Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Sparkles

    Sparkles Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Мислите ли дека овие причини се доволни за да се стави крај на една 2 годишна врска?
    Како прва причина ја наведувам разликата во висината..т.е на иста височина сме ама со него кога треба да идам во штикли нема шанси, ми смета ова ептен! (незнам како издржав до сега искрено, ама кога треба да идеме на некоја свеченост ја несакам зошто ќе треба да идам во штикли а смешни ќе сме така....
    Потоа втора причина е тоа што има 20 год. а ништо не работи. Заврши прва година на факултет и демек ајде оваа година во мирување го остави за да работи и другата година пак да се запише на фак.. Ама еве ништо не работи и ми смета ова ужасноо... По цел ден само седи и игри си играе на компјутерот и филмови гледа. Несакам ваков човек без амбиции. |( И друга причина тоа што е многу повлечен и треба зборовите со клешта да му ги вадам од уста! :D
     
  2. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Врската ни е при крај


    оф бре убаво ти кажала tessie. ако малце мислел со тоа главата и те слушал што му кажуваш немало да оди и таму да спие а гледа дека ти се нервираш,се гледа дека сака нешто да направи(можеби и не) ова е моја претпоставка а и чим почнал да ти вика да биде груб со тебе има тука нешто не е тоа туку така размисли малце :!: ајде без нервози гледај да си ја поминеш новата година изнажуркај се кај и да си немој да корнеш коси а тој таму да си го тера меракот. па и крај краева отиди му во станот изненадно и уништи му го планот :rock:
     
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    Незнам веќе што да правам, многу се нервирам. Се се обидов веќе.

    Има еден дечко од моето школо, една година поголем од мене, така да не сме во истата смена. Ама минатата година се враќавме со истиот автобус, и седеше еднаш карши мене, ме гледаше цело време и се смешкаше. И тоа на уште неколку наврати се деси, а сега поретко го гледам и уште од минатата година го гледам. Е сега, повеќе ми се засвиѓа и му го најдов фејсбукот, го аднав, ме прифати после неколку дена зашто не користи фејсбук многу и му лајкнав неколку слики. Незнам зашто, ама неможев да дознаам многу за него, ама сите што ги прашав ми рекоа дека бил многу прибрано, повлечено и срамежливо дете, една ми кажа демек бил не се социјализирал многу, а нешто за љубовен живот никој ништо не ми кажа.

    После некое време го боцнав на фејсбук, не ми врати, и нема врска вчера другарка ми ме охрабри да му пишам на фејсбук и му пишав. Јас и онака кога ми се свиѓа некој многу имам трема и немам идеја што би пишувала, ама пак цело време нешто го прашував а он само одговараше и ми рече дека ме нема видено низ школо, кој клас сум била, а ме има видено ама добро. И го прашав за љубов, ми рече дека не е во врска и демек не му било до ништо, едноставно не сакал врска во моментов и некако се разочарав. Накрај требаше да одам, и ми рече ајде поздрав ќе се видиме, после тоа се уклучи, и сега е уклучен и не ми пишува а јас да му пишам нема шанси, ем доволно направив а и немам намера веќе да се брукам ,и незнам што би му пишала.

    Стварно незнам веќе што да правам, а срцка е детето, многу е фино. :(
     
  4. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски


    јас да сум на твое место, не би му пишувала и не би правела ништо повеќе. Во случајот ти му даде до знаење дека сакаш да се запознаете па сега тој ако не реагира никако.. :devil: :devil:
    или види почекај можи ќе се сменат работите.. ти најдобро си знаеш :*
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cuckata95

    cuckata95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    ke moze nekoj da mi odgovori na prasanjeto pred toa ,a i uste ova se vika ne mi pisa a ja sum mu pisala ili nezz vamu bev pa tamu,pa vecerva nz dali ke mozam ke mi dojde ovoj onoj i mn zaborava ,nz so e rab so tipov
     
  6. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Височината си му ја видела уште во старт, тоа што е повлечен сигурно си забележала уште во старт, а компјутерските игри или си можела да ги претпоставиш или тој низ разговор нешто ти спомнал, значи секако не си ги дознала после многу време.
    И покрај овие информации ти си започнала врска со него, а сега доаѓаш на форум и го дрвиш.

    Ти што мислиш, си требала ли воопшто да влезеш во таа врска?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Твоите причини според мене да раскинеш 2 годишна врска не да се глупи туку се преглупи...
    Висината-па може и на него му смета тоа што си повисока од него па тој не се жали така?и што има врска ако си повисока од него на штикли не сте единствен пар таков и јас на штикли од дечкоми сум малку повисока и затоа треба да му се скарам? :D тоа никогаш не ми сметало а и незнам зошто да ми смета.
    Не работел-па добро детето има 20 години и студира што сакаш ти да се намести на глава тој па има само 20 години ете го ставил фак.на пауза за да најде работа мислиш тоа толку едноставно е?и јас сеуште студирам и барам во меѓу време работа па затоа дечкоми треба да ми се скара така? е тој ми е најголем подржувател за студирањето и си се запрашала каква му е ситуацијата дома не е лесно студии да ставиш на пауза можеби си имаат проблеми кој него го потиштуваат па за 2 годишна врска треба да имаш повеќе разбирање за дечкоти секој човек има амбиции ама на некој се поголеми на некој помали можеби треба да се вложат средства за неговите амбиции а нема од каде сигурно нешто му се допаѓа и сака нешто,тој ако е молчелив биди ти весела отварај теми на разговор расположи го можеби таков си е по природа а и се согласувам со ЕлеМентал испаѓа како све да ти смета кај детето па зошто на крај краева си останала со него во врска 2 години или вопшто си ја започнала?и мене ова баш ме интересира :x
     
  8. Sparkles

    Sparkles Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Па почнав врска со него затоа што на почетокот беше поинаку. Имаше возбуда и се, но тој повеќе не се труди ни малце околу тоа да опстои. Како мене да ми е должност покрај него засекогаш да останам. Како тоа загарантирано да му е. Тој ги остави студиите за да работи, помина време тој уште си седи дома и целиот ден го поминува пред компјутер и пред тв за мене тоа не е нормално кај 20 годишен. Ја сега сум 4та година средно и едвај чекам сега да завршам во мај и да почнам да работам а подоцна да почнам и на факс. Извини ама нема оправдување за ова работа секогаш има, сега тој одма ако сака како директор да го вработат е нема така. Не идат така работите. 20 години е а уште да чека пари од домашните не е океј. И од каде да знам јас дека ќе е ваков па да ме осудувате сега зошто сум влегла во врска со него?
    И висината во почетокот не ми сметаше ни малку, ама со текот на времето и те како почна да ми смета. Ми пречат и злобните коментари од околината, дека не си одговараме ни малку и дека можам многу подобро.
    А тоа дека е повлечен, ми здосади и од тоа, секогаш барам начини да почнам разговори тој си молчи само. Незнам зошто е така навистина. Кога и да му се јавам и да го прашам што правиш добивам одговор Ништо...
     
  9. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Епа си го гледала како срамежливото кутренце, твоја височина па и понизок ако си на штикла, така на почетокот но откако очите и прстите ти се навикнале (а ти очигледно се доживуваш како многу возрасна) сега почнуваат истите работи кои ти се свиѓале, сега да ти пречат.
    Епа excuse me ама тоа е толку класично женски.
    Дури и смислата за хумор која може да ти се допаѓа на почетокот, после ќе го прашаш абе ти можеш да бидеш озбилен за нешто?

    Филмот е што ти се ладиш, твоите чувства се губат и ти сакаш нешто ново и возбудливо. Тоа е многу нормално, но барем биди искрена кон себе и кон другите и не плукај таму кај што си била 2 години.

    И ти стварно мислиш дека работа секогаш има? Тек ќе се соочуваш со светот, прво заврши средно.
     
    На WildCherry, girl.23, mime87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Sparkles

    Sparkles Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Па има работа мислам секогаш, реков може да се работи некаде како келнер, продавач/ка и многу други работи се додека не завршиме факултет и си најдеме таква каква што посакуваме ако успееме секогаш. Ама за ваква работа како што спомнав мислам дека секогаш има.
    Не плукам таму кај што сум била само потребен ми е совет незнам дали ова е само период кој што го има во сите врски. :( Осекам како чувствата ми се губат и оладувам од него а несакам да е така зошто е премногу добар со мене. Многу се ретки вакви машки што ќе те сакаат искрено и ќе прават за тебе се но дали е ова доволно за да останам во врска? :(
     
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Чувствата може да се загубат ама не затоа што околината ти вика можеш и подобро туку ти треба од себе искрено самата да си најдеш одговор.

    Наместо да се оптеретуваш дали ова или она прашај се дали го сакаш? Дали ти трепери срцето кога ќе го видиш? Дали ти е секси? Дали си викаш каква среќа што имам ваков дечко? Дали се гледаш среќна со него после 5 години? Ако одговориш со да на повеќето не раскинувај ако пак повеќето се негативни најверојатно имаш проблем.

    Секако може да му е фаза во гејмање, не мора да е трајно и не мора да е опасно по вашата врска но ако видиш дека премногу запоставува се друго пробај да му посочиш дека гејмањето не значи комплетна изолација од социјалниот живот, гејмај колку сакаш ама обврските во денот мора да бидат завршени на време :).

    Дали висината, недостатокот на муабет и возбуда како и недостатокот на (според тебе) амбиции се доволна причина да му раскинеш само ти може да си дадеш одговор, најбанална причина за друг тебе може да ти е круцијална (како и обратно), преиспитај се и одлучи ама не пребрзувај и не се колебај те вака те онака туку земи еден правец и терај го до крај :).

    Јасно е дека треба и со него да разговараш за тоа што ти смета, секако заслужува да знае :)
     
  12. Sparkles

    Sparkles Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0

    Го сакам затоа што е добар и многу добро постапува со мене никогаш не ме повредил. Сите ми викаат ти си луда незнаеш што имаш со мене некој вака да се однесува одма би се омажила за него. Ама дали е ова вистинска љубов? :( Ги немам тие пеперутки во стомак кога ќе го видам. Не ми трепери срцето кога ќе го видам и не ми е секси искрено. Сите мои одговори на твоите прашање се НЕ! Но знам таков човек нема да најдам, зошто се имам изгорено многу пати од лошите момци кои сум ги сакала многу. Веќе не спијам две вечери и излез неможам да најдам од оваа ситуација.. :'(
     
  13. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Добриот дечко не може да ја фати/задржи девојката...

    Ова прв пат се случува, еј :D

    Епа откако си ги одговори овие прашања, би ти кажал да почекаш уште 2-3 дена, избистри си ги мислите и ако сеуште одговорите се исти, раскини му.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Па гледаш дека самата си бараш изговори само за да раскинеш со него.. не е работата во тоа тој да е добар со тебе и убаво да се однесува кога ти не го сакаш кога нема искра, жар кога нема љубов.искрено млада си 4та година средно човече сега ќе почнеш и на факс можеби ќе си ја најдеш таму љубовта никогаш не се знае. не си ти стара мома па ти нема крај хаха мислам стварно кога гледаш и самата дека нема фајде од тоа вашето.. ова ти е тебе само навика и ништо друго си се навикнала на него и сега се плашиш што ќе биде ако раскинете. размисли малку
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Па еве самата си кажа дека чуствата ти се губат и дека не ти е повеќе како на почетокот и си бараш рачки поточно му бараш мани на детето за да раскинеш со него,така да тоа не е фер не е работата за висина ова она работата е што ти треба да седнеш и да разговараш со него и да бидеш искрена,а што се однесува до работа немој ти се молам си слушнала дома што зборуваат мама и тато па демек солиш памет како треба да живее дечкоти е пак девојко да ти кажам има луѓе кој завршиле факултет и неможат да ја најдат работата ти што ја кажуваш демек дури да ја најдеме идеалната чекај ќе дојдеш и ти на неговите 20 и ќе те видиме како ќе размислуваш што мислиш ти дека само дечкоти бара работа?и него одма ќе му ја дадат ахам да сигурно и на такви места каде што кажуваш келнер продавач си ги пикат познати така да чекај малку не зборај да не се сопнеш ако вистински го сакаш дечкоти и ако сакаш да останеш со него во врска ќе си седнеш и ќе разговараш за тоа какви планови има и што планира да прави сега кога паузира од факс,ќе му речеш дека сакаш да ти обрне повеќе внимание организирај нешто излезете некаде ама очигледно ни тебе не ти е до оваа врска дојдено затоа признајси себе прво па и на дечкоти дека чуствата повеќе не ти се исти кон него...
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Изгледа ти си со него затоа што е предобар и се понаша коректно а не дека си заљубена или те возбудува кога си со него. Многу лоша причина да си со некој вака како си напишала :^).

    На лошите момци ти си им дала шанса и ти си им дозволила да те зезнат, колку има кај нив има и кај тебе, учи од грешките а не да седиш во стагнација затоа што (наводно) подобро нема да најдеш. Многу лош став имаш. Во секој случај збори со дечкото кажи му како се осеќаш и види што ќе каже па заедно донесете некое решение.

    Мене ми се чини душевно ти веќе не си со него ама од страв (и интерес иако не материјален) седиш во врската што е многу нефер спрема двајцата. Мораш да разговараш и со него за тоа што ти смета.

    Are we a little bit ironic :D?
     
    На tessie, Micheleljubov и EleMental им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Sparkles мила, по се' изгледа, ова не е она што го бараш во една врска. Повеќе ми изгледа на прифатено мислење кое е наметнато од околината која ти влеала страв дека сите се лоши/вакви/такви. Не се плаши, не мора да значи дека ако овој добар тип не го сакаш, дека сакаш лоши момци. Можеби нијансите се утнати. Можеби ти треба некој пример, да е добар но да има малку повеќе самодоверба, да покаже малку иницијатива, и сл. Можеби некоја сосем друга особина е тоа што те одвраќа од него. Или, едноставно, не ти смета ниту една од неговите особини, но можеби нивната нагласеност и комбинација ти сметаат. Со други зборови, не можеме да знаеме зошто не го сакаш типов, но сигурно е дека не го сакаш и тоа не е грев затоа што типот е добар.

    Значи ако размислиш малку и направиш листа зошто си со дечково ќе сфатиш дека поддршката и убавиот однос можеш да го добиеш и од добар и искрен другар. Доколку не бил добар/внимателен кон тебе како другар, а сега е, јас искрено би се запрашала за неговата искреност.

    Од кај знаеш дека типот не е доволно паметен да увиди дека не го сакаш (искрено штом другарките ти знаат, овој треба да е будала за да не осети па ти колку сакаш глуми среќа, едноставно се чувствува) и сега ти прави емотивна уцена да не го оставиш. Особено ако некад си му се жалела од тоа колку лоши момци има, си добил слабост на послужавник, без да има потреба од истражување. Не е некоја ретка работа, повеќето девојчиња во овој твој период на барање на себеси и тоа што сакаат во животот, изгорени од некое мангупче паднале во рацете баш на ваквите емотивни уценувачи. Не дај Боже да биде ситуацијата ти си премногу слаб карактер а тој предобро да те познава и да најде начин да те задржи и покрај тоа што не го сакаш.

    Леле имам една таква другарка. Имав. Почна врска со таков баш на твои години. Јас ја советував да му раскине затоа што типот апла играше на карта сожалување и добрина, а таа само плачеше и велеше дека се чувствува како во кафез. Сега веќе 3г се во брак и нормално, не ми прави муабет, но не мислам дека е заради тоа што ја советував да му раскине, туку затоа што е свесна дека бев во право а таа е веќе во г**** до гуша. Замисли си само, штом во врска успеа да ја задржи на таа карта без љубов, во брак синџирите се малце подебели, тука има и дете и така...

    Многу од нас се разочарале од машките во средно, за да после сфатиме дека на тие години на повеќето едноставно не им е до сериозни работи. Зарем во најубавите години да се мачиш во врска во која нема љубов од твоја страна? Не ти треба тоа. Раскини му. Уживај во најубавите години, уживај барајќи се себеси и не се замарај дали некогаш ќе наиде некој доволно добар за тебе. Остави му го тоа на времето.
     
  18. cuckata95

    cuckata95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    значи вака,со еден дечко излегував поодамна и неколку пати искачавме се мувавме и тоа .потоа нешто почна да заебава зафатен ова она,и се налутив јас.по неколку месеци пак ми пиша и се беше како порано искачавме се мувавме и пак почна да заебава да не се јавува секој ден да не врати на порака .и што да праам сега,што мислите за типот.инаку кога сме искочени мн убаво се однесува.и јас му реков ако несакаш да се гледаме кази ми да знам,вика од кај тоа баш сакам .и сега незнам што да правам понатаму а ми се допаѓа.што мислите вие? за каков тип станува збор,не му се допаѓам мошеби ,мозе излегува и со др прапалелно или ?а има уште ова рекол нешто лошо за мене во стилот глупава незнам што а другарка ми слушнала и ми каза ,а ако така мисли што губи време го глупави луѓе
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Не си требала да дозволиш да дојде до таа ситуација. Си му дозволила тој да ги држи конците на сите марионети и ти да му бидеш на располагање кога тој ќе те повика. И да се работи за повремено дружење а не врска (ко шо глеам дечково не е ни расположен за тоа, па ни ти) треба да си поставиш став малце и да гледаш од тоа дружење да не излезе само една задоволна страна.

    Ако те побара повторно, ќе му речеш дека не ти се свиѓа таков однос, дека сакаш и тебе кога ќе ти биде ќеиф да излезете а не робинка на фантазиите да му изиграваш. Неам ништо против ваквите дружења без обврски, ама да не се заљуби едниот па работава да излезе од играчка-плачка.
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Убаво на место ти кажа tessie, и јас сум се нашла еднаш во таква ситуација. И забележав дека колку повеќе му одам по ќеиф толку повеќе не ме рецка ни два посто. Така да, сфатив и ја решив равенката со тоа што не го барав јас повеќе и кога ќе ми се јавеше толку многу од петици сакав да излезам со него, но го откачував и не му се јавував некогаш му спуштав телефон. Некое време и тој не се јавуваше демек ми бил лут триста пораки ми пиша. И сфатив многу работи јас после тоа дека не му било до мене туку онака што ти знам, си се занимавал типот со мене ама кога виде дека јас го откачив тешко му падна како тоа да го откачам јас а до некни сум трчкарала по него... :fubar: И после година и пол откако си фатив јас дечко почна пак да гњави да сме се виделе и бла бла бла... ама веќе беше доцна. И потоа се омажив и тоа е веќе друга прича. Значи муабетот ми беше, не го барај остави го олади малку и ќе видиш дека после тој ќе те бара.