уф ама мразам да се вмешам вака во муабет ама морам да си кажам и јас мое мислење да не бидам покусо нешто Според мене треба да се има еден балансиран однос кон другарки и дечко и едниот и другиот ти е подеднакво битен ,мене најмногу ме нервира кога некоја пријателка а ги имам многу такви што се во врска додека им цветаат ружите никаде ги нема,ни да прашаат како сум,ни да најдат време да се видиме,да пиеме кафе а кога ќе почнат расправии со дечковци или кога ќе раскинат со нив идат ми кукаат на врата е извини вистина пријателка сум ти ,пријателите треба да бидат со тебе во тешки моменти ама девојко ти каде беше за мене сето ова време ???и ја раскинав со дечкото па што ?те викав на кафе и кога сe ти беше таман ти не најде време за нашето пријателство. FreakyGirl не се сложувам со твоето размислување дека дечкото е поважен од пријателките ако е така зошто сите после велите ама ја немам со кого да излегувам ,зошто одите пријателите да ве тешат што не идете кај дечкото посекако тој ве повредил тој нека ве теши и како тоа немате муабет со другарките а пред да си фатите дечко имавте муабет или вас принцот дома ви дојде ? и зошто момците не ги напуштаат своите другари туку секогаш е обратното? Dark angel не сакам да ме сфатиш погрешно но причината поради која дечко ти не сака да излезете да прошетате и нели тогаш почнуваат расправиите според мене е тоа дека има друга некоја па сега тебе те крие колку оваа другава да не дознае дека има девојка
fallenangel погрешно ме свати. Не реков дека треба да се запостават пријателите за дечкото. Реков дека немојш на сите да ги сватиш, дека ако девојката ги запустила сите другарки што ги имала тоа е нејзин избор и тоа не требит да се критикуват туку да се дајт некој совет. И мислам дека момците не ги напуштаат другарите дека никоја девојка што ја знам немат речено да бират. И тука ја гледам најголемата грешка кај тие што бираат помеѓу пријатели и врски- Ако тој тебе ти забранит и ти дават ултиматуми за да си со него играј и ти со тие карти па ќе се види што како е.
Само да те корегирам дека е тоа општа болест, имав неколку другари што кога ќе фатеа женска очи не им гледавме и сите у друштво се зезавме колку години или месеци ќе ги нема . Еден па чим беше со женска од дома не искачаше освен со неа а кога ќе раскинеше одеднаш сите му бевме супер за друштво . И мажи и жени се исти кога ќе им „истече“ мозокот по некој друг
Леле мајко ова е чиста вистина ама повеќе преовладуваат девојките почесто ги напуштаат своите другарки и се посветуваат на друштвото од партнерот што во никој случај не е добро,па недај боже кога ке се скараш со дечкото кај ке одиш сам на светот ке бидеш во некои друштва ќе те прифатат назад ама во некои и не баш ке те остават на игнор.Јас од мојот случај кога фатив дечко бев прва во друштвото и сега машко ко машко одма почна да влечи ај сега ке одиме вамо со друштвото тамо но секако не дозволив да си ги оставам другарките а ни тој да се оддели од неговото друштво една ден со неговото една ден со моето не му се седеше бас во само женско друштво но не3маше друг избор и сега веке сме 7 години во брак и не престанав да се дружам со другарките ако не иди тој ке појдам сама а од неговото друштво се сите женети и нормално е одиме и идеме повеке.
Prvo zdravo ! si imam edna maka golema. Mojte od doma mi se zapnaa za toa deka dechko mi ne doagjal da me zema so kola, ili od shoznam da se snaogjal. Deka jas non stop sum se se snaogjala . so motor sum odela so kola, so taksi ..nishto ne se trudel i slichno. a isto i jas imam zaprimeteno. onaka mozi ke mi rechit da dojdam da te zemam ama.... ama kako sho veli me so polovina usta :/ a iskreno ako sakat mozi da se snajdi so drugari so shoznam bratmu. isto i non stop mi vikashe za na odmor a toj nikako da najdi nekade da odime , jas imam od majkami eden stan vo OH pa mu rekov za odejne za tamu pa tamu zaminavme, ali ako ne bev jas nemashe shansi.... mene voopshto ne mi pretstavuvashe problem ama sea ja pretera. i za koga ke sme izlezeni retko me chasti onaka shoznam. a iskreno ne e kojznae kolku bogat. moite imaat poveke stvoreno paaaa mislam i zatoa deka toj ne ...neznam !! Domashnite me pritiskaat, sestrami.. taa pak ima drugari drugarki onaka non stop so koli so se samo odat idat ja zemaat neznammmm !!!!!!!! a onaka me slushat sho i da mu kazam onaka znajt i da se sprotistavuvat ama...da ne mu zgaznish na nerva.
На тебе дечко ли ти треба или кола ти треба,м? Што има врска тоа што тој не доаѓал да те земе со кола или тоа што не те части или тоа што ти си пронашла место за одмор? Па и јас најдов место каде да одиме, па јас имам мотор и јас го зимам него постојано и што? Мислам дека материјалните работи воопшто не се битни. Ако го сакаш не треба да ти биде важно дали има кола, дали има пари да те почасти и слично.
А твоите родители секогаш ли се возеле во кола оделе натам навам или сега нешто им фркнало во глава изиграваат господи заедно ти со нив.Боже глупости не те земал,љубовта со тоа ли се искажува преку материјалното...неее неее! Биди среќна што воопшто сте излегле,а со што не ни треба да помислуваш,ако мислиш дека ти имаш повеќе пари од него оди ти по него части го ти, па кога ке има тој ке те вози и части тебе.Уживај во љубов,тоа со пари неможеш да го купиш. Кај отиде светот?......
Материјалните работи мислам дека не се важни во една врска доколку има љубов, доверба и разбирање. Што е важно дали ќе те земе со кола? Важно е да бидете заедно. Неговото присуство треба да ти биде доволно.
Пред да го запознаам него, се смував со негов другар. (не знаев дека се другари) И денес ги среќавам и двајцата и останав стаписана! не знаев што да речам.. тој другар му ништо не ми значи, се имаме смувано одамна и толку а овој почна да ми се допаѓа повеќе отколку што замислував.. И сега дознав уствари дека они се другари.. не знам што ке биде понатаму но се осеќам толку глупо, и кога би збореле на таа тема не знам како и дали треба да се оправдувам .. некој совет?
Девојки ова неможам да го поднесам сакам едно момче а сите ми велат дека никогаш нема да го имам и ми велат да се откажам кој е ваш совет ДАС Е ОТКАЖАМ или ДА ПРОДОЛЖАМ ДА СЕ БОРАМ ? :/
Продолжи да се бориш но полека..не напињај зашто може да има контра ефект..вака од околу, почни муабет да правиш но никад не избрзувај со некои постапки и емоции.. Имам една другарка што исто вака и се имаше случено..ако толку ти се свиѓа пробај почни муабет да правиш...тебе ако ти е убаво и ако сакаш да бидеш со него...биди и бори се до крај...сепак еден е животот и мој совет ти е да не се замараш многу околу тоа..другиот ке сфати , а и може баш со овој ке ти се погоди..сепак живееме у таква држава и градови што секој со секој се знае скоро и нема што да ти е чудно .. ако си сигурна дека толку ти се свиѓа тогаш и пробај, ич гајле да не ти е
Woman in Red ја искрено не би кажала, зашто мажи ко мажи бетер од нас женскиве знаат филм да си направат, и да си филмаат дека ете ти уште имаш чуства за тој, да почне да љубомори и слично. А и од една страна нзнам тука за машкиов мозок ама може и нивното пријателство да о растуриш, и на крај секако ти крива. Ако било тоа многу многу одамна, не е ни битно да се споменува, прај се ко ништо да не е, а ако тој се осмели да му каже и дечко ти те праша зашо не си му кажала, фино лепо одговори му дека било тоа у минато и дека не било ништо посебно и дека нема никакво значење за тебе и дека си заборавила до некаде ... А ти твојот живот го живееш за сите ? И “СИТЕ“ ти го контролираат животот ?? Девојче наједноставно, води се така како шо срцево ти вика, ако ти внатре осеќаш дека можеш нешто со детево пробај, ама пополека и без брзање и без многу зборење на други, оти очигледно тие СИТЕ не баш ти се ок ко твои луѓе ...
Боже господе што не ќе прочита човек на форумот ама ајде тоа ти е свашта има. Ти како прво и основно треба да се научиш на форумот да пишуваш кирилица како за почеток,понатаму за твојот ПРОБЛЕМ(во наводници)голем проблем имаш да ти кажам дури незнам како некогаш би можела да го решиш,си имаш проблем со психата и со домашното воспитување и со целата твоја искомплексираност која незнам како ќе ја решиш.Друго кога си бараш дечко по мерка и твоите кога ти бараа таков како што пишуваш тогаш што го маткаш детето и го шеташ по тавани?барај си некој по твоја мерка,кој е тебе должен да ти плаќа одмор што тие тој тебе родител брат што?дечкото да ти плаќа одмор?ако си права дама ти не треба да го дозволиш тоа па ни твоите родители,друго кој е должен тебе да ти плаќа пијачка,и да те части на секое татко ти е?НЕ и тоа не треба да го дозволиш а не тука да го наведваш како проблем,и што има врска од дома ако не те зема за излегвање не го знајш патот до местото каде што се чекате да одиш? о мај гад само ќе речам за твојот карактер и за твоето домашно воспитање голема катастрофа...
Никој нема право да се меша во твојот избор на момче и да ти кажува дали да се бориш или не. Најважно е мислењето на момчето,дали тој знае дека го сакаш,ако знае,како тој го прифаќа тоа? Тоа е важното... А ако тоа момче не ти обрнало внимание или не те регистрира од каде си,а ти да му досадуваш тогаш и јас би ти рекла да не се бориш за нешто кое нема смисла.
А што другарките твои да не имаат натприродна моќ да ја предвидат иднината? (без навреда) Не се тие оние кои што треба да ти кажуваат дали ќе го имаш или не, туку ти самата можеш да го процениш тоа. Мој совет ти е да се бориш за тоа што го сакаш. Подобро да се обидеш отколку понатаму да ти биде криво зошто не си се обидела. Сепак, твое е како ќе постапиш.
Никој неможе да ти каже дека никогаш неможеш да го имаш...За љубовта вреди да се бориш,само пази да не останеш пвредена, не брзај и играј умно.Секој гледа само за себе, не верувај и на најдобрите другарки ти го кажувам од лично искуство.Со среќа.
Imate li nekakov predlog vie? Pomognete mi.. Imam drugarka koja mi e draga, vsushnost uchime zaedno, sega sme za osmo odd.Taa vo pochetokot na letoto se zaljubi vo edno momche od drugoto uchilishte.Jas preku toa uchilishte bev na odmor so nego i so drugji deca.Vsushnot toj ne i e dechko, samo muvatori se,ali ona nego go svigja a sigurno i go saka mi nema kazhano na mene. Toj mene me svigja,mi prizna vchera, t.e toa i se primetuvashe epten celo leto on na mene mi se pushta. Mene navistina mi e mnogu glupo sepak taa mi e drugarka 7um godini i ne bi bilo fer da se skarame poradi nekoj shto go znaeme neodamna. Mi kazhuvaa da i objasna se na drugarka mi,ali nemozham.. Toj mene ne mi se svigja,ali neznam kako da mu kazham..imate li vie nekoj predlog?
Штом тебе не ти се свиѓа ова момче јас не гледам тука проблем,едноставно само кажиму не ми се свиѓаш и готово подобри пријатели ќе си бидеме без ова.А другаркати нека се бори,па ти не си крива што тој тебе те свиѓа,а не неа.Ако таа сеуште незнае дека тој тебе те свиѓа подобро е да и кажеш затоа што за момче и плус детска љубов не се расипува долгогодишно пријателство пријателството ако е вистинско може да трае вечно.Јас имам другарка со која учев во основно бевме неразделни и ден денес трае пријателството таа им е кума на моите деца.
Ако тој не ти се допаѓа,биди искрена .Кажи и на другарка ти,знам дека ќе ја заболи,но ти не си виновна за тоа . Биди искрена со двајцата,тоа е најдобро за сите
Ako ti ne go sakas, neznam uste so cekas ... Treba jasno da mu kazis deka ti ne go sakas a na drugarkati da i kazis kako si pominavte na odmor i da i raskazis deka toj tebe te saka. Ako ti e vistinska drugarka ce razberi kako stojat rabotite i ce si pobara nekoj drug so nea ke ja saka Nemoj da se plasis, iskrenosta e najubavo nesto iako ponekogas ni se lutat lugjeto zaradi toa, sepak cutekji nisto nema da postignis ! [mod-kirilica:10lds8lu][/mod-kirilica:10lds8lu]