, да не си го свати твоето присуство во неговиот живот ептен здраво за готово. Колку е у право дечко ти, и он дали знае. Баш никој не ти е крив, освен ти самата, која си оставила еден маж да ти е се во животот. И како може да немаш другарки? Како живееш без женски муабети, женски собири, женски караници, женски совети, женски плачења? Никогаш, никогаш не треба да се напуштаат другарките заради маж. Се во животот е минливо и кога тоа ќе се случи, ќе ти требаат пријатели и нивното рамо. За да се исплачиш. Многу голема грешка си направила.
Колку ми е глупо тоа како си можела да ги оставиш другарките за маж бла бла трте мрте. Секој си има различно мислење и различно гледиште. Ако некој не можит да си го замислит животот без другарки некој немојт да си го замислит животот без дечкото. Едно е љубов кон дечко друго е љубов кон другарка-едно со др немат мешање немојш ти да осејќаш истата љубов кон сите. Можда тие што го оставиле друштвото за дечко едноставно не ги сметале за толку блиски или не им оди толку добро во запознавање со др или пак едноставно неможат да најдат некој со карактер што им одговара, па нашле некој со кој што может и асален муабет за се да направет кој ќе биде тука на секој повик, кој ќе ги подрзува во се итн па престанале да барет пријатели (кој во денешно време тешко е да се најдит). Побрзо и понеболно е да изгубиш пријател одколку дечко/девојка.Се што можиш да правиш со пријатели можиш и со дечко. Другари идет и си одет, а вистинска љубов идет еднаш во животот и за неа морат пожртвуваност. Секој можит да ти е другар ама само еден можит да ти е цел живот. Едно со друго немат мешање. Другар си е другар-дечко си е дечко. Секој е различен. Секој со различно мислење ако не можиш да разбериш тогаш немој да критикуваш не се сите инаетчи, тврдоглави и ред други работи.
На прв поглед изгледа дека никој е крив и секој си тера свој живот.Ама коа ќе размислиш поубаво причината што некој е без друштво е сепак Тој.И не викам дека треба некого да жалиме,туку само он треба да разбере дека таквата ситуација е поради него.Работата е дека нема никакво разбирање за тоа од другата страна,а таа ситуација настанала првенствено поради него. Испаѓа дека со твој камен те тепа по твоја глава.А ти си решена секој свој проблем,радост,тага да ги поделиш со него,затоа што уствари и само него го имаш.Ама он полека ти врти грб и веќе му е преку глава да те слуша за се и сешто.А ти неговото внимание го цениш премногу затоа што само тоа го имаш. И затоа секој што се нашол во ваква ситуација веќе научил една голема лекција. Многу е голема довербата ти да се посветиш само на еден човек,значи веруваш дека ќе го цени тоа.Ама испаѓа дека не е така. Сега треба да се почне нов живот буквално,ама сам. И не знам колку е се тоа лесно и дали може секој да го помине тој период.Можеме да судиме од страна колку сакаме. Тој што не поминал низ ова нема да ме разбере.
Ама прашањето тука е зошто мора да се бира воопшто меѓу дечко и другарки? Кој е тој некој што ти се појавил неодамна во животот да те условува да се одделиш од некои со кои си бил многу подолго од него и имаш поминато многу работи? Зошто да не има баланс, и да се гледаш и со него и со нив? А ако не сте имале другарки пред него, тогаш треба да се запрашате дали воопшто ја сакате таа личност, дали тоа воопшто е љубов или е само бидување со некој за да не се биде сам. И потоа имало гушење во врската- епа ќе има кога едниот нема никаква друга занимација освен партнерот.
Имат некој луѓе кои едноставно и пред да фатет дечко немет некој што может да го наречет пријател, па ќе најдет некој дечко што ќе может се да прает со него тој ја разбирал не разбирал тоа е нешто друго важно знает дека имат некого за да излезет да се прошетет, а за муабет со женски или со други ако им притребит ги користет еф на пример форумиве . Ако веќе прекинит врскава од неа извлекувет поука а понатаму ќе го сменет начинот на живот ама човек карактер многу тешко менвит . Можда ќе влезит во некое друштво колку да тепат време ама пак никој немат да мојт да наречит пријател. Како што спомнав предходно- Сите се различни. Ако почниш сите да ги анализираш и ако пробаш сите да ги разбериш кај е крајот?
Ти имаш 21 година? И како тоа вистинската љубов иде само еднаш? Ќе се отрујам. Намали со гледањето лимонатки и хепи ендинг стори, затоа што here`s what - тоа никогаш не се случува во вистинскиот живот. Ако секој еден може да ти е другар,зошто девојката чиј проблем го дискутираме, не си најде некој другар на патот? А, бидејќи и не е толку лесно after all. И се согласувам со Сеси за ова. Зошто доаѓа воопшто до тоа да се бира? И како мислиш тоа некој тука што ќе биде на секој повик? Ако таа нема другарки, а нема, тој си има живот и надвор од таа врска, што е и сосем нормално, очигледно затоа што не бил толку глуп да остави се за една женска. Тогаш зошто јас како жена да оставам се за маж?
Ај ако не и родителите оставете си ги за дечкото, бог да чува Па после ко ќе ви ги удри клоците кукајте овде на форумов дека немате никој повеќе во животот. А најчесто таквите кои директно или индиректно ве наведуваат да ги оставите пријателите- не вредат воопшто.
А ако на таквите што ги оставет пријателите им го повторвиш ова на секое ќе го применет? Ако некој ти речит бирај меѓу мене и пријателите ти го одбериш него, друг ги одберит пријателите, а трет најт некој баланс, ќе успејш мислењето да му го смениш? Ако ти не вервиш дека постојт вистинска љубов или моногамија некој вервит или едноставно имат надеж. Од кај знајш кај ќе те однесит животот? Ко на пример ти вервиш во Господ па некој ти викат ај верви во Алах
Како тоа некој ако ти каже да бираш? Ти си имаш некој карактер твој, некое твое јас па да си застаниш позади некој, а не некое гомно со пенис да дојде да ми кажува јас што да правам? Што е ова, љубов или панаѓур?
Ама фактички ти за тој дечко се фаќаш како давеник за сламка и од старт немаш авторитет кај него. Велиш дека нема луѓе кои можат да се наречат пријатели, можам да се согласам со тоа, впрочем неодамна и пишував за тоа, ама знаеш мораш да им даваш шанси на луѓето- едноставно никој не е совршен. Со тек на време гледаш кој како ја игра играта и ти според тоа се приспособуваш на неа. Ако е некој за тебе ти биди за него уште повеќе, ако некој гледаш дека ти прави лице кажи му дека ти е јасно се и знаете барем на што сте итн. Ама не можеш да не се дружиш со никој, нема логика од цел град да не ти чини ниту една личност. Нема совршенство, секој има маани, па и ние нормално, ама со тек на време кога се дружиш со некоја личност доаѓаш до степен каде што отворено можеш да и кажеш за тоа и да продолжите понатаму. Еве јас како што кажав оставив некои личности малку да оладат, да се преиспрашаат малку за нивното однесување, неодамна разговаравме и отворено им кажав се` и тоа употребував ептен груби зборови за да им искарикирам како сето тоа делува од страна, ама после се` што си изнакажавме осетив дека ни се зацврсти односот, затоа што место да ставаме работи под тепихот- ние решивме да го истресеме истиот од сите насобрани прашини и ѓубренца кои се таложеле цело време. Значи личности за дружење можеш да најдеш насекаде, ама не смееш да делуваш очајно- запиши се на курс, оди на вежбање и со тек на време ќе стекнеш луѓе со кои можеш да седнеш на кафе. Ти нема од прва кога ќе седнете да им кажуваш се што те мачи или љубовни проблеми, ама ќе видиш колку поубаво ќе ти дојде муабет со некој друг освен со дечко ти. Затоа што човек се троши кога цело време е со истите луѓе и ги прави истите муабети. Еве и дома ќе се скараш некогаш, посебно во недела- кога се сите дома (затоа јас моиве ги праќам на село тогаш ) Шала на страна- се додека така размислуваш, да се фатиш за дечко ти како давеник за сламка- никогаш нема да ја имаш ситуацијата под контрола. Исто е и со другарките- ако не си дозволиш да влегуваат нови личности за дружење и се ограничиш на една, две, три другарки, тогаш си зависна од нив, нема да можеш да им се скараш т.е. да се оддалечиш некогаш од нив кога сметаш дека тоа е потребно, ќе ти биде тешко кога тие ќе бидат повеќе време со дечковците, а ти ќе бидеш сама ( затоа што и тоа реално се случува, еве пример ќе одат на одмор со дечковците и тебе ќе ти биде незгодно и сл.), ама кога ќе имаш поширок круг, тогаш само ќе се јавиш на некоја друга личност и готово Така ќе имаш и многу повеќе самодоверба и ќе вредиш повеќе во очите на дечко ти. Затоа што само исполнета жена е среќна жена- а цело е кога се има се` нели?
Мене па ми е глупаво ова размислување. Демек јас си најдов дечко / маж / сродна душа, јухуууу, не ми треба никој, ќе си се затвориме во стан од 60 квадрати и сами ќе си бидеме до крајот на животот, доволни сме си. Е не сме бре доволни. Секој со различно мислење, ама вашето ви е погрешо. Светот не е измислен само за двајца, тука влегуваат и пријатели и дружби и роднини, комуникацијата во една здрава врска не се сведува само на таа релација помеѓу вас и дечкото. Ако вас дечкото ве условува да го имате во животот само НЕГО, без ќорава другарка за кафе, немојте да вадите приказни како тоа е пожелно и нормално. Проблемот си е во него, а првенствено во вас што им го дозволувате тоа. Еве за илустрација - јас го сакам дечко ми повеќе од се' на светов, повеќе од моите, повеќе од себеси, од сите другарки и другарки заедно помножени по 100 и ќе го сакам повеќе и од детето сопствено ако би го имале во иднина. Ама ми се потребни другарките, другарите, дружбата, како што му се и неговите потребни нему. Не можам да правам се' со мојот дечко. Не можам да пример да пијам трачарско кафе (он и не пие кафе), не можам да си дискутирам за типично тривијални женски проблеми и теми, смртно би го замарала, не може да ме посоветува за фарби и тампони, и сигурно не може да ми ја повлече лентата за депилација толку одлучно од ногата како другарка ми на пример. И кога ќе се скараме во иднина и ќе му бидам во афект лута и многу бесна, нема неговиот број да го вртам за да му се поплачам кое говедо е, ќе ѝ се јавам на другарка ми.
Едно вака прашање- Ако сега некој ви речит ти не си во право јас сум за што и да е и упорно ве убедуват во тоа, би го прифатиле нивното или своето? Ти сакаш црвено некој ви викат дека поубаво е розово-твоето или нивното? Изборот е свој и изборот излегвит од карактерот, колку и да се бунит некој и на гла да се свртит човекот е таков каков што е