Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. cuckata95

    cuckata95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    да да знам пак ке ме бара,јас оладив скроз 3-4 месеци и нон стоп вртеше и кога решив да попуштам пак на старо се врати значи нема иднина.се во круг се вртиме :?: изгледа нема да биде ништо посериозно ама ми значи :(
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.364
    Пол:
    Женски
    Еее штом почнал да ти значи биднал куршлузот више, почнал да ти значи некој кој те гледа како забава и поминување на слободно време. Тоа е единствено нешто што имам против овие послободни врски, кога ќе прераснат во еднострана љубов па после оф мори мајко. A може и да не ти значи толку, туку едноставно си станала зависна од задоволството кое тој ти го пружа, т.е. си се заљубила во доживувањата со него, а не во него. И едното и другото проаѓаат ништо страшно :lol:

    Како и да е, дефинитивно оддалечи се од него. Ни се јавувај, ни кревај слушалка. Не си ставај здрава рака во оган беспотребно.
     
    На XMaN, EleMental и Agrona им се допаѓа ова.
  3. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    По ова што го имаш напишано е како кога ќе те викне тогаш одиш.Не треба така , од старт си се поставила многу лошо.Треба да му се изјасниш..или нека биде со тебе или ич да не те бара.Лошо од негова страна.Само кога му одговара тогаш.Разговарај , кажи му , ич да не ти е гајле од неговиот одговор.Крај краева не е само тој машко у светов. :)
     
  4. cuckata95

    cuckata95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    да да сваќам во рпаво сте сите фала ви .знам искрено дека сум згресила на сам почеток ама више биднало.а го сакам да после толку време не е ова нешто што е од вчера па да се заборави .ако знае некој што да напраам од да го смени мислењето и ставот кон мене , да почне со др очи да ме гледа.сите ми викаат не те заслузува воопште на некаков начин па уште се заебава со тебе
     
  5. cuckata95

    cuckata95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    јас сум му рекла поодамна демек на дека ако бидам со некој да бидам а не топло ладно ,викам ке си најдам др за сериозно и вика што сакаш да постигнечсо ова да бидеме сериозно или и ја нешто крузев вика ок и смени тама ,и после вика ја не се гледам со тебе од досада туку зашто ми е убаво .леле тезок карактер
     
  6. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    хахаха срце бе не е толку тежок карактер колку ти е тебе карактерот лесен.
    И не не му е убаво со тебе секад, убаво му е само кога ке му ја прифатиш понудата да се видите за да се излигавите и толку , магијата завршува тогаш и таму , а не продолжува после одкако ке си испозаминете секој по дома.

    Друго е кога ке појави интерес за тебе макар една порака на ден БЕЗ да те викне дфа се видите, чисто онака зашо сака да те слушне ... и слм др раб кои ке сфатиш дека се интересира.

    Детево искрено не се интересира за тебе и за нешто по сериозно со тебе. Мој совет тргни си се навреме.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.364
    Пол:
    Женски
    А и ти не се интересираш толку за него колку што те привлекува неговата недостапност. Слушај ми го зборот.
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cuckata95

    cuckata95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    абее он цело време ми се јавува што праиш душо ова она ,ние ретко сиакчаме инаку за јавување се јавува ама еве пред некој ден го немаше ,и одма ја си паничам сакам по поисе пати на ден да збориме не само по еднаш мн се опседнувам со дечковци или е мој или не е ахаха си имам и ја грешки пуста љубомора
     
  9. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Да си ја пробам среќата и тука,можеби некој ќе ми одговори..
    Значи се запознав со едно дете,моја генерација пред два месеци и се задруживме ептен,и моите другарки со него и со другарите.Јас посебно се зближив со него и праевме секакви муабети за секаква тема.
    Една вечер се направивме камен и двајцата и се мувавме.
    ОД тогаш се гледаме секој ден.Е сеа,работата е што он ми рече дека не бара ништо сериозно и јас му реков исто.И така беше,но сега мислам дека се заљубувам во него и он со некои постапки ми покажува дека осеќа нешто,али во исто време ми нагласува дека не сме ништо сериозно.
    А детето бил многу заебан и затоа вели дека неможе да има емоции кон никого.
    Сеа,прашањето ми е дали да му признаам дека чувствувам нешто за него или пак да ќутам и да оставам како што е,да не избрзувам? :)
     
  10. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да не избрзуваш, прави се и ти дека не е ништо сериозно, а од друга страна привлекувај му го вниманието, поминувајте време заедно, кажувај му шали, биди позитивна,самостојна.. збуни го малку, направи го да го почувствува тоа за кое тој вели дека никогаш нема да го почувствува. А и тој можеби сам сака да се убеди со тоа дека „не е ништо сериозно“, а чувствува нешто кон тебе. Како и да е, почекај тој прв нека покаже дека е за посериозно, па тоа ти признај му, бидејќи мислам дека ако сега му кажеш, ќе го оддалечиш со оглед на тоа дека дека бил многу
    „заебан“
    :*
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Тој вели дека не е заинтересиран за неш сериозно и дека не може да има емоци кон некого - а кон тебе покажува и интерес и емоции.
    Детето бил заебан многу? А кој не бил? М?

    Овој ѕид на ме повредувале, сега се пазам може да биде подигнат и баш бидејќи не е тип што покренува иницијатива и те држи на растојание баш затоа што не знае како целосно да те придобие, да те направи своја. Ти текнует?

    Сепак, нема што да брзаш, ова што го чувствуваш моментално можно е да е некој бран ендорфин после физичко зближување и бакнување и се чувствуваш целата како да немаш тло под тебе.

    Почекај да видиш колку ќе потрае, не спринтај кон врска. Почекај да видиш и тој до каде мисли да ги крева ѕидовите, да не ти излезе после дека е од оние неповратно разочараните.
     
    На Marossa, Trendafilka, Agrona и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    3.628
    Тешко е со вакви личности...
    НЕМОЈ ! Ништо не му кажувај, барем не сега.
    Ќе си мисли дека избрзуваш и ќе почне да се оддалечува :|
    А посебно затоа што периодов си во облаци и чувствуваш некоја заљубеност претпоставувам дека не би го прифатила тоа добро... Уживај и нека помине малце повеќе време, запознајте се подобро и коцките сами ќе си се наместат :)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.364
    Пол:
    Женски

    Можеби немам право, ама таа фраза, „не можам, многу ме повредувале во животот“ ми е она-крај и најмногу кога би ми се свиѓал некој, би ме оттргнала. Да бе, еднаш си се мувал со мене во живот и одма ќе ми се отвориш дека те повредувале. И да е така, мене санки не ме повредувале, се' принц до принц, ниту една жаба, па ниту еднаш во животот се немам разочарано и сум продолжувала напред. Да изгубиш некој вреден во животот, да се разочараш, ама вака...мене лично ме нервираат, не викам дека не се луѓето искрени или нешто. Ама, аман де, ко низ развод да поминал...

    Да не зборам дека фразава е (бар у мое сингл време :lol: беше) клише и ја кажувале луѓе кои не знаеле шо изговор да смислат a да не е „зафатен сум“. Све воени инвалиди, све повредени, да се чудиш. И тоа у средно школо. :!: Но, има и случаи кога е тоа вистина, сигурно. Ама и да е вистина, дефинитивно не ти оди у прилог.

    И дефинитивно треба да се тргнеш на страна затоа што сте почнале како нешто несериозно, а ти си развила сериозни чувства за него. Тргни се настрана едно време од него (ако сакаш нешто посериозно), набљудувај ја ситуацијата, ама не си гаи надежи. И најважно, тргни се додека да ти помине таа почетна нетрпеливост да бидеш со него која и мажите и нас жените не' прави да изгледаме малку патетични во очите на спротивниот пол.

    Можно е и да осетил дека ти си почнала да гаиш некои други чувства за него уште пред ти самата тоа да го откриеш тоа, можеби тој почнал па се исплашил. Има многу „можеби“, но сигурно е дека не смееш да се избрзуваш со изјави на љубов и не смееш да бидеш во негова близина додека ти трае оваа нетрпеливост. Тој направил чекор назад, сега ти е најмалку моментот ти да направиш чекор напред.

    И еден совет од мене, избегавајте ги затворените дечки. Можеби на почетокот се предизвик баш ради тоа, ама, дефинитивно таква врска = измачување (бар за мене). Втората опасност е што секогаш постои ризик доволно да не ги познаваш, т.е. никогаш не можеш да знаеш што да очекуваш од нив.
     
    На Marossa, EleMental и Agrona им се допаѓа ова.
  14. LoveTheWayYouLie

    LoveTheWayYouLie Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Офф Машки и нивното однесување и нивниот стил..мојов барем за одесување е океј ама за стил абе од тоа пустите тренерки неможам да го извадам...Само петок и сабота не ги носи...На секој шопинг тој тренерки гледа а мене страшно ме нервира јас дотерана со шминка а тој на тренерки(ова се случува кога испаѓаме низ неделата)ајде за викенд некако се расправаме не попуштам ама за другото неможам да го убедам....што му е филмот со тренерките неам поима :D
     
  15. ToniFA

    ToniFA Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Љубовни проблеми

    Нов сум на форумот и дојдов со цел да ми помогнете да решам еден проблем. Значи, доста е комплицирана ситуацијата. Славевме Нова година около 40 души, меѓу кои беше и една моја другарка од училиште која потајно ми се допаѓа, а имам и некакво чувство дека и таа не е рамнодушна. Е сега таа цело време се пушташе на еден мој доста добар другар, кој како цело време да ја одбиваше, а потоа и пријде нејзиниот бивши дечко со кој играше 1 час, а потоа си отиде. Е сега не знаш што да правам? Дали да и пријдам, дали да не? Ве молам помогнете!
     
  16. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Ја знаеш онаа на човек можеш само да му земеш нешто на сила, не можеш да му дадеш на сила?

    Ако тој нема чувство и/или желба за подобро да се носи од Понеделник до Петок, значи никогаш не си го развил тој некој сенс за пригода, чувство за промовирање некоја слика пред јавноста, или како му иде тоа.

    Искрено, мене цел тој филм ми се чини малку исфорсиран, у смисла што ќе кажат луѓето, еј јака ствар што ќе кажат...

    А овој спортист ли е? Бидејќи сум видел фудбалери, а еднаш и ракометарки во кафич во Рамстор дојдоа со тренерки, сабота вечер. Да не судам, ама неженствена појава.

    Ќе мора да го трпиш таков, човек што нема осет, едноставно го нема.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    LoveTheWayYouLie ке те тепам, жими се.
    Пушти го бе човекот, што знам јас па повеќе сакам машко во тренерки и добри патичиња не во сакоа и незнам што а па коа ке го видам трендов [​IMG] :rofl: :D :rofl: :D
    Што ке ми е вакво машко бе, муабети со него ке правам кај да најдам јака ташна?

    Добро сеа и ја отидов во крајност, ок е да е вака опуштено со тренерки, само не во дискотека така да ми дојде.

    Абе ајде уживај, има поголеми проблеми од ова.

    Иначе елементал спортист е, ако се рачуна тоа дека седи по кладилници секој ден, мислам дека девојчево се имаше пожалено еднаш во темава.

    Не озбилно, знаеш како ми делува ова? како да си наоѓаш нон стоп некои нешта што ти сметаат кај него, де тоа што оди да навива со друштво, де тренерките.
    Не ме карај, си кажувам само мое мислење :)

    едит, сеа ти ги гледам мислењата, ти се зезаш? На 04 Фев 2012 имаш пишано дека идете 2 години,11 Јун 2012, 16:35 имаш пишано дека правите една година на 03 Дек 2012 дека сте заедно 3 години, а на 29 Дек 2012 дека идете 4 години, машала машала :D и сите мислења ти се во темиве за проблеми :D


    Не, совет за друг пат, коа лажеш памти како си излажала, за да не се откриеш сама. :wasntme:
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите за мислењата,и јас се согласувам со вас,но мораше да прашам како изгледаат работите од трета страна,да знам на што сум. :)
     
  19. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    227
    Сеа малце звучи детски, ама па не е мала работа :D
    си пишуваме со еден, се свиѓаме..ваљда, не е за сигурно..
    порано он беше по загреан за мене, ми пишуваше на фб често, прв почнуваше муабет, не дека ја не почнував ама сепак...после некое време оладија муабетите, сега пред некое време почнавме пак да си пишуваме, мислам дека не е сменет, или пак вака односот дека му е сменет, или пак можда јас не гледам незнам, ама еве вчера си пишавме, демек требаше денес да ми пише ама еве го онлајн не пишува :(
    вчера ја пишав прва инаку...
    не дека немам храброст или сл..или пак дека е глуп муабетов кој прв пишал, голема работа, али да не е повеќе од тоа во смисол, да не сум досадна ја цело време што прва пишувам, или пак што ми текна сеа толку ја све прва да почнувам муабет...
    совет што да правам? да пишам, и ако да што? или да го чекам него?
     
  20. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Почекај да ти пише,а ако за брзо време не ти пише не му пишувај ни ти.Види дали и утре нема да ти пише,ако не ти пише ни утре значи се смениле нештата меѓу него и тебе. Сепак јас неможам да ти кажам дали да му пишуваш или не,ако неможеш да издржиш пиши му прва пак. Тоа е од мене. :*
     
    На Ana.brojka му/ѝ се допаѓа ова.