1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Не си во право .И јас сум бил горе доле во слична ситуација.Едноствно навиките и начинот на живот се менува со годините.Е сега што некој наши другари си тапкаат во место мислејки дека светот се врти околу пиење :coffee: :beer: :d: не ги разбирам .Да не избегам до темата,НО мора да се има почит према девојката а не кога ке им текне да ти досагаат.Дружењето е еден вид на взаемен "интерес" на пронаоѓање убави работи.Малце лоша ситуација ,јас би ја советувал двојкава да остави работите да се одвиваат малце по природно да не мора она да одлучува-пресудува иако е во право сепак може да се повлечат мн други низ на пробелеми .Сепак се комшии ,а и зошто сите да те зборат како лоша .Сигурен сум дека ке ти се промени ситуацијата после верењето -живеењето таму.Се додека не си кај него официално другар му си чувствува слобода да биде таков .
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Во врска сме два месеци. Тој има скоро 25 год.На почетокот за него имав мислење дека е женкар, но тој ми викаше те молам верувај ми колку те сакам, во ништо во животот да не бидеш сигурна како во мене. За овие месеци беше максимално посветен на мене, почна да ми ветува како сака цел живот да го помине со мене, како мене ме сакал најмногу од сите претходни, како со мене сака да го помине цел живот, дури ми рече „ти не си ми девојка, ти си ми жена.‘‘ За година дена треба да замине во странство па ми викаше како прво нешто откако ке се обезбедел таму ќе му било да ме земе и мене. Јас за неколку дена заминувам на студии во друг град, па и тој се обиде да побара работа таму и сега чека одговор. И наеднаш се се смени. Ми рече дека грешка му било што толку се зближил кон мене, запоставил и другари и се` (а кога сакаше излегуваше со другари), како јас сум го напнувала премногу (а јас апсолутно ништо не го напнав, освен што сум му рекла зошто лајкуваш слики од други девојки). Врвот на се беше кога ми рече дека не бил сигурен во себе дали би ми останал верен доколку не најде работа во градот каде што ќе студирам. Дека ме сакал премногу, дека љубовта била иста, но немало да биде сигурен во себе, во тој случај ќе сме имале врска бев обврски (а јас сум најголем противник и не би можела да опстанам во таква врска).

    После сите ветувања ова ми се случи. Навистина сум шокирана и не знам што да правам. Секаков совет би ми бил добредојден.
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Не биди шокирана, луѓе сешто зборат, а два месеца се премалку за било какви озбилни муабети за иднина.

    Сака или да ти раскине или да биде слободен да оди и со други па сега пополека психички те припрема за таквата варијанта.

    Друг пат не се залетувај на зборови, женачки, мажачки после два месеца, секому од страна ќе му звучи ем патетично ем банално и многу наивно (што си поверувала) :)
     
    На JuLleE, fallenangel, Calypso и 5 други им се допаѓа ова.
  4. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    за ова мозам да ти кажам само едно а ти протолкувај си го како сакаш СЕ СО ЛЕТА НЕ СЕ ЈАДЕ друг пат не верувај секому што ке рече не верувај на зборови само на дела и секогаш гледај со малку резерва
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Не знам како можеше да се смени толку, дури и дома им кажал колку ме сака и колку сериозно гледа на мене. Сега не знам дали да продолжам со него. Се плашам да не ја тепам главата понатака ако останам со него, кога на почеток ова ми го рече, што да очекувам понатаму...
     
  6. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    абе ние машките светот у раце ке ви го дадеме дур не го добиеме тоа што го сакаме :!:
    искрено незнам како си паднала на ваква фора, ептен е провидна.
    или пак има некои мн брзо се заљубувуват (бар они така мислат дека се заљубени) за потоа да сфатат дека не е баш така и се тоа да премине во една досадна и напната врска.
    штом дојде до тоа знај готово е.
    верувам имаш гордост и нема да прифатиш врска без обврска, немој да се доведуваш у ситуација да му бидеш на некој на лагер, односно кога ке му се присака да те побара :)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Тоа врска без обврски не би прифатила во никој случај. Можеби глупаво изгледа, но за ФБ кога му реков немаш потреба да лајкуваш други девојки и да бараш нови пријателства со девојки што не ги познаваш, ми рече „Мене никој неможе да ми се меша што да правам во животов, јас сакам европска врска, ќе комуницирам со кого сакам, а ќе лајкувам се што е убаво‘‘
    А претходно кога сме правеле муабет на слични теми ми викал „Нема ништо да правам што би те навредило, што ти смета, од мене никогаш нема да бидеш повредена и изиграна‘‘.
    Навистина ме полудува!!!!!!!!!!!!!!
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    A каква е таа Eвропска врска? :rofl:
     
  9. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    А ти што си некоја очајна, излеговте од некоја долга врска? НЕ, епа ако сака така да си тера нека си тера без тебе, неможе да си со некого ако не ти прави да се чуствуваш среќно и сакано.Верувам дека ке најдеш некој што нема да лајкнува и да сака европска врска.Глупости, да сум на твое место ич нема да му ја мислам, ке си уживам без него.Смешен!
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Лук, ти си имаш проблеми со самодовербата, сум ти кажувала и друг пат ама ме сфаќаш во негативна смисла, ама еве самата твоја постапка во оваа врска, каде што толку слепо си му верувала на дечково дека после 2 месеци толку те сака, па им кажал на неговите, па ова, па она- сето тоа кажува многу работи за тебе, кои не се љубовни, ами психолошки.
    Преиспрашај се, види каде грешиш ти- знаеме од каде произлегува овој твој бунт и причината поради која така брзо си влетала во нова врска и целосно си верувала во тоа што ти било кажано, ама треба самата малку да се изанализираш и да видиш дека не е крива само мајка ти за твоите проблеми, ами и ти самата затоа што не настапуваш како што треба.
    Животот во глобала сепак ние бираме како ќе си го правиме, а ти си одбрала да цимолиш и само да чекаш да се појави некој со кој ќе доживееш голема љубов и ќе и се спротивставиш на мајка ти.
    Ова не е филмот Ноутбук, дај реши си ги проблемите со жената веќе и поработи си малку на самодовербата, не си свесна колку подобро ќе ти биде.

    Поздрав и размисли за тоа што ти го кажав, не ме сфаќај веднаш со доза на негативност, верувај дека нити имам нешто против тебе, нити зборувам на празно. :)
     
    На Hipica и Look им се допаѓа ова.
  11. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    12

    П.п.с. утре треба да се видиме со типот, до сега се беа телефонски разговори, изјави на љубов како само јас сум му битна, дека и да го барала пак бившата ќе немало да и се јави или ќе и каже да не му се јавува, вели никој нема да ни се меша во врската и љубовта..не знам како да се однесувам?? НЕ МОЖАМ ДА МУ ВЕРУВАМ скрос, се се случи брзо за некои 2 недели, уште ја памтам и сликата и коментарите и муабетите кога велеше дека премногу долго бил со неа и дека не е лесно да исфрлиш од својот живот некој што си бил многу доглго со него, после тоа ме напна дека погрешил и дека само со мене сака да е, ја избриша и се тоа, ама пак ми е СТРАВ и тоа многу да не ме повреди повторно и да не му текне после недела, месец или месеци дека сепак со неа има многу повеќе заедничко и дека ја сака..не знам како да се однесувам, многу го сакам, ама не сакам да бидам повредена.
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Искрено, право да му се лутиш баш и немаш, тоа и самата си го кажа.
    Тоа што ти е страв е нормално, човечки е да се плашиш дека може во одреден момент да го надвладаат спомените на неа и да дојдете до тоа дереџе да тој уште расчистува неодмрсени сметки.
    Ама ние тука не можеме да ти кажеме што му се мота во главата, дали има уште некакви чувства за неа или пак останати се само спомените и сеќавањата на убавите моменти поминати со неа. Тоа можеш само ТИ да го заклучиш од она што ти го кажува, начинот на кој ти го кажува и начинот на кој се однесува.
    Твое е да ризикуваш - исходот може да биде и во твоја полза.
    Еве, ако ти е од некаква помош, јас би ризикувала.
     
  13. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Sesilija Лук, ти си имаш проблеми со самодовербата, сум ти кажувала и друг пат ама ме сфаќаш во негативна смисла, ама еве самата твоја постапка во оваа врска, каде што толку слепо си му верувала на дечково дека после 2 месеци толку те сака, па им кажал на неговите, па ова, па она- сето тоа кажува многу работи за тебе, кои не се љубовни, ами психолошки.
    Преиспрашај се, види каде грешиш ти- знаеме од каде произлегува овој твој бунт и причината поради која така брзо си влетала во нова врска и целосно си верувала во тоа што ти било кажано, ама треба самата малку да се изанализираш и да видиш дека не е крива само мајка ти за твоите проблеми, ами и ти самата затоа што не настапуваш како што треба.
    Животот во глобала сепак ние бираме како ќе си го правиме, а ти си одбрала да цимолиш и само да чекаш да се појави некој со кој ќе доживееш голема љубов и ќе и се спротивставиш на мајка ти.
    Ова не е филмот Ноутбук, дај реши си ги проблемите со жената веќе и поработи си малку на самодовербата, не си свесна колку подобро ќе ти биде.

    Поздрав и размисли за тоа што ти го кажав, не ме сфаќај веднаш со доза на негативност, верувај дека нити имам нешто против тебе, нити зборувам на празно.


    И јас горе долу го делам истото мислење како Сесилија.............па ти само што ќе го започниш животот сега,зошто се замараш со вакви работи?
    И според мое мислење многу брзо си влегла во друга врска (ако се сеќавам убаво ти на почетокот на летото не прекина со дечкото кој не беше по волја на мајка ти)..................зошто одма си продолжила со друг? зошто не сакаш да поминиш некое време сингл па да видиш на што си?
    И како што реков на почеток само што почнуваш со животот.....за 20дена ќе заминиш на факс па уживај во тоа ;)
     
  14. mimitka

    mimitka Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    3
    имам проблем порано имав еден дечко и сеа знаете со него сум имала некои рботи освен односи се разбира,и сме скарани а он малце е удрен во паметот и таков е сака да се заебава ,дволичен и ноќен кошмар ми е да не се дознае нешто да не каже на моите што да праам ?? :^)
     
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе Лук, зборовите нека бидат последното нешто у што треба да веруваш.
    Ко што кажа ИксМен, 2 месеца се премногу малку за такви изјави на љубов. Ја би се запрашала искрено, што е целава фрка со вакви изјави после толку кратко време.

    Се гледа дека имаш недостаток, ами и потреба од љубов. Све е тоа во ред, природно е , човечки е , нормално е , ама не и по секоја цена да добиваш лажна љубов и кај секој еден. Затоа се разочаруваш од што избрзуваш.

    Ко што кажа Сесилија, проработи на твоја самодоверба, ама и проработи околу довербата на други.

    Во врска, со типов ја би да ти кажам да го оставиш и да си го гледаш животот даље без него, зашто ова ми изгледа на манипулација уште од сам негов почеток. Така да, спреми си се за нов живот. Ама со лекции како ке го продолжиш, за да не би ги повторила истите грешки и истите стапки.
    Не се верува секому, а најмалку на некој кој му тече мед од уста... :!:
     
    На Look и fallenangel им се допаѓа ова.
  16. Girl-love

    Girl-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    18
    ucime vo istii klas...no postojano e so edna nasa soucenicka, celo vremego minat zaedno, toj ne mi obrka ni malku od negovoto vnimanie...postojano e so nea, kako taa da mu e devojka a ne jas :/ sto da pravam ?? pomos :(
     
  17. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Ах леле душичка , па кога ке бидете на само кажи му дека ти пречи што воопшто не ти обрака внимание на училиштето.А колку години имаш?
     
  18. Girl-love

    Girl-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    18
    2 god sme sega..
     
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Лук, треба самата да си свесна дека за 2 месеци не може некој такви изјави на љубов да ти дава, а истите да бидат искрени и истрајни.
    Потребно е време да се запознае личноста, да се помине одреден период врска, да се види како одат работите и во добро и во лошо, како се справувате со истите, па тогаш да се развие онаа поврзаност и вистинска хемија помеѓу вас. Те сакам на збор е веќе ништо на денешно време.
    Излишно е да кажам дека на зборови и лажни ветувања не се верува. Посебно не кога идат од некој кој не го знаеш доволно добро. Денеска ќе ти го подари светот, утре ќе ти го тресне истиот од глава.

    Ти го паметам и претходниот проблем. Најлошата грешка е да се бара утеха во друг веднаш после болен прекин. А, ако е истиот тој дечко за кој зборуваше дека и двајцата сте се нашле на иста бранова должина, свежо раскинати, тогаш сте направиле грешка.
    И искрено, многу е незрел типот за свои 25 години. Сега очекува од тебе да обрнуваш мориња и планини за демек да докажеш дека треба да ти остане верен. Не паѓај на тој трик, од далеку се намирисува дека лепотанот е attention seeker штом толку се прави европски момак, ама само дури се работи за него, кога ти би “лајкнувала сѐ што е убаво“ и би му го велела тоа што тој тебе ти го вели, сиот негов “европизам“ би пропаднал во вода и македонштината би му испивала на површина. :D
    Да му веруваш на дедо, секојдневно сум опкружена со такви.
     
    На fallenangel и Look им се допаѓа ова.
  20. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    па тоа е тоа мали тинејџери :D , интересни сте ми.Инаку да разговарај со него кога ќе бидете насамо и кажи му го твојот проблем.Валда ке свати а ако не сфати отргнај се од мене, малечка си ке си најдеш поубав!
     
    На Girl-love му/ѝ се допаѓа ова.