Ти многу лесно се убедуваш штом едно гушкање и игнорирање од негова страна и одма се забораваш,тој тоа го знае и затоа и така си прави. Кога си може,зошто да не ? Ќе покажеш заби,ќе си стоиш зад тоа шо си го кажала за тоа дека е крај,може и да не одиш да се видиш со него и готово,нема шо да се нервираш и да губиш време со него. Ти не си озбилна и не си стоиш зад зборовите,буквално се шо ќе каже он правиш-мило сакаш да дадам отказ-нема проблем,мило сакаш да им свртам грб на другарките-нема проблем,ти буквално даваш он да прави со тебе шо сака. Си свесна за тоа,и упорно пак му одиш по газот. Никој тука нема да те убеди прави така и така кога ти самата себе неможеш да се убедиш. На 20 години да пиеш лексилиум не е нормално. Свести се,додека ептен не заглавиш со него.
Најмило знам како ти е , имав една врска неколку години која последната година се обидував да ја прекинам , и секој пат кога ќе се видевме, типот наоѓаше начин да ме смири, зашто се приврзав веројатно. Јас сакав, и успеав сигурно да го откачам така што излегував уште неколку месеци со него и го гледав и си повторував во себе се што ме нервира кај него, си кажував дека нема да бидам веќе со него, ( ми беше тешко да се убедам зашто ми беше прв) ама знаев дека треба да прекинам веќе. После неколку месеци вакво гледање ( два три) не памтам точно, веќе бев тотално оладена, а цело тоа време тој осеќаше и ме прашуваше зашто сум ладна кон него, јас ништо не му кажував, за моите мисли и намери, за да не ми се лигави и да ме убедува во спротивното. Кога осети дека се повлекувам , ми купи и прстен, јас му реков дека ќе го сватам прстенот само како од дечко и после кратко време го откачив на најпедерскиот начин , т.е. го излажав дека ќе седам дома и излегов со друг, и потоа веќе не сакав да го видам. Ако те предомислува, пробај слично, или ако сакаш( ама ќе испаднеш кучка) изневери го, и ќе се спасиш од него сигурно.
фала sweet25 добар совеет,ќе пробам така,па ќе видиме како ќе испадни на крај...само ако заминам со друг страв ми е да нее напрај некоја глупост.
Девојки во пубертетскиот живот направив многу грешки во љубовниот живот, се каам за се тешко ми е, се срамам поради старата јас но за среќа го запознав дечко ми со кој веќе 3 години сме заедно-инаку имам 19 години, со него премногу сум среќна го сакам премногу-но ме јаде мислата дека не го заслужувам, јас сум со замаглено минато, а тој е дечко со углед Постојано се навраќам на старите грешки, незнам што да правам, тешко ми е совет ве молам... кажете ми постои ли надеж да го заботавам минатото и да чекорам со чиста совест?
Нормално дека можеш да заборавиш. Можеби ќе си памтиш, ама искрено, си била многу млада и оправдано е. Ич не се обвинувај, оправдај си се, ти си таква каква што си сега, сега знаеш што сакаш , а за тоа порано мисли што помалку, и однесувај се како да си била светица. Не размислувај веќе за тоа, како да било некој сон. Бидејки ако се обидуваш да го расчистиш минатото , ќе си ја заматиш иднината. И ти си девојка со углед. Мисли и однесувај се така, и дури и да се најде некој утре да рече нешто за тебе, признавање нема!!! Ти си таа што си, најдобра, најверна, и супер си. Ехеее можеше и сега да го вараш , ама верна си му , така? Други се бетер, така да, УЖИВАЈ !
Нема кој не направил грешка поголема или помала , ќе престани да те мачи грижа на совест доколку си речиш - што било поминало сега сум многу подобра личност и таква ќе останам - немој да мислиш дека угледниот дечко нема направено баш никаква гршка, тој само умешно го крие тоа. Значи, главата горе мисли на иднината, а не на минатото и што е најбитно од гршките се учи. Поздрав!
luge aj malce help imam decko ama ne mi e neso onaka seriozno i prilicno taze sme 3 nedeli ideme i onaka cisto radi dosada trgnav so nego ...:/ ama u meguvreme pocna da mi se pusta eden decko koj odmana go znam a i mi se sviga i vcera iskociv na kafe so nego a toj saka vrska so mene i neznae deka jas veke imam decko neznam sto da praaaammm kogo da go izberam p.s neznam ni kako da mu raskinam na momentalniov decko ako veke se resam na taa varijanta
Само немој да си го комплицираш животот. Доколку некој не ти се допаѓа, не му го троши залудно времето, а и твоето...што порано ставиш крај на нешто што нема да го биде, толку подобро. А за врска не брзај од едно излегување...ете на пример и овој дечко сака да биде со тебе исто само ради досада. Дај си време правејќи го она што го сакаш, па коцките сами ќе се сложат
Остави го минатото онаму каде припаѓа и немој да си ја уништуваш иднината заради тоа.Сите заслужуваме втора шанса,небото ти ја дало праќајќи ти дечко со кого си спознала поинаков живот и емоции,уживај во тоа и престани да се мачиш со помислата дека не го заслужуваш.Чим е угледен дечко,има нешто во тоа што одбрал да биде три години со тебе,не го уништувај тоа.Ти посакувам се најубаво и наместо да се јадеш одвнатре за минатото,сакај го дечкото и својата сегашност со него.
Имам дeчко одимe 1 мeсe и пол,мн пати сe имамe запалeно, ама нeго како да му e страф или страм дeка кe го одбијам,нeзгоно му e да мe фати за задник или гради, само нeколку пати 2-3 дали и толку и тоа мн нeзно полeка и нe eлосно мe допира ама и јас донeкадe му имам дадeно до знаeнe дeка нe сум нeкоја лeсна и знај дeка ми e втор.Правeв муабeт со нeго ми рeчe дeка најдолга врска му била 6 мeси ама нe било ниш сeриозно а колку зeнски имал до сeга нeз,eдноставно мн ми e чудно,сe прашувам зошто, што e работата? Сe прашувам понeкогаш дали e можно да e нeвин, ама пак 20 год има нe e можно.Па и во дeн 2 пати ми сe јавува максимум :/ Што мислитe виe што можи да e работата?
добро бе девојче што е со твојата самопочит, каде исчезнала размисли малку некој да те командува што ке правиш ТИ покажи заби малку, и не туку се клукај со седативи без потреба-што ке правиш ти понатаму ако од сега пиеш Лексилиум дрога ли ке земаш мисли малку-половина Македонија е без работа а ти си дала отказ заради партнерот-логикава немам коментар ако не ти оди, прекини со него, ке се појави некој што те заслужува кога најмалку очекуваш со срека и бегај подалеку од љубоморни типови-иако на машката популација во крвта им е тоа
цреша, седни размисли со трезна глава со кого сакаш ти да бидеш и фино и културно излези со тој со кој си била од чиста досада објасни му што е проблемот-без викање, навреди и сл. мислам дека ке те свати ама биди сигурна во својот избор оти после нема каење со срека
Срамежлив е, ако сакаш да те фати за задник или за гради, па фати му ја раката и однеси ја таму... А за тоа што ти се јавува 2 пати на ден, дечкото можеби не сака да те гњави... Чудни сме ние женските, кога ни се јавуваат по 30 пати на ден се жалиме дека не гушат, кога ни се јавуваат само 2 пати на ден ни фали нивното внимание и мислиме дека не се заинтересирани (ова не е само за тебе и јас сум таква)...
хахахха како да му ја фатам така срамота е, мене страм ми е да го фатам него па не да му ја однесам раката таму
Сонце зашто се замараш ? Остави све да си тече спонтано немора со сила, ако ви е срам остави само по себе ке си дојде и до таков момент, уживајте сега
Добро, ви викаат ли дечковците уфилмана, дигната?! Зошто мојов цело време дроби, па вика се заебавал.И кога ќе се налутам се нервира...преку таквото више. Се заебаваат со вас така цело време?!
Така можи ти вика намерно оти се нервираш и интересна му си, такви се машките.Според мене нема машко што сака, се онака му е колку да не се без женска, на бафтана што викам јас
Па почни и ти да го зезаш за нешто што знаеш дека многу го нервира.Мислам дека само така ќе те разбере,дека тоа што го прави не е заебанција и се нервираш за тоа. Инаку мене не ми се случило ова до сеа.Може да биде кажано еднаш онака стварно заебанција,ама цело време-не.
ima eden decko mi se dopaga, a i jas nego, nekolku pati ima ima receno da se smuvame i jas go odbivam zosto sram mi da mu recam da i neznam kako. pomos [mod-kirilica:2z12pbcf][/mod-kirilica:2z12pbcf]