Јас воопшто не го барам за глеање (можеби и тоа прави да не е сигурен во везе со мене), тој е иницијатор цело време, а ја излегувам ако можам.. орал се деси на 2 пати, и тој знае дека коа ја за нешто ќе кажам не.. и не е! Во животов сум немала некои поголеми фрки со машки, брзо после познанство следела врска, ова со мувањево стварно не го разбирам.. не дека не ми е познато дека мувањето може да се тера и многу поише од 3 месеци.. ама коа не можеш да предвидиш кон шо води тоа зезнато е.. baby-star ... дефинитивно ќе ми треба среќа
ке се среди и дај боже да биде ти како што сакаш само ти не се секирај и да не биде ништо не е последен на планетата земја,знаеш како велат една врата се затвара друга се отвара неможеш да знаеш што те чека во животот.ГЛАВАТА ГОРЕ И СО СРЕЌА
Истото мислење и од мене почекај да видиш дали ке те викне за роденденов барем на едно кафе...ако не тогаш и самата знаеш што треба да направиш( да не се повторуваме)..Сепак има мнооооогу други згодни момци зар не?
ДЕВОЈКИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Испаднав со детето што требаше.. се измувавме Муабетот ни оди и сето тоа, ама неубаво се мува Ептен брзо,лигаво, премногу со јазик... што да правам? Јас сакам да продолжам со него ама ова некако ме спречува
темата е за PROBLEMI и SOVETI отворена значи во буквална смисла а не прашања од типот DALI DA SE SMUVAM? KAKO DA SE BAKNUVAM? DALI DA GO VIKNAM NA KAFE? STOA DA MU RECAM? чисто лигавење сега за секоја ситница и за секој збор со некој не треба да се пише во темата смислата на форумот се изгуби од ваквите лигавења значи нека се пишат вистински проблеми и да се знае да му помогнеме и дадеме совет на некој што вистински му треба пфффф извинете за офф топикот ама се запусти темата веќе...
Океј е се извинувам што ве изнервирав уште сабајле, ама ова за мене претставува проблем па затоа шисав за да видам доколку некој се нашол во слична ситуација, како постапил.. Се извинувам ,нема веќе вакви прашања од моја страна
Што све нема да слушне човек. Абе што е тоа мување? Фаќање, драпање, лапање, ебење или нешто друго што завршува на ње? Тогаш ти научи го да се мува: бавно, нелигаво и со помалку јазик, бидејќи ако не го решите овој животен проблем, вие во никој случај не смеете да продолжите понатаму.
Ќе ве замолам за еден совет, бидејќи ми е неопходен во моментов. Значи вака пред три месеци се запознавме на фејс случајно и оттогаш нема ден а да не коминуцираме, по еден месец излеговме , потоа излеговме уште два пати. Меѓутоа помеѓу тие излегувања секогаш постоеја и други договори но ете тој на крајот ќе откажеше нешто му излегуваше. И потоа како ништо да не било и си планира наредна средба ....Си играме топло ладно , ми се чини дека од негова страна само има потполнување на време , а јас мислам дека толку многу се зацепав во него што незнам како веќе да постапам што да правам , едно ми вели срцето друго разумот. И да појаснам тие излегувањата кога се откажуваа се беа поради другарите и алкохолот, во тие месеци колку што се познаваме 90 посто нема излезено со друга. Ве молам за искрен совет ..
Тркалото се врти Значи девојки, ми треба ваша помош или совет. На едно момче, кое го знам од пред неколку години и кое постојано го сметав за другар, почнав да му се допаѓам. Тоа беше пред извесно време. Го приметив тоа, и мене ми се допаѓаше нормално (бидејќи е едно од најубавите момчиња во градов ама е и голем женкар) но некако не му покажав бидејќи си мислев, "го познавам одамна, сега да бидеме нешто не би било убаво, женкар е и лаже, не му се допаѓам". Во тој период, малку животот не ми беше совршен..и дома имавме некакви проблеми.. и од кај не му покажував дека ми се допаѓа, па и често му одвраќав и се карав со него. Нормално, тој си се заврте, и си замина. Си најде нова девојка и сега е со неа. Јас излегував со некои поголеми фраери од него, мислејќи дека ако тој ме сакал сериозно не би си заминал така лесно - туку би ме прашал зошто се однесував така лошо. После ова, кога веќе се разделивме, кога тој си најде нова, а јас завршив со сите оние со кои излегував, на школо не го гледав можеби 3-4 недели.. се прашував каде е, зошто го нема. И тогаш, сфатив дека уствари јас него го сакам!!! Кога почна да доаѓа на школо почнавме да се зафркаваме, да се гледаме почесто, дури му признав дека го сакам. Тој укапира дека го сакам, дека ми значи ама..тој си е сеуште со неа! НЕ СЕ СКАРУВААТ...Мислев дека ме сака..мислев дека му значам..и мислев дека штом му покажам дека ми значи, веднаш ќе се скара со неа! Тој се понаша убаво, како и јас да му значам.. ама зошто? Сеуште е со неа, и ми го даде тоа до знаење! ВЕ МОЛАМ ДАДЕТЕ МИ СОВЕТ? ДАЛИ ДА СЕ ПОТРУДАМ ДА ГИ СКАРАМ? ДАЛИ ДА НАЈДАМ ДРУГ? ДАЛИ СЕУШТЕ ДА СЕ ТРУДАМ ОКОЛУ НЕГО? ШТО ДА ПРАВАМ?.....
Можеби му се допаѓаше а можеби и не ? Тоа ние неможеме да го знаеме бидејки тој тоа не го кажал, можеби те гледаше само како другарка а ти поинаку да го имаш сфаено тоа. Но како и да е и да му се допаѓаше ти му го сврти грбот него и тој си фати друга а и ти не остана подолу па си фати многу ДРУГИ што во никој случај не изгледа убаво во очите на едно машко.И зошто да се потрудиш да ГИ СКАРАШ и да те симпатизирал тој веке си фатил друга па макар и да не ја сакал можеби веке ја засакал.Мој совет да си продолжиш по својот пат па ако треба да бидете заедно самите патишта ке ви се вкрстат.
мислам дека дечко ми ме изневерува и некои од неговите другари го знаат тоа.. ќе му кажам после да се јави на еден од нив и да зборува нешто на пр. абе аддрианна дознала дека ја варам со оваа. што мислите дали така тој другарот може да го издаде?? или ајде кажете некој подобар предлог
Си имала претходно шанса и не си ја искористила зошто сега да ги скаруваш? Продолжи си по твојот пат, а ако е тој за тебе понатаму можеби ќе се најдите на иста фрекфенција Мојот совет е овај,скоро секогаш јас се водам по ова правило тоа што е за мене ќе ме најди или јас ќе го најдам небитно дали се работи за дечко или за некоја друга работа
Ако знааат сигурно дека нема да го издадат тоа сум 100%сигурна,а за предлог па речи му дека не ти се излегува или си болна и од кога ќе излезе тој ти по него така би требало да видиш каде ќе оди и со кого ќе биди.....ама пред тоа воопшто не спомнувај дека ти се сомневаш дека те изневерува
Можеби зошто ти си имала чуства кон него си мислела дека и тој подееднакно како и ти ја имал истата љубов кон тебе.Но,ти си ја испуштила шансата да пробаш и да видиш како ќе се одвиваат работите ако сте заедно.Сега повторно сте другари и остави нека биде така,и таа што е со него не е крива за да им ја расипуваш врската,ако се заедно - заедно се,твоето поминало,смири се и надевај се на подобро утре.
Драга девојко, Да се потрудиш да ги скараш? Не ти се чини дека тоа е подмолно од твоја страна? Како би ти било тебе некој да те скара со дечкото? Ајде да не ти одржувам морални лекции... Како прво, кажуваш како ти се сфатила дека го сакаш. Еве една клише-фраза: Потребно е да изгубиш некој, за да сфатиш дека го сакаш. Токму тоа тебе ти се случува. Не те познавам, но тоа е многу честа појава. Всушност, тоа е нешто посилно од нас, тоа ни е во природата. Велиш женкар е и лаже. Зошто воопшто да се замараш со него? Зошто би се трудела околу него? Дали тој се потрудил околу тебе кога си мислела дека му се допаѓаш? Реално, според ова што го кажуваш, ти не си сигурна дали воопшто си му се допаѓала. Ако навистина си му се допаѓала, што мислиш, дали би ти кажал? Секако, доколку е женкар, па, според мене, сигурно е доволно самоуверен за да ти каже дека му се допаѓаш. А тоа што тој се однесува убаво, мене ми изгледа само на чиста манипулација.
А што се случува на вашите излегувања, само муабет или нешто повеќе? Не си многу конкретна. Не сум сигурна што точно прашуваш. Три месеци комуницирате, три пати сте излегле, тоа не ми изгледа на некоја заинтересираност од страна на дечкото. Како си толку сигурна дека нема излезено со друга? Можеби би било добро доколку малку намалиш со контактирањето преку фејсбук. Зашто така му даваш простор тој тебе да те побара. (Иако не знам како функционирате прекѕ фејсбук). - А ова го кажувам ако имаш намера да продолжиш со играта топло-ладно.
Ве молам за совет ... Сите велат дека сум привлечна девојка и некој не ми е рамен за изгледот,меѓутоа сите велат дека немам карактер ...се срамам од самата себеси ..едноставно неможам да се поправам ... И затоа цело време сум имала љубовни проблеми ..и сега повторно сум сингл ..навистина ми треба некој до мене ..како би требало да се поставам ?? за повторно да не имам љубовни проблеми ..и мака со момчињата..