Секако дек не девојко одјеби тие другарки тоа не се другарки гледај си се тебе и дечкоти шом ти е добро со него, да се другарки нема така да праат не ти треба тоа..Нема да се покаеш но да го остаеш дечкоти шо ке напраиш? може нема да најдеш друг шо така ке те сака а другарките и понатаму ке ти праат тоа шо ти праат сега..
Стави ги другарките на ignore, почни да се дружиш со други, најди друго друштво. Уште си мала така што ќе можеш да се вклопиш во друго друштво со вистински другарки, а не како овие што ти зборуваат од зад грб. Почни со една-две, ќе развиеш и повеќе со текот на времето. За дечкото немам коментар, твој е изборот, биди со него штом велиш дека е добар. А за тоа што зборуваат, не се секирај и вака и така ќе зборуваат одреден период. Кога ќе видат не ги фермаш ќе се стишат.
Никој не е совршен нели? И мојот е изборот нема да ги слушам нив кога знам какви се. Порано се дружев со едни девојчиња и како помали за глупости се оделивме,но сега баш во вистинско време се појавија и ми вртат и ми пишуваат на ФБ ми се извинија и така.. Се надевам дека ке си ја сфатат грешката и ке престанат да ми се мешаат во мојот живот, како јас на нив што не им се мешам.
Ако навистина од типов немаш никакви забрани, тогаш не вреди него да го оставиш заради муабетите раширени од твоите НЕдругарки. Ја мислам, со мајка ти да седнеш и искрено да поразговараш и да и објасниш како стои ситуацијата. За да би знаела правилно да расуди, а не според муабетите. За девојките ја би пред сите па и може и пред самиот класен да им направиш отворен муабет. Дека нема што да се правдаш, дека дечко ти не те држи затворена, и дека едноставно НЕсакаш со нив да излегуваш нити да имаш било каков контакт и нека престанат да шират такви дезинформации ...
девојки ве молам за итна помош!утре се договорив со симпатијата во училиште на одморот да си праиме муабети проблем е тоа што треба јас прва да почнам а назнам како!ме молам кажете ми како да започнам муабетот позз...
пак јас.. му простив, се смиривме..и вчера раскинавме.не бил сигурен дали ме сака.Кога сакаш некого не може да се двоумиш.Или сакаш или не. Е толку, 5 ипол год. врска заебавме, зашто тој е збунет. А јас толку ногу го сакам, шо глупа сум и усште не губам надеж.. Се молам да се среде, да свате дека ме сака и дека не може без мене.. Тешко е.
Ќе бидам кратка. Сакам да слушнам ваше мислење. ДАЛИ ИМА СТРАСТ ВО ВАШАТА ЉУБОВНА ВРСКА? ДАЛИ БИ БИЛЕ ВО ВРСКА БЕЗ СТРАСТ?
Во мојата врска сега за сега има страст и мислам дека тоа е дури и единственото нешто што ја одржува. Претходната врска ми беше без страст и хемија и не можев да издржам во таква врска, се мачев самата себеси и прекинав, така да више во врска без страст не би била.
Потребен ми е совет. Со детето што веќе 1 месец комуницирам на фејсбук, а некогаш кога ќе се видиме во живо имаме само поздрав и толку. А на фејсбук ми кажува дека ме сака, дека јас не сум му верувала и блаблалаа.. Што мислите вие зошто сеуште не ми вика да испаднеме? И зошто кога ќе се видиме така се понаша (само се поздравува и веднаш си оди.. ) можеби ќе ми речете несака ништо со мене, но зошто тогаш веќе 1 месец си пишуваме нонстоп? Што да му речам? дали би било добро акому кажам дека на фб си комуницира нормално а во живо неубаво се понаша? Каков сериозен муабет да му направамм? стварно сакам да успеам со него..
Со дечкоми одев повеќе од една година и немавме односи.Тој ме убедуваше дека тоа не му е важно дека ме сака и не ме присулуваше.Имав голема доверба во него не ме лажеше ни изневеруваше и ме почитуваше.Откако се случи тоа ( мене ми беше прв пат) неговото однесување се смени.Почна да ме одбегнува да ме понижува да контактира на фејзбук со девојки што не ги познава а до тогаш немаше ништо од ова.Тој ми велеше дека ќе ме чека дури не сум спремна и тоа ќе биди посебен ден за мене и повеќе ќе не зближи .Не можам да сватам како ме чекаше година и пол ме сакаше и ценеше а откако се случи тоа се промени неговото однесување.Дали и вас ви се има случено вакво слично.
Веројатно нема храброст да ти пристапи, се срами да го почне првиот чекор. Пробај ти направи го, повикај го на кафе, да се видите очи во очи, друга е комуникацијата на компјутер, виртуелно, друга е кога се гледате во очи. Предложи му да се сретнете на кафе па ќе видиш како течат работите. Искрено, мене ми чудно ова виртуелниов начин на комуникација, се нај, а во живо ко да не се познаваш. Мислам, живи глупости. Разбирам, има повлечени луѓе, тешко им оди комуникација, но штом некој ти се допаѓа ќе собереш храброст, ако не друго. Ова зборам општо. Мој совет па види што ќе направиш.
Rzdelba Vaka...jas so decko mi imame izlezeno 2 pati...dodeka bev vo selo...posle toa jas dojdov doma a on prodolzil da doaca so nades deka ce se vidimo ,no jas nebev tamu.I on na mojte drugarki ima kazal deka gotovo e so nas .Posle edna nedela koga otidov vo selo mu se javiv na mob. i razgovaravme on mi rece deka vece sme pocnale so skolo deka nema da imame vreme da se gledame.Jas rekov ok ponatamu ce razgovarame sega nemam vreme. Deneska polse 2 nedeli go vidov tuka vo grad se napre deka ne me poznava...Neznam sto da pravam potreben mi e vas sovet .:/
Епа веќе го добил тоа што му требало најверојатно.Можеби си направила грешка,мене така ми изгледа,ама ти најубаво си знаеш.За да се одлучиш на тој чекор,не треба да се оптеретуваш со тоа колку години имаш,колку години чекал дечко ти ...итн. Мислам дека треба да разговараш со него,да му кажеш дека се променил и да го прашаш Дали тоа е тоа што го чекал 1 година? и уште други работи што сакаш да ги знаеш. Обично откако ќе се случи овој чин,некои парови повеќе се зближуваат,а некои се оддалечуваат,како во твојата ситуација. Ти посакувам среќа
Rzdelba i ti drug pat pravi se deka ne go poznavash...pa kje vidimo posle kako kje se ponasha sprema tebe
И што совет? Сте раскинале и толку. Прво он те откачил, после ти него. Ако сакаш пак да си со него кога ќе го видиш кажи му дека ќе се потрудиш некако да се гледате, ако не ништо.
запознав еден дечко што работи во една фирма за промовирање на здрава исхрана . значи нешто анкета ми праеше на улица и ни го знаев ни познавав демек ај ке ви се јавиме.. и ств ми се јави да дојдам таму и таму и отидов јас. значи бараат некои смотани на сред улица што ке им станат велнес советници дрн дрн и пред да станеш демек ментор ти е он што те вовел у тоа, ја на него му реков после прво одење на такви курсеви предавања дека неам намера да го праам тоа. и ај као океј зборевме што зборевме и само ме адна на фб , ми пишуваше пораки беше океј онака.. ме викна денес на кафе седевме муабет општо вака така и ми рече дека има забава некоја во некој кафик тука во скопје го викнале и ако сакам со него.. јас не бев догов. со моиве па отидов.. искрено на почетокот мизерно беше али еден мн згоден на врата ме почека ја прва да пројдам у кафич и некако се упознавме муабет ваму таму и со него на конппој, а овој љубоморен му чурии.. ние праиме муабет овој сијалица и само океј ни светеше али свати дека го игнорирам ми вика Aј на страна да збориме и јас.. не! и вика окк .. се повлече на друга страна али ме пратеше со поглед цело време контрола.. и само идам накај дома чекам такси и го глеам него доага накај мене демек еј случајно се глеаме ја идам накај град ајде у такси.. ја некев он си влезе.. и у такси таков почна агресивно да ми се понаша , ја број еден меморирам он сака телефонот да го земе.. ми вика со сарказам ти убаво си помина? јас не се симна после мене значи пред зграда му реков викам ја тебе несакам да те видам на штп личи ова пратење следење срамота е ајде ме обрука.. и иде по мене ми вика зашо ми се пушташе ти дрн дрн.. и му реков слушај можам сестра да сум ти со годиниве олабави се ако сум сакала нешо до сеа ке се десело не се потресувај... и само ја влагам у влез он по мене ме прати ми вика кај тебе дома ке дојдам не те оставам на раат и у лифт мн агресивно ми се понашаше ко да сака да ме удри се силеше.. и само идеме до врата звонам на звонче нема никој.. отварам квака отклуч таткоми спие мајками у дневна пред тв чека да дојдам и ко што влагам и викам Мамо еден ме следи до врата ! и мајками со трчање иде и вика кој бе? кој е тој бе?????? а овој по скалите сикер да го снема дури таткоми се разбуди од таа врева.. незнам што да праам значи психопат е сеа знае и кај живеам нема никад од дома да искочам го блокнав на фејс , на неговиот број напраив опција да се Одбива кога ке звони , али не ми е до тоа мене ми е да не ме чека пред врата нешто да не ми напраи ментален е