Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Имам едно прашање: Зошто не се договорите да се сретнете?
    Така ќе бидеш сигурна дали навистина постојат симапатии или не.
    И мислам дека нема ништо лошо во тоа ти да преземеш иницијатива и ти да предложиш да се видите. Барем ќе си заштедиш време и нема да бидеш во постојана дилема - „дали му се допаѓам“.
    Имав јас една слична ситуација, оладување после долго време допишување, решив да го викнам на кафе. Кога излеговме, од многу поразлична перспектива ги гледав работите, и него и нашата комуникација. Иако тоа беше една многу лоша вечер, мене ми е мило што се случи.
    :D simoncelicius, ме насмеа. И јас практикувам да ги читам и претходните мислења, за да можам нели да ја видам ситуацијата од почеток до крај (се трудам да помогнам колку што можам), ама ептен ми е интересно кога ќе наидам на вакви слични бламови.
    А и кажи ми дали знаеш каде да најдам ваков дечко да си правиме муабет за ташни.. ? :D
    ToniFA, имаш причина да не и пријдеш?
     
    На Ana.brojka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ToniFA

    ToniFA Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Се плашам да не го изгубам другарот, заради неа. И потајно сум во дилема. Дали најдобар другар или симпатија?
     
  3. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Нели другар ти ја одбил? Или ако не си сигурен, прашај го отворено дали му се допаѓа или не.
    Искрено, мислам дека повеќе треба да те загрижува бившиот нејзин, а другар ти ако сакал нешто со неа, веројатно и ќе направел, така?
     
  4. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    А ти да го прашаш некако другар ти дали му се допаѓа и што планира.Ако не сакаш дирекно тогаш одоколу.И одкако ќе дознаеш ако не сака ништо со неа слободен ти е патот,зошто да не си ја пробаш среќата...
    А ако не сакаш да го прашуваш,сам донеси си заклучок според однесувањето па според тоа реагирај соодветно...
     
  5. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Значи вака...Со дечкото не си проверуваме фб еден на друг, ниту телефони , ниту емаил..Имаме меѓусебна доверба, зрела врска беше во прашање. Пред неколку денови, случајно го заборавил вклучен фб, тој спиеше и како за инает влегов во пораки. Што да видам?? Се допишувал со девојчиња средношколки, мнооогу помали од него. Разговорите беа обични, од типот на „оваа песна е добра, оваа е лоша“ (две од девојчињата пуштаат музика во кафуле), со другите „што има ново?како на школо“итн. Не му реков ништо, не сакав да кревам прашина...ама немам мир оддтогаш. Знам дека мене ме сака , тоа се гледа и чуствува...ама ме копка помислата што воопшто им прави муабет и им дава значење.
    Му дадов до знаење дека ми смета тоа, (не знае дека од фб дознав, ја извртев некако приказната) и рече ОК, штом ти смета не се нервирај , не сакам заради мене да си тажна. Ама си велам штом не знае дека од ФБ дознав, да не си продолжи по старо? Да сте на мое место што ќе направите???
     
  6. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Разговорите не се од типот имаш ли дечко/женска, кога ќе те видам....
    Обичен разговор со некој од спротивниот пол. Што се обидуваш ти тука, да го изолираш од женската популација?
    Прво тој е машко кој го привлекува спротивниот пол.
    На второ место, од спротивниот пол, си го привлекла ти.

    Важи и спротивното, секако. Затоа и тој нити може, нити е разумно да се обиде да те изолира од комуникација со други машки.

    Барем сега за сега си правиш филмови, ниш повеќе.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  7. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Фала за одговорот. Навистина ми требаше да земам во предвид и туѓо мислење за да знам дали претерувам или не.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    PeachGirl сигурно имаш прекрасна врска и дечкоти навистина те цени и почитува.. Немој да си го уништиш тоа само поради еден разговор кој СИГУРНО нема никакво значење за него. Немој да претеруваш и чувај го и цени си го дечкоти, не кревај многу прашина околу тоа бидејќи е најнормална работа.. Ви посакувам да сте си многу среќни заедно :)
     
    На PeachGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    227
    Многу ми е лошо периодов, (на љубовен план), знам дека се периоди, ама сепак, мислам дека ако продолжам вака ќе паднам во тешка депресија, молам некоја што знае како да постапи во одредена ситуација со машко, да ми помогне преку лп, многу ми е тешко ;( ;( ;(
     
  10. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Ана ако сакаш обрати ми се мене ќе се обидам да ти помогнам...
    Јас не знам што да правам веќе....Од авион се гледа дека ме сфиѓа и сите го знаат тоа ама никако да ми пријде....Ете синоќа.Во еден кафич бевме и тој беше таму ама пошто имаше жива музика и беше преполно...немаше кај да се виси и тој прво висеше подалеку од мене и пиеше само сок и постојано се гледавме.После изврте некако и висна до мене и стоеше до мене и пак се гледавме.После почнаа многу да се туркаат и јас се заглавив и се сокрив зад една другарка и тој почна да ме бара насекаде :doh: и фацата му беше таква..... Ме виде и почна да се смее а и јас исто. Не презема ништо а сите го забележуваат дека ме сфиѓа а исто и јас него....во познато друштво е и сите го знаат а не сакам јас да го правам првиот чекор.Помош??
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.364
    Пол:
    Женски
    Како викаат не постои среќен живот, постојат периоди на среќа. А сушен период во љубовниот живот нема на кого му се нема десено.

    Е сега ти си во таков период и нема потреба да очајуваш. Тоа што можеш да го направиш периодов е да си се посветиш себеси. Ако имаш време, најди некое хоби кое би те исполнувало (дали е тоа рачна изработка, учење, спорт, сеедно). Не размислувај кога ќе ти дојде среќата во љубовта затоа што така само повеќе ја бркаш од себе. Најубавите моменти во животот доаѓаат неочекувано, кога најмалку размислуваш на тоа.
     
    На kravce и Ana.brojka им се допаѓа ова.
  12. Anomski

    Anomski Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Може ли некој/а доброволец да се пријави а во приватна порака да му/и' побарам совет? Ве молам. Благодарам.
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Хмммм сигурен си дека си прави само филм и ништо повеќе?истиот јас овај проблем со фб го имав пред некое време за кој 2 годишна врска ќе леташе упм иако не фаив нешто страшно во ред да те привлекува спротивниот пол да гледаш фотографии да влегваш во профили ајде да додадеш пријателка ајде лајк да мнеш ама PORAKI хммм тука влегуваме во друга зона душо.
    Ајде едно прашање од мене до тебе ете машко си да видиме како размислуваш ти Зошто пишуваш и пишуваш порака на девојка на фб воопшто?не е тоа со помисла за нешто или почеток за постигнување на некаква цел?а?зошто тогаш воопшто би и пишел макар и да имаш девојка денес на 99% од мажите глава давам дека тоа не им е битно би бил љубезен и да ми одговориш на ова?
     
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Види вака душо...
    Се обидувам да не му придавам премногу значење на Фејсбук, и сум го исмевал срањето со лајкови и коментари и срцушки и бацуфки, ама со тек на време си сваќам дека има многу луѓе кои тој сајт го сваќаат доста сериозно и нивните активности таму често ги отскликуваат нивните чувства.

    Јас да сум на твое место би се сецнал уште кога почнал ТОЈ да додава други женски.
    Малку му се моменталните другарки и познанички како женско присуство во неговиот живот?
    Постојано е во потрага по свежи ликови дури и кога е во врска?
    Не може да се донесе конечна одлука тука, ама барем мене ми е грдо и ако си баш среќен и исполнет, нема да чувствуваш желба за вакви работи.

    Ако почнал и прв да и пишува, тогаш во најмала најмала рака сака да си флертува и да си запознава други девојки додека е со тебе. Тоа не значи дека веднаш планирал да те изневери, но едноставно му годи тоа женско присуство, макар виртуелно (неиживеаност alert). Има возбуда тука, истовремено и забавно и навидум безопасно, е само чат е, е само пораче е...

    Ако твојот почнал и порачиња да си пишува со други, значи не само аднување, па лајкови па не знам што...во неговиот ум си тргната на страна. Не е тоа баш варање, по таа некоја општоприфатена дефиниција, ама со умот фатил кривини тој.

    Точно дека има ризик во нејзиниот случај конкретно, но според содржината на чатот таму и нема некоја хемија, еј што правиш како школо? И што ќе му каже таа, ми пишаа минус по хемија? Муабет ипол.

    Плус тие имаат врска во која се сакаат и си веруваат, но не може тој да бега од женскиот род.

    А бе сите зборувате вака за вашите дечковци ама да знаеш колку пати сум видел верни и посветени, цели "забетонирани" во врска, а на живи свирки ќе ја видиш со часови зборува и си флертува со бендот, или некој кокошкар дошол у тренерки во Сабота вечер со тимот и ајмо...

    Па што, тоа е само муабет...

    Shit happens.
     
    На mime87 и tessie им се допаѓа ова.
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Точно исто и мене ова ми беше муабетот значи било кој кога ќе посегне да пишува порака или да враќа на пораки тука чкрипи нешто (иако навидум све мислиме дека е ОКсреќни весели си сме дечкоми ме сака секоја вечер заедно си сме ахм да бла бла)кога ќе видиш тој фб-кот е од на господ бељата не е за прдавање значење ама не е ни за потценување,за мене најглупав начин на флертување и удварање,пријатели сме со луѓе кој не ги знаеме и да се видиме на улица ни здр не си велиме или пак некој мангупи што се прават со тоа боцкањето удварањето на фб па ајде на кафе па пишува што правиш како си? и све тоа само на нет да те види излезена некаде нема ни пола м**а да ти пријде или да почне асолен муабет со тебе :puke: сум имала со све искуство,како и да е да не забегвам со темата кога ќе видиме реално сите сакаат да водат некој таен живот сите сакаат некоја плус возбуда или адреналин POSEBNO MAШKITE VO PODOLGITE VRSKI па и женските како и да е ако сака некој да си ја збрише врската заради фб или удварање на него во краен случај и изневерување нека повели... :rock:
     
    На EleMental и FreakyGirl им се допаѓа ова.
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Значи муабетов врска нема со реалноста :^). Ако некој правел муабет на Фб или телефон морало да има некои задни намери, ајде бе :D. Јас тогаш прв би требало една бројка девојки да чкартирам од листа на контакти зашто ете планирам нешто :D. Сите кафиња што сум ги испил нешто сум сакал, како да не :D.

    Муабетиве ви се ко за 16 години, најсериозно, а ЕлеМентал неколку поста погоре кажа нешто сосема спротивно (извини колега нема лутиш :D).

    Пак ги гледате машко женските односи црно бело, покана за кафе не мора да значи желба за секс или врска, ФБ чат не мора да значи желба за врска или флерт, пп не мора да значи намера за секс и варање и да не одам понатаму.

    Ќе го загушите партнерот со такви стравови и исто ќе прави само нема ништо да ви каже, па вие како сакате :)
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ахам ок фб четот немора да значи тоа ако си пишуваш со другарка така? што на дечкоми никогаш ништо не му сум забранила нека оди на кафе ок само нека кажи срце јас одам на кафе со тој и тој или таа и таја ок слободно, и кочи дечко малку зборуваме за машки кој се во VRSKA не SLOBODNI ако според тебе дечко кој е во врска,му пише на секоја која ќе му текне и излегува на кафе со која што ќе му текне на што ќе личи тоа? ако има некоја девојка која би го толерирала ваквото понашање на дечко нејзин јас лично ќе и пуштам рака,а ако некој дечко е слободен нема проблем со кој сака кога сака нека излегва каде сака сепак во една врска TREBA DA SE IMA NEKAKOV KMPROMIS I NEKOJA GRANICA незнам зошто тоа би го загушило некој ако е покрај саканата личност ти погрешно не свати...
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Миме, не излегуваш на кафе со која ќе ти текне и не контактираш со било која туку со тие со кои ти оди муабет и тоа нема „врска“ дали си во врска, за меѓучовечки контакти правиме муабет а не за оргии :^)

    Треба ли сите што сум ги контактирал претходно да ги откачам на „фин“ начин затоа што сум во врска, е тој филм нема да се гледа ниту па очекувам девојка ми да ги прекине сите контакти за мене да не ме пука љубомора, размислувањево, немам зборови :o. Имам другарка со која се слушам секој ден и тоа не кратки муабети и ако ми рече било кој да прекинам контакт зашто сум во врска ќе добие одговор, no way (и стварно нема) :).

    Не сфаќате како функционира машки мозок, секогаш ќе има контакт со спротивниот пол ама ако ве сака нема да ве превари без разлика дали имал муабет, чат, кафе итн. Нормално зависи и од машкото, некој е покомуникативен и лесно создава нови контакти додека друг е поповлечен ама ако ви се падне првиот мене ми е многу бесмислено да го притискате и да му правите сцени, што поента од сето тоа, само ќе му покажете дека ви е страв.

    Ама ок, овие работи се сфаќаат после 25-тата година иако некои и никогаш не ги разбираат па цел живот држат некаква фиктивна контрола за ете нешто да не се случи иако тој што ќе реши да превари (тоа е стравот нели) пак ќе си го истера своето само нема да ви каже.

    Маж што ве сака и со 100 жени да контактира (не мислам на секс) пак вие ќе му бидете прва опција без разлика дали го притискате или не :).
     
    На Cence, Micheleljubov и Marossa им се допаѓа ова.
  19. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Обично не ми се коментира на вакви теми, малку ми се апсурдни, ама понекогаш читам, и баш твои коментари сум сретнала на некои места, од типот како ниту едно машко не би пропуштило можност да изневери, како тоа на мажите им било во ген, и не само тоа, туку како секој маж можел да сака повеќе во исто време (што пак е неверство).... Сега овде пишуваш како ако машкото те сака нема да те изневери.... Ајде координирано малку. Некои тинејџерки (па и да се повозрасни) навистина се потпираат на совети и нема смисла овде вака, на друго место поинаку....зборот ми е, малку понелицемерно, ако не е поентата збирање лајкови, се разбира.

    Инаку има разлика од човек до човек, така да целана онаа друга тема Совети од машка страна ми е малку..... ама добро, како сакате, ваша одлука каде и кого ќе прашате. Требаше таму, ама овде се погоди да напишам.
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Првиот болд е лага или твоја фантазија, такво нешто немало шанси да речам :). Сум рекол дека голем број машки (не сите) ако имаат прилика да имаат секс со повеќе би имале (и стојам на тоа што сум го кажал).

    Вториот болд ти е исто лага, не сум рекол такво нешто (намерно лажеш или си умислуваш :^)?)

    Третиот болд, па нормално ако те сака нема да те изневери, какво е тоа глупо прашање, ако ништо друго од почит нема да шетка на страна и ако толку му се сака со друга ќе ти направи муабет :). Барем во таа работа би требало да се има фер однос :).