Истово и мене ми се има случено. Една се распрашувала дали и колку ме сака, дали често сме се карале, колку озбилно било. Терај на зезање. Речи му нешто у стилот "Ааааа оваа решила да те украде од мене" или "Женскава миспи има шанса кај тебе..хахаха''. Ако покажеш дека си љубоморна или ќе те направи луда или посесивна. Вака глуми дека не ти смета, дека ти е смешно и види како ќе реагира на муабетов. Ако почне да ти биде сумњив, тогаш седни го и сврти му озбилен муабет. Нешто као знаеш дека он ти е верен, ама те нервира зашто таа мисли дека има шанси.... А нејзе да и се обратиш не ти препорачувам, само ќе и помогнеш. Ако види дека си љубоморна ќе си помисли дека има шанси кај дечко ти.... Среќно
Обрни поголемо внимание на комуникацијата меѓу нив двајца и следи го дечко ти како се однесува со тебе и дали е нешто поинаку од порано. Немој да правиш љубоморни сцени или случајно да одиш да се расправаш со неа. Според мене најниска работа е да се караш за дечко. Ако дечко ти не сака да остане со тебе неможеш да го натераш да остане. Тоа што му лајкнала статус за фудбал не е некое чудо - можеби девојчето следи фудбал како и многу други девојки и потруди се да не се замараш со фб, лајкови и такви детски работи...
Јас сум нова на сајтов и сум мн збунета ве молам за помош.Имав врска 10 години ,мојот дечко не се понашал ниту еднаш како што секоја жена посакува!сепак се трудев да ја задрзам врската толу години само ради навика .Имав катастрофа живот поминати 10 год . Случајно летово заминав на одмор со мојата ДРУГАРКА и се мував со еден дечко ,меѓутоа останавме во контакт 6 месеци преку смс и се чувствував како никогаш до сега ....бев љубена...! оладив скроз од мојот дечко и тогаш сватив дека тој ме сакал повеке за пари ... еден месец бев кај другиот дома(бидејки живее во друга држава)тој се однесуваше спрема мене екстРа бев изненадена и се чувствував како да летам ...мн ми беше добро ....Типов е ок...се заљубив во него ,но кога се вратив тогаш почнаа проблемите..КАКО ДА СЕ ТРГНАМ ОД БИВШИОВ ДЕЧКО каде што му ја реновирав цела куќа и вложив 70 000еура И ПОТРОШИВ 10 ГОДИНИ ОД МОЈОТ ЖИВОТ? криво ми е затоа што друга ке ужива, додека овој вториов е средна класа ...КАКО ДА ДОЗНААМ ДЕКА И ОВОЈ ВТОРИОВ МЕ САКА ИСКРЕНО А НЕ ЗА ПАРИ?///ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ БИДЕЈЌИ ХАОС МИ Е ПАМЕТОВ !!!!
теона освен ако со бившиов дечко реновирањето не си го правела со тоа што дел од таа куќа да се води на твое има тогаш тотално ти се отидени парите. Move on мојот совет веќе тоа поминало знам дека се многу пари ама без навреда на тоа требало да мислиш порано. Вториов дечко можеш да сватиш дали те сака по самото тоа како се однесува за тебе глумата за пари еднаш се открива а како што кажуваш врската со него ти е прекрасна така да не верувам дека е за пари. Мислам дека повеќе имаш страв од тоа што ти се случило па се плашиш дека сите се исти. Ужај во врската само не се препуштај веднаш целосно како со првиот правење куќи и такви работи. Остави работите да идат по свој тек
i jas mislam kako cupeto pogore...pa gledaj da ne mu gi ispolnuvas tie zelbi mislam vo vrska so finansii ako te saka ke te saaka i bez finansiska podrska od tebe.... za vo vrska so 10god.vrska si napravila golema greska so toa sto ne si pisala del na tvoe ime... [mod-kirilica:3a7midki][/mod-kirilica:3a7midki]
70 000е и ништо од тоа на твое име не знам што да кажам... само веќе ако продолжиш со овој вториот не ја прави истата грешка
Што во ваква ситуација? Нова сум на сајтов незнам да се снајдам а и не видов слична тема, но ако има избришете или преместете ја. Имам еден проблем што неможам никако да го решам. Имав еден дечко идевме неколку месеци и пред 2 месеца раскинавме.Причината беше што некое време осеќав дека ме избегнува па на фб му кажав дека не е така ок.По некое време ми се јави и почна да ме навредува и да се заканува ако сум му се појавела пред очи да сум била среќна ако останам жива, ќе ме згазел и уште многу зборови несакам да се сетам сега..По 2 месеци сега скоро се враќав накај дома и гледам ми звони моб.Се јавив и беше тој. Кажа дека завртел по грешка па рече како си ова она..Му угасив и почна да пишува смс па се јавив и зборевме.Рече дека сакал 2 шанса ме праша дали и јас сакам, па да се видиме..Се слушнавме пак и се видовме и целото време бевме ладни.Не ми направи ништо и рече пак да се видиме.Се видовме и се смиривме другиот ден се беше ок но на фб ми вика чекај да размислам незнам ова она..И од тогаш поминаа 2 недели и секој ден има работа иде негде нема време..За ова знае еден другар и вика остави го те мота..Вчера требаше да се видиме али не се јави..Другар ми рече кажи му да те заборави не се замарај со него те лаже..Му пишав се што мислам и после тоа ми прати 2 пораки едната малку навредлива а другата дека имал проблем..Му се јавив и рече ќе спијам утре ќе ти се јавам.Денес пред 10 мин ми се јави и уште ни да видам кој звони почна да се дере идиот си ти кажав сакам да размислам почна да ме обвинува..Рече ќе се јави после али незнам што да правам.Не му верувам незнам што сака.Дали е другар ми во право? И нигде не излагавме, ништо не правевме..Идевме скоро пола година со паузава ама незнам сега за шансава..Јас незнам да мразам но ова е премногу..Што е најдобро да направам кога (ако) ќе се јави? Кој е во право? Ако знаете совет пишете.Фала однапред..
Што во ваква ситуација? Оф леле, јас мислам дека тој не знае што сака, па си „игра мајтап“ со тебе (извини на изразов) и целосно се согласувам со твојот другар Стварно не би знаела што да те советувам, но ТЕ МОЛАМ тргни се од него некако, одбегнувај го А, тоа со заканите ако продолжи треба да размислиш и на тоа да го пријавиш во полиција. Една моја другарка беше во некоја слична ситуација (мислам на закани од типот: само ако те видам излезена некаде а особено со некој дечко ќе се каеш што си се родила) и она го пријави и типот доби забрана од суд да и се доближува поблиску од 100м (или нешто така) и од тогаш го нема. Но сепак внимавај многу али немој да му се враќаш
Што во ваква ситуација? Он не ми се заканува ако ме види со други туку викаше сама ако те видам не ми е гајле за други..Мене ми се закануваше не за други туку мене сакаше..Незнам мислев да го видам некако ама ми беше страв..Незнам што да му кажам кога ќе се јави но за да се видам ми е страв многу беше лут..
Девојки очајно ми треба совет и помош. Со дечко ми сме заедно 5 месеци ама моите дома не ми даваат да бидам со него премногу се сакаме несакаме да се разделиме и двајцата. Кажете ми како да ги убедам моите за него имаме по 24 години, имам пробано на мн начини ама не бива и секогаш кога ке излезам јас морам да ги лажам дека излегувам со други деца не со него.Ве моламм кажете што да правам
(За болдираното).. Сериозно? Иначе..Незнам кој бил разговорот помеѓу тебе и твоите, но најверојатно не те сватиле озбилно. Имаш 24 год.,како што викаш, и твоите не ти даваат да бидеш со тој дечко? Добро, ама мора да има за тоа некоја причина..Која е причината? Ако ја оставиме причината на страна и ако таа не е толку битна или можеби ја нема, мораш да седнеш со твоите да правиш озбилен ама навистина озбилен муабет, како возрасни луѓе дека ти го почитуваш нивното мислење, ама ќе мораат да те сватат дека ти си веќе возрасна личност која може да се грижи за самата себе и која сама може да одреди дали партенрот е добар или пак не, за нејзе. Веќе рече дека вие сте заљубени со што ти си го прифатила каков што е, а тоа треба да го направат и твоите.
Девојки ве молам помогнетеми и дај теми некаков совет Вчера ставив крај на мојата 2 годишна врска не велам дека не сум тажна но сум преживеала и потешки работи така да и ова ќе го преживеам само сакам да слушнам и друго мислење потребно ми е... Значи вака врската отиде во неповрат заради фб кот може некој ќе се смеј ама прочитајте до крај,значи на дотичниот му го имаја хаканато фб кот пред неколку месеци што незнам сега дали е тоа вистина оти се ми е сумливо во врска со него и на фб кот се имаја бришено слики статусот дека сме во врска скриен беше и му реков со е ова да го среди одма ветуваше се колнеше дека го пријавил во полиција да го избришат и ветер во магла ништо од тоа на фб кот слики му се сменваја све се колнеше јас немам никаква врска немам ајде ок повервав ама на свиња му сум вервала вчера седиме дома кај него и отворам на нет чоекот фб кот го има фино лепо си пиши со брачетму отворено на страна кај некое чупе катастрофа ми се згади кога виде дека му го фатив дека го има пребледе како крпа и почна да пелтечи незнаеше што да кажи како демек сега пред неколку дена го вратил а крие од мене и знам дека лажи,ништо не му вервам апсолутно 2 годишна врска упропасти со лаги и со глупости праење не стигнав да отворам во пораките господ знај што ќе најдев дај те ми совет девојки?иако јас сум решена на ова врска крај да ставам... NEKOJ SOVET?
дечково те мота од километар се гледа..како прво ти се дере те навредува а ти преќутуваш јас мислам дека треба да ставиш крај на сето ова и да си тераш понатаму, другар ти е 100 % во право според мене.
Убаво си направила, јас исто би постапила. Ова ќе ти е за памет другпат да не бидеш наивна и да веруваш на се. Некој ќе рече, леле за фб глупости, ама тука не е до фб, туку до лажењето со којзнае каква цел, да не бил фб, друго ќе било. Кога и онака не ти е многу тешко, ич не се мисли и терај напред
NEWGIRL што е проблемот со тебе? сместа да го откачиш, како можеш да бидеш со таков психопат? крај, тоа е мојот совет до тебе КЕГИ ко прво и основно не ја кажа причината зашто тие не сакаат ти да се гледаш со него? Мора да има нешто, не може од чиста мира само да не сакаат да бидеш ти со него.. и што и да е , мислам дека не си дете, барем твоите родители знаат колку години имаш и знаат дека не си глупа и дека можеш да разликуваш добро и лошо, црно и бело.. МИМЕ озбилна си? ко прво и основно, зашто фб е некаков битен фактор за вас? У случајов он е крив што го злоупотребил тоа, очигледно не му е стало до тебе чим дошол до тоа да флертува, да лаже? а пак замисли какви уште работи има што не ги знаеш, што ги криел од тебе? ништо, продолжи и најди си некој што нема да те лаже, вара или врти како сака.. биди среќна што го тргна од себеси, на него треба да му биде тешко, а не на тебе..и нареден пат, не си зимај се здраво за готово, имај си малку резерва
никогаш и немав потполна доверба во него секогаш бев со некаква резерва ете така имав некое претчуство чистев готвев бркав работи му помагав и бев човек на место за што за некој на ваков начин беден да ме лажи не е за фб кот но очигледно во него има нешто штом го криел нека му служи на чест што да речам повеќе
во право е другар ти бегај од него не се замарај со мочковци како него..ќе си најдиш друг кој ке те цени и саака...