1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    незнам коллку е функционално тоа но кога бев помала дадами земаше филџан го полнеше до средина вода и во водата ставаше бомбонче и ја ставесе устата на филџанот а филџанот стои на масата и со јазикот го бркаше бомбончето, но не му се секирај ако тој искрено те сака нема да ти бара на тебе да се бакнуваш незнам како , можеби тој незнае да се бакнува па му е чуден начинот на кој што ти се бакнуваш, а и тука нема некоја филозофија битно е да се бакнуваш со личноста што ја сакаш а како и не е битно
     
  2. blue.jeans

    blue.jeans Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    35
    Се запознав со едно момче така убаво згодно :D .Е ама испадна дека е "лошо " момче.Кога си пишевме на фб ми спомна за некој тајни места кај што одел во доцните ноќни часови, а јас одма помислив на некој места кај што се собираат наркомани и сл. :^) На што друго би можел да мисли.Така дури и малку ме исплаши :lol: Размислував и само да би се смувала онака како само за една вечер. Од една страна се надевам дека можеби погрешно мислам,можеби нема лош карактер, но од друга страна се плашам дека е опасно да имам нешто со него.
    Не знам колку ќе ме разберите,но добро би ми дошол некој совет. :*
     
  3. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    незнам срце што да ти кажам. ако толку ти се свиѓа и сакаш да се смуваш, смувај се, но да знаеш дека ако дознаеш дека он се дрогира или се дружи со такви, мој совет е да стоиш настрана. мислам дека треба да се смуваш бидејќи во спротивно и по 10 години можеби ќе се запрашаш зошто не си пробала? поздрав мило
     
    На blue.jeans му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Имате заеднички пријатели на ФБ? Знаеш нешто за него и неговиот живот? Можеш некако индиректно да се распрашаш, колку да имаш основна позадина? Се лаже многу на ФБ бе, може еден да се претставува таму, а сосема друг да се појави во живо. Но сепак, ако си решена да излезеш со него, или првото излегување нека е денски, или ако излезете вечерно, нека биде тоа во некој кафич, или некое слично место кајшто има и други луѓе, а не по секоја цена да останувате сами. :)
     
  5. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Како да сватам дека го изгубив пред да го добијам? Неможам повеке вака,цело време плачам,дома се по нешто наогам за чистење,дури отидов и кај роднини чистив,сите ме прават вредна,добра,а јас се распагам.Постојано мислам на него.Се знаевме само неколку дена,ама бевме толку блиски.Рече вечерва ке ми се јави,ама го искл тел,сигурно за да не му вртам.Тој е мн далеку,можеме да се видиме за 2 недели,ама знам дека до тогаш ке легне со мн др,неможам да му верувам,а он упорно вика дека ме сака.Нешто одвнатре ми вели дека сега е со друга.И забрането ми е да бидам со него,бидејки бил сиромашен и од дом.Како да издржам?Толку се врзав за него што ми иде да се убијам.Што да правам? Неможам повеке вака........ ;( ;( ;( ;(
     
  6. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    можеби кога ке се видите ке се промени и ке има очи само за тебе... а шо е битно дали е сиромашен или од дома ? кои се тие паметни шо ти го бранат ? кој и да е нема право да се меша во твојата срека...среката не е во парите.... јас сум спремна да живеам во куќа од кутии само да сум со тој шо си го сакам ....слушај го срцет твое другото батали ако навистина се сакате никогаш нема да бидете сиромашни со љубовта и со разбирањето ке имате многу во животот...среќно
     
  7. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Taтко ми,баба ми и дедо ми,сите.Рекоа дека ке ме избркаат ако бидам со него.Мн го сакам,сега се дговаравме да се видиме.Мене не ми е важно тоа,ама татко ми.... :x
     
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    иди види се со него ако го сакаш немој да размислуваш два пати, но не им кажувај одма на твојте дома можеби и нема да биде вреден за да имаш проблеми дома, иди со него немора да знаат они биди некое време со него, за да видиш дали и тој навистина осека нешто спрема тебе, ако навистина се сакате оди со него, твојте секако дека ке те сакаат и ке ти простаат, ти си ни најважна секако дека нема да се одкажат од тебе тоа го велат сега мислејки дека ке те разубедат, јас за мојата љубов ке направам се...напрај и ти за твојата...
     
  9. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Во право си,ке се обидам.Ама како да издржамдве ипол недели?? :?: Како и да е ке се обидам,и ако иде добро,ако не незнам што ке си направам..
     
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    дај боже се да е добро но до тогаш на твоите ништо не им спомнувај и дури да вие добро не кажувај одма дома,почекај нека помине некое време да му го видиш вистинското лице па дури тогаш ако вреди кажи им на твоите бидејки ти реков што и да направиш никогаш нема да се одкажат од тебе...се надевам дека ти помогнав барем малку и што и да направиш мило ке ми биде да ме известиш....среќноо :*
     
  11. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    И самата викаш дека се знаете само неколку дена,вреди ли да ризикуваш мирот со твоите заради некоја моментална привлеченост или занес ? Размисли добро пред да направиш нешто. И сепак гледај да ги разбереш и твоите,се сеќират за тебе,сакат да имаш добра иднина,нема потреба да ги правиме лоши затоа шо покажале дека се загрижени. Може добро ќе ти дојдат тие 2 недели,да се изладиш малце,ако те сака како шо вика,нема да ти избега и нема да трча по други. Ако тоа е твојот страв како шо си кажа претходно,тогаш нема да можеш ништо да направиш дури и да сте разделени на 1 ден тој пак ќе си го направи тоа. Не паничи,биди силна,немој да викаш дека се распаѓаш само заради тоа. Немој право целиот свет да ти се врти околу него.
     
  12. blue.jeans

    blue.jeans Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    35
    Една другарка моја го познава,учел со брат и ,и ми рече дека таков бил порано немирен,дрско дете,незнам правел бељи,но сега не е сигурна дали е сменет.Баш таа ми рече дека еднаш(ако би излегла еднаш да се видиме што е како е) со таков и после нема излез,пошто нејзе и се десило да и се заканува некој таков дека ако го остави ке ја убиел.( Не знам колку е вистина,но зошто би ме лажела).Ти благодарам за мислењето. :*
     
  13. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    Па не мораш да ризикуваш,можеби ќе си направиш поголем проблем.
    Ја кога би била на твое место,ако глеам дека со таков човек си иам работа,ќе го баталам.Нема да го анализирам дали се сменил или не.Тој ако е таков,тешко да се врати во нормала.
    Ама ти најубаво си знаеш како ќе постапиш.
     
    На Ph0enix и blue.jeans им се допаѓа ова.
  14. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    12
    Дали да простам???
    Се гледаме од јуни. Во јуни се беше неофицијално, запознавање дружење. После 1 месец не бевме заедно јас бев во странство, па во август повторно се гледавме. Се беше како бајка. Никогаш не официјализиравме врска, но на последните состаноци имаше толку многу изјави на љубов обострано, и си се викавме дечко и девојка. За цело време јас бев свесна дека тој има тазе прекината бивша многугодишна врска, неодамна пред да почнеме да се гледаме, но не сакав да го гњавам за тоа. Пред 1 недела фб-от издаде некои работи- дека тој нема расчистени односи со бившата(таа му лепна комент на слика и објави слика од нив двајцата). Јас бев во шок, му се скарав одма, тој рече дека не правел ништо со неа туку само одржал контакт, се гледале на кафе, девојчето го сакало итн..и така ми стаса порака едно утро во стил дека ме сака најмногу на свет, арно ама не може туку така да ја отфрли(зашто јас му поставив многу строги услови, да прекине секаков контакт, да ја брише и од фб и од се). Одтогаш не му се јавував, ми звонеше упорно, ми пишуваше пораки дека се кае и дека ќе се откаже од се за да сме заедно, дека му значам премногу... Пред некој ден ми се јави дека има расчистено се со неа, ја избриша и од фб и дека сака да сме заедно. Многу го сакам, но не знам дали да простам. Не знам дали ќе можам да му верувам после ова, од една страна работите се открија на време додека да почнеме нешто посериозно и не можам да го сфатам буквално како варање, зашто ние не ни бевме во врска..но од друга страна премногу ме скрши сето ова.. Ве молам за совет! :)
     
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    ете јасно кажуваш дека не сте биле во врска, но одкако си му се налутила тој со неа се исчистил прости му провери дали ја има на фб. и сл. ако понатаму не се случува да го бара и сл значи те сака
     
  16. mid

    mid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    11

    јас мислам да му простиш, самата викаш дека тој имал многугодишна врска и веќе расчистил со неа, треба да му дадеш шанса и да видиш дали ќе биде поубаво, но АКО неговата поранешна девојка постојано го гнави и прави се за да ве раздели мислам дека треба да го оставиш и да си почниш од ново со некое типче што немало долги врски :) pozz
     
  17. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Ќе се употребам себеси како пример за да ти одговорам, и гледам дека иако сум машко, ќе имам нешто поразличен одговор од досегашните женски. :)
    Пред 4 години прекинав долга и убава врска во која бев многу заљубен, и тоа го доживеав многу тешко, со лошо расположение, блага депресија, немање желба за ништо... Но, неполни два месеци потоа се појави една девојка во мојот живот, која онака, ми изгледаше интересно, различно, која првпат пробуди каков-таков интерес во мене по раскинувањето на врската. Бевме во контакт, се допишувавме (СМС и интернет), разговаравме - имај на ум дека во меѓувреме јас немав никаков контакт со бившата -... Ни одеше контактот, си се допаднавме, и дојде дента кога требаше да излеземе... Но знаеш што? Јас не бев подготвен за нешто такво, а таа го забележа тоа. Бившата имаше оставено предлабок „печат“ во мојот живот и ми требаше време да го избришам целосно. Значи, девојкава со која контактирав ми беше прекрасна, слатка, интересна, мистериозна... А сепак индиректно ја споредував со поранешната, сакав да е како неа, a истовремено и таа „закрепнуваше“ од еден мувач „за сериозно“ кој ја сместил во триаголник со уште една цура, за која оваа не знаела.
    Нормално, на крајот не излеговме, прекинавме секаков контакт и оставивме на времето... Знаеш што се случи? 5 месеци подоцна и’ пишав за роденден, полнеше 18 години. Бевме закрепнати и двајцата, јас дури и барав почеток на нешто ново со нова девојка. Обновивме контакт, излеговме, и по некое време се фативме. Имавме долга и убава врска, повеќе од 2 години, иако и таа заврши. Но, барем во неа влеговме подготвени. :)
    Наравоучение (и да не тупам веќе :lol: ): Дури и да рекол дека прекинал контакти со неа, мое мислење е дека треба да му дадеш малку време на дечково да закрепне. Во спротивно, остави што тој нема можеби да е среќен, туку постои шанса и ти да трпиш последици од тоа, и да си тема на споредба, очекувања и разочарувања. :)
     
  18. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    12
    Благодарам на советот..но не сум јас таа што го гњави, тој ми звони по 100 пати во ден, сака да ме види, вели дека сака со мене да е...како да го изведам тоа-да му дадам време??
     
  19. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    12
    Isto taka Phoenix vie ne ste se gledale zasto ne si bil spremen i ocigledno si ja sakal uste bivsata, ama nie se gledame i kontakritame 3 meseci, toj veli deka zivotot bez mene ne moze da go zamisli i deka me saka... ne znam kolku da mu veruvam, stom sepak potkleknal i se vidol so nea? :/
     
  20. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    ^
    Не, ние не бевме во контакт зашто таа реши да го прекине откако раскинавме, а јас сакав уште да сме, нешто слично како неговото дека „не можел да стави одеднаш крај.“ И во периодот кога ја преболував, и јас на моменти сакав да имам некоја девојка покрај себе, но откако закрепнав сфатив дека тоа потајно било залажување, знаеш она дека во тешки моменти ти е потребен некој. Значи со девојката со која се фатив по 5 месеци откако прекинавме контакт, јас сакав уште првично кога ја запознав, но тоа ќе беше огромна грешка - среќа што таа навремено забележа и се договоривме да оставиме некое време да помине. :)
    Не знам, значи не велам дека кај секого е така, нормално, но некои точки и карактеристики што ги спомна во ситуацијата со дечково ми изгледаа како јас да сум ги пишувал за тој период. :)