Ја би со Иксмен да се согласам и со грл23. Мене ова не ми е убаво, фала Богу дека ја не сум најубавата девојка на светот, ама за него треба да сум посебна нели. Зошто во тој случај Тој не е со сестра ми, туку со мене? Или сака да дојде поблиску до неа преку мене, или смета дека не е доволен за неа, ама е доволен за мене? Незнам стварно, во секој случај не е убаво. Едно е да кажеш дека Џулија Стајлс е поубава од тебе, ама сестра ти, другарка ти? Секако дека може да се, ама тоа е нешто за кое се ќути (друго би било да се каже сестра и е поубава, ама мене Спринги повеќе ми се сфиѓа...така нешто ) Дали ти би искоментирала така за негов брат, другар, братучед...сеедно? Постапките на луѓето многу кажуваат за нив самите
летово дека ми беше досадно в крај... запознав едни волонтери (едниот од Шпанија, другите 2ца од хрватска)... поентата е по ај да биди поинтересно почнав да се мувам со тој шпанецот, се беше ок ко во врска да сме 100 год заедно, е сеа муабетот е шо тој сакаше да имаме односи а јас нејкев... замининува задутре, а пред една недела ми рече да сме се гледале помалце ради то шо сакал да помини појке време со другарите оти мн време врвел со мене... а брат ми вчера беше излезен со него, и тој се мувал со друга... сеа кажете како да реагирам утре ко ке го видам за да се поздравиме...
Леле,ќе се поздравиш фино лепо,среќен пат ќе му посакаш и бла бла,што има да ја мислиш толку .Не си му скокнала во кревет,и типот друга си барал,нормално тебе нема да те чека . Дечкото сакал да си го распореди времето,да се види со друштвото,ако имаш чувства за него и прашуваш како во стил да му префрлиш што брат ти го видел со друга,прашај го директно дали му значиш,но не можеш да го обвниниш бидејќи не ти е дечко
Тебе ти било летна авантура, нему покрај ти и уште неколку други му биле летна авантура. Дека сакал нешто озбилно, не сакал, искористил момент да се издува и да биде некој друг овде. Дека ти сакаш нешто озбилно, и ти не сакаш, само си сакала времето да си го потполниш. За прашањето за секс, фала богу и таа шанса ќе си ја проба, може да упали, може и не нели Јас мислам дека најубаво би било, како што сте почнале така и да завршите. Евентуално некогаш ќе појдеш и ти во Шпанија или ќе ви се скрстат пак патиштата па не гледам причина зошто да не би се дружеле. Издувен вентил ти на нему и он на тебе. Сте си поминале убаво време заедно, сега си оди, животот продолжува. Кажи му дека си поминала убаво време со него и дека се гледате во друга прилика. Без лигавења, карање или плачки. Посакај му пријатен пат насмеана, така и тој ќе се поздрави со тебе и сите среќни и весели ќе си продолжите по патот
Најверојатно ќе ти биде тешко да се однесуваш најнормално кога ќе одиш да се поздравиш со него,бидејќи по ова што си го напишала мислам дека чувствуваш нешто за него,но сепак треба да го направиш тоа.Не можеш ништо да му кажеш и префрлиш на него бидејќи вие всушност не сте имале ништо озбилно,ниту пак сте биле во врска.Тоа ви било само една летна авантура
Здраво џенцки. Јас имам еден проблем. Убавка сум, згодничка, солидна ученичка, пари- доволно, ама никако да си фатам дечко. Зошто така ми се случува? Сеа па не сум некоја лептица ама ги има, далеку побетер од мене и си имаат дечковци, а мене никој не ме сака. Што да правам? Таман некој така ќе ми с е бендиса, нешто ќе тргне наопаку
Де па и ти немој толку песимистички Фати си ги другарките за рака и ајт у центар, на забави, по кафичи ова она дружи се, запознавај нови луѓе
Па да се молиме да не му ја понудиш за збогум. Извини на грубоста, ама женска да бидеме реални, таквите дечки гледаат само да си се забавуваат. И кој знае со колкумина поминуваат, внимавај малку и на болестите. Инаку, поздрави се најнормално, гушни го и толку. Потоа ќе се слушате на фб се додека не му падниш во заборав, а тоа ќе е после 3 дена. Затоа, се надевам дека немаш чувства кон него, за да не патиш утре.
ahh bre devojki nie sekogas patime poveke od maskiot pol devojkata sekogas ostanuva verna sepak daja otvoram i mojata istorija jas sekogas sum patella bidejki mnogu veruvaf i bef verna i jas imam vo dusata nesto koje sekogas me macit i se prasvam zosto mojot decko zaborava damise javit ili sekogas naodza opravduvajne sto mozet da bidet mnogu sum zbuneta problemot je sto veke nemam vo nikogo doverba a i samodoverbata sija izubef padnaf vo depresija od sto tolku mnogu go sakam no ne znam so je problemot pozz e molam za sovet pomognete mi
Моламм за совет што е можно најбргу... фатив дечко...ии ко шо си е редот се ни е убаво .. слатко и нормално.. многу сака да ме задоволува... знаете онака безобразно... али сега неможам пошто имам менструација... али тој навалува .. сега се мислам дали да се обидам утре јас да го задоволам него ... ама незнаем како ке реагира :// ии страв ми е ... пошто сум нова во ова поучите ме нешто
Секој бил нов во тоа, никој не се родил учен. А за поучување, техники на блоу и хенд џаб - не продаваме. А он како ќе реагира ... ваљда нема да те одбие сигурно ако сакаш да го задоволиш. Гледај порничи крај краева, ма да осеќам немаш повеќе од 16 години па ќе ти биде после страв некој хистори на мозилата да не ти отвори.
помогнете ми неможам повеќе да го контролирам својот бес и гнев,тешко ми е се чувтствувам понижена и навредена ,се плашам дека ќе направам некоја глупост,не сакам да излегувам низ град се плашам ако го видам со некоја друга ќе направам скандал , сакам да му се јавам ,да му кажам дека го мразам ,дека е најголемо ѓубре,сакам да го исплукам знам што и д анаправам накрај ја пак ќе испаднам глупаваи понижена ...неможам повеќе многу ме повреди,ме изигра,како можеше ја не го заслужувам тоа што тој ми го направи
Па што ако го видиш со друга не викам дека не е тешко ама ако сакаш да продолжиш понатаму ќе бидеш силна и крената глава . Па што најди некој рандом пријател со кого се чувствуваш пријатно и кој знае да те насмее и излези . Никако затварање дома!.
Пред недела дена му раскинав,но сеуште има чувства во мене кон него ипак 3 годишна врска не е лесно да се прекине туку-така.Па во сабота му е роденден и сега не знам што да правам дали да ја прифатам неговата покана и да отидам кај него или пак не?Знам дека ако отидам ќе се препуштам на емоциите и ќе се случи нешто меѓу нас Поделена сум на два дела...
Ќе бидам многу благодарна ако ми помогнете... Бев во врска пред 7 месеци .. Заедно бевме околу една година.. (jas18,toj 26 god ) Се случи најголемата грешка ... Имавме однос, малку беше на сила повеќе бидејќи јас не бев спремна но сепак се случи ... И тој ми беше прв и после една недела го снема и на фб гледам дека беше ставен во врска и така останавме недовршена приказна не разговаравме ни ништо едноставно на ништо не ми одговори и ме избриша од пријатели и ме блокира .. Многу сум повредена ептен... И не знам што да правам бидејќи се појави една личност по толку време која успеа да ми влезе во срцето и во контак сме и баш е супер.. Би сакала да започнам врска со него.. Но не знам дали да му кажам дека сум имала однос и дали ќе го прифати тоа не сакам да ме остави бидејќи со него се чуствувам среќно.. Не знам што да правам.. Ме повредија и оставија не сакав тоа да ми се случи мислев дека ме сака.. Ве молам помогнете ми .... Поздрав
Ќе бидам многу благодарна ако ми помогнете... Jас мислам дека нема потреба на новиот да му кажуваш дека си имала однос. Кога ќе дојде време и кога ќе стигнете до таа тема на муабет е тогаш отворено кажи му. А мислам дека ако те сака навистина нема причина да не го прифати тоа и да те остави. Велат дека кога ќе се изгориш на млеко и на матеница ќе дуваш, ама јас верувам дека не се сите машки исти. Се уште има по некој добар. Пробај и ако сте среќни заедно и ако се сакате не гледам причина да те остави
Вака.Јас пред 8 месеци излегов со еден и остана на една вечер,ама мн ми се допаѓеше и го мислев многу.Сега се појави еден тип,мн добар,и направи да подзаборавам на овој првиот.Пред некој ден излегов со него,бидејќи ми се допаѓаше неговиот карактер,ама мислам дека не го свиѓам доволно за да продолжам со него,а тој сака.Што да правам? Да си дадам време,може со тек ќе ми се засвиѓа или да престанам да го лажам и него и себе
Ако останала на една вечер, батали го. Дај му шанса на другиов, не знаеш дали се лажеш или не, многу е рано. А од овој вториот може и нешто убаво да бидне, никогаш не се знае ..