Пробај со вториов.Можи ќе ти се засвиѓа со тек на време.Сум имала многу ситуации слични на твојава и од ништо ќе испадне на крај премногу да го засакам дечкото.Вреди да пробаш, не губиш ништо
Вториот секако-не знаеш дали ќе ти биде убаво со него додека не му дадеш шанса..Првиот си добил шанса,не ја искористил така да чао,пријатно..
И јас сум од село и можам да разберам како му е на дечко ти. Бившиот сакаше да збореме со саати и зборевме, не ме оставаше да учам, морав на секој саат да му се јавувам, дома немаш појма колку проблеми имав. Па ќе се чуете како луѓе, што правиш ова-она, пет минути, што ќе правите муабет за некои банални работи по поласаат или саат. Така ако го напињаш можеш само да му омрзнеш. Јас тука не гледам некоја голема причина да му раскинеш, па ќе се гледате на една недела, што е толку страшно. И мене после некоја минута што ќе зборевме и ме викаа да одам или на жешко пошто бев болна, да учам или да им помогнам нешто. Секоја сабота караниците беа леле ако не излезеш, леле крај на свет ако не се видиме два дена, пошто ние и јас кога бев на школо секој ден се гледавме. За другите причини што ги кажа, дека те лаже не мислам дека е до него пошто може стварно неможе да збори. Мене ми се караа, дури и телефонот ми го земаа. Преку летото пак има уште повеќе работа, потруди се да го разбереш малце од малце.
Идеме со дечко ми две години и врската ни е сведена на љубомора.И двајцата сме дури се наоѓаат ситуации во кои што сме БОЛНО ЉУБОМОРНИ.Го изварав,дозна..и бетер го повредив со тоа но ми прости..при една наша караница им кажа на моите за неверството и тогаш многу се караше со татко ми,се пцуеа,се вреѓаа.. Но покрај се јас се смирив со него а моите не знаеа за тоа ( иако мислам дека се сомневаа) Многу го сакам,знам дека и он мене ми има докажувано но во последно време ми вика дека сум претерала со љубомората и дека треба да прекинеме ( а он порано беше по љубоморен од мене).Ја се обидувам,но не можам без него.Он ко да се оладил спрема мене,не е ко порано поише да ми врти,да ме тера да се видиме иако јас викам дека несакам..Ве молам помогнете ми,стварно ми е тешко..
си го изварала и дознал но сепак останал со тебе.ретко кој може да премине преку тоа.сепак неговата љубомора има реална основа.оној кој изневерил еднаш може и нареден пат.секако дека ќе олади.ти што очекуваше да ти се заблагодари за тоа.сега остави времето да покаже што понатаму.кога сте заедно покажувај му колку многу го сакаш за тој да се почувствува сигурно во твоја прегратка и седни разговарај со него.кажи му колку го сакаш и колу ти значи.но како што ти кажав останува времето да покаже се.со сила ништо не бидува
Јас мислам дека подобра опција е овој вториов. Со тек на време можеби ќе почне да ти се допаѓа. Штом со првиот веќе 8 месеци немате ништо, сигурно не мисли со тебе да има нешто повеќе. Најдобро е да го заборавиш. Штом ти се пружа нова шанса искористи ја. Штом си го изневерила нормално е да биде љубоморен и да почне да се сомнева и во најмала ситница. Ако го сакаш потруди се колку толку да ја врати довербата во тебе (иако невозможно е безусловно да ти верува). Докажи му дека сакаш да бидете заедно и покрај се. Покани го да излезете и разговарај со него за иднината на вашата врска.
Страдам .. Ова повеке не личи на врска .. не личи на ништо .. Го сакав премногу и тој мене .. за тоа знам .. Имаше денови кога ме правеше пресрекна .. Имам 18 години со него сум веке 2 години .. Ми беше прв .. Со него имав и односи .. Но .. претерано е љубоморен .. веке не е истиот .. Ме има тепано го пребродив тоа .. Прекина со насилството .. Но неможам веке вака .. Од дома речиси никогаш не излегувам .. Само кога тој ке ми дозволи а ретко се случува тоа .. кога ке ми дојдат братучетките тој веднаш ми зборува зошто догале вели ми донесувале телефон за да јас сум зборела со други .. Не ми дозволува ни да седам со братучедите ми вели дека спијам со нив .. Со друг збор за него сум курва .. А никогаш не сум му дала причина да биде љубоморен .. Никад не ни излегувам .. Нема со кого па со братучедите ме става .. Дури ми зборува дека тој не ми бил прв..Страв ми е да раскинеме само поради тоа што имав односи со него .. НО вака веке неможам .. Не ми се живее повеке !!! (((
Nemozam veke ! А што ако си имала односи со него.Бог да чува, ова е најглупа причина за да останеш со некого што ти го прави животот мизерен до бескрај.Освести се додека е време инаку еден ден ќе си ги собираш забите од земја. Е чекај сега те прочитав.Се одлучи што си, машко или женско?
Nemozam veke ! Ne ja otvoriv temava za da me osudavate dali sum masko ili zensko .. Samo pobarav sovet .. Inace profilov go napraviv za druga licnost pa resiv da i jas da si olesnam ..
Добро, се збуневме малку ние. Како и да е ти кажав совет.Немаш иднина со човеков, спаси глава додека е време.
ако е така изгледа нешто не е во ред со тебе.толку љубомора па плус и насилство а ти прашуваш дали да останеш со него.мислам дека и сама до знаеш одговорот.подалеку од него додека не си завршила во болница.со тој човек не можеш да бидеш среќна.најди некој што може навистина да те усреќи а не да те тепа и да ти забранува со кого да се гледаш.
И што ако ти бил прв?! Ако ти е прв немора да значи дека ќе биде последен. Подобро со време раскини му отколку да го трпиш цел живот. Замисли да се омажиш за него,да имаш деца,а тој да продолжи да те тепа...полошо ќе биде за децата после. Тој нема да се смени,таков ќе си остане. Е сега на тебе е да одлучиш што ќе правиш.
РАСКИНИ ! Јас сум сведок за еден сосема ист случај,значи во гимназија доаѓаше типот и ја тепаше женската затоа што сакала да му раскине.4 години беа во врска ама она постојано беше тепана,не смееше да оди во град и слично.Сега веќе не се заедно,и верувај она поубав живот си има
Најдобро е да ја прекинеш врската, како што кажа и самата тоа повеќе не личи на врска. Те тепал, претерано е љубоморен, што е следно..?? Ако имаш дечко не значи дека треба да се затвориш сама во 4 ѕида. Млада си, треба да се дружиш, да излегуваш со прјателите. Штом не ти дава да се дружиш со никој, па дури ни со братучедите не го почитува твоето право на слобода.
Прекини ја врската колку и да е болно тоа за тебе. Подобро месец-два па и три да ти биде тешко, одколку цел живот со него да се мачиш и да ти забранува работи. Што си му ти, купил на пазар за робови или си му девојка со која треба да има убава и хармонична врска каде што двајцата ќе постугнуваат се со договор? Под итно оваа врска-неврска да прекине, за твое добро.
ове не ми личи на врска ова ми личи само на малтретирање не му дозволувај така да се понаша спрема тебе , кај љубомори и уште ќе те тепа , мене татко ми ми нема рака кренато на мене а не на дечко да дозволам да ме малтретира , неќам да бидам себична но најдобро ти е да прекинеш со него со време послем да не биде касно
НЕМАМ СИЛА ДА ЈА НОСАМ СЕТА ОВАА ТАГА И БОЛКА... ВЕЛАТ ПОДОБРО Е КОГА ЌЕ ЈА СПОДЕЛИШ... ТОЛКУ ГОДИНИ ДАВАВ СЕ ЗА НАШАТА ЉУБОВ , ЈА ДАДОВ ДУШАТА, ТОЈ МИ БЕШЕ ШЕПОТ НА УСНИТЕ КОГА ЌЕ СЕ БУДЕВ, ВО НЕГО ЈА ПРОНАОЃАВ СМИСЛАТА ЗА МОЕТО ПОСТОЕЊЕ.... НО ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ СЕ БУДАМ ОД ОВОЈ МОЈ ИЗГРАДЕН СВЕТ, СВАЌЕМ ДЕКА СЕПАК ТОА БИЛО ПОРАДИ МОЈОТ НАЧИН НА ГЛЕДАЊЕ НА НЕШТАТА ПОВРЗАНИ СО НЕГО, СВАЌАМ ДЕКА СУМ ДОЗВОЛИЛА ЉУБОВТА ДА МЕ ЗАСЛЕПИ, ПРИ ОЧИ ДА НЕ ВИДАМ КАКВА ЛИЧНОСТ Е ТОЈ.... КАМО НИКОГАШ Д АНЕ ГИ ОПУЛЕВ ОЧИТЕ, ШТО ДА ГЛЕДАМ СЕГА... КОГО... КОЈ Е ТОЈ ЧОВЕК... НЕ ГО ПОЗНАВАМ... ПРВ ПАТ ГО ГЛЕДАМ...
Ве молам за мислење Со дечко ми сум во врска 3 ипол години и никогаш вака не се однесувал. Многу е ладен со мене ви последно време. Заедно бевме на одмор, со сите сили и напори успеав да го убедам. Таму поминавме и убаво и лошо. Во главно супер беше иако си дозволи да ме расплака 3 пати. Од кога се вративме ми е многу тешко. Не сме се виделе убаво како дечко и девојка. На кафе само со друштво. Ме нема бакнато прегрнато од одморот чинам. Со сите сили се борам, му пишувам смс , мила сум со него. Правам се само за да ми обрне повеќе внимание,но залудно. Пред неколку дена му пишав се што ми лежи на срце, се што ми смета и како се чуствувам. Се на најубав и најпрост начин за да ме сфати. На тоа ми врати дека па не баш за се сум била реална (како демек си измислувам). Мислев нешто ќе се смени, но чинам полошо е. Само ми противречи за нешто. Изговор му е тоа дека му е лошо. (лошо му е да ми каже убав збор да ме бакне да излеземе на само, а не му е лошо да се смее и да кажува глупости со друштвото. И кога му го кажав заошто не ме рецкаш мене а на другаркитеим зборуваш ми рече па ти ги знаеш тие глупости.???). Му кажувам во лице дека не сум среќна , дека секогаш кога идам се враќам тажна и повредена , го прашувам нели ти значи тоа нешто кога ќе ти го кажам, ми вика јас не си одам тажен , преиспитај се ти. Не знам веќе како со него. Дека има друга не верувам. Го познавам добро и му верувам. Дали е проблемот во мене зошто премногу му угодувам и се трудам? Дали јас преувеличувам? И да напоменам дека сме бруцоши сега, замаени сме со факултетот и домот имам некое разбирање и затоа дека сме напнати и се тоа. Ама ова ја минува границата веќе. Поздрав
Луѓе стварно незнам што да правам,ми рече да сме олабавлеле неколку дена,да не се гледаме ни слушаме,а глеам тоа и го праи..Коа му вртам не ми крева,после 5 саати ќе ми се јави или па телефонот ќе го изгаси без никаква причина,не му вртам нон стоп .. стварно се нервирам порано не беше ваков и коа сме се карале пак ми се јавувал..еве сеа недостапен беше 2 саати па после пробав да вртам и уклучен му беше моб,ама после пак го исклучил.. ве молам за совет..