девојки ми треба совет. Со дечко ми сме заедно 4 месеци пред 2 дена им кажав на моите дека сакаме да се земеме ама тие не ми дозволуваат бидејки ние сме богата фамилија а тој не е. И ок им кажав дека тоа демек не го планираме за сега скоро но така да си знаат но и тоа не го прифакаат значи не го сакаат ми велат да си најдам некој од мојата класа а не некој како него. Премногу се сакаме за се се грижи што се однесува за мене и кога ми е тешко 100 пати ке ми се јави да види како ми е. Синока кога се вратив ми рекоја дека ако се омажам со него ке се откажат од мене и преку весник и веке за нив не постојам а ме сакаат премногу единствено женско сум во цела фам. дури и тел ми го земаа да не контактираме ама пак ми го дадоја им реков дека нема да му се јавам ама неможам без него. Тој ми кажа дека сака да заминеме во странство заедно да не бидеме тука незнам што да правам неможам без него. Незнам што да правам и ми велат дека ако сакам со него да бидам и да бидам сиромашна тие ништо нема да ми дадат што ми следува а имаме премногу и веке за нив не постојам и веке нема дома да влезам. Кога ми велат да си најдам друг бидејки сум убава била одма ми текне дека немам ни другарки ни никој немам со кого ни да излезам цело време сум со негово друштво. Ве молам помагајте ми неможам повеке само плачам и се нервирам незнам дали да заминам со него.
Колку години имаш па твоите ти се мешат во избор на партнерот...не може тие да одат против твојата лјубов и среќа,материјалното се стекнува но вистинска лјубов тешко се пронаоѓа...Ако мислиш дека тој е твојата сродна душа не знам што друго да ти кажам освен среќно секогаш сум на страна на вистинската лјубов
Имаме по 24 години премногу се сакаме неможеме еден без друг ми вели кога ке заминеме во странство веке не се вракаме тука ама неможам јас така моите да ги оставам да тагуваат по мене. Незнам што да правам и како да постапам дали да бидам со него или друго незнам што а да си најдам некој од мојата класа тоа сигурно дека нема.
Родителите секогаш го мислат најдоброто за своите деца. Разговарај со нив и дознај која е вистинската причина за тоа зошто се противат на вашата врска. Не е возможно единствената причина да биде неговата материјална положба. Освен тоа, 4 месеци се премалку за еден така голем и сериозен чекор. И пред било што да преземаш, мислам дека треба пообјективно да ги согледаш работите. Од преспективата на родителите, а што е најважно од негова преспектива. Што тој губи, а што добива доколку се венчате и заминете од градот. Претпоставувам дека родителите нема да те остават да остават без никаква материјална подршка доколку се решиш да останеш со него. А тој, верувам дека смета на тоа.
Значи вака девојки...Со момакот мој одеме 3 год.Се е океј во врската има само една работа кај него што ми смета и ме нервира...Значи кога оде на трибина да навива со неговите "БРАЌА"...Се обидувам да му кажам дека тоа е лошо пошто кога и да отиде он на трибина секогаш има некоја немила случка а и нема навика да носи мобилен така да кога иде на трибина секогаш стравувам да не му се случи нешто..и тоа упорно му го кажувам а тој само ми враќа дека премногу сум паничела.Дали премногу се грижам за него,дали да го оставам да си продолже по свое или што да направам ? Ако можи некој да ми помогне
девојко верувај дека ако он не се закача ништо нема да му се случи и јас сум за МЗТ и кога и да играат они одам на утакмица а се знае Аеродромци ако не се степаат на утакмица не ги бива па до сега никој ништо ми нема направено така да мислам дека треба да го оставиш но сепак не би сакала погрешно да ме разбереш позз и без грижи
ако го сакаш вистински вреди да оставиш се за него па некогаш дури и кога се работи за нашите родители со кое право тие ти кажуваат за кого треба да се мажиш јас да сум не би размислувала бидејки како и да вистинска љубов еден пат се наоѓа а родителите колку и да се строги еден ден ке простат се верувај ми !
И јас како Home Alone би ти рекла да не се грижиш,сепак како прво тој не оди сам на утакмици и ЗОШТО секогаш во преден план размислуваш дека нешто лошо ќе ми се случи?Ете моб.можеби не носи бидејќи во таа гужва може да го изгуби,второ сигурно и нема да го слушне ако му ѕвониш така да остај го нека си навива за тимот,нека се издува коа ќе заврши ќе ти се јави.На крај краева оди и ти барем на една утакмица и проценија ситуацијата сама ... Поздрав
Девојки се е океј...тоа ама еднаш го собравме од болница и од тоа трауми уште имам....Не е лесно а имам идено со него на утакмица и не ми е нешто посебно но за него тоа е Посебно..а за телефонот го остава дома ич не го носи...Сепак ке го оставам да си тера по свое а мене ми останува да се грижам сепак фала на советите
Vikendov treba da odam za bugarija so majkami i tatkomi. Problemot toa shto deckomi doaga ovoj vikend on e od drug grad i moram da ostanam posho retko doaga i nez koga ke dojde pak. Probav da ja ubedam kazhuvajki i deka imam testovi i deka moram da ucam ama ne uspeva. Pomognete..stvarno sakam da se vidam so nego. [mod-kirilicadeqczec][/mod-kirilicadeqczec]
е сега маските се такви тоа треба да ис се знае ти не се оптоварувај многу со тоа оставиго и нека науЧи сам сто е добро сто лосо...и не се грижи толку за него оставиго малце...
Еве вака ,познавав едно дете пред три години ,поточно пред три години тој дојде да се запознае со мене а јас маленка летав нешто и ништо не бидна работата.И во саботата малку откачив и викам сега ке му пријдам и правевме муабт онака и неговите другари си отидоа а тој остана и бла бла и ми побара го бројоти после моите требаа да си одат и бидејки и јас тогаш морав велам моите ке си одат пааа и јас и тој вика ај и јас си одам и се пред испагане од кафулето ми вели а ти не го побара мојто број а јас изумив и викам епа титни ми и тој вели ке ти се јавам или ке ти пишам порака .. (инаку типот се прави фраерчиште у велико) Е проблемот е што денес сме вторник и поминаа 3 дена .. а веке го заварувам неколку пати на фб .. ниту да пише ниту да се јави .. што е проблемот ?
Јас мислам дека е напишана во таа фраза дека е заљубен , дека на некој начин го променила, дека дури сега сватил што е љубов така нешто...Но како и да е шом машко пишало таков статус очигледно дека е заљубен до уши не секое машко го прави тоа, значи мора мнооогу да е заљубен за да се издаде
оффф и така и си мислев,не ми иде во прилог.зашто луѓе никој немозе да се заљуби во мене се додека се со мене им е онака се заебаваат а од кога ке раскинеме обавезно си наоѓаат друга во која ке се изпозаљубат и слики ставаат со неа и во врска се ,а мене никој ме нема прашано,сеа до душа сум дебелка ама бар порано вазев за убава вака низ градов ама ни тогаш ,има нешто тука до карактерот ли што мозе да е некоја одбивност имаат од мене
Mamitka јас мислам дека не си го нашла уште правиот за тебе.Воопшто не треба да мислиш негативно,секогаш мисли дека и тебе еден ден ќе ти се насмее среќата! Ако имаш комплекси дека си се здебелила по лошо си правиш. Тој што ќе те сака,ќе те сака таква каква што си !!!
Нема проблем, се гледа каков е, и сама кажуваш глуми фраер, остај го, искрено, во тие 3 дена којзнае на уште колку им побарал број.. Можеби грубо звучам, но тоа е реалноста, ако сакал шуте вечерта ќе ти пишел. батали го, не си ти проблемот, тој е. Најди си некој што навистина ќе те вреднува
Што мислите за овој случај, за оваа тип на љубов што ја чувствувам? Во 2010 запознав една шкорпија. Тој е на иста возраст како и јас, само што не живее во ист град како и јас, ниту во иста држава. Тој живее во Италија а си доаѓа само зиме и лете во Македонија. Веднаш се роди љубов и страст меѓу нас. Додека сум била со него сум била најсреќна, дури и сега треперам кога ќе помислам колку сум била среќна со него... Далечината го направи своето и раскинавме. После 6 месеци си фатив нов дечко... и 6 месеци откако си фатив нов дечко тој повторно се појави во мојот живот и беше решен да ме придобие... Со сите негови сили се потруди и придонесе да раскинам со новиот дечко и да одам пак со него... по втор пат во животот се почуствував најсреќна и обземена од неговата интензивна љубов и интензивна појава, страст... Но, пак раскинавме и јас пак се вратив со другиот дечко што ме пречека со раширени раце откако му раскинав и го понижив до дно... Решив дека новиот дечко е тој што ме сака и тој што вреди да се сака, си создадов една идеала за него и решив да си ја изгубам невиноста со него. И се случи. Така беше една цела година, среќна врска... Се додека не се сврти тркалото и ми се врати тоа што јас го направив тоа лето со шкорпијата.. Сепак тоа ме удри во глава и ми покажа дека сепак постои карма... Во целата љубовна идила што ја имав со новиот дечко, го бев заборавила Шкорпијата... Но сепак длабоко во себе си знаев дека никој нема да сакам како него... И што се случува 3 години откако го запознав...? Повторно го среќавам. Веќе 3то лето. Одам пак со него. Тоа го гледа и бифшиот со кој ја изгубив невиноста. Што ли мисли светот за мене? Што ли мисли бифшиот? Не ми е гајле. Јас сум најсреќна со Шкорпијата. Дури и после 18месечна врска со друг, на мене пак ми се враќаат чувствата за него.. Истите, па дури и посилни од тие од пред 3 години... Што правиме сега, Шкорпијата пак си отиде и пак ме остави сама... А јас сум заробена овде, а казната ми е што си го гледам бифшиот секој ден зашто по некоја иронија тој ми е школски Најубаво ми е сама. Или пак, не сакам да запознаам некој нов и да оставам се зад мене затоа што тука е бифшиот да ме суди... а тука е и Шкорпијата кој ми ветува дека ќе биде со мене зимата кога ќе си дојде... Знам многу убаво колку е погрешно цело време да се враќам на една иста личност, дури и после тоооолку случки, толку болни разделби... јас само него го барам во сите и само на него мислам додека пробувам да бидам со друг. Таа ли е таа вистинската невината љубов што ја чувствувам, пеперутките во стомакот, несоницата... И дали тој ме сака како што вели? Тоа е прашањето на годината...!!! Дали тој сега не контактира со мене затоа што знае дека така ќе е по болно и за двајцата, или затоа што воопшто не му текнува за мене?! И што ќе правам јас ако нашата врска по 100ти пат пак не успее? Заради далечината? Заради времето? Заради оваа средина?? Длабоко во мене ЗНАМ дека и тој ме сака исто како што и јас го сакам и знам дека нема да можам да продолжам понатаму со некоја нова личност.. Во сите следни него ќе го барам... Сега веројатно ќе си помислите дека воопшто не сум го сакала бифшиот со кој сум ја изгубила невиноста... И него го сакав многу.. но тоа нашето беше повеќе навика отколку љубов... А таа интензивната љубов, таа љубов што си личи да ја чувствуваш на 18 години... како јас за Шкорпијата и тој за мене... вреди ли да се враќам повторно и повторно на неа и повторно да останувам сама и повредена?? Вреди ли за тие 2-3 слатки моменти што ќе ги имам со Шкорпијата... И не, не сум имала сексуални односи со Шкорпијата... Како ја сфаќате вие оваа ситуација? Дали некој воопшто се потруди да ја прочита огромниот досаден состав што го напишав? Како би постапиле вие? Навистина ми е потребен пријателски совет и потребно ми е ова да го извадам од себе во моментов... Но, љубовта и страста што ја чувствувам, иако не сум го видела 3-4 месеци... не е нормална.... Ме обзема целата!
Епа вака...не може да се рече дека ова моево е проблем но сакам да добијам некој совет од вас кој се надевам ќе ми помогне во донесувањето на конечната одлука. Пред неколку месеци се запознав со еден дечко. Уште првата вечер кога се запознавме ми се пушташе,но јас не сакав ништо со него затоа што истата таа вечер се смував со негов не баш близок другар (повеќе може да се каже познаник) но од тогаш немам ништо со него. Е сега во последно време ептен се зближив со дечково и ми кажа дека сака врска со мене. Проблемот е што моите другарки сметаат дека тој е лош,дека имал мафијашка фаца и сл. Лично јас сметам дека изгледот нема врска со внатрешноста на човекот и колку што го познавам мислам дека не е таков. Но од друга страна пак не сакам да имам дечко за кој моите другарки ќе мислат лошо,не сакам да се кријам и да се срамам од него. Што мислите вие,што би направиле да сте на мое место?
Барби ако тебе ти се допаѓа дечкото биди со него, а другарките ако те сакаат и ако те почитуваат тебе, ќе ја почитуваат твојата одлука, ако си ти среќна, ќе бидат и тие.