1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    12
    Точно, секоја приказна за себе.. Јас не сум паметна што да правам, се плашам да не бидам повредена пак, да не се предомисли и сфати дека сепак не може а да не контактира со неа..но од друга страна тој форсира дека сака да се со мене, вели дека се ќе стори пак да му верувам и сака да се видиме уште утре... :/
     
  2. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    ^
    Па дај му шанса, да видиш што ќе покаже! Нека ги влече тој конците, ти биди повлечената (од разбирливи причини), нека се потруди да докаже. Иако се залагам за еднаквост кога дечкото и девојката се во врска, факт е дека овој уште немал ништо посериозно со тебе, а веќе кикснал на една многу важна карта - довербата.
    Затоа, сега нека надомести малку за тоа, но не се двоуми во ниеден момент да прекинеш контакт и однос со него, доколку пак насетиш дека уште го мачат „демони“ од минатото. :)
     
    На lady19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mimitka

    mimitka Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    3
    е сеа ми се свига еден збориме со него на фб моб му имам се имаме видено во град ама никако да ми пријде на со друг однос никогаш ме нема викнато на кафе што да правам ?може не ме свиѓа само е фин
     
  4. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Можеби е срамежлив.Немора да значи дека не те свиѓа.Не знам колку се знаете,ама претпоставувам не е долго.Остави да помине малку време,почекај он прв нека те побара.Или па ти викни го на кафе. ;)
     
  5. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Не бев сигурна на која тема да пишам,па почнав на првата што ми дојде. Одиме 5 ипол години. Имавме совршена врска,без кавги, без љубомора, многу љубов, планиравме и брак, абе како во бајка. Пред некој ден случајно му најдов слики на е-маил кој и ги пракал на некоја типка, исто и од неа слики што му ги пратила него.Кога го прашав која е прво се збуни, почна да лаже, па после пријателка, вака така... на крај испадна дека ја запознал на курс по англиски, и од тогаш си се гледаат, си пишуваат, ама се било пријателски.Тој инаку е од друг град. А ми имаше кажано дека бил збунет, го "пукале бедови", а сега поврзав дека тоа е од кога ја запознал типката. По сето ова, мислам дека има нешто што крие, всушност и се е јасно, само што не признава.И сега му е лошо што ни ја уништи врската, се извинува.. Не можам да му простам, ниту да му верувам.А врската ни беше повеќе од озбилна, јас кај него, тој кај мене, моите и неговите живеат.Макар што тоа е најмал проблем. Ми го скрши срцето, ме уништи.Не можам да прифатам да го загубам поради друга.Ве молам за разговор, немам на кој друг да се обратам.Едвај со сестра ми зборнав, тешко ми е да зборувам за ова со било кој.
     
  6. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    ;( леле бе многу ми е жал ;(
    како можел бе така да направи?
    срце незнам како ќе го надминете ова, многу е тешка ситуацијава!
    мислам дека кога човек искрено се кае треба да му се прости, ама размисли убаво!
    помине некое време сама со себе, не разговарај со него туку размисли со трезна глава дали заслужува уште една шанса сепак 5 години сте заедно! поздрав мила
     
  7. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    срце викни го ти на кафе, не мора да чекаш он да те викне!
    и во град кога ќе го видиш пријди му поздрави се со него! поздрав
     
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    ^^^
    Мораш да зборуваш со него и да го прашаш што е тоа што го сака.Ако не знае,дај му време,можеби е збунет моментално па не знае како да се изрази за да го изнесе на виделина проблемот.Ако ти сметаш дека нема да си во состојба да му простиш тогаш не му простувај,на крајот сепак твоја е одлуката што ке направиш. :)
     
  9. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    знам како ти е нее лесно да се прекине 5 годишна врска ,но мораш да размислиш убаво дали заслужува уште една шанса а и плус тоа мож таа некоја го само збунува тоа е нормално да се деси во секоја врска а не значи дека е заљубен во неа ,не верувам дека од еднаш ке се изгуби целата љубов што сте ја имале овие 5 години заради некоја што сум сигурна дека од муабет немале ништо повеке(па не е улав да си расипе врската ):!: ке седнете ке направите муабет дали сака да продолжите и да оставите се што било да ги поправите работите верувам дека се ке се среди само треба време да си дадете и да рзговарате за проблемот со избегнување и карање ништо нема да постигнете .СРЕКНО ;) ;)
     
  10. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Работата е што тие се гледале со месеци, и цело време ме лажел. Да ми кажеше се опив, те изневерив и толку, ќе ми беше полесно да му простам.Срцето мислам дека ќе ми пукне кога мислам на тоа како седат заедно, се смешкаат, се гледаат. :envy: ми иде да ја убијам жими се
     
  11. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    a ti нели забележа некои промени кај него???како тој се гледал и со двете без да забележиш не ми е јасно???
     
  12. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски
    Немаше ништо чудно во неговиот однос, или јас бев заслепена па не видов, незнам. Летото се обидовме да напрајме пауза што тој ја побара, му реков ајде една недела нема да се слушаме...за 24 часа се нацрта кај мене, неможел да издржи.Кога сум дома, у последно време, од коа бидна ова со паузата, приметив дека по тел. немаше многу муабет кај него, ама коа ќе отидев таму беше по старо. Може и слепо му верував, па не ни замислував дека би можел да биде со друга освен со мене.А тоа "биде" значи ниту кафе да пие со друга. Од искуство знам дека пријателство меѓу машко и женско не постои.
     
  13. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    ако си сигурна дека те изневерил со неа и дека се уште се гледааат тогаш ке го оставиш и со убаво ке се разделите само за да му дадеш до знаење дека неможе да оди со двете,знам дека ке ти биде тешко но мораш да прекинеш секаков контакт со него барем една недела :!: да видеш како ке реагира,ако постојано те бара и ако почуствуваш дека навистина се покајал тогаш сигурно заслужува уште една шанса ,но ако ништо не се случи за таа една недела тогаш никогаш не ни бил твој бидејки неможе да се остави врска од 5 год за ништо сигурно мегу нив има нешто повеке од привлечност,можеби и чувствата проработеле :( :( :(
     
  14. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Точно, секогаш ќе се појават симпатии или кај машкото или кај женското, ама во голем број случаеви доста брзо исчезнуваат. Јас не можам да се замислам да не излезам на кафе по некад со некој од другарите. Најдобрите совети ми се од нив, најубаво сум си поминувала со нив. Па тоа не значи дека јас ќе го изневерам дечко ми! Само, јас не кријам кога излегувам со нив. Чим твојов криел, му годи нејзиното присуство, а знаеш дека ако ти каже ќе избувне кавга. Тука е малце и твоја грешка, што тој бил прилично ограничен да стои понастрана од женски и да нема голем број на другарки.
    Не знам дали тебе ти се случило, но мене ми се случило лично да помислам дека ми се допаѓа некој друг и се тоа да помине за неколку недели. Тоа е нормално во долги врски, верувај!
    Ова не е доказ дека те изневерува, или дека планира да те изневери. И ако врската ви била сериозна, ова твоево однесување за мене лично не е. Прибери се, направи си искрен муабет, ислушај го што има да каже. Ти планираш брак, ама он може не е спремен и изживеан. Ако е така, да сме здрави и живи. Подобро сега да расчистите него да се јават овие проблеми во брак.
     
  15. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски


    морам овде да се искажам бидејки немам каде,прво ви благодарам многу за советите.
    Значи продолжение на приказната;Пред околу месец ипол се укл на фб и гледам типов што го спомнував погоре ме избришал,му пишам во пораки зошто така и ми вели дека вториот пат кога бил овде во македонија јас цело време сум била исплашена и срамежлива и кога сме биле сами и сум се однесувала како да не сум сакала тој да биде овде а девојка која си го сака момчето не се однесувала така,и ми кажа дека тој бил единствениот во врската што сака,и ми каза дека сеуште ме сакал,а он знаеше дека цело време се плашев да не наиде брат ми и ја знаеше ситуацијата,па пак ми прати понуда за пријателство и ја прифатив,после пак го немаше да ми пише,на крајот на јули ни беше годишнина јас му пишав смс прва,а он ми пиша дека многу сака да ме види и дека пак ке дојде во македонија и дека сум единствена што ја сака.Оттогаш го немаше пред една недела јас му пишав смс да го прашам како е и не ми врати,завчера вечер пак му пишав сакав да знае дека уште го сакам и го прашав дали постои некоја друга па затоа не ми врака на смс-ите,вчера утрото додека бев на работа ми пиша дека има друга веке еден месец и дека му е жал,но дека можам да му пишам другарски...,лелееее во тој момент мислам дека срцето ми се распарчи едвај ама едвај цело време на работа се воздржував да не заплачам многу многу ми беше тешко и уште ми е,си отидов дома и се затворив во соба и цеееел ден си плачев мислам дека дехидрирав од плачење,но ако сама сум си виновна.Ова утро собрав храброст и седнав на фб го отворив неговиот профил и гледам слика со неа,ми се стегна силно срцето,се препотив,одма му пишав во пораки дека неможам да бидам другар со некој што го сакам,му посакав се најубаво и го избришав од фејсбук.Понекогаш си мислам како некој да ме проколнал да немам срека во љубовта бидејки таман ке засакам некој постојано излегува нешто,некогаш посакувам да сум грда и дебела можеби повеке срека би имала,а што е најлошо никој не ми се допага немам некој потенцијален кандидат за врска,дури губам надеж и си мислам дека залудно им помагам на лугето и залудно ме благословуваат бидејки ништо добро не ми се случува,многу ми е страв да не го поминам сама животот и дека нема повторно да се заљубам и дека нема да ми биде возвратено,незнам како ке го преживеам ова.......
     
  16. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    338
    Пол:
    Женски


    Јас никогаш ништо не сум му забранила, може да пие кафе со кој сака, реков не очекував пошто никогаш немал другарки, не поради мене.. Ниту бев љубоморна, ниту го контролирав, му верував! Ама фактот шо криел од мене со месеци..и сеуште не ми одогвара на некои прашања во врска со тоа, ми делува како за ништо да не е сигурен.. Пред ДА и НЕ секогаш има пауза.. Не сум јас несериозна, јас спобудалена..
     
  17. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Ја прочитав целава приказна и баш ми е жал што мораш се ова да го поминеш.
    Мислам дека на брат ти треба да му вратиш полошо од тоа он што ти направил.Затоа што ако ти мислел нешто добро ќе ти кажел убаво како на човек,а не со тепање.Неможе да суди за некој што не го познава.А твоите родители треба да те одбранат во ваква ситуација,а не да ги слушаат навредите!
    А за дечково-мислам дека баш испаднал кретен,затоа што колку и да раскажуваш што и како ти се десило,ти сама најубаво си го осетила тоа и знаеш како ти било,а он веројатно немал поим низ што поминуваш за да бидеш со него.
    И можеби сега ти е многу тешко,али верувај дека дечково ти направил услуга што се тргнал,барем на време можеш да сфатиш дека не вреди за таков човек да се жртвуваш.
    Сигурно заслужуваш многу подобро од ова.
    Ако толку те сакал и си му значела,ќе го ценел тоа што го правиш за него.Доволно што си се криела од брат ти и што си се карала заради него.А да не збориме за посветување внимание и љубов.
    Значи дечково ни НАЈМАЛКУ не те заслужува.
    И не е се така црно,замисли ова да ти се случеше на пример после 1 година.Ти да се караш и тепаш заради него и на крај да ти каже дека си нашол друга.
    Немој да се замараш со него и продолжи си понатаму како да не ни постоел во твојот живот.
    Нека те фати малку инат и секогаш нека ти биде на памет тоа што си го поминала ;)
    Ти посакувам многу среќа :)
     
  18. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    фала ти многу green за советот,ама мислам дека и не му посветував доволно внимание и самата сум до некаде виновна,ама како што вели мајка ми тој што те сака ке најде начин,а со брат ми се однесуваме како ништо да не било но никогаш ама никогаш нема да му го заборавам тоа и никогаш нема да му простам,а многу,многу ми е тешко но знам дека сум силна и ке го издржам и ова,едвај ги задржувам солзите и сепак се чувствувам виновна
     
  19. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    кога ја прочитав твојот проблем се потсетив на сестра ми на нејзиниот бивши дечко ,со него одеа 7 години и последните неколку месеци одел со уште една сестра ми не беше забележала ништо чудно но го слушнала како зборува по тел со неа и се и станало јасно тој и признал дека има друга,сестра ми му даде време да се среди да си ги среди чувствата ,многи и беше тешно но тој реши да продолжи со таа и ја остави сестра ми ги фрли во вода 7 години заедно ,но сестра ми со наша помош успеа дас е среди и дадовме на знаење дека нејзината срека енајбитна подбтро да се спречи отколку да се лечи :( :( и сега си е срекно мажена со личност кој ја третира како принцеза и ја многу сака и тој неа :) :) ако господ ти го земе значи за тебе има нешто подобро ВЕРУВАЈ не се разочувај :) :) се ке се среди само дај си време и на себе и на него па времето ке покаже дали ви е пишано заедно или не
     
  20. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    И јас имам 5 годишна врска,и сега пред да ти пишам пробував да се ставам на твое место за да можам да ти дадам искрен одговор што би јас направила.
    Првин би направила искрен,отворен муабет со него да видам што како размислува и до каде е во тој момент со паметот и би го оставила некој период(недела,две..) да си размисли дали сеуште ме сака,дали сака да биде со мене,дали ке се промени(да не прави веке такви глупости) и сл.Е ако решил да не бидеме заедно тогаш знам дека би ми било тешко,но со сите сили што ги имам би пробала да го заборавам,на било кој начин.
    Поздрав и се надевам на среќен крај! :)