Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Не би било лошо ако се изразиш малку подобро. Многу збунето делуваш.
     
  2. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20

    Ако добро разбрав: Типот си шара, лево-десно, напред-назад, со која ќе стигне. Штом одбегнува да ти одговори, не е премногу заинтересиран, така што и не му е битно какво мислеше имаш ти за него. 2-3 недели е доволно време да заклучиш какви намери има за тебе. А штом си игра топло-ладно, намерите не му се сериозни.

    Сега препрочитувам - велиш има девојка, тоа со сигурност го знаеш или..? И на какво гледање мислиш, ќе излезете и се држите за рачиња или..?
     
  3. papagalot

    papagalot Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    znachi vaka tipot ima so garancija devojka ja go vidov ali i sea toj ushte me vika da izlezeme da ideme negde ali ja neznam shto da praam i ne e gledanjeto kako shto reche ti drzhenje za rachina :)
     
  4. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20

    Сакаш да кажеш дека дечкото ја изневерува девојката со тебе?
     
  5. papagalot

    papagalot Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    daaaaaa,ali ja ne ja znam devojkata
     
  6. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20

    Па види, во ваква ситуација не би требало да имаш делеми. Едноставно кажи му: не. Веројатно не си заинтересирана да бидеш трета личност во врската.
    Не знам, се зависи од твоите принципи.
     
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Женски ми треба едно мислење, не е за мене, за другарка ми е, се нервира веќе неколку дена, се нервирам и јас и не знам како да му поможам.
    Пред 4 месеци се запозна со едно дете, почнаја муабети, пишеа нонстоп на фб, по неколку недели излегоја, беа другари да речам, после се муваја скоро секој ден, по 1 месец имаја односи, односот не се промени остана ист, се муваја уште и сл, значи не се откажа од неа, истото по старо беше се.
    Таја почна да осеќа нешто поќе кон него, ама конкетно не можеше да си ги опиши чувствата, си напраја муабет и тој и рекол дека многу пати се има изгорено од порано и лошо поминал, и дека нејќи да страда, туку оставал на времето да покажи шо и како ќе биди понатаму, а не да прај планој.
    Тој од Октомври замина во друг град да учи, таја остана тука, пак нонстоп пишеа се слушаја, по 1 сат збораја на телефон, таја ојде таму на шетња неколку дена, ко стигна таму му се јави му кажа дека дошла, тој се зачуди и му рече дека ќе ја бара за на кафе другиот ден, и стварно се јави беа на кафе со другарите, ја запозна со нив и се беше океј супер, истиот ден се врати дома тој, а таја остана уште еден ден плус таму. Од ко се врати, немат пишано салам, не му ни ѕвони поќе на мобилен ништо.
    Еве го онлајн е на фб, а нема ништо, таја се секира, мисли дека тој таму има друга и не знај шо да прај, едноставно е збунета.
    Шо можи да е муабетот? :worried:
    Стварно ми треба мислења и совет.
     
  8. Aylin123

    Aylin123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Другарка ти треба да го побара и да си разговара со него, да го каже нејзиниот став и да го сослуша неговиот, па заеднички ќе си одлучат што ќе прават понатаму, односно дали ќе се муваат уште, ќе бидат во врска или ќе престанат секакви контакти или ќе си останат другари. Се зависи од нив. Другааркате нека не чека тој да направи нешто во врскаа со неа, нека си праша па ќе си знае. Ако остава така на него, ништо нема да постигне само што ќе се нервира и тоа е тоаа!
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20

    А колку време не ја побарал, не се слушнале?
     
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.292
    Допаѓања:
    18.407
    Во врска сум 3 месеци,со 25 годишен дечко.Блиски сме дури можеби и повеќе од што треба,а гледањето ни се состои од: кафе/вечера па седење во кола за разменување нежности.Ме носи дома кај него секоја сабота,бидејќи неговите не се дома.Имаше ситуација дури да кружиме со кола околу населба,за да почекаме да искочат од дома да не се сретнеме.Мене не ми е ниту непријатно ниту имам срам да се запознаам со нив.Не ни барам да се запознаам,но барам некогаш да отидеме и кај него,место да се мрзнеме во кола.Не ми е јасно зошто не сака да отидеме кај него?Си има своја соба(за која треба да се помине преку дневна,но ако би отишле малку подоцна навечер неговите би спиеле и не би ме виделе мене).Што е тоа што го кочи и не сака да се сретнам јас со нив? Или воопшто,да отидам кај него кога они се дома,макар и да не ме видат? Како јас да почнам разговор со него на оваа тема,а да не испадне дека се наметнувам?

    А капак на се е тоа што утре неговите не се дома,а он ми вика дека имал утакмица за гледање.Знаејќи дека тоа е „единствениот“ ден од неделата кога можеме во топло да си седиме,уште па ми вика „Злато не ми се лутиш нели?Ај нека не биде утакмицата проблем,замисли си дека моите се дома.“ И што ако се дома бе? Ќе ме изедат? Јас нив ќе ги изедам? Што мислите вие,после колку време треба да отидам дома кај него,кога се дома неговите? (а имам идено кај него првите 2-3 недели од врската кога неговите беа на одмор)
     
  11. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека уште е рано за запознавање со неговите......јас кај мојот сегашен дечко почнав да одам уште првиот месец ама неговите кога не беа дома........а то дека утакмицата му е поважна отколку да бидите заедно кај него,нема оправдување.....
     
  12. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Мој совет- изненади го утре. Отиди кај него и кажи му дека би сакала да му се придружиш. Земи нешто за пиење/јадење, за да не помисли дека го контролираш или нешто сл., туку дека си дојдена за дружење.
    После ова, според неговите реакции би требало да дознаеш на што се должи тоа што те крие од неговите, а особено зошто не може да ја пропушти утакмицата.
     
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.292
    Допаѓања:
    18.407
    мајичка ама јас не ни барам да се запознаам со нив,туку ете има начин и да се отиде кај него,кога на пр.они ќе си легнат. Како бе брат ми може да носи девојки дома откако моите ќе си легнат? :x
    Ау нема шанси така од никаде да му се избацам.Он апла си кажува дека ќе гледа утакмица,меѓу редови јас да си ја планирам вечерта за нешто друго |(
     
  14. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    Може да има повеке причини зошто не те носи кај него дома можеби мисли дека е премногу рано за запознавање,можеби пак се плаши од такви формалности,мозеби неговите се премногу строги и не сакаат да им носи девојки додека работата не е официјална,можеби,можеби,можеби... Има многу причини ама ние сега можеме само да погодуваме што е и како е најубаво е ти да отвориш тема за тоа и да го прашаш пр. кога ке седите в кола можеш да му речеш еј абе мене ми е ладно дали би сакал да одиме кај тебе дома би ни било погодно и потопло, ако ти реце моите се дома реци му мене не ми смета баш би сакала да ги запознаам родителите на цовекот кој многу го сакам а ако и тогаш несака прашај го зошто барем ке ја знаеш причината.Јас би направила вака незнам за тебе позз ;)
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Може мисли дека му е рано за запознавање, по некоја моја логика. И јас не би го запознавала по толку краток период, а ако може , ич не би го запознавала :) А тоа што една сабота не те викнал , не мора да значи ништо лошо, утакмица сака да гледа , што е тука крив. Не мора да му е секоја сабота резервирана за тебе.
    Јас овие неколку години дур имав дечко , не можевме често ни еден кај друг, а ниту пат имаше некој од нас двајца кола. Така да верувај има полошо и од твоето :)
    Подобро во кола и (скоро)секоја сабота кај некој дома . А зошто ти кај тебе не го викнеш ?
     
  16. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Мој совет- изненади го утре. Отиди кај него и кажи му дека би сакала да му се придружиш. Земи нешто за пиење/јадење, за да не помисли дека го контролираш или нешто сл., туку дека си дојдена за дружење.
    После ова, според неговите реакции би требало да дознаеш на што се должи тоа што те крие од неговите, а особено зошто не може да ја пропушти утакмицата.[/quote]
    Ау нема шанси така од никаде да му се избацам.Он апла си кажува дека ќе гледа утакмица,меѓу редови јас да си ја планирам вечерта за нешто друго |([/quote]

    Ти самата кажуваш како тоа е единствената ваша заедничка и топла вечер, а од друга страна изгледа како да го оправудуваш тоа.
    Поентата ми е: дали си сигурна дека се работи за утакмица или пак за изговор?
     
  17. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    мене то и ми беше зборот........ете велиш дека неговите нема да се тука,сам ќе биди ама господинот ќе гледал утакмица.......па мајку му стара,сам си дома,викни си ја девојката,уживај :fubar:
     
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.292
    Допаѓања:
    18.407
    Ау нема шанси така од никаде да му се избацам.Он апла си кажува дека ќе гледа утакмица,меѓу редови јас да си ја планирам вечерта за нешто друго |([/quote]

    Ти самата кажуваш како тоа е единствената ваша заедничка и топла вечер, а од друга страна изгледа како да го оправудуваш тоа.
    Поентата ми е: дали си сигурна дека се работи за утакмица или пак за изговор?[/quote]
    Знам дека е страстен навивач на МЗТ,ама можеби некогаш и би го искористил тоа за да направи нешто друго,незнам... :?:

    Затоа што не верувам дека ќе сака да дојде,затоа што кога правевме муабет да идеме на зимување заедно,му реков дека моите би сакале да знаат со кој човек ќе идам(затоа што никогаш до сега не сум била),во смисла да го запознаат и он многу бурно изреагира на тоа,као запознавање нема шанси,покажи им слика нека ме видат.А и јас никогаш до сега не сум донела дечко дома.
     
  19. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Еве ја ко женско ќе си земам за право да кажам дека навистина знаеме да бидеме напорни. Зошто ова не, зошто она не. Ако сака да гледа утакмица нека гледа, не бидете до толку напаст. Тоа не значи дека не осеќа ништо за тебе. Во случај тоа да го прави цело време е тогаш има проблем. Ама дајте им простор на дечковците, не се врти цел свет околу вас. И он има живот. Може едноставно сака сам да биде, до никој и ништо не му е.
    Мора одма да се прави проблем од немање проблем.

    Не го сфаќај ова лично, искрено ни никот не го запамтив на девојката која постирала, ама гледам дека и многу други го делат истото мислење.
     
    На Libera, Sofi.ja, la-lita-e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Се сложувам со Ell во целост. Спомнаа да му се избаци, може е изговор , може измислувал, може прави нешто што не треба. А зошто мора одма на тоа да се помислува? Може едноставно сака утакмица да гледа. Крај краева, ако не верува, нека го праша ако се сомнева во нешто. :)