Паа незнам што да зборам со него кога само глупости тропа.Вака веке не иде.Не ми е јасно зошто прави вака?
чекај како што сфатив проблемот е што тој не ти вика срце,душо,така?што толку си се фатила за ситници.што ако не те вика така.ајде може ние ќе го натераме па ќе почне.за твои години ова е огромен проблем.
И јас си имам еден психички проблем,да се каже де си имам дечко и многу ме сака почитува и ред други работи,а во мојата глава почна нешто да се случува запознав друго момче и почнав да го бендисувам ама,финтата е што тој е со многу лош карактер,пијаница и се друго спротивно на дечкото,ама ме привлекува и сакам да се излапкам со него не знам што да правам совет некој????
сссссссс каде му се очите на дечко ти?а тебе умот нешто слабо ти работи.оди излапај се со пијаницата па изгуби некој што искрено те сака.
не те осудуваат само ти а плескаат вистината во очи а ако баш па и толку сакаш да се излапкаш рескини со дечко ти и оди шшто сакаш прави не е фер да му набиваш рогови на дечко ти бар биди искреа со себе и признај дека си една разлигавена девојка дај ми телефонски број јас ке му се јавам и ке го искарам зошто не ти се лигави со срце душо не е фер стварно што ваа ти прави
Здраво девојки , многу време размислував и се чувствував непријатно да пишам овде за мојот проблем , но во последно време очајно ми требаат повеќе мислења. Bо врска сум скоро 8 месеци , на почетокот не се гледавме толку често и тој многу повеќе време поминуваше со другарите , но јас решив да почекам зошто нели сепак бевме на почеток . Tака беше првите неколку месеци и потоа се смени се гледавме многу често , секој ден , ретко да не се видиме еден ден . премногу беше љубоморен и многу забрани имав и караници заради неговата љубомора , но во последно време почна да сака повеќе да е на седенки со другарите , не ми се јавува често ке ме викне да се видиме преку ден за да е навечер со нив...но баш во последно време зборувавме многу значи многу на оваа тема ми вели дека бидејки сите работат им одговара да се гледаат навечер , ние да сме се гледале порано , го прашувам луѓе 10000000000 пати да не сака да раскинеме , да не му е досадно , да не има да ми каже нешто , зошто од еднаш сака повеќе време со нив и му се налутив многу заради љубоморните испади некои , тој не па не немало ништо така било тоа некогаш имал повеќе потреба и со нив да биде , ама тој од пред некој ден не ме викнал да се видиме , мислам се видовме ние ама и 2 бевме излезени на исто место и се договоривме таму да се видиме , сега па го прашувам што е работата зошто ме избегнува тој вели дека филмови си правам дека сум била напната без потреба а јас не можам стварно веќе ме убива помислата дека има нешто не можам да се смирам , почнаа да ми забележуваат дека сум ослабела , немам апетит и повраќам скоро секој ден , чувствувам некој неоснован страв дека има нешто нејке да ми каже , во се гледам опасност ... не знам дали е до мене
Некој можи ќе речи дека претерувам ,ама еве од лично искуство ќе ти кажам дека лани летото и јас поминав низ истото, на крајот по една година дознав дека ме изневерувал во текот на летото додека излегувал со другарите. и ние во текот на летото ги имавме истите проблеми сакаше почесто да се гледа со другарите поретко со мене. добро поровери го или раскини му, и самата кажуваш дека целата ситуција ти влијај на здравјето.
lilybeth, тоа ти е taste of your own medicine, за жал. Не дека го оправдувам, ама ете, таков карактер е. Веројатно му има пукнато се` тој да бил љубоморниот, па сега е во фаза демек ти да видиш како е да си ја јадеш душата со сомнежи. Најлошо нешто е кога ќе почнат така партнерите упорно да си враќаат еден на друг. Земи прашај го што е проблемот т.е. прашај го директно дали ти враќа или има нешто друго. Гледај да е во четири очи и самата ќе си го прочиташ одговорот меѓу редови. Е вие па ваквите што сте ми за еден магарешки... Епа ај утешително да те потапшаме по рамо у знак одобрење дека треба да си заебеш врска со некој што велиш дека те третира најубаво, само за да одиш да си се излапкаш со некој што ќе те опие со реа на ракија.
Девојки многу размислував и сватив дека дечко ми ме сака до крај,моментално се наоѓа во странство и пред малку ми пиша онака ми искажа љубов,ама ме разнежи се натажив крај не вреде ниеден на овој свет за да го изневерам дечкото кој ми го подари светот.фала што ми ги отворивте очите
sweat2, ако мислиш дека вреди да си ја расипеш врската за едно мување-само напред. И не, не е осудување, туку тоа ти е реалноста, како и да се свртиш. Еве јас ќе те посоветувам, размисли убаво и пред се РАЗУМНО, самата ќе го извлечеш одговорот на прашањето, што треба а што не треба. lilybeth, штом не сака да признае ништо, штом избегнува разговор на таа тема, почекај малку и не му спомнувај ништо.Ако има нешто самото ќе излезе на виделина, дали ако тој сам се издаде, или некој друг. Не ти викам дека задолжително има друга, или дека му е досадно, ама во ситуацијава е можно. А можно е и периодот да е таков. А ти пробај да се опуштиш малку, заради никој не вреди да ти страда здравјето.
Со него сум 2 години и 7 месеци а пред тоа бевме другари 5,6 месеци.Проблемот е што тој во последно време се повеќе нема време за мене.Ќе ми се јави на тел ќе збориме 3 минути и ќе го викне некој од неговите нешто да ни сработи(мајка,татко,брат,баба) и ќе ми рече морам да одам потоа ќе ти звонам.Потоа пак ми се јави и повторно истото.Едвај се гледаме еднаш неделно бидејќи живееме далеку тој во село јас во град а и се имал работа.Ќе ми рече да дојдам на мсн да си пишуваме и на секои 13 минути оди некаде да ни сработи нешто на неговите и го нема по 40-50минути.На мсн кога ќе му пратам нешто од нет тој никогаш не сфаќа како што треба туку секогаш го сфаќа спротивното на пр.вчера му праќам дека за домот Сениќ не требало врски и тој ми враќа ете видиш за таму требало врски нема да можеш да влезеш и секогаш е така.Кога ќе излеземе во град и ќе сретне некој негов другар одма почнува да се смее неконтролирано за се и сешто и да се зафркава за некои банални работи и ако го гледаш од страна ќе речеш дека има 10 год а не 18.Иако има 18год тој не знае ништо за животот,нема изградено свое сопствено јас,секогаш ги слуша другите,никогаш не кажува негово мислење туку се согласува со се што ќе кажат другите.Неговите родители и баба му го третираат ко мало дете,за се треба да бара дозвола од нив и се треба да ги слуша и да ни работи како роб 24/7.Му го кажав сето ова а тој ми вели дека не може да ни се спротивстави и секогаш ми бара време,секогаш ми ветува дека ќе биде подобро и дека ќе посветува повеќе време на мене,ама сето тоа секогаш останува само на зборови и ништо повеќе.Не сакам да бидам во врска со некој што во паметот е ко детенце.Му го кажав сето ова доста пати,но тој како да не го сфаќа за озбилно и се ми вели да не изводим.А и во последно време секоја вечер ме откачува со изговор дека му е лошо и не може да збори со мене,а го фаќам дека ме лаже со тоа(тоа го прави за да ме откачи и да оди да спие)Му раскинав бидејќи не можам да го трпам сето ова,а тој како и увек плаче,моли и ветува дека се ќе биде преубаво ако останам со него.Но и покрај тој многу го сакам и ми е тешко без него...Му дадов премногу шанси,а тој сите ги прокоцка.М вети дека тоа со неговите ќе го среди во најскоро време и мислам дека го остварува по малку.Па што да правам да му се вратам или конечно да ставам крај?Или дајте ми некој совет како да го сменам сето тоа кај него,бидејќи немам појма веќе како да го направам тоа...
Гледаш?! Сама си даде одговор, тогаш тргни се од него, и самата знаеш дека тој не е тоа што го бараш не знам што чекаш и зашто го залажуваш него а највише себеси?! Раскини и продолжи и сигурна сум дека ке најдеш некој каков што сакаш ..
Мој нај пријателски совет не очекувај од дете сериозност дечко ми е постар 7 ипол години ние женските позрело размислуваме од машките факт.Јас би ти рекла уживај во животот а не ти е добро ракинувај верувај има боље секогаш ама баш секогаш има на негови 18 години не му е до сериозност чим не наоѓа време за тебе значи неска ако треба ке најде барем 5.Знам по тоа што дечко ми од еден крај на македонија дојде на друг буквално за 20 мин инаку сме од исти град но тогаш таква беше ситуацијата а за финансии верувај ке се снајде...............Башка викаш од село бил најверојатно сега имаат и работа ако имаат ниви и неможе да најде време..............Девојче млада си не се верзувај за нешто што не ти одговара после не ке можеш да се одвоиш ради времето што си била со него.....И претпоставувам си некоја до 18 години ти посакувам мн среќа се надевам ти помогнав
Со самото тоа што рече дека дечкото е од село сосема го сфаќам како му е. Јас дури бев средно, исто беше и со мене, работев се и сешто по дома, по поле, морав да ги слушам моите за се бидејќи нели од нив зависев финансиски. Многу пати сум се карала со дечковци дека не можам да зборам на телефон, или да излезам, не ми веруваа дека имам работа дома. Но сето тоа се смени кога почнав на факултет, испити , позрело размислување, запознавање новни луѓе, сето тоа допринесе лично да созреам и да си изградам свое јас. После се вработив и кога ќе погледнев наназад дури и не ми се веруваше каков ми бил животот во средно. Затоа мој совет би бил, ако навистина се сакате, тие банални пречки ќе се надминат, тој нема вечно да биде во паметот ко дете како што велиш ти. Мислам дека премногу очекуваш од 18 годишен дечко. Дај му време да созрее, ако навистина го сакаш ќе се средите.
Здраво девојки, со дечко ми сум 11 месеци заедно и денес се скаравме прво кога излеговме на кафе јас случајно го видов бившиот и му кажав дека го видов и тој се налути зошто јас гледам натаму тој ми рекол еднаш дека поминал тој тука јас сум го барала и сум го видела го сакам него ова она и нема везе така налутени дојдовме кај мене и тој секогаш се вклучува на фб и нешто пак се закачивме и тој си отиде и се вклучувам на фб и гледам оставил лајк на некоја, се случи и порано но го тргна и ја избриша и ми вика ако се случи пак јави ми се и јас да го исполнам тоа му се јавив и тој вели дека незнае за тоа и ми врти после вика дека погрешка ставил лајк кога идел надоле со прстот ми се колне во сестра му и се друго, јас сум лута и тој сега ми збори демек јас го правам ова само јас да се извадам за тоа што сум го видела него.Ми вика дека сме раскинале бидејќи јас сум сакала така јас ова јас она тој никогаш не е крив во никој момент.Верувајте ми дека не сум погледнала друго мушко од кога сме заедно и немам намера да го изневерам што да правам сега го сакам многу како да продолжам како да постапам му вртам ми се дере ме вреѓа како последна курва Помогнете ми ве молам.
па и да си го видела бившиот не си морала да му кажеш за тоа , преќути си и готово. немора да го споменуваш пред него... тоа со лајкот на фб може го направил за да ти врати и за ти да се изнервираш.. мислам дека сте се испокарале за глупости... како мали деца се однесувате , не дозволувај фејсбук да ти ја расипе врската и не дозволувај некој да те навредува и понижува.. ако навистина го сакаш зборувај со него седнете и убаво разјаснете (иако мислам дека нема што да се разјаснува) поздрав
Тој не се разбира цело време ми зборува дека имам друг дека сум со друг се и сешто не е во право како да му докажам ми иде на живци