Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. BlueRose

    BlueRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Mi treba sovett?

    Ако го сакаш,јави му се и смирете се :)
     
  2. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Во врска со твојот проблем остави го нека ти се јави тој,и размисли си дали сакаш да имаш врска со толку љубоморен дечко!
     
  3. Be-Happy-Girl

    Be-Happy-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Полудечу, полудечу... хелп.

    Ретко барам совети, ама сега стварно не можам, постојано размислувам за ова што ме мачи и пак сум во ќор сокак, и пак не знам што е паметно.

    Се гледам со еден дечко 9 месеци, без обврски. Он има 24, јас 21. На почетокот беше многу упорен, а јас цело време го откачував, едноставно не сакав ништо со него затоа што мислев дека е кретен што мисли дека може секоја да ја има поради тоа што ни самиот не знае колку пари има (а и по природа сум таква, ладна на почеток ). Овојпат малку ја утнав, или можеби не, тоа и ми е дилемата.

    Еден ден не знам како кога го погледнав, како да го видов со други очи, имаше нешто што ме привлече, нешто што ме смируваше додека бев покрај него, ме заинтересира и нешто ми викаше дека во него го има баш она што јас во еден човек го барам.

    Бев тазе раскината со дечкото со кој бев 1 година ( не сум ни имала друг, прв ми беше) и кој „душата ми ја вадеше“ и повеќе не сакав да го видам. И се залетав по новиов, како ѓавол некој да ме тераше. Можеби изгледа како да тропам глупости, ама стварно, не ми е јасно како можев така да избрзам, секогаш се трудам да стојам на колку толку сигурно тло, а овој пат за момент се сменија работите, не сакав, не сакав и одеднаш се случи нешто во мене. Се видовме неколку пати, беше заинтересиран за мене и набрзо или подобро да кажам ПРЕБРЗО се случи тоа, имавме секс. Јас не сакав, му објаснував дека е пребрзо, дека не се чувствувам спремна за тоа, но како што кажав неговите зборови и неговото присуство ме правеа и се уште кога сум со него ме прават да се чувствувам сигурно, како да можам да му верувам. Бидна, ј*** га. Ме заведе.

    Сфатив дека испаднав тешка глупача кога него го немаше да ми се јави неколку дена. Ми се јави после четири дена. И така, јас не спремна да си ја признаам грешката продолжив да се гледам со него, со надеж дека тоа е само почеток и дека ние ќе почнеме да се зближуваме и дека поради тоа вреди да продолжам, да не го притискам, да чекам да преземе иницијатива за врска. После 4 месеци, веќе не можев да издржам така, му кажав дека не можам да продолжам да се гледам со него, дека ми смета тоа што не ми обрнува внимание, не ми се јавува, не искачаме заедно, не се интересира за мене. Неговиот одговор беше дека ќе се промени, дека не сака врска со никоја, но дека ќе промени некои работи. И нормално се сменија само некои ситници, моите надежи пак пропаднаа, останавме на исто.

    Неколку пати во последниве месеци му имам кажано да не ме бара веќе, но он пак се јавува и кажува дека сака да се гледаме, дека јас избрзувам, дека треба да го разберам дека е многу зафатен со работата и неговиот бизнис, дека не ми се јавува само кога му е досадно, туку дека стварно му е многу напорно и дека нема време. Кога ќе види дека оладувам или дека ми оди на нерви, одма знае како да ги сврти работите, ама тоа е привремено. Можеби само глуми, но зошто?

    Мене ми е преубаво со него, нежен е, добар, внимателен со мене, никогаш во негово присуство не сум се почуствувала лошо. Проблемот настанува откако ќе се разделиме, после неколку дена веќе полудувам до желба да го видам, ми недостасува, сакам да знам каде е, со кого е, што прави. А ТОЈ НЕ!?! Очигледно не. Му се јавувам и јас, да го слушнам но ретко, страв ми е дека ќе го напнам и дека ќе го изгубам, а може така е и најдобро, затоа што колку и да ми е убаво, ме повредува тоа дека ова меѓу нас испаѓа површно, само за секс, а јас не се чувствувам така кога сум со него, имам чувства, но се контролирам, не сакам да изгубам контрола.

    Сакам да прекинам, затоа што мислам дека не ме цени доволно, но се плашам дека ќе погрешам. Си викам па зошто он баш со мене се гледа 9 месеци, може му значам нешто, може му е страв дека во врска се ќе биде потешко, посложено и ќе пукне брзо. Може му треба период ваков во животот, па ќе посака да биде со мене. И јас верувале или не, чекам. Зошто се „влече“ со мене кога може која сака да ја има, барем во денешно време многу се лепат за пари, а и симпатичен е и фин, мил, душаа :)
    И така додека јас мислам и мислам, времето си поминува.
    Не сум била со никој овие 9 месеци откако се гледам со него и пред месец дена ме праша дали имам некој друг, му кажав дека немам. Важен ми е, иако претпоставувам дека се гледа и со други, мада никогаш не сум дознала ни видела.

    П.С.- Не знам како изгледа приказнава во ваши очи, баш се обидов да објаснам повеќе како е и што е, затоа што многу ми треба ваш искрен совет, како вие би постапиле, што мислите дека треба да направам. :?: :inlove:
     
  4. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Сакаш врска а се плашиш да му кажеш за да не добиеш негативен одговор.
    По напишаното сватив дека ти смета да се гледате така од време на време,тогаш собери храброст и реши го проблемот.Разговарајте.Кажи му дека сакаш да знаеш на што си,сакаш врска и сл.
    Па ако те одбие да си жива и здрава, постојат и други машки :D
     
  5. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    нема што да правиш ке му се јавиш и ке му кажиш дека сакаш да разговарате за некоја битна работа ке се видите и ке му кажеш дека не сакас ова да оди во овој правец туку дека си спремна и време е за официјална врска за вас двајца кажи му дека го сакаш али и си спремна да го изгубиш ако вака продолжите бидејки немаш иднина со него на овој стариов начин односно со ова мувањето ни ти ни он не сте деца од по 17-19 години па да се мувате веке сте поозбилни млади луѓе ако почне да ти мрчка чекај ова да помине чекај ова да средам тогаш откачи го и замини си колку и даа ти е тешко и да те боли ако му значиш на дечково ке те побара и ке среди бар нешто а ако не му значиш рачунај уште на старт ке му олесни и ке му биде сеедно знаеш како викаат ризик ствара капител така и ти мораш да ризикуваш за да добиеш нешто
     
  6. gabbylove

    gabbylove Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Дали ме сака? :Х

    Значи вака.. Двапати имам излезено со едно момче, одпрвин само ми се свиѓаше ама сеаа.. се заљубив.. И значи стварно неможам да го сватам.. чуден тип е.. од една страна ми праќа разни сигнали, де песни де погледи.. а понекогаш па ми се прави некој ладен и недопирлив тип! Феминки што мисите вие?!
     
  7. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Па најпаметно е да почекаш да помине некое време,се додека не бидеш сигурна дали сака да има нешто со тебе или таков е со сите.
    Ако почнеш да му покажуваш дека ти се свиѓа,ќе лета у облаци.Почекај тој да го направи првиот чекор :)
     
  8. Addicted

    Addicted Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Истото го мислам како Green, или тој е ист со сите или сака прво добро да те заведе па потоа да се опушти и тој. Почекај уште некое време пред да се опуштиш и да покажеш емоции пред него.
    Среќно :)
     
  9. Freaky.like.me

    Freaky.like.me Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Помош девојкиииии !!!

    Вака, како прво здраво :) . Нова сум на форумов, се надевам дека пријатно ќе се дружиме. А сега, вака. Долго време ми се допаѓа еден дечко, постар е од мене две години. Пред некое време се одлучив да му пишам. Се допишуваме , се е океј , ми враќа, се смееме , бакнежи ова она. Но, проблемот ми е што се блокирам на моменти и најчесто разговорот ни е краток и брзо завршува. Еве веќе недела кога е уклучен сум тотално блокирана и незнам што да му пишам. Па ако може малку ваша помош, на пример за што да разговараме, на кои теми, ова она. Благодарам однапред :) :) :) :*
     
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Па срцка покани го на кафе,другарски и не мора секогаш ти да си прва што ќе му пишиш.
    Остави малку и на него,не навалувај толку,па да се исплаши :!:
    Теми-па можеш да го прашаш за школо,ако работи нешто за работата,местата каде излегува и можеби ќе те покани да излезете :$
     
  11. Freaky.like.me

    Freaky.like.me Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Проблемот е во тоа што тој е во Америка со родителите до негде после нова година. А иначе се имаме договорено да излеземе кога ќе дојде, и тоа на заедничка иницијатива :)
     
  12. Sun..Flower

    Sun..Flower Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Еве ја и мојата приказна од последниов период.. Ту мејк лонг стори шорт.. Татко ми почина пред 9 месеци, а 2 месеца пред тоа раскинав со бившиот. За некоја како мене..миленичка на тато и тотално приврзана со него, после тоа а и сеуште чувствувам страшна несигурност општо во сите сфери во животот, што претходно не било случај. Пред точно 3 месеци почнав повторно да излегувам по кафулиња и за среќа или несреќа на првото излегување се упознав со тип (кој еднашка порано ми беше детска љубов..симпатија шо би се рекло) и се смував со него (а дефинитивно неам таква навика). Продолживме да се глеаме за викенди само, сменивме бројчиња и се тоа..ама до сеа освен порака, сеуште ми се нема јавено (тоа ми е некако чудно)..
    На почетокот се убедував себе си, дека од причина шо после татко ми, страшно ми фали машка сигурност се глеам со него и покрај фактот шо сме скроз различни.. ама како поминува времето чувствувам се поголема потреба да го видам.. е сеа, типот иако има 26, немал некоја озбилна веза.. се му биле така на мување работа.. а јас.. го нејќам тоа... секс сеуште не се деси.. освен орален.. и покрај тоа, тој сеуште ме бара, а исто така тој е многу контрадикторен..еднашка ќе истропа некоја работа да помислам дека сака нешто поише, после тоа е ладен..
    Никогаш немав проблем да играм на отворени карти со машко од старт, е сеа малце ми е проблем...
    Додека сме заедно е супер.. да нејќе да ме види нема да ме бара... ама ете не ме викнал на кафе воопшто... (тоа може да значи нешто, или воопшто да не значи ништо ама..)
    Се наоѓам во ситуација коа треба да чекам... или не треба... не знам шо да праам.. пробав да стаам крај на 2 пати..ама тој нејќеше... совет?!
    Нова сум тука.. ве поздравувам и се надевам на добро дружење.
     
  13. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    здраво Sun..Flower добро ни дојде на форумов и јас се надевам дека добро ке се дружиме :* и се надевам дека сите ке се потрудиме да ти помогнеме да го решиш проблемов.Јас мислам дека треба да го побараш дечково и да разговарате отворено да му кажеш дека ти несакаш да се мувате и дека сакаш врска и ке видиш ако е за ок, а ако не стани и замини си па не си ти на закачалка или златна резерва па кога сака ке биде со тебе кога сака нема.Знам дека нема да ти биде лесно посебно ако ти значи ама тоа е барем ке знаеш на што си дали ти него му значиш или не позз :*
     
  14. candise20

    candise20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    204
    Добродојдее :hai: Вака мислам дека треба да почекас сепак има тој 26 год и никогаш немал сериозна врска ако седнес со него и да разговараш на таа тема ке биде за него како гром од ведро небо и сеусте незнаеш што сака тој.. не можес сеусте од него да очекувас и да добиеш сигурност биди стрплива самата ке проценис до каде ке оди сето тоа.. Немој да брзаш и да бидеш нападна во врска се влегува кога и двајцата го сакат тоа ..Со среќаа! И dont woory!! :)
     
  15. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    баш за тоа дека има 26 год не е дете и никој не вели да биде нападна туку да си знаи на што е или ја бива работава или не веке 3 месеци се гледаат не се запознале вчера па да му биде како гром од ведро небо шо треба да му дозволи да му биде играчка или да му служи само за забава ,ако сака да му биде само за забава ич не ни мора да праи муабет нека си тераат вака
     
  16. candise20

    candise20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    204
    Ништо нема пак да се реши ако го викне да разговараат на таа тема она самата ресила да прекине дури 2 пати а он несакал и пак ке биде истата ситуација можеби сака нешто сериозно но сеусте не е сигурен ...нема да му биде играчка ако сака да биде со него нека почека нека излезат уште неколку пати и ке види самата до каде ке оди тоа.. Ова е мое мислење сепак она подобро го познава и не викам јас да чека и да тера по старо само да види до каде точно ке оди ова самата да процени ..
     
  17. Sun..Flower

    Sun..Flower Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Девојки.. работата е во тоа шо.. со него се имам видено некои си 10 пати се на се, не излегував секоаш коа ќе ме побараше.. а и прв пат сум во ваква ситуација, не знам кога е доволно за да седнам и да напраам муабет со него.. не сум ни сигурна колку можам да бидам слободна и отворена со него..спомнав дека типот е контрадикторен цело време.. ми треба мислење и за ова... му се ближи роденден, нареден викенд, претпоставувам дека би се сложиле со мене ако не ме побара тогаш..не му значам ама баш ништо...
    Ви благодарам што ги споделувате вашите мислења со мене :)
     
  18. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    јас се согласувам почекај уште една недела и види ако вистина не те покани на роденден значи не те смета како блиска оти нели тие што си ги сакаме ги викаме на роденден,треба да си заминеш и да го оставиш значи не е вреден да си го трошиш времето на него има толку многу дечки кои сигурно се би направиле за да бидат дел од твојот живот и би те направиле срекна поз :*
     
    На candise20 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sun..Flower

    Sun..Flower Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3

    Tи благодарам mjauuuuuu :) Јас само се надевам дека се ова наскоро ќе се реши без накнадни пролонгирања, воопшто не ги можам ситуациите каде не знам на што сум и што да очекувам.. Позз ;)
     
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Не го барај ти,доколку сака нешто со тебе ќе те бара сам и не е финтата да излезите само за да му пружиш орален секс.
    Извини што сум вака директна,ама сакам да ја сватиш ситуацијата од мое гледиште.
    Мене ми е малку чудно тоа што викаш дека е контрадикторен и дека не те вика на кафе.
    Па ако со некој делиш интимни моменти,многу е нормално да те покани на кафе.
    Остави малку на времето,па сама ќе почувствуваш дали те сака и дали со тебе сака врска или само повремено задоволство.

    Со среќа.. :*
     
    На bubuce му/ѝ се допаѓа ова.