знам и ја така би реагирала али тој цело време се вади со тоа тетоважата што ја направи и ако му спомнам за нешто одма вика да не те сакав или да сакав нешто со неа немаше сега да бидам со тебе, башка и сите онака што не знаат како пар и што го познаваат добро викаат дека ме сакал затоа ме буни многу целава ситуација....
Девојче остави го пред да се повредиш уште повеќе ,не вреди да се трудиш околу тоа врската да успеее и не треба да се трудиш да го задржиш покрај себе ,типот те лаже и извини на израз ама прави будала од тебе .Ја разбирам сакал да те направи љубоморна ама ова веќе преминува во изживување и не не те сака не се залажувај само му одговара да трчкаш околу него ,да го сакаш а он да биде фраерот во приказнава,накрај краева ако му била братучедка верувај дека би те запознал со неа и јас имам братучеди и други личности имаат братучеди ама не си викаат душо итн..мој совет остави го пред тој да те остави или имаш друга опција (што би било крајно глупо да ја избереш)остани со него во врска,сакај го прави се за да ви успее врскава но сметај дека меѓу вас ќе има трета личност !подобро крај со болка отколку болка бескрај затоа што ваквите типови не се менуваат!
јас не сум повредена само криво ми е што немам веќе диверба во него а не ме запознал со неа зашто девојчето не е од ск
а од кај си сигурна дека истетовираната буква е баш прва од твоето име ?????? ако има и некоја друга со иста буква верувај и неа и тебе ви прави филмови јасно и гласно кажи му дека ти смета тоа што си игра топло ладно со тебе и ако уште еднаш осетиш нешто сумљиво ке биде крај па ке видиш ако навистина те сака ке се смени а ако се зафркава со тебе ке си продолжи со исто темпо и види како ке се понаша
Јас со моево говедце што да правам, на пат е, му недостигам, мора да е таму 3 месеци, и постојано на скајп муабет колку му е тешко без мене. Не сме биле раздвоени ни еден ден, сега светов се преврти. Не излегува иако е во друга држава, ќе заврши работа, на кафе ќе седне и после на скајп додека не си легне сме заедно. Муабет не прави, си ќути само, а за да се спречка со мене или да пререче на тоа што јас ќе го кажам, мислам дека е спремен во секое време. Незнам како да му објаснам дека се три месеци само?Испаѓа дека мене не ми недостига, по ова што го зборам, а од друга страна си викам мекуш е, јас сум појака. тееее како на 5 години да отишол не на 3 месеци.
кеве молам за помош со 1 дечко од различни градови бевме , ама он не беше спремен за сериозна врска се гледавме често идеше во мојот град и секој ден се слушавме редовно ме лажеше дека ме сака а јас му верував. Секогаш му велев дека сакам сериозна врска он редовно ми даваше лажна надеж дека ке имаме а кога ке дојдеше во мојот град пак бевме негде сами несакаше никој да знае дека се гледаме на сите велеше дека сме другари на почетокот неми пречеше ама после почна ижасно да ми пречи се осекав испонежено поради фактот дека несака никој да знае за нас. Ама поради фактот дека многу го сакав останав 2 години со него. И поради тоа си загубив могу ствари 1 довербата кај моите родители редовно ги лажев кај сум бидејки немав сериозна врска несмеев да кажам и самата се осекав понижено дознав дека почнал дасе гледа тајно со 1 девојка што јас го запознав. И замислете до таа ден редовно мисе птавдаше каде е со која е велеше дека неби бил со друга а сега мусе јавувам и ми велисо Женски бил повеке и јас збеснав и решив иако толку го сакав даго оставам и заборавам засекогаш. Откако помина вечерта он ми звонече цело време ама јас нему кревав никако на телефон. И цел месец нему кревав за тој месец дена почнав да се гледам ама тајно со 1 дечко од градот што могу мисе допагаше и порано се имаме мувано ама сега почнавме поредово он е фин дечко ама ете и тој несака врска замислете ми вика дека мразел гужви а со другари излегува и знам дека ме лаже замислете пред некоја вешер се случи да иимам однос со него. А он нее од тие машки што звонат на телефон и воопшто неме бара а мобилен. Јас мусе јавив ми вели дека кемисе јавел кога ке бил слободен како дамуе сеедно за дали кеме види. Сега ептен се разчарав а овој другиот дојде дури кај мене дома да ме види ама не излегов и сега му кренав на телефон и го прашав што сака од мене сака и понатаму само така дасе гледаме јас му кажав нема чшанси и пак ми звони и дури ме нарекува другарка претешко мие овој другиот од градот воопшто неме бара а кога кесе видиме само за насамо сега само за секс ке сака се плашам веке а сеуште мислам на тој другиот семие помешано ве молам за помош хелпппппппп
знам дека е за мене тетоважата зашто вчера случајно се погоди да зборам со мајка му и она ми спомна ќе праам муабет со него и ако не се смени нека биде што ќе биде фала ви на совети
^А мама ќе ја послуша? Конкретно за твојот проблем решението ќе го најдеш кај дечко ти. Седни заземи став кажи што сакаш и што очекуваш од врската, кажи што ти смета, и ќе видиш дали е спремен да го прифати тоа. Ако не, тогаш не гледам причина да останеш со него. Ако тој е таков, наумил така да прави, ниту ти ниту мајка му нема да му сменат мислење. Ти имаш 21, веројатно е или колку тебе или постар од тебе. Не е дете па да не знае што прави.
Хмм ако почнам да ви раскажувам ќе напишам една цела библија ,затоа нешто во кратки црти: -Јас и он се запознавме пред 1 месец и 17 дена.Ова нашево беше свиѓање на прв поглед уште кога се загледавме беше магично неможевме да ги тргнеме погледите потоа се запознаме вечерта дозннав дека и тој ме свиѓал и пред да се случи нешто дознав дека ма девојка . И јас се тргнав и до ден денес многу пати сме си признале она ко од страна,но тој некако како да ме залажува сеа де сака со мене да биде де со женскаму,секој ден де со мене де со женскаму.Ве молам некој совет нешто како да го привлечам повеќе да му дадам дознавање дека јас не сум играчка и дека треба да се одлучли и побрзо да ми каже би ви била многу благодарна. ФАЛА ОДНАПРЕД НА СИТЕ ПОЗДРАВ
Здраво девојки нова сум на форумот и ви пишувам првпат.Вака,имам 4годишна врска со момче кое е на моја возраст (22год). До сега се било во нормален ред (нормално имало и караници но ништо сериозно) но мојот проблем е во тоа што тој е мојот прв и единствен дечко. Во последно време почнувам да размислувам за иднината и навистина би сакала да пробам и со некој друг не би сакала во животот да имам само една врска но од друга страна не сакам да го загубам дечко ми бидејки е навистина добра личност и секогаш добро се однесувал со мене. Ве замолувам за совет навистина не знам што да направам. Однапред Ви благодарам!
Ок, го преболев дечкото (сега веќе бивш нели) после Х месеци неслушање со него, негледање, не-мислење на него и ГОТОВООО! И после истите тие Х месеци запознав тип кој навистина ми се допаѓа. Уште од прво гледање имаше хемија и од тогаш не поминал ден а ние да не се чуеме И не само са слушање, туку и речиси секој ден излегуваме. Уствари тој и комшија од населба да ми бил, а да не сме се знаеле Се дешаваше да заглавиме до 4часот на клупа и муабети...муабети од една тема, преку друга...за се и сешто. Па ако него му јаде нешто, одиме на јадење, ако ни се пие кафе, одиме на кафе, јас сакав да одиме на наргиле и таму бевме, и за на крофни исто така...за секојдневни прошетки...Он сакаше да одиме Св. Пантелејмон во Нерези, и таму бевме. Си пополнуваме и време и желби Стално за нешто збориме, ми објаснува нешто што него му е интересно, или јас му кажувам нешто што јас знам, понекогаш и некој виц лета...сакам да кажам не ни е досадно иако секој втор ден сме по неколку саати заедно. Имавме еден мнооогу кус муабет за тоа дека ДА, СИ СЕ ДОПАЃАМЕ еден на друг, имавме момент на држење за рака, имаме почесто моменти на чешкање коса над увце и на раце, скокоткање, прегратки....ај да не гњавам....сакам да кажам дека има и хемија (погледи) и физика (ова погоре) меѓу нас. И зошто не сме заедно?!?! Затоа што крајот на кусиот муабет во кој си признавме дека си се допаѓаме, кажавме дека не е вкусно да започнеме врска коа и двајцата не се познаваме доволно еден со друг, и дека нејкеме да почнеме нешто, па да увидиме дека не ни финкционира и после ај раскинување. Во тој муабет ми кажа дека девојките со кои претходно бил, ги познавал (колку-толку, повеќе или помалце). Мене ваквото размислување од него ми се допаѓа. Некако ми дава на знаење дека му значам и не ме зема колку ради-реда да се рече дека има девојка покрај него. Гледам дека сака убаво да ме запознае. И сега како да продолжам да се однесувам?! Некако се плашам нешто да не не му се допадне па од свиѓање и симпатии да се сврти работата и да почне да ме гледа како другарка? Не знам колку време на карактерно запознавање би му било потребно за да си процени самиот он дали би бил со девојка како мене? Некако, два месеци излегуваме и “се запознаваме“ што според мене ми се гледа како доволен период за проценка и затоа ми се јавува чуство на сомнеж (дека може ќе почне да ме гледа ко другарка) ама па од друга страна, да не би сакал да биде со мене нема да одвојува и време и да пушта онакви знаци (мислам на хемијата и физиката). Конфузија во глава... ај феминки коментирајте го ова ПС. јас сум 23 кон 24 год, а он 27
Ако навистина го сакаш немаш причиниа да пробуваш со други дечковци, ете како што велиш много добро се однесувал со тебе, шо мислиш ке сретнеш некој друг што така ке се однесува со тебе ? НЕ. затоа не расипувај си ја убавата врска остани си со него ако ти го сакаш и тој тебе нема потреба од нешто ново..Животот е пред тебе можеби ке имаш шанса да пробаш и нешто друго но се додека се сакате и добро согласувате не прави нешто за кое подоцна многу ке се каеш како јас...
Само држи го сексуално „буден“ - заводливи погледи, насмевки, „ненамерни“ допири, скокотливи теми за разговор од време на време, и сигурна сум дека нема да те гледа како другарка Како и да е, 2 месеци се доволно време, не знам колку време сака тој, ама ти секако можеш да ја „под-турниш“ работата кога ќе ти прекипи
Само продолжи да се однесуваш природно каква што си, насмејувај го , пиши му по некоја порака, излези надвор и кога ке ти е ладно стуткај се до него да те гушне и опппп после ке ни се пофалиш дека си во врска.... се надевам ке биде во скоро време, а за бившиот мило мие што веке ништо не осекаќаш, среќно
znaci vaka jas sum nova vo forumot.se registrirav bidejki stvarno mi e potreben sovet od site feminki. Ovaa leto se zapoznav so edno momce koj mi stana drugar,no so tekot na vremeto pocna da mi se sviga.Eden den toj mi rece deka me sviga, no jas ne mu go potvrdiv istoto,ednostavno kazano si premolcav.Bidejki ne sum imala dosega decko i stvarno ne znaev kako da izreagiram Dvajcata ni 1 ne izlegovme na kafe za da se zapoznaeme podobro bidejki moite drugarki stalno bea so mene potocno ne me ostavaa ni muabet da si napravam so deteto.Lubomorni razbirate!! No da go ostavime toa sega na strana da prodolzam.Nie prodolzivme da se slusame,se dopisuvavme...Pred nekolku dena izlegovme vo eden bar i toj podocna mi rece "Ke dojdes li so mene da se prosetame".No jas glupava go odbiv. Toj sega otide na fakultet taka da ne sme momentalno vo kontakt.Mi nedostiga ve molam za soveti Sto da pravam.... [mod-kirilica:37as4a0w][/mod-kirilica:37as4a0w]
jас мислам дека и он почнува да се заљубува во тебе али се плаши да ти признае и да почне врска со тебе од причина што не сака ако во врската не ви тргне да те загуби и како пријателка мислам дека и годините не му се за да се зафрква и мислам дека му значиш и повеке од тоа што и самата ти си свесна не брзај ти биди смирена и природна како што си била до сега не се менувај во никој поглед и наскоро ке бидне и врска па те чекаме да ни се пофалис тогас ок?
најпрво добре ни дојде! мила мислам дека треба да му пишеш порака и да му објасниш дека ти било срам и затоа си го одбила инаку он ќе мисли дека не го сакаш. дај му до знаење дека ти значи. поздрав
најпрво добре ни дојде! е па срцка он своето си го направил ти не си изреагирала и он сега најверојатно има мислење дека не ми се бендисуваш едноставно дека не е твој тип сега е ред на тебе да му дадеш на знаење дека и тој тебе ти се свига е сега одлучи си сама на кој нечин ке му дадеш на знаење дека си заинтересирана за него или пиши му некоја порака или јави му се да го чуеш како е како е на факултет пакога си иде демек кга е си дојдеш да те видам или кафе да пиеме зедноне глуп ке ги свати сигналите он
Не сакам веќе да пишувам за моите проблеми,но имам потреба од мислење морам да споделам со некого.Вака:Имам дечко 1 година и нормално имаме расправии и се тоа, но знам дека никогаш не би ме изневерил и дека се би направил за мене,тоа нема врска...Девојчињата што се дружев со нив ми станаа одвратни,сите почнаа да одат со кого стигнат, а за мене зборуваат дека мене дечко ми не ми дава ништо,да се дружам и излегувам со нив.Како прво тој никогаш не би ми забранил ниту пак јас на него.Јас несакам да се дружам со нив и не сакам да ми бидат другарки.Една моја другарка што ја има секој што ке посака во градот зборува на мојот класен дека мене тој не ми давал дека ова дека она,а тој се и пренесува на мајка ми.Преку глава ми е веќе да ме осудуваат едни прости девојки и да зборуваат без везе за мене.Не би ми било толку тешко ова,ама мислам дека тоа не се другарки им кажав една тајна што само тие 6 и никој друг не ја знаеше,а сега ја знаат сите.И ајде кажете ми да сте на мое место што би направиле,би го оставиле ли дечкото за такви?Ве молам за мислење преку глава ми е од сите. Баш сега ми зборуваше мајка ми како јас треба да се дружам со нив и дека треба да излегувам да ги викам кај мене,јас се и кажав за нив, таа некако го смени мислењето.Се надевам.
Девојки ја му пишав да се видиме, и се договоривме ќе се видиме. Делуваше како многу изненаден и убаво му падна тоа Како израдуван беше